Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 9 мај 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Имам трауми како тебе и јас. Кога мајка ми исмева жени кои не се омажиле со изговор „не се омажиле, сигурно не се саглам“, и враќам „добро, таа жена не уништила никој, не родила, ама и не навредила дете, не е пцуена и тепана пред дете“. И по ова замолче оти таа немаше храброст да го остави татко ми, не и се работеше за да живее после сама, мрза беше, и сега сме до каде што сме, со проблеми зад нас кои и ден денес знаат од некаде да испливаат. Затоа, памет во глава, само со сигурен партнер во брак, никако коцкарски, животот не е игра.
     
    На Independent Girl, CameliaMiller и nextredstyle им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    21.940
    Пол:
    Женски
    Зошто старите така рекле... стандард.
    Не дека е наметнато, туку некако се сфаќа као ете така мора, тоа е семејство, мајка татко и 2 деца по можност прво машко, па девојче.
    Месец дена после свадба, ајде, шо чекате, па шо мислите кога ќе гледаме внуци.... па ние за тоа живееме.. бла бла бла..
    Не, не мора да има дете оној кој не сака. Тоа е лично право. Нема тука ништо за објаснување и правдање. Секој одлучува сам за себе.
    Е сеа, само оние кои не сакаат свое дете, а притоа ги вреѓаат мајките и децата, е нив не можам да ги смислам. Оти е исто што и ова другово, кога некого убедуваш дека мора да има дете.
     
    На nextredstyle, LivingGlam и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Во другата тема, брак без деца, повеќе пати беше употребен зборот "себични" :)

    Жените кои немаат деца намерно биле себични.
    Кон кого?
     
    На Tanjamm, Purplelilac, Snow-Star и 5 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Бубче, ако прашањево мислиш дека е предалеку и не сакаш да одговориш, разбирам и секое право имаш да не ми одговориш.

    Дали сте размислиле за посвојување? Може мт е повозрасен, ама ти сигурно се' уште можеш. Или е пресудно да е генетски ваше?
    Ако е така, за сурогат сте размислиле ли?

    Да на некоја моја блиска можам да и' износам нејзино дете, јас не би се мислела.
    За себе мое може нема да родам, ама за пријателка, роднина, две би ги износела и родила.
     
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа...
    Лутаајќи по работа од соништата ми е криво што не родив порано.
    Како што кажа @danichap и со неа се согласувам потполно.
    Да бидам искрена кај нас беше обратно.Обично жени инсистираат за деца.
    Јас бев таа што велев да се почека. Не изгубив ништо, ама сега сум му благодарна на сопругот што од околу инсистираше на прво место да ставиме потомок.
    Да не беше така татко ми ќе склопеше очи без да види внук.
    Зошто? Затоа што јас бев заведена со некои мои каприци, а не знаев дека од околу и он тоа и го зборел на мајка ми дека е веќе време. Немаше да си простам.
    Ми остана една спомен фотографија.
    Како да ме учеше нешто, само што го виде му го дадов во раце и ги фотографирав. Ме радува и тоа што син ми наликува на татко ми.
    Од тоа "чекај ова", "чекај она" си патиме.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Јас апсолутно се согласувам со @LivingGlam околу замрзнување на јајце клетки. Несакајќи ме посоветува мене и ти благодарам :)

    Ако наредниве 2 години сепак не се одлучам, тоа е опција која сигурно ќе ја разгледам.

    Не знам што е проблемот во тој совет, паметен и корисен е.
     
    На Purplelilac, LivingGlam, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Јас немам никаква кариера, во една друга тема дури и кажав дека ако имам услови, отказ ќе дадам за да чувам деца дур се мали, ако ги имам нели. Знаеш за која тема зборувам.

    Не затоа што сум жена, туку во реалноста заработувам многу помалку од дечково мој, значи не би можела јас сама да издржувам семејство одреден период.
    Тој може.

    Не дека е правило и дека мора, туку мислам дека така би одбрала. Можеби не би, ама нели... што би било кога би било.

    Капитализмот во суштина е лош за семејството, оти децата од најмали треба со некој друг да растат, и тоа е реалноста на многу семејства, немаат опција да преживеат со една плата, со еден извор на приход.

    Но, благодарение на феминизмот и работата на мојот партнер, ја имам таа сигурност дека можам да бирам.

    Да бирам да работам. Да бирам стеј ет хоум да бидам :)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Мојот татко склопи очи претходно сосема здрав и шокантно, пред да ме види и во некоја официјална сериозна врска, и дипломирана, па што требаше јас да скокнам во Вардар досега од чувство на вина?! Од што сме пателе бе?! Од тоа што не мислиме дека се раѓа дете првенствено за родители да видат внук, или од што никој не размислува, очекува и гледа вака морбидно на животот?
    И после навредливо било нашето дека жена треба да се чувствува комплетна како личност и без деца...
     
    На Asparagus, Amellie13, Luminary и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Мојата и твојата приказна не е иста.
    Не можеш да споредиш. Да, ете Божја воља било, жалам за загубата зошто знам како боли, но јас еве сум среќна што тој ете тоа го дочека, наместо да ме гледа како се нервирам и тапкам во место барајќи работа од соништата, а мене биолошки час ми отчукува.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Сфаќам што кажуваш и сфаќам колку ти значи сето тоа, и драго ми е што последните денови од животот негов ќе ги паметиш како период во кој бил пресреќен.

    Но "судниот час" никој не си го знае.
    Јас не можам да родам сега дете само за да го видат моите. Свекорот почина пред 2 ипол години.
    Ама таков е животот.

    Ти своето дете го роди кога се скраси и со сопругот, кога сакаше да го родиш, а ако не се лажам и во долга врска претходно беше.

    Најубаво би било дедо му да е тука, ама ете, барем се запознале иако на кратко. Убав спомен е тоа Петра.
     
    На smooch, Harper, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Да, ама како што пишав и погоре жал ми е што не родив порано.
    Брак е само на хартија, а хартија мене не ми значи ништо, освен духовниот дел, венчавка во црква.
    Јас гледав да се осамостојам финансиски, работев една год. и дадов отказ. Значи пак на почеток.
    Ние функционираме исто како и пред брак (една плата) само со плус едно човече што не прави дупло посреќни.
    Години поминаа, а чекањето ништо не ми смени.
    Веројатно сега би била пак со стомак па макар и пак истата тежина и болка да ја носам.
    Ако си ме читала во породилни приказни знаеш на што мислам.
     
    На danichap и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Никој не го спори тоа,само не треба да осудуваш други што не сакаат да имаат деца у стилот од ова си патиме од она си патиме
     
    На smooch, Animali, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Знам. Само немав срце да ти пишам.
    Ако вака се рчкаме, знаеш дека искрено ми е жал, за двете трагедии кои ти се случија во краток период.

    Друг ми е муабетот.
    Јас кариера не бркам.
    Мисливе и домот да ги средам, после може.
    До тогаш, кој знае што ќе биде.
    Не смеам да се јадам себе за иднината. Нема смисла така да се живее.
     
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Не се однесува конкретно за деца.
    Колку шанси за било што ти отишле чекајќи? Мене многу.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Темава е за деца затоа мислев за тоа се однесува.Инаку да,се слагам со тебе чим е така.
     
    На Purplelilac, Petra777 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    И ние така почнавме. И проект и кредит за куќа, цакум-пакум. Ама животот е непредвидлив...
    Секој со своето. Јас по се што проживеав знам дека веќе за ништо нема да чекам.
     
    На danichap и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Јас од луѓево не гледам притисок. Не може мене некоја тетка-стринка по слави и по погреби што ја гледам да ми врши притисок. Тоа се само коментари.
    Јас најголем притисок го сметам притисокот од самите себе кога сакаме да се исполниме а немаме соодветен партнер/услови, и дополнителна нервоза ствараат коментарите од страна. Едноставно е. За добар брак, среќно семејство треба љубов.
    Ако мене нешто не ми игра од внатре за семејство да си направам, ниеден коментар од општеството нема да ме погоди до толку па сеа еве дете да правам.
    А за овие 10 години сум ги имала доста. Дури сега бремена, ми велат уште не родено, ајде одма второ, па заедно да ги пораснеш, нема сигуно на 40 второ да раѓаш.
    И сега јас да зборувам?! На кого, на една другарка што мака мачи дечко да најде, на друга што прават скар-смир, на трета во долга врска што е и не му текнува на дечко и да ја бара, или на таа што пробува за бебенце година ипол? Ма не.
    Едит: Јас го направив тоа кога на 28 се испозаљубив ко тинејџер и не можев да спијам се треснав буквално од земја и кога и двајцата сакавме. Еве сега 30 и бебето и тоа за мене беше услов. Не "признавам притисок"за порано без љубов. А многу го занемаруваат тој факт, љубовта во секоја смисла на зборот.
     
    Последна измена: 11 мај 2019
    На Tanjamm, LivingGlam и forumce им се допаѓа ова.
  18. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш мора да ги комплицирате некои работи?
    Прашањето беше дали врз жените се наметнува факторот дека ако нема деца не е жена, не е функционална блабла..
    Зошто побогу мешате кариера, дипломи, факултети. Имаше мислење од една членка диплома пред се, криво ќе ти биде во животот дрн дрн јариња. Прво и основно дали некој има доволно финансиски средства за факултет? Таа диплома не паѓа сама од небо. Треба време, пари и пред се желба. И ако некоја одлучила да раѓа а не да се образува, тоа не ја прави нејзината одлука лоша. Исто и за оние кои не сакаат да раѓат. Секој поединец си го испланирал начинот на живеење како што тој сака.
    Можеби забегав од темата ама луѓе реално видете каде се наоѓаме јер ретко и со диплома ќе го работиш тоа што си го завршил.
    Од работа никој не умрел
    Без разлика дали го имаш тој лист хартија или не, и да си општ работник, секој 15ти ќе ти стигнат парички за живеачка.
    Сите сакаме убав живот, но не секогаш се местат коцките како што ние сакаме.
    Ова го пишувам како студентка, знаејќи ја состојбата во државава. И да, би сакала да се остварам во улога на мајка. :)
     
    Последна измена: 11 мај 2019
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Која иронија нели?
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Прашањето на почетокот на темава беше дали 'вистинска жена' е онаа која е мајка-Не.. Испадна работава дека не треба да се раѓаат деца од ххх причини.. Најголема придобивка на човекот во животот е да има деца, поколение, да ги изгледа да се радува... Па најголемиот мотив за напредок во животот на човекот пред се да се изгради како личност, да ја осети и види суштината и значењето на животот е да има деца, а не да го бара мотивот и да го живее животот само за материјалните работи-не се вредни тие.... Е сега поставете си прашање што би било ако и вашите родители размислувале на тој начин и вие не би постоеле, арно ама не размислувале така и ево сте сега овде по форуми, живеете
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.