Мене поткожниве не ми минат. Има ли неој што ги излечил да го каже лекот. Неможам да се гледам, имам само на препони ама од порано ми се и така ми стојат, кузјае колкави с евлакната внатре а нови многу ретко ми испагаат. За депилација че прибам со шеќерната ама вие што ми се од порано како да ги средам?
И јас го имам истиот проблем!! Го решавам така што прво правам пилинг и тоа строго со домашни продукти (2 лаж. шеќер и 4 лаж. маслиново масло или 1 лаж сода бикарбона со 1 лаж топла вода) потоа се туширам со топла вода околу 10 до 15 минути за да се отворат порите убаво и на крај со убаво дезинфицирана игла (намачкана со ракија) ги вадам али значи не се копам длабоко туку се трудам малку понежно да го извлечам влакното. На крај се мијам со антибактериски сапун и со ладна вода (за да се затворат порите) и се мачкам со крема од невен или павловичева. Се надевам ќе помогне )
Од поткожни влакна нозете лом ми се направени. цела сум белег до белег и плус по некое воспалено, гнојно прави друштво. Пред месец дена ептен ми беше срам кусо да облечам сега ај како-така смирена е ситуацијата ама белезите остануваат. незнам што да им правам.. правам пилинг, секогаш домашен со шеќер еднаш неделно посебно кога излегуваат и пред депилирање, ама пак остануваат некои и редовно имам воспалени и тоа многу грдо изгледа. јас искрено сум против бричење оти и така имам многу црни и густи влакна не ми треба тоа. А тука и нешто друго сакав да прашам, сега зимово незнам, да ги оставам така цела зима да си растат да не ги депилирам или бричам (ќе се занимавам цело зимо ќе си плетам плетенки ) или да одам редовно на депилација за да ми оретчат малце?
Специјално ја барав темава да пишам, зашто ја делам истата мака и знам колку е одвратно. Дефинитивно помага ласерска операција, но е прескапа. Добрата вест е што пилингот со кафе и сол, што е спомнат погоре сварно помага. 2/3 пати неделно пилин и секој ден мачкање со најмрсната крема што ќе ја најдете. Не верував зашо звучи многу едноставно ама помага!
јас сум најголемиот паталец во оваа тема. Почнав со пилингот даден во оваа тема, имаше некој ефект меѓутоа мене сеуште ми се појавуваше по една огромна грутка на поткожно влакно кое неможеше ни да се стисне ни ништо. од ден на ден се зголемува и повеќе боли додека не помине воспалението. Отидов и на шекерната депилација ништо не ми помогна. скоро исто како депилација со восок само не остава траги од восокот и кожата е помека што дури и ми одмогна. Во аптека ми релоа црна маст или коњска така се викала народски не е за поткожни влакна бидејќи има камфор(лек за реума), дека треба да пробам со нешто друго. По долго време талкање отидов на дерматолог во Медикоз. Најдобриот третман и совет од докторката. од тогаш немам проблем а се појави два дена мачкање со маста и два третман, ни грутка ни црвенило. Маста flugocid 350 ден е решението, ја има во ветеринарна аптека. МИ беше смешно на почетокот но ете прочитав на 20 сајтови како помогнала. Третманот е два ден дур да излезе гнојта на површина, потоа со стерилна игла се остранува влакното и после се мачка со dekstametazon и обавезно со газичка два три сата се покрива. после 4 дена нема ни трага ни црвениоло. Јас имав црвени струпчиња по 3 4 месеци и сум срекна што го најдов лекот.
Милион поткожни влакна, неколку акни.. и сето тоа на интима, ќе скренам. Бев и на кожно, од скоро ми најдоа дека имам кондиломи, па дерматовенерологот ми кажа дека и вирусот предизвикува поткожни влакна но проблемов го имам поодамна. Некаде го прочитав рецептот со смеса од кафе, шеќер и сол и уште денес ќе го пробам, се надевам и кај мене како и кај другите ќе има ефект.
Ако имаш некој вирус подобро немој да го употребуваш пилингот, не знам за кој вирус се работи но кај некои од шекерот може да се влоши ситуацијата... сепак ти си знаеш. Јас мислам дека подобро ти е прво да се излечиш од вирусот па потоа да мислиш на поткожните влакна, може и да ти се рашири вирусот па поголема беља да си направиш.
Досега се заебавав со едно.. никако да излезе. Иначе мене поткожните почнаа да ми се прават откоа почнав со шекерната депилација. Затоа и прекинав оти прави поголема штета отколку шо помага. Плус и кожата потемнува сакале признале или не. Сеа се занимавам со бричот исклучиво, можеби ги згуснува влакната и треба на секој два дена да се минеш, ама па барем немам поткожни и нема да ми помодри цела вагина како кај повекето што одат на интимна депилација.
Ааааа требасе 10мин порано да се уклучам за го прочитам твоето мислење.. Ај да се надевам нема поголема беља да си направам
После којзнае колку време се излажав да ги поминам рацете со депилаторот, кој е џабе купен и дреме во кутија незнам колку години. Ми искочија поткожни влакна, и незнам што не пробав од креми и гелови. Вчера тука ја прочитав смесата од кафе, сол, шеќер и масло, и се изненадив. Многу не верувам на таквите алтернативни солуции за било што, ама 70% од поткожните излегоа на површина. Денес пак го повторив третманот ( прво се поминав со таа смеса-пилинг, па после со детски бекутан, па со гелот на ДМ за миење лице, и накрај со чај од камилица. Битно помогна комбинацијава, а најбитен фактор беше смесата.
И јас често се депилирам со депилитаор и од него ми излегуваат поткожни влакна само на нозете, а козметичарката кај што одам ми препорача после бањање да ги истријам нозете со крпа која не е перена со омекнувач и помага многу.
jas sakam da go probam ovoj piling so kafeto, no da prasam treba da bide talog od vareno kafi ili surovo ?
ПИЛИНГ СО КАФЕ Наједноставен начин да ја искористите моќта на кофеинот од кафето е да го употребите талогот. Ако имате 10 минути... Соберете околу половина шолја талог од кафе и одете под туш. Најдобро е да се туширате со топла вода затоа што таа ќе му помогне на кофеинот да продре подлабоко во кожата. Земете во раката талог од кафе и со помош на кружни движења масирајте ги засегнатите области (задникот, бутовите). Масирајте околу 5 минути, а потоа измијте го талогот. Најдобар ефект се постигнува ако го измиете талогот со ладна вода. Ладната вода ги стегнува порите и ја прави кожата позатегната. Ако имате 40 минути... Земете половина шолја талог од кафе и во неа додајте 2 кафени лажички маслиново масло или масло од рузмарин. Постелете стари весници на подот и со помош на кружни движења втријте ја смесата во кожата на местата каде што забележувате целулит. Со помош на проѕирна кујнска фолија замотајте ги областите на кои ставивте од смесата. Седнете и релаксирајте се. Во периодот од 30 минути додека делува кофеинот, вие пуштете си музика, прочитајте неколку страни од некоја книга или изгледајте една епизода од омилената серија. Релаксацијата докажано помага против целулитот. На крајот, измијте го талогот со млака или ладна вода. По третманот со кафе веднаш ќе забележите дека кожата ви е помазна и помека, а со тек на време ќе забележите дека целулитот се намалува. ! Важно: Чистете ја веднаш кадата затоа што може да потемни од талогот. Извор : http://www.femina.mk/
Ко прочитав овде видов дека немам само јас поткожни. Никогаш не се загледвам во други жени. Ама ко ке сум на плажа сами ми одат очите по нозете на другите женски и ми се чинеше дека само јас сум изрод. До кај шо се имам информирано, никој ни се нафаќа ни ветва ншто од шо би поминале поткожните Најголем непријател на кожата на нозете е прицкањето на поткожните ( дури се прицкав роскоп се праев). Сега престанав. Можи да речам дека нови скори и да не ми се прават ( али не сум издепилирана 2 месеци, да се издепилирам одма ќе почни наново процесот) Сите козметичарки што ги имам прашано велеа дека пилингот е мн битен и тоа секојдневно. Мислам дека помага и сувото четкање со специјална четка. Сега дека постудено не ми се прај ич ќеф за пилинг ( гледам шо побрзо да се истуширам). И зато флеките и поткожните си ги носам со мене. Претпоставувам ко ќе ми престанат да ми растат влакна ќе престанат и флеките. Ако имате некое испробано решение споделетего
Интимни прашања, проблеми и совети Devojki sakam da prasam dali posle depilacija imate problem so potkoznite vlaknenca i kako da se odstrani toa poradi toa sto ostanuvaat kako beleg podocna? :/
ми треба спас од овие влакна ..бев на депилација со топол восок препоните и нозете ми се лом доолги поткожни влакна крај не можам да и најдам со бричење не ми излегуваат толку,но не можам секој ден да се депилирам и затоа почнав да практикувам депилација... Ете имам и белеци од неколку што сум вадела-совет за да се отстрани..?
Не знаев стварно кај да го поставам прашањето, али очајно ми треба одговор, се скренав. Откако почнав да се депилирам со шеќерна, почнаа да ми се прават црвени точки на нозете, како мозолчиња нешто, али не се мозолчиња туку точки црвени.А баш сакав да имам бели мазни нозе, не цели нафрлани.Невервам да е од депилацијата, пошо иам другарка која цел живот се бричи и пак е таква на нозете.И јас сама иам пробано да се бричам неколку пати со ред па пак истото е. Што да направам да ги снема?Што да користам? Немоожам да се гледам ваква, аман.