Со тек на време од ексофлијацијата ( пилингот) ќе се отстранат мртвите клетки, а со тоа ќе се обнови самата кожа,односно побрзо ќе се создаде нов слој на чиста и мазна кожа и флеките ќе избледат. Во моментов не знам точно која крема би ти ја препорачала ( може да пробаш со ЛАЛА кремата што е за флеки и пеги на лицето валда ќе делува и за кожата на нозете ....и јас планирам да ја земам, има луѓе што многу се фалат од неа, па да пробам и јас си велам) ,меѓутоа може плус покрај пилингот да помогне и редовно мачкање со некој обичен но квалитетен лосион за тело кој пред се е за негување,а не само за убав мирис на кожата.
Da se vklucam i jas vo sovetite i jas isto se depiliram so depilator, nemam tavi fleki ama imam kako crveni tocki ne se poznavaat mnogu ama sega koga pocnuva sezonata deka sum pobela se poznavaat, i probav namesto mleko za telo se mackav so kokosovo maslo i gledam deka ima razlika. Ama ova go primenuvam veke dva meseci. Se mackam od masloto sekade kade se depiliram i kozata e poubava, vlaknata polesno izleguvaat i ne mi se pravat mnogu potkozni. Preporacuvam da probate
Мора да те види кожен лекар/дерматолог за да ти каже терапија што да се мачкаш. Не знам дали можеш сама да знаеш без конслутација со лекар што би користела. Ако често се бричиш или користиш депилатор може и од тоа ти се иритита многу кожата....гледај одмори ја кожата малку.... нека подпораснат влакната и депилирај се со восок а во меѓувреме посети лекар
Имам поткожно влакно ама пораснало подолго. Пробував да го извлечам со чупалица ама безуспешно. Нешто за полесно да излезе?
Прееска бев очајна се поминав со депилаторот и кога си ја видов ногата полна со поткожни буквално цели влакна израснати под кожата се изнервирав зошто беше како да не сум се депилирала.Ја отворив темава да побарам чаре ама се изначитав за пилинзи,имам пробано ништо не помага.И прочитав за тоа со турпијата,ама имам мн нежна кожа склона на исфрлање ама сепак решив да пробам.Луѓе за 5 мин ги извадив сите поткожни без никакво црвенило да ми остане,просто не ми се верува.Пробајте нема да зажалите,ама само со хартиена турпија
Ништо посебно буквално само го "турпираш" местото и се трга тој слој на кожа што ги покрива влакненцата а не се оштетува др дел од кожата
Да не се повторувам и јас го имам истиот проблем со ноете и препоните. Да бидам искрена не сум баш дисциплинирана кога се работи за пилинзи, креми и сл кои треба да се прават редовно. Како и да е сепак можам да кажам дека пилинзите помагаат исто како и препаратите за пред и по депилација. Јас сакам да прашам дали некој има пробано домашен хемиски пилинг со АНА киселини (салицилна киселина но да е повеќе концентрирана 15-30% ). Имам прочитано дека ги чисти порите темелно и делува за избледување на веќе постоечките флеки.
Да ми препорача некој нешто пред и после депилација, значи нозете ми се ужас..се депилирам со депилатор, кожата ми е уништена. Навистина не знам што да ставам, дали крема за хидратација, дали бебешка пудра(после кожата ми станува никаква), дали термална вода, или некој лосион за акните? Ќе полудам веќе...
пробај да се депилираш со восок, депилаторот е секогаш ствара компликации, а за акните ставај течна пудра да се сушат..
Здраво девојки, ги исчитав сите коментари на темава па да прашам што да правам за моиве нозе... Мене ми се познаваат црни точки и кога ќе ги притиснам излегува влакно и малку гнојче, потколеницата ми е ужас, флеки, црвенило(од притискање) и вакви точки. 12 месеци сум со хулахопки
Здрaвo јaс истo имaм гoлем прoблем сo пoткoжни влaкнa нa нoзете и препoните.Oд кoленa нaдoлу ми се јaвувaaт вo нaјлесен oблик кaкo увртени штo се мнoгу мaлку пoд кoжaтa, пoвршински и сo еднoстaвнo грепкaње мoже леснo дa се извaдaт нa пoвршинa,вo внaтрешнaтa стрaнa нa нoзете кaј бутoвите ми се јaвувaaт бo oблик нa црни тoчки кoгa ќе ги стиснaм излaгa кaкo мaлo гнoјче и влaкненцетo сo негo, a нa препoните ми oдaт мнoгу длaбoкo, кoжaтa кaј штo е влaкнoтo ми стaнувa пoмoдрa , се aктивирaaт нaјчестo пред менструaцијa се пoдувaaт тврди стaнувaaт и мнoгу бoлaт.Имaм прaвенo еднa oперaцијa нa левaтa стрaнa нa препoните и oд тoгaш сaмo сo мaшинкa зa шишaње ги скрaтувaм влaкнaтa нo пред некoлку месеци пoчнaa дa излaгaaт oд деснa стрaнa и незнaм веќе штo дa прaвaм ве мoлaм нештo дa ми предлoжите зa пoдубинскo вaдење или уништувaње нa влaкнaтa.
Таму кај што се депилирам јас, жената ми препорача црна маст, пред депилација неколку дена да се намачкам, и подкожните во интимниот дел излегуваат на површина... и тамам со депилација излегуваат. Јас сум задоволна од црната маст...пробај може ќе ти помогне
Минатата година ми се направи на препони нешто како мозолче со се го мачкав и не помина на крајот мораше да одам на хирургија да ме сечат и помина тоа се затвори... сега погоре од истата страна на препони пак ми се направи прво како мозолка и јас го истегав истече гнојот ама сега ми стој како дупка празна и никако не се затвора... одвреме навреме ми течи гној ама дупкава никако да се затвори изгледа ќе морам пак на хирургија....