Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Discussion in 'Општи дискусии' started by WildMk, May 9, 2019.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,749
    Likes Received:
    141,689
    Не си ти крива за нејзиниот пропаднат живот. Срамота. Сама потклекнала под притисокот и нека си ги прифати последиците.
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,673
    Gender:
    Female
    Немој да се навредиш што ќе речам ама мајка ти глупости ти зборувала,поради што си формирала таков став.

    Не,ти и твоето раѓањето не сте причина поради што не успеала да дојде до врвна позиција ниту нетрпеливоста што ја има повремено кон тебе е последица што те родила поради некаков си притисок туку има врска со соочување со некоја нејзина несигурност или неспособност па сега притисокот или ти сте виновни за таа "жртва" или неуспех.
     
    Harper, duffi, CameliaMiller and 5 others like this.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Joined:
    Jun 24, 2013
    Messages:
    20,123
    Likes Received:
    195,399
    Gender:
    Female
    И да, што е подобро ете си се омажила и си во несреќен брак со дете, но битно не си сама пред општеството, а притоа го растеш и детето во таква несреќна средина, значи освен себеси си уништила и друг невин живот или пак да си без маж и дете, затоа што не си пронашла некој што ти одговара на себеси, но сепак си среќна со тоа што го работиш и истото те исполнува. Да, најубаво е да си со диплома, во среќен брак и со дете кое го растеш во среќно семејство, но да бидеме реални дали секој успеал да најде таква личност со која има вистинска љубов и разбирање или пак повеќето од браковите се склучени за да се има потомство и поради тоа да не се биде сам и општеството да не ти врши притисок?
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,333
    Ако ме праша некој дали во иднина сакам да имам дете, сакам. Ама на своја кожа осетив уништено детство, токсично однесување и психичка тортура од страна на родител. И токму ова би ме премислило во одлуката да станам родител. Не сакам јас да уништам нечиј живот, свесно или несвесно. Затоа некогаш си мислам дека не сакам воопшто да имам деца понатака. Знам, имам време да одлучам. Ама трауми не се забораваат.
    И баш тие луѓе што зборат кога дете се она општество што врши притисок дека мораш да имаш деца. Или друг изговор што го користат Па нели сакаш твоите да се радуваат на внучиња. Демек среќата на твоите им ја кратиш ако немаш деца. Тие те исчувале, ти сега си должен(а) да им дадеш внуци. И како грижа на совест да треба да осеќаш поради тоа.
     
  5. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,534
    Likes Received:
    289,014
    Ај да бидеме малку пореални и со кариериве.
    Колку имаат вистинска кариера а колку работат тоа што мораат, тоа што нашле, колку дома да не седат, колку сметки да платат, колку да се има за скромен живот итн.
     
    LunaGrey, Harper, duffi and 15 others like this.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,673
    Gender:
    Female
    Мислам дека оние кои размислуваат какви родители ќе бидат,а таквото размислување е последица на отровни родители,на крај стануваат одлични родители,и ова можам да го поткрепам со искуство на најблиска другарка.
    Трауматично детство,психичко малтретирање од родители,денес е таа се она што нејзините родители не беа.
    Нема причина да се сомневаш во себе,ќе бидеш подобра од твојот родител.
     
  7. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Joined:
    Mar 11, 2019
    Messages:
    192
    Likes Received:
    367
    Gender:
    Male
    А кои професии спаѓаат под кариера? Шивачка во текстилно не е градење на кариера?
     
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2012
    Messages:
    1,035
    Likes Received:
    11,161

    Тоа ми беше поентата на мојот пост. Ете ти си ме сфатила.

    Муабетот ќе го вратам пак во врска со мене :

    Не може на сила да ме притискаат, точно е дека финансиски сум стабилна, но стварно немам ниту живци ниту желба за деца.
    Не можам да им исполнувам желби на други кој што сака кога јас сум најбитна во мојот живот. И не, не сум себична туку искрено кажувам дека немам намера да се замарам со чување дете. Зошто да раѓам па и да посвојам дете (вујна ми така еднаш уз муабет вели ако не сакаш да раѓаш , барем посвои )кога нема да му посветувам внимание , лесно губам живци и не дај боже да ми пукне филмот ќе го убијам на лице место.

    Психички лесно можам да се изнервирам. Јас најдобро се знам каква сум и само можам да кажам дека ЗДРАВЈЕТО ми е на прво место.

    Затоа и јавно му се заблагодарувам на НЕГО што ме трпи ваква и ме смирува, нека си течат работите сега за сега вака.
     
  9. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,534
    Likes Received:
    289,014
    Ако од шивачка ја унапредиле во супервајзер(или како и да се вика) и сето тоа е финансиски исплатливо... би рекла да. И во таа бранша би се имало некаква кариера.
    Ама ако знаеш дека дали со дете дали без дете опциите ти се тие и дека шансите за напредок во работната позиција и платата паралелно со тоа ќе си стагнира...не, не е кариера.

    А онаа вистинска кариера, каде и има логика да се одложи планирање на семејството, барем за мене е во многу мал процент застапена и секако далеку од работна позиција шивачка.
    Не ја омаловажувам работата. Напротив, причично тешна и захтевна, а на жалост и премалку платена, но прашањето беше друго.
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Joined:
    Jan 28, 2014
    Messages:
    3,529
    Likes Received:
    17,605
    Gender:
    Female
    Притисокот кои луѓето го ствараат потекнува од дамнешни времиња, кога семејството било многу важно, а нели децата се основата на секое едно, богатство се. Се' друго е споредно.
    Кхм, кхм.

    Ова е реалност.

    Сега, другиот аспект е оној на обичните смртници, кои си го живеат својот живот паразитирајќи и живеејќи за другите.
    Јас не им обраќам внимание. Вие?

    Не сакам да се мажам, но во иднина ако ја сретнам вистинската личност ќе стапам во брак.
    Ама истовремено знам дека не сакам да имам деца никогаш, ако не го изживеам животот во секоја смисла и не ги посакам дури тогаш. Сигурно го тврдам тоа.

    Нема да ми фали ништо повеќе, ниту пак да ме боли, од неостварени цели и амбиции.
    А моите се поприлично високи и многубројни.

    Ниту се водам според моето детство, ниту пак дозволувам тоа да ми диктира во кој правец ќе оди мојот живот.
    Ако имаш сј**ено детство не значи дека не треба да си родител. Нема такво правило, што пак и не е во ред, јер не секој кој сака да биде родител треба да биде и со перфектно детство.
    Тоа ти е само уште еден пример за неправилен перентхуд.
    Сепак не е толкава трагедија. Ако вие не направите да биде.

    И, дали сега пак дипломата е ИН, и дали е причина да немаш деца пореди неа? Да, и Да, се одговорите.
    Секој втор има диплома по нешто, тоа е неважно.
    Ако сакаш кариера, тогаш е важно. Макар можеш да работиш и без некаков папир, ама не си професионалец тогаш.
    Ама кариера и дете не одат рака под рака. Јер приоритети. Или детето, или работата. На кое ќе обрнеш повеќе внимание.

    Ако сакаш да бидеш број 1 во работата, во сликата нема деца.
    За да нема сј**ени детства.
     
    Peperutce1115 and Dream-Girl like this.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,673
    Gender:
    Female
    И не само тоа,каква и да е кариерата пак е на скалилото зад детето,кога ќе го имаш.
    Јас сум амбициозен лик и задоволна сум од кариерата сега,ама моите ќерки се пред се,важно ми е што ме има на Амазон како автор,ама не поважно од нив.
     
    danichap likes this.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,234
    Likes Received:
    57,400
    Gender:
    Female
    Без разлика колку жени велат дека лична желба им е да имаат деца, не можеме да го игнорираме фактот дека има огромен општествен притисок врз жените кој датира векови и векови наназад дека мора да се мажат, мора да раѓаат и да основаат семејство. Мора, мора и мора. Ако останеш без деца ти не вредиш. Џабе ти било диплома, занает, кариера. Мајчинството е сметано како најголем можен успех за една жена. Покрај тоа ова што го слушам во околината, го има доста застапено и на интернет на оние статии кои зборуваат за личности со успешни кариери - ако немале партнер и деца џабе им било. Епа guess what - оние кои одлучиле подоцна да родат или воопшто да не родат не се ништо помалку вредни од оние кои (сакаат да) се мајки. :)

    Имаме многу зборувано на оваа тема со дм. Двајцата се сложуваме со тоа дека сега и во следните 5-6 години (отприлика кажано) не сакаме да имаме деца. После тоа, ќе видиме. Јас имам 22, тој 31, млади сме и покрај разликата во години тој ниеднаш не ме притиснал ни за брак ни за деца. Сакаме да ги следиме сопствените соништа и интереси, да се посветиме на нашата љубов, да патуваме, да доживуваме авантури, да сме слободни, да го живееме животот (не дека во брак и со деца би престанал животот ама обврски си се обврски, и за двајцата). Скоро сите негови пријатели имаат деца и му вршат притисок "ајде сега ти си на ред". Пред една недела бевме на свадба кај другарка, абе 90% од луѓето со кои си честитаме "Со среќа нека им е на младите" одговорот беше "Ајде ајде сега за вас побрзо". (facepalm) За роденденот од дм лани го собра цело негово друштво, кутрите си мислеле ќе ме запросува затоа ги собрал. Кога бевме Германија зимата моиве другарки "Ајде Амели ќе те запроси таму". Притисокот ни е огромен за брак, камоли за деца ако се земиме. И не може да не нервира понекогаш.

    Мајка ми за чудо, како една конзервативна жена, има доста отворен став за ова прашање. Отсекогаш ми велела да не се мажам и да не раѓам мала, да изучам, да прошетам, да се вработам, да се "наживеам" па после што ќе биде ќе биде. И не заради тоа што таа така ми велела, јас самата по свој избор така сакам. Отсекогаш така сум сакала.

    Во врска со дипломите. Не е морално секој да заврши факултет, но морално е секој да има одредено знаење за да зараборува и живее. Еве дм, со средно стручно од 3 години, си има преубав и баран занает во кој многу го бива. Скоро секој ден си има работа (често го бараат луѓе) и не поминува со под 500 денари заработка во денот (понекогаш дури 1000, 2000). Од друга страна јас со гимназиско образование морав да продолжам на факултет бидејќи немав никакво стручно знаење. Со стручните училишта е поедноставно, не секој мора да продолжи и на факултет.

    Сепак, личен избор. Крај краева, последиците од нашите постапки ние ги поднесуваме. Ни семејството, ни роднините, ни другарките, ни комшиите. Тие можат само да притискаат, но кога ќе наидеме на проблем нема тие да ни го решат. Секоја жена нека си прави како што неа и е најубаво, па кој што сака нека кажува. Личната исполнетост е најбитна работа за жената. Прво сама на себе треба да си е доволна, среќна, исполнета, приоритет, па после иде другото.
     
    Last edited: May 10, 2019
  13. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,534
    Likes Received:
    289,014
    Според мене за двајцата да имаат кариери треба друг да ги чува децата, ако ги имаат секако.
    Во спротивно треба едниот малку да тргне стапалото од гаста и да се прилагодат приватните/фамилијарните со работните и професионални обврски.
    И не мора тоа да жената.
    Логично е тој што помалку заработува и има помалку шанси за напредок во кариерата. Компромис.
     
    CameliaMiller, Cosmi and Rebecca_R like this.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,973
    Немa прaвилo кoјa ќе жaли штo рoдилa, и дa е сo кaриерa мoже дa жaли штo јa кoчеле зa пoвеќе, и дa не рaбoти ништo пaк децaтa ќе и се криви зoштo не рaбoти. Други прoблеми си имaaт и децaтa не се криви.
     
    Harper, WildMk, CameliaMiller and 8 others like this.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,749
    Likes Received:
    141,689
    Биолошкиот часовник притиска за да се роди дете неспремен. Не е дете црвени штикли, па не сакам да ги носам сега, ама по 20 години може ќе сакам па че си купам.дете на 50 Нема да се роди, затоа притисокот дека часовникот чука, прави да не размислуваш многу за тоа дали сакаш или не, оти ако на 50 ако сфатиш дека сакаш Дете, отиде возот.

    А општеството не посакува да имаш дете од што е злобно. Туку оти сетиле колку е убаво и ти посакуваат да имаш. Оти е вонземско чувството на имањето дете. Не на раѓањето, на имањето. Секој кој ми посакал дете не го мразам. Напротив. Не ми мислел лошо.

    Не може на изградена личност некој таму да И влијае да има или да нема дете. Само саатот може да И каже.

    И јас на секоја жена која нема дете и посакувам да има.
     
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Joined:
    May 27, 2015
    Messages:
    4,526
    Likes Received:
    25,593
    Gender:
    Female
    Царица моја:l::bow::hug:
     
    Cka likes this.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,004
    Likes Received:
    130,672
    Gender:
    Female
    Па,имањето дете не е убаво за секого.
    Траумите од детството се реални. Некој се осеќа нервно неспособен да одгледува дете поради тортури кои ги доживеал во детството.Не сака да наштети како што му наштетиле.
    Тоа е личен избор.Петко,Станко и Трајанка немаат право ни да им посакуваат имање деца на Коле и Јадранка.
    Секој треба да си гледа за себе. :)
     
    Herrera likes this.
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2016
    Messages:
    2,417
    Likes Received:
    34,778
    Gender:
    Female
    Дали сакам да стапам во брак некогаш?
    Засега одговорот ми е не. Врска секако би сакала да имам, но бракот не го гледам како нешто што ми е неопходно во животот.

    Дали сакам да имам деца?
    Засега не. Сметам дека психолошкиот аспект и спремност е многу битен фактор за да можеш да одгледаш дете на првилен начин и да му создадеш среќно детство. Среќно дете не е само да има услови за живот (храна, облека, образование), среќно дете е многу повеќе од тоа. Битно е детето да гледа во родителот пријател, а не некој кој создава притисоци од било кој тип. А за тоа треба да имаш исчитано доста литература, да си отворен кон промените кои доаѓаат со секоја идна генерација и пред се' да си свесен дека со „јас сум родител и јас знам најдобро“ став нема да стигнеш никаде, а посебно не во онаа позиција каде што сакаш да го гледаш детето.

    Моите никогаш не ми правеле притисок од овој тип, но неколку пати сум имала притисок за врска.
    Дури и со тој тип на предлози ако можам воопшто да ги наречам така, сум создала еден оклоп и сум чувала во тајност што и да ми се случувало во љубовниот живот.
    Денес веќе многу поретко ми зборуваат за тоа, затоа што додека имав 18 некако и поднесував и се смешкав, ама на 20+ години веќе сум им разјаснила дека некои граници дури ни како родители немаат право да ги преминат. За доброто на сите.
    Од роднини сум го имала и го имам истиот овој притисок, затоа што немам намера нив да ги учам што е пристојно однесување, а што навлегување и рушење на нечија приватност и интима.
    Затоа денес ме гледаат еднаш до двапати годишно. И воопшто не се чувствувам виновно за тоа.
    Некултурата дури некогаш одела и во однос на образованието и успехот кој сум го постигнала, дали сум завршила одлична во средно и каков просек имам сега на факултет.
    Епа сори, ама не. Тоа што го правам и во љубовта и во образованието го правам за моја лична сатисфакција, така што се' она за кое не сум споделила значи дека и не треба да прашаш и не ти е местото да го пикаш носот таму.

    Дали притисокот за да се стане родител е се' уште присутен во општеството?
    Апсолутно да, но со селекција и задржување покрај себе само на луѓето кои не се мешаат во твојот живот и личните желби ти ги наметнуваат тебе, можеби во иднина ќе се промени барем малку мајндсетот кај овие другите.

    Дали јас сметам дека жена може да биде комплетна и без дете?
    Дефинитивно. Но тоа го задржувам само како мој став, а одлуката како некоја ќе се чувствува е само и само нејзина.
     
    Last edited: May 10, 2019
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,671
    Likes Received:
    14,138
    Нема врска. Знам жени кои имаат деца и мажи, и зборат лоши работи за оние без деца, а тие се стоп пати по бетер. Фрустрирани што не заработиле доволно за децата, што не ги воспитале како треба, што децата не им се успешни. Се споредуваат цело време, кој што има, кој се оженил, кој каква работа има, а каде е нивното дете и делат злобни коментари. Нема врска дека жените без деца се злобни.
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,278
    Likes Received:
    27,968
    Колку и да мислиме дека не е така, притисокот од околината за станување сопруга, па мајка е огромен. И сакале или не, влијае на секоја жена без разлика колку сме ние силни и независни и јас лично, на своја кожа овој притисок го имам почувствувано многу пати.
    Прво сакам да кажам дека во Македонија , колку и да звучи невозможно, може да се изгради кариера, да се работи за голема плата и да се оди од година во година се погоре и погоре во некоја организација. Треба многу среќа пред се, но и истрајност, одговорност, и мноогу работа. И треба голема поддршка од дома, без разлика дали е фамилија или партнер.
    Ако се работи за партнер, треба тој да е некој на кој нема да му смета што жена му заработува дупло, што сама патува, што има многу познаници, што оди на дообучување во странство, треба партнер кој има целосна доверба во таа што ја избрал. Ова не е воопшто лесно, затоа што секогаш има околина која збори 'па како е тој со неа кога она само се шета, којзнае што работи, па кога ќе ствараат фамилија, па што чекаат'. И тој притисок е постојан и нема врска колку си убеден дека тоа што го правиш е правилно, тие коментари ти влијаат .

    Од личен пример, наполнив 28, бев во долга врска со партнер кој буквално ми беше и сеуште ми е најголема поддршка за се во животот, имав убава работа, и додека сите чекаа свадба, додека сите другарки се мажеа, раѓаа деца, јас отидов надвор од земјата на дообучување.
    Се вратив, најдов поубава работа, и буквално првото прашање на секој што не знае беше - ајде сега свадба, доста шетање, па дете и да се спастрите.

    Нема врска што сами со партнерот купивме стан, што двајцата имаме одлично образование и работа, што не зависиме финансиски од никого, што ние двајца сме среќни со животот.. Ништо не е битно, само фактот дека не сме земени, веќе имаме 30 години, тече време, деца треба да се гледаат. И така, направивме свадба (на голема радост на цела фамилија дека ете се скрасив), јас намерно не останав трудна одма заради многу причини и пак и пак и пак од сите страни постојано слушавме: -Што има ново? Ааа сигурно детенце се чека.. Таман на пролет ќе се роди... Од толку многу притисок веќе не знаеш ни што да кажеш, па почнуваш да игнорираш.

    Така да, тешко е, многу е тешко да се избере нешто поинаку од предореденото: факултет-каква таква работа-свадба-дете-пензија, посебно во земја како Македонија каде сите се 'секираат' повеќе за другиот и како му е нему, отколку за себе.
     
    smooch, Purplelilac, Annath and 6 others like this.