Камо притисок да се вршеше да се биде независен, едуциран, свои финансии, слобода и прошетан свет. Туку не, тоа биле глупости јер после одеднаш си 30, фосил кој го пропуштил она за кое Господ те создал, да раѓаш деца, по можност балкански здрави за потребите за војната Ти завршил биолошкиот часовник и сите наградни игри, како што велеше онаа Стојне од К-15.
Дел од притисокот е од општеството, но дел е поради тоа што девојчињата од мали се задоени дека треба да бидат мајки. Јас лично за мене ќе кажам, јас од никогаш не сум сакала да имам деца, ниту па да се мажам, често пати кога мајка ми ќе почне да ми вика ајде кога дечко, треба да се мажиш, треба деца да раѓаш неколку пати ништо и немав речено, но еднаш ме напна многу и и кажав со каков став сум, жената се запрепасти и почна да ме разубедува. Исто и некој подалечни роднини кои што ги гледам еднаш годишно или еднаш во неколку години кога ми го поставиле прашањето кога ќе се мажам или кога дете ќе имам за да не се замарам и да не се објаснувам викам само, има време. И од тие причини веќе не присуствувам на никакви настани, ниту одам по родендени, слави, крштевки, свадби и сл. Никаде. Никогаш не викам никогаш, можеби сега дека сум сеуште млада и сум со ваков став и размислување, можеби со тек на време ќе го сменам размислувањето (иако не верувам).
И јас спаѓам во тие -Сакам деца, ама не сега-. Отсекогаш сум сакала барем едно дете. Знам дека постои притисок кај скоро сите женски уште од млади и дека едни исти глупи муабети се вртат по слави (и кај мене), ама тоа не ми влијаело никогаш, туку природно имам желба за дете. Не ми е битно дали моите родители сакале или не внуче, туку битно ми е дека јас сакам еден ден свое дете. Но дефинитивно сега не е време. Во средни дваесетти сум и прво сакам цврсто да застанам на свои нозе. Во меѓувреме сакам да шетам, па да бидам сигурна во партнерот, па да се подготвам психички за бременост. Спонтано ќе си дојде време и за тоа. Сакам дете во иднина, ама уште не сум ни во брак и не се форсирам магично да создадам поволно време за бременост/дете. Кога ќе биде вистински тајминг сама ќе знам...сега не е, и не ме интересираат коментари од други луѓе. Не можам ни да ги сфатам тие што се мешаат во туѓи животи, па постојано ги притискаат одредени луѓе да роделе дете Секоја треба да прави како што мисли е најдобро за неа. Не за родителите, не за општеството, туку лично за неа.
Ова се застарени работи. Полека полека се искоренува ова. Кога ќе размислам имам среќа што моите родители не се од тип мажи се порано, раѓај деца, туку се од тип мажи се што покасно, брак и деца не ти бегаат. Повеќе притисок за диплома и успех во кариера имам отколку тоа. И кај повеќето мои другарки што ги знам е така, дома повеќе нема муабети за мажење, туку за образование. Би рекла дека веќе кај нас поновите генерации нема таков притисок за деца на млади години и мажење. Моите се као чим ние у 2000та сме се земале на 30+ и сме завршиле факултет и сме биле посветени повеќе на кариерата, кога тоа уште беше табу тема, не па ти сега кога веќе фала богу бракот на помлади години се поретко се практикува и фала богу што е така. Мислам дека веќе тој притисок за да се биде мајка го снема. И добро е што е така. Барем за нас младите генерации родени последниве 18-20г е така. Татко ми еднаш ми рече, без маж и деца и да останеш не е проблем ама без диплома и да научиш како да се издржуваш сама и да стоиш на свои нозе, е тогаш е проблем. Истово и класната ни го збореше. Дека доколку не нашла партнер како што и е сопругот не планирала да се мажи, ни деца да има, не и било приоритет. И ова отсекогаш ми е мисла. Сакам да имам дете(деца) и да сум во брак, навистина, но, не ми е главен приоритет и сметам дека зависи и од други работи што ќе се уклопат во животот. Сакам да се остварам на кариерно поле. А да се остварам како мајка и сопруга, би, но само доколку покрај себе имам партнер што ќе сум сигурна дека е вистинската личност за мене и дека сакам да е некој со кој што би одгледувала дете. И тоа би било сигурно некаде на 30 годишна возраст (плус, минус грубо кажано). Не би брзала со ваква работа додека не сум потполна сигурна. Не е само да станеш мајка, па да не си задоволна од себеси или пак да родиш дете во несреќна средина. Инаку би одбрала да не сум мајка и целосно би се посветила на кариера доколку не најдам таква личност. Сметам дека не е само да имаш дете колку да си мајка. И ќе се држам до ова. Мило ми е што на ова поле имам целосна поддршка од моите дома и сигурна сум дека секогаш ќе е така.
И тоа е друг општествен притисок што оттргнал многу млади луѓе од тоа што стварно сакаат да го прават. Или сака да е новинарка ама електро е појако па ќе ја натераат таму. Или мајка и' е докторка па мора и таа. Пошо е срамота да одиш во занаетчиско да учиш за козметичар, кога на Маре ќерката се запиша на факултет. И после пак е козметичар, ама со универзитетска диплома. Кога веќе заминавме оф топик. Се извинувам длабоко за тоа. Може да бришете, слободно, само да си кажам.
Ни на блиска личност,ни на познаничка не би им сугерирала такво нешто. И да би била со став дека сакам деца,ама на 30 или 30+ години,не би сакала да чујам коментар ни од блиска личност или познаничка за мојот биолошки часовник и за тоа дека треба да си замрзнам јајце-клетки.Би се почувствувала навредена и би ја исклучила таа личност од мојот живот. Е,сега друго би било јас да ги спомнам тие работи и да прашам блиска личност,познаничка или форумџики за мислења на таа тема.Само така би било прифатливо. Сите луѓе се различни и различно прифаќаат туѓи мислења.
Евидентен е и пресингот на модерното друштво сега исто како и патријархатот претходно . Сега нема притисок за деца,има за кариера. Деца не се ИН. Додека биолошкиот часовник бил општествено наметнат,ок. Но дали дипломата и немањето деца се гарант за кариера? Не би рекла баш. И да, уште една лажга на моменталниот друштвен тренд е дека 40 ти се нови 30 или 20,о не,не се никако.
Напротив, јас би рекла дека само жените станаа свесни дека не треба да зависат од мажот и да се домаќинки затоа што се жени и тоа е нивното. Не дека некој ти прави притисок, може и да ти сугерираат нешто, ако ти не сакаш, не може со сила да те запишат на факултет или магистратура.
Ваљда знаеш дали оние со кои си блиска ќе прифатат такво мислење. Од друга страна, ако не си запознаена со замрзнување на јајце клетки, како ќе прашаш за мислење? Огромен дел од жените не се запознаени дека треба редовно на гинеколог да одат, а не па плодност и слични работи. Обично сите за плодност почнуваат да се интересираат дури кога решат дека им е време за дете.
Зависењето од мажот нема апсолутно никаква врска со дипломата. Не е нормално 98% од матурантите да се запишуваат на факултет. И не треба да биде.
Јас пре би одбрала да бидам без диплома и без некоја си вау кариера, отколку да се осудам да самувам цел живот без маж и деца. Никогаш не сум била пре - амбициозна за моќ, знаење, кариера или пак не знам каков си успех. Знам да се задоволам и со помалку, материјалното не ме храни во животот, па затоа и сум со ваков став. Не осудувам никого, секој си стои зад своите избори во животот, ова е чисто мое мислење. Ме фаќа језа од помислата да си дојдам дома после рецимо 15години, во празен и ладен стан. Па низ вода нека оди и диплома и кариера кога немам со кого да го споделам постигнатото. Знам дека 90% од вас ќе го сфатат ова како заостанато мислење, ама тоа е тоа. Ретко знам родители на мои пријатели да имаат стекнато факултетска диплома, како и моите родители, па еве здрави и живи сме, не ни фали ништо. Со ова да се надоврзам на тоа дека диплома и факултетско образование по дифолт им овозможува достоен живот на децата, а со помалку, децата би ги осудиле на мизерен живот со необразовани родители. А со притисоците наметнати од околината не се согласувам воопшто. Според мене тоа е одраз на еден заостанат менталитет, за жал. Секој треба да живее онака како што тој сака, а не да ги погазува своите желби за да ги задоволи апетитите на родителите, роднините, општеството.
Не се согласувам. Мислам дека буквално секој eден ученик/човек во друштвото кој има интерес за запишување на факултет треба да ја добие таа шанса! Впрочем, полагањето на државен испит кој е услов за струката кон која целиш не е релевантен за тоа дали заслужуваш да бидеш потенцијален избраник. Во времето на Сократ образованието во повеќето делови беше бесплатно. Има некои фини работи од тоа време кои треба ги инкорпорираме во нашиот систем.
Gatekeeping се вика тоа на интернет сленговски јазик Кај можеш да си уморна, нервозна, преситена на таа млада возраст, без брак и деца. Смешно на bittersweet и иритантен начин. Колку само има врска... Една од почестите причини за несогласување и нетрпеливост кон дете е токму раѓањето од притисок. Мајка ми неброено многу пати кога нешто не е задоволна од мене и не ѝ е по ќеф, па избувнува и свашта ми зборува, ми вели дека ѝ е криво што мислела дека мора да се скраси, дека можела на некоја врвна функција да биде сега со своите способности итн. A на 37 ме родила ко единствено дете, значи не ни на млада возраст. А истото неприфаќање на немањето желба за деца ми го изразува и мене, кога ќе спомнам дека не сакам да раѓам, ме гледа ко во секта да сум се зачленила. Тоа е тој магичен круг, низ генерации и генерации...
Тука се согласувам. Апсолутно. Ама факт е дека не сите што се запишуваат имаат интерес, туку се запишуваат затоа што факултет "мора" да се има. Тоа ми беше поентата. Секој што сака да оди на факултет да добие шанса, ама и секој што не сака да добие шанса за работа која го интересира.
Колку само не се слагам дека дипломата е побитна од маж и деца туку ајде,колку шо ќе поминуваат годините ќе сфатиш сама дека е така.
Не реков дека не е битно ни едното ни другото, секое си има своја вредност и тежина ама за дипломата си ти одговорен, амбициите и колку ќе се посветиш, а за деца и брак не е тоа ако сакаш само, реков треба коцките да се уклопат, а не со кој било да се земеш за деца да имаш. Не сите имаат среќа сродната душа да ја пронајдат, а некои пак ја пронаоѓаат ептен покасно. Зарем се обврзани сите да се омажат/оженат и потомство да имаат... Не се ни диплома да имаат ама ете тоа зависи од тебе, а другото па и не е баш така.