1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поткасти, книги и настани за родителство

Дискусија во 'Бебе' започната од Baby warrior, 17 февруари 2026.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.857
    Пол:
    Женски
    Ми требаше ваква тема. Ја заследив а ќе се вклучам во коментариве одкако ќе имам време да исчитам се (тоа вероварно утре ова време)
     
    На Peperutce6, Simon4e0507 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    6.261
    Пол:
    Женски
    Баш убаво, има некоја агенда работилницата каде може да се ѕирне?
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    1.188
    Која е Ерика? (fingers)
     
    На Simon4e0507 и Suze18992 им се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    6.261
    Пол:
    Женски
    Хахахха Ерика Комисар, семеен психолог светски е доста популарен во моментов па си ја коментираме :D
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    1.188
    Баш ќе ја побарам. На инстаграм?
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Не ги знам авториве, искрено избегнувам стриктно да читам книги и книги за родителство, затоа што реално колку и бајковите да звучат, тоа е теорија. А праксата и самите гледате колку е поразлична од секој аспект.
    Мене ме нервира таа поделеност и одење во крајност. Или остануваш дома со дете до 3 години, или опишано е како да го оставаш на милост и немилост.
    Каде е тука балансот, средината?
    Јас нема теоретски шанси да останам дома толку долго (сакав до годината искрено, и мака ми беше кога почнав на работа).
    Си ја сакам работата, а искрено и приходите.
    Испаѓам луда според тие погоре психолозите што се спремам за отворање мој бизнис со малтене бебе? Не мислам така.
    И тие што решаваат да останат дома, и тие што се враќаат на работа го сакаат најдоброто за своите деца. Финтата е што многумина и да сакаат финансиски не можат да си дозволат.
    Затоа бре луѓенца, опуштете се и пробајте да бидете најдобар родител за своето дете, а тоа не се мери со кој останува дома, а кој не.
    Книгите се супер, ама практичниот дел е тешкото.
     
    На EnaEnA30, Cherry333, BellaBibi и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    6.931
    јас мојата кога ја пуштив на 8 месеци во градинка не знаеш како луѓето ме гледаа, како кој знае што да сум им кажала :D

    иначе ја отворив мој бизнис со едногодишно бебе, имаш подршка од мене. од оваа гледна точка беше лудо, ама морав да бидам поприсутна во нејзиниот живот, а не можев со тоа темпо на работа што го работев, вака го добив балансот да работам кога сакам и да бидам дома кога ќе треба, да не ја оставам по братучетки, тетки со температура. тоа беше моето решение во моментот и да работам и да бидам присутна за моето бебе.

    тие што можете да си дозволите убаво е да сте присутни, ама да се сложувам, 3 години никогаш не би седела дома, дури и да можам, мислам дека до година е иделно да трае породипното.
     
    На dummy, Baby warrior, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓа темава, баш периодов почнав да барам повеќе ресурси на тема родителство и воспитување на деца. Се согласувам со @thinkerbell дека теоријата и праксата се најчесто многу различни, но мене општо во животот многу ми е од помош кога за нешто ќе прочитам/слушнам повеќе перспективи/техники на решавање проблеми и слично, кои потоа ќе можам во зависност од ситуацијата да ги прилагодам и искористам. Следствено на тоа, за Ерика дискусијата, (сакам да) верувам дека постои некој баланс и дека родителот во исто време може да биде посветен на детето, детето да ја добие потребната близина, а сепак тоа да не се сведе стриктно на постојано присуство т.е неодење во градинка/на работа. На таа тема, по сите калкулации веројатно ќе можам дома да останам додека да наполни годинка и искрено уште од сега размислувам како кога ќе тргнам на работа да ги прилагодам обврските за да може да поминуваме што е можно поквалитетно време заедно. Знам дека ќе е тешко, но кога како мотивација имаш едно малечко прекрасно суштество, се наоѓаат начини.

    Во поглед на книги, моментално ја читам The Book You Wish Your Parents Had Read [and Your Children Will Be Glad That You Did] ама некако имав поголеми очекувања, и засега не ми се допаѓа многу. Ќе пишам целосни импресии кога ќе ја завршам. Инаку ја користам и Headway апликацијата за книги, таму има кратки извадоци и резиме, па ако ми се допадне нешто, продолжувам на цела книга.

    Прееска ми излезе и еден настан со Габор Мате, споделувам линк за пријава: https://summit.drshefali.com/

    Во поглед на наши домашни подкасти, ја слушам Елена Џебр, иако подкастот не и е стриктно само за мајчинство, има многу епизоди кои се на таа тема. Баш се едноставни, лесни за слушање.

    И уште сакам да ја споменам Laura Markham (peacefulparenthappykids), иако содржината и е за деца над 2 години (а моето е уште мало), ми се допаѓа нејзиниот благ пристап и црпам примери за понатаму.
     
    На Anaroz1, Baby warrior, dummy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    И мојот став е сличен како на thinkerbell, кога и да сум пробала да читам книга/ресурс строго за родителство гледам дека не се согласувам 100% со кажаното а авторот пробува на секој начин да ме убеди. Никоја опција не може да важи за секое дете на еднаков начин, а следствено и за секој родител.

    Пратам неколку профили на инстаграм за родителство, но пак речиси сите идат во некоја крајност од типот на:
    1. мора тренинг за спиење, наспроти никако не смее тренинг за спиење
    2. Цицање за заспивање мора да се тргне како асоцијација, наспроти на бебињата како и на сите цицачи им е неопходно цицање за смирено заспивање
    3. муабетот од темава со чување бебе по дома до 3 години или не

    Dr. Goodnight е ок за спиење ама пак иде во некои крајности. Некои други профили што ги пратам чат пат и се ок со некои од размислувањата (според мене) се: drbeckyatgoodinside, thriveparentingnetwork, thegentleparentinghub, peaceful.mamabear, Jonathanhaidt.

    За точкава 3 (чување бебе дома) мојов тековен став е дека 3 години е премногу време за една мајка да стави пауза од работа (воедно и нејзиниот живот пред бебе), а и за бебето да биде воспитувано и чувано 95% од времето од една единствена личност-мајката. Дали ќе го сменам ставов кога ќе тргнам на работа, а бебе во градинка ќе видиме ама сега за сега во ова општество мислам дека е премногу и за двете страни. Знам неколку мајки кои го направиле тоа и навистина се имаат изгубено себе си, можеби стварно се најдобрите мајки за бебињата ама нивниот фокус за нешто друго во животот е непостоечки. Секој муабет е за бебето, 2 реда муабет за некоја друга тема се научна фантастика. Не викам дека секоја мајка која седи 3 години дома со бебе е таква, но јас тие што ги познавам се такви. Не сакам и јас да сум таква. Мислам дека ако цел фокус го вложам кон бебето ќе влијае многу лошо за мене психички и физички колку и да во моментов не сакам да се вратам на работа и да ја оставам во градинка. Еве после 10ипол месеци деноноќно вложување за неа гледам дека ми треба пауза, ми треба да го пренадочам фокусот за да вистински и се посветам останатото време. Вака дома почнав половично да правам некои работи од што ме пука монотонија.

    9м за во градинка е дефинитивно прерано за повеќето од бебињата. Некои бебиња тогаш ни јадат, ни спијат, ни лазат. Барем до година да се дома е супер за сите што имаат опција, но за жал во денешново општество не секој ја има таа опција.

    Јас за среќа имав и останав 3 дополнителни месеци неплатено со бебево до годинка и тоа е најдобрата одлука што ја донесов. Одлучив да не останам повеќе од тоа иако финансиски би ми било изводливо. Јас сум личност што сака да е спремна за лоши сценарија така да размислувам и на темата што ако (не дај боже) нешто се случи на сопругот и не може веќе да работи а јас сум исто без работа. Ќе се снајдам и ќе најдам нова работа? Е за некои професии не е баш така лесно после пауза да најдеш работа иако си добар во тоа што го работиш. Еве сега после година пауза од работа јас ќе треба да поминам огромен период на адаптација кон тоа што се случило додека не работев и верувам ќе ми е претешко. Работам со технологија што од ден за ден се менува. Имав менаџерска позиција која во моментов не ми значи ништо и сакам да ја немам ама ќе видиме кои ми се опциите за да ем работам по струката ем се посветувам на бебето. Осеќам дека тековнава работа ќе ме остави без ималку енергија за било што…
     
    На Cherry333, EarthFire, Autumn Love и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    15.113
    Пол:
    Женски
    Јас па го поддржувам овој Брајан и сметам дека детето има два родитела, не еден. Исто сметам дека треба да прекинат да се делат родителите, колку е мое, толку е и на маж ми. И дека ако жената роди, не треба да и застане светот зашто има дете, сметам дека треба да биде посветена на сѐ околу детето, но да не се заборави и себе. Исто детето ќе добие многу повеќе бенефити од градинката според мене, отколку да биде 3 години дома со мама.

    Не гледам нит следам поткасти зашто сметам дека веќе е ретардирно времево со притисоци како да си го растеш и воспитуваш детето, десет деца да имаш, десет ќе се со различен карактер и не можеш на секое исто да му пријдеш, така да оставам на себеси да се трудиме заедно со маж ми да си го израснеме детето како што мислиме и можеме најдобро, нормално и да научиме од грешките, така најдобро се учи.:D
     
    На Hinebrra, EnaEnA30, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    15.113
    Пол:
    Женски
    Амин!!!!!
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.