Епа женски не знаев каде да ја почнам темава,ама ми треба помош - пред недела дена си го дупев увото со пиштолче но многу ми потече и ме боли, ги извадив медицинките. Ако знаете некако како со што се намалува отокот оти сакам да си носам обетки иначе ме боли многу
Почекај нека ти помине отокот, нека помине некое време и внимавај да не ти загнои па да си донесеш и друга беља
^ само не сакам да ми зараснат додека чекам да ми се намали откот..ако има некакво друго решение, или некој со ваков случај
Пиј некој ден антибиотик и обавезно чисти ја ушната ресичка со алкохол.Медицинките стави ги во алкохол да стојат.Кога ќе помине отокот и болката пак стави ги.Ако не ги ставиш увото ќе ти зарасне.Секојдневно неколку пати поминувај со чистата медицинка низ отворот дури не се смири.Ти советувам да набавиш некои лабави обетки на пример од сребро ,да не се закопчуваат со бурма,и ако не си алергична на него,за да може полесно да ја движиш.Се така дури не се смири и не заздрави. За вакво закопчување зборувам.
Јас не би ти препорачала да ставаш обетки додека не ти падне отокот зошто може и да ти загнои па сега ти види