Devojki, denes kupiv gel za tusiranje od Nivea, zelen e I na nego pisuva lemon and oil, I siiite ama bas site potkozni mi izlegoa vi go preporacuvam, 150 denari bese vo Zegin.
Оваа Цвет како да е вработена во Александрија. Откако излезе салонов,инкогнито само го потпикнува и рекламира. Јас знам да некој е импресиониран од производ или услуга,ама ова више е симптом. Збори за шеќерната паста. И се зависи од кожата дали потоа ќе има поткожни (иако навистина далеку помалку излегуваат) и од тоа колку долго ќе ви трае. Цвет ќе те замолам да престанеш со рекламиве. Те приметив одамна,нафта никој не пие,а и да сака,скапа е,така што...
Дајте некој совет На препоните ми се јавуваат поткожни влакна, црвенило обично после депилација. Летово кога бев на плажа ептен неубаво изгледаше, гледам др девојки ни една точка немаа.. Баш вчера се депилирав со шеќерна депилација дома и одма се појавија неколку.
И јас се мачам со овие поткожни влакна откако почнав да користам депилатор. Најчесто пред депилација си правам пилинг,па гледам почнаа да се намалуваат, а и подобро ми се вадат влакната потоа. Кој сака може да проба: неколку лажици шеќер и мед, убаво се меша тоа, а ако е премногу густо додавам и неколку капки млеко. Многу е добар и кожата е многу мазна потоа. Пробајте
Општи прашања Кажете ми каков е тој пилинг што треба да се направи пред депилација за да се нема поткожни??
Колку време по депилацијата ви се појавуваат поткожните? И што ги правите кога се на одмор? Ајде 7/8 дена ги нема ама после кога се појават како се справувате со нив?
нон стоп ги имам и од такт ме вадат, и земав една крема или незнам што е од орифлејм ама ја немам пробано сеуште, ми кажуваа дека била ефикасна и дека не се појавувале, штом ја пробам ќе споделам информација, а исто така можеш (доколку имаш трпение да го правиш тоа, јас немам бидејќи имам многу внатрешни влакна) ексфолирација со сол и маслиново масло, или со други состојки има повеќе начини
Добро ама прашањето ми беше за колку време отприлика се појавуваат? И што кога си на одмор а тие веќе се појават?
^ Ќе си направиш пилинг за убаво да излезат влакненцата и ќе си земеш ленти/брич/крема да ги средиш. Ако се малку, ќе ти заврши работа и пинцета.
Кога се туширам, користам ваква четка/луфа/како - сакате - наречете - ја и немам забележано поткожни влакна. Делува и како пилинг на кожата. Ако купувате гледајте да не е со нежен и тенок материјал на мрежата туку поцврст (нежниот веднаш се распаѓа). Мене ми е донесена од америка и веќе некоја година по ред ја користам и уште не е растегната како една од овде што ја имав земено.
Имам прочотано на еден друг форум Спојлер тука го имавте спомнато неешто ама со андоли : 100 мл. 70% медицински алкохол измешано со 10 здробени аспирини.. да се мачка на нозете.. само не знам колку е ефикасен и што состјоки содржи алкохолот и аспирините да би ги избиле влакненцата на површина..
^ Не верувам дека ќе имаат во аптека. Но би требало да имаат во поголемите маркети или поснабдените продавници за козметика.
Zdravo feminiki prvi vi se izvinuvam vam i moderatorite na. Forumot sto pisuvam na latinica no posto sum od telefon ne znam kako da napram kirilica...ovie denovi mi pocna da mi rastat vnatresni vlakna koi mi prediz imat golemi akni sto mnoguuu me bolat vo nozete duri ne mozam no da si odam (... Losoto e sto jas gi bockav i sega poloso mi e i isto taka od edni sto imav isti pred edna godi i vo nozete mi se edni uzasni crni damki sto ne mi odat so nisto ve molam Za sovet ve molaam mnogu razocarana sum ( sto da pravam da gi sprecuvam ( [mod-kirilica:2f68naow][/mod-kirilica:2f68naow]