Од нив нема спас. Барем за мојата кожа. Освен да пораснат па да избијат некако, друг начин е едно по едно да ги вадиш (па рани од копање да си напрајш)
Девојки да ве прашам дали пилингот со шекер и маслиново масло што го имате пишано, освен со маслиново масло (бидејки немам) може да се замени со нешто друго и што доколку може? Позз
Јас го имам правено и со бадемово масло и вероватно може со било кое од тие масла (ореово,рицинусово,невеново и сл) или исто имам и користено Бекутан масло за тело
@doubleinfinity Супер, имам дома рицинусово само незнам дали кај мене не е ко што треба или такво и е-премногу е густо. И сакам да те замолам да ми дадеш точна мерка за да го направам пилингот зашто катастрофа сум по раце и нозе. :/ Кај тебе имаше ефект со ова рицинусовото? Ти поставив куп прашања, извини
епа рицинусово со овој рецепт немам користено ама ефектот на маслото е да ги спои состојките а и да даде малку хидратација на кожата т.е. останува така маслен ефект на кожата...инаку за рецетот точно незнам како беше ама секогаш од око ставам...на пример правам 2 лажици кафе, 2 лажици шеќер бел, малку кафеав шеќер и малку сол и масло ставам малку па мешам па ако смесата е посува ставам уште малку...и со овие мерки можам 2 пати да се направам во телово..ефект за поткожните дали има незнам,мислам дека треба почесто да се правиш а јас насекое заборавам,ама за отстранување на мртви клетки и мекост на телото ми е супер и особено практикувам пред депилација
Ми се пoјaви пoткoжнo влaкнo, нa препoнoт кaкo целиндaр е нa дoпир сo тoa штo кoгa фo пoтфaтaм и гo стиснaм е oкoлу 3-4цм. Кoгa стискaм гнoј и крв излегувa. И пaк гнoи. Читaв пo нер некaквa бoлнa пoстaaпкa нa биквaтa И. Некaквa црнa мaст и oперaцијa. Пoмoш,штo дa стaвaм
Домашен лосион за отстранување на поткожните влакна Поткожните влакна се чест проблем со кој понежниот пол се соочува. Главно не се опасни и се само естетски проблем, но ако ги запуштите и не ги третирате на соодветен начин треба да се загрижите. За да не си правите ранички при нивно отстранување, пробајте да подготвите домашен лосион со неколку етерични масла. Потребни состојки: 5 капки масло од темјан 5 капки масло од лаванда 10 капки масло од чајно дрво Вазелин или лосион за тело Помешајте ги сите масла и додајте 2-3 лажички вазелин или лосион за тело. Со добиениот препарат мачкајте се секојдневно на подрачјата каде поткожните влакненца се појавуваат најчесто. Преземено
Мене секогаш ми помага црна маст- Ихтиол на памукче го оставам да стои цела ноќ и утрото веке е пукнато и излезено влакното.Потоа хидроциклин маст ке ставам и ке го премачкам и како ново !!!
Јас мака имам со ова на нозете, одамна престанав да одам на депилација и се бричам и редовно по ден два ми излегуваат како набабрени гнојничиња со влакна подкожни и не за друго ама ме чеша и цело вррме се чепам, тука ми е умот, па со пинцета го вадам влакното и зацрвенува местото и ко да гнои, ко каснато од пајак е и пак чеша, и соантибиотик се мачкам и пак, и од едновлакненце никакво цел кратер ми се прави, па зарасни јас чешај откирни..... и ми остануваат лузни ко модри и срам ми е со кратки да се облечам, цело лето сум по догли а лузните ми остануваат, грозно изгледа, сукњи носам и при топло со хулахопки подебели да не се познава некое чаре за лузните???
Imam potkozno vlakno na intima ....zavcera mi se pojavi ma se napravi mn pogolemko crveno e mestoto i mn jako na dopir....Se preplashiv zato sto prvpat vakvo nesto mi se pojavilo i plus koga go dopiram so malo pritiskanje tece krv i gnoj...Mn mi e grozno ...edna drugarka mi kaza probaj so igla i trni go so pinceta,....jas nemam srce too sama da si go napravam.,...Denes ce odam na kinekolog mn mi e stravvv
пробај со црна маст или флогоцид маст таа е за чиреви околу 150 денари е во аптека мене многу ми помогна,експрезно ги снема такви големи грозни загноени ....
Мене ми се појави поткожно баш на интимата, сега ми излезе дали има месец ипол. Навидум го гледам влакното, но не се осудувам со алкохол и игла да го подигнам. Бев и на депилација но не излезе, а козметичарката ми рече не е страшно. Не е надуено, мала површина е, но е внатрезаглавено и кога го чепкам менува боја во црно/црвено ( како гребаница). Совет?
Другарчиња, ај малку повеќе информации за маста Ихтиол што се споменува погоре, а чинам и @buba4e89 ја спомена во некоја тема. Дали може да се зема на своја рака, за колку време делува, дали потоа местото треба да се исчисти со нешто и слично? Пребарав на интернет и гледам дека ја има од Betty, Фитофарм и Зегин, па која сте ја користеле и дали сте задоволни? Благодарам однапред
Со оглед на тоа дека е без рецепт, може да се земе на своја рака. Не се става врз отворена рана, туку се мачка и за отприлика 3-4 дена треба да помине. Треба да си чиста и да не носиш синтетички ѓаки туку памучни бидејќи маста е црна по боја и мириса ужасно. Се мачкаш два пати во денот можеш и повеќе. Инаку од која сакаш аптека земи ја, пакувањето е кафеаво со бели букви. @Oxymoron
Во медицината важи ова правило, ubi pus ibi evacua. Значи ако има гној, мора да се исчисти. Во домашни услови со дезинфицирана игла, убаво истискајте го гнојот, па и нека протече крв. Потоа дезинфицирајте со алкохол.
И мене често ми се појавуваат поткожни влакна на нозете и интимата, но да ги стиснам излегуваат, или доволно е неколку дена да се смири отокот и само ќе си направи врвче. Е ама така убаво се зезнав сега, што најверојатно сечење не ми бега... На десната нога одма на вдлабнатината на коленото од десна страна, претходново лето ми се направи како мала бубулица, си реков или од депилацијата или има поткожно ама ајде ќе си излезе самото. Е од тогаш па наваму цело време на истото место ќе се собере малку гној ќе го стиснам и ден-два воспалено ќе ми биде, па ќе се смири и 2 месеци нема да има ништо. И се така до пред 3 дена кога повторно ми се собра, го стиснав, и ми се направи огромен оток кој не поминува воопшто, местото цело време ме боли дури и од спиење се будам кога ќе го налегнам, го чувствувам цело време како да е активно и внатре да собира, а на допир и површина е тврдо, отечено и црвено. Ме боли и површината околу него, на моменти ногата не можам да си ја исправам од што ме боли таму. Луѓе не сум нормална јас што си направив, ќе останам без нога ми се чини, страв ми е да не ми е инфицирано цело место внатре. Имала ли некоја до сега ваков проблем да ме упати каде да одам и како оди тоа вадењето на лекар, ме фаќа паника...?
Jas imav mnogu golem problem so potkozni vlakna, dodeka ziveev vo Mkd sve i svasta probav no zaludni, koga se preseliv resiv da odam na dermatolog. Prviot den koga me vide dermatologot mi rece deka dzabe ke me maltretira so tretman od 6 meseci, koga nisto nema da pomogne kako lasersko. Na kraj ispadna deka bil vo pravo, go zavrsiv 6 mesecniot tretman od antibiotici i kremi i pilinzi i svasta i nisto ne pomogna. Ama IC! Kaj mene dodusa vnatresnite vlakna bea mnogu mnogu razmnozeni. Pocnav laserski tretman, naredniot mesec mi e posledniot 7mi tretman i nozete skroz mi se iscistija. Sovet: kupete ja novata philips lumea - the end na potkoznite vlakna
Zdravo devojki I jas go imam istiot problem kje si puknam od maka Imam potkozni vlakna vekje nekolku god se depiliram so depilator I celo vreme gi stiskam mi iskocija nasekade fleki po nozete vekje 3 god mi stojat flekite nezz kako da gi iscistam a nezz ni dali se cistat 2 pati probav so proizvodot lepten i nishto ako znaete neshto ve molam kazete
Исто и јас и многу други девојки кои се депилираат со депилатор го имаат овај проблем. Почни да правиш редовно пилинг на нозете додека се тушираш со морска сол и маслиново масло, па можеш да додадеш и талог од кафе, Нанеси од пилингот и помасирај се неколку минути и исплакни Мислам дека ова многу ќе ти помогне, а и кожата ќе ти биде многу мазна. Плус совет : Немој повеќе да ги стискаш мозолчињата со поткожни влакна ,така уште полошо ќе ти изгледа кожата на нозете. Знам по себе