Јас имам 24 години,уште студирам(одлагам испити поради нарушено здравје). Моите муабетот за мажење и деца ми го зборат веќе 4 години.Се чудат што се уште сум сама. Јас си го терам факултетот,а ако годинава ми се деси љубов,нема да се бунам,дури арно ќе ми дојде. Ако е права љубов,можеби ќе го сменам ставот за мажење и деца. Но,тоа ќе биде само моја одлука донесена поради моја желба,а не на Петко,Станко... Се е и до здравјето.Мајка ми немала проблеми со јајниците,ме родила во средните 30-ти. Нејзина другарка родила на 40 години. Некои неплодни жени се мачат да добијат деца,а други неплодни не се ни погодени од тоа затоа што и онака не сакаат да раѓаат. Разни не има.
Ќе те цитирам бидејќи апсолутно се сложувам со твојот став. И повеќе од вистина е дека модерниот начин на живот, си има свои бенефити, но и недостатоци. Ги помести сите граници, од наоѓање соодветен партнер до создавање семејство. Од личен пример зборувам, а и опсервирајќи ја околината. Малку се тие што ќе се одлучат, оп троп бебе, а притоа не се обезбедени/задоволени повеќето, ако не и сите услови. Не ги осудувам, напротив, им се восхитувам некогаш на храброста, детето и со многу и со оптимално ќе порасне. Ама поентата не е баба, дедо или чичо, тета да му обезбедуваат храна, облека и играчки. Може па погрешно ги перцепирам работите, од пуста желба ете, да се створат идеални услови... без да бидеме свесни дека биолошкиот часовник е real thing. Да не тргнев од сопствено искуство, немаше жива сила да ме убеди во ова, ама ете човек најдобрите лекции ги учи низ сопствените искуства. Некогаш размислувам, и гласно... е како на времето раѓале и на 45-50 без проблем... Ама квалитетот на живот тогаш и сега не е ист, од многу аспекти. Немало на тоа време егзотика како ашваганди, шатавари, перивиански маки, чуда и врагови . Фолни киселини, па метилирани, па вакви, па такви... Е ама, модерново време како да создаде лимбо помеѓу прозорецот за репродукција и реалните можности. Јас лично, не сметам дека е глупо да советуваш мрзнење јајце клетки. Ај може овде ќе бидеме несфатени, но во мое опкружување кога веќе гледам дека се career oriented, а одложуваат деца ради погоре навдените причини, советувам и најчесто наидувам на позитивен фидбек. Ќешки да имаше некој да ми го каже ова, навремено. Што се однесува до тоа дали сум или сум била под притисок, напротив... И мислам дека желбата може едноставно да се објасни преку инстинкт.. Или го имаш или не! Мојот велеше најмалку 3...Зошто... едноставно ми оди со деца, од кај и да се ќе се залепат за мене, а и јас за нив. Дури и кога не зборуваме ист јазик . Сега велам, едно, здраво и право, па доста е.. Господ нека дава кај сите рамномерно . И да додадам, не сметам дека во денешно време, социјалниот притисок може да е до толку екстремен, па да не може да се совлада кога некој е веќе детерминиран во желбите, за или против деца.
@LivingGlam подобар совет од замрзнување на јк не може да се прочита на форумов . И јас го делам доста често . Нормално на тие кои ги осеќам блиски . Не ми е згодно на секој .
Не, замрзнување на јајце-клетки е многу лош совет.Ајде,некоја може ќе прифати,ама некоја ќе се навреди. Ако им кажуваш на некои жени дека им отчукува биолошкиот часовник,тие може да го сфатат тоа како навреда,потсмев или злоба.Може да им зазвучи како да им велиш дека стареат и дека не се луѓе ако немаат деца.Дури и блиски личности може да се почувствуваат навредени,но нема да го покажат тоа. Поради ова,по ова прашање,најдобро е секоја жена да си гледа само за себе.
Па ако ти рече сакам деца, ама сега баш не ми е време. Логички след е да и дадеш таков совет. Сигурно нема тебе да дојде и да ти каже: "Уште немаш деца? Абе замрзни си јајце клетки, што ќе правиш кога ќе сакаш да имаш?" Така е безобразно, во секој случај. А другото може е само разговор помеѓу две блиски личности. Вие на блиски никогаш не давате совети?
Не ме прочита убаво. Реков на тие што планираат подоцна. Значи сакаат, но планираат на 30+. Најдобро што можат да направат за да си олеснат е да замрзнат. Дај Боже да не им затребаат. Ама многу млади жени низ светот веќе го практикуваат ова, а гинеколозите го препорачуваат на девојки во доцни дваесетти и рани триесетти. Јас не давам вакви совети, не ми е место. Гинеколозите можеби треба, затоа што жените не се доволно информирани за ова па претпоставуваат дека никогаш не е доцна. Еве јас не бев информирана.
Јас никогаш не би дала да ми замрзнат јајце клетка. Уфффф!!!!!!!! Колку години може да биде замрзната, кои се последиците, па притисок ќе ми се качи да не случајно погрешиле, па не дај боже кола ме згази и јајце клетката ќе си стои така замрзната, можеби друг ке ја злоупотреби...море колку прашања би ме мачеле и тревожеле, притисокот 200 ќе ми биде.
Седи долу . Кец имаш за ова ! Ќе и ја злоупотребеле бе ,ќе погрешиле нешто . П.с Доживотно може да си стои замрзната
Доживотно!? И што!? Види душо, јас ни месо замрзнато повеќе од 6 месеци не конзумирам а камоли да имам толку храброст, нити би ризикувала, да правам дете со јајце смрзнато со години. Никако, колку и да е напредна технологијата и медицината.
А тек па машкиот материјал Не е лошо да тркнам до Ремедика да мириснам и да видам на што личе семето на мм. Година и кусур стои таму.
Ќе верувам дека се зезаш на темава за замрзнување на репродиктивен материјал. Другчие не би можела да ти го сфатам ниту постот, ниту прашањето
Ако изгледаш како на аватарот, можеби и ќе ти помине. Ако те читаат од форумов, тешко и да се нафатат да ти ги замрзнат in the first place