1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поткожни влакна

Дискусија во 'Тело' започната од irena, 10 ноември 2009.

  1. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cherish33

    Cherish33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    81
    И јас пробав со пилинг не ми помогна многу за жал... можеш да ми објасниш поубаво како ги извади?
     
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Имам голем проблем со поткожни влакна, исто како вас. Од секогаш. Ама во последно време почнаа да ми се појавуваат на интимна зона (до сега на нозе најчесто) и тоа големи топчиња и многу ме болат. Се распрашав во аптека, ми ја кажаа таа црната маст. Ставав од неа секој ден наутро и лепев фластер одозгора да не се измачкам цела, една недела така, а навечер после туширање рицинусово масло. Вчера се изненадив кога видов дека маста навистина го извлекла влакното (врвчето) нагоре, и можев да го извадам целото влакно со прсти.
    Јас сум презадоволна од маста и маслото, ви препорачувам на сите.
     
    На NPN и sorbet им се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    42.794
    Пол:
    Женски
    Ќе може да ми кажеш за која маст поточно станува збор? И слика ако имаш да споделиш. :)
    Исто така, дали има ограничување колку време смее да се користи и слично? Да не не смее многу често?
     
  5. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    557

    Мислам дека се работи за Ихтигал, црна маст, ама нека ти потврди KeBideLi. Ја има по аптекиве и не е скапа.

    Мене ме интересира која улога ја има рицинусовото масло...
     
    На NPN и Luminary им се допаѓа ова.
  6. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Маста се вика Ихтиол. Јас во патека побарав само "Црна маст" и ми ја дадоа таа. Ми кажаа неколку пати на ден, јас немам време за тоа, па ставав само еднаш и си стоеше цел ден на мене.

    За рицинусовото масло не ми кажале никаде, само знаев дека има антибактериско дејство. И пред да ја ставам црната маст ставав рицинусово и пребрзо местото се смируваше. Само некако раната се затвораше, а не го вадеше влакното внатре.
    Значи, не само за ова, рицинусовото масло е супер за било која гребнатика или рана на кожата. Ништо не ми ја смирувала кожата побрзо од него.
     
    Последна измена од модератор: 12 октомври 2018
    На nadelinka и Luminary им се допаѓа ова.
  7. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Ова го пишувам да помогнам на било кој што мака мачи со ова "проклетство", бидејќи лично имав поткожни влакна 7 години и ги решив конечно после цел век мака :whew:

    Најпрво, сфатив дека број еден виновник за поткожните влакна е стресот. Живењеето во сиромаштија, бројните проблеми, анксиозноста беа нешто што ми беше главна окупација, а грижата за себе не. Влакната ги отстранував со електричен депилатор, ги кубев кога ќе стигнев, а кога ќе се појавеа црвените мини акни, од стрес и нервоза само се чепкав. Дупла грешка.
    За лето не знаев, во долги панталони надвор, дома во долги пижами. Младоста ми помина покривајќи се и на 40 степени :emo:

    Последните 2 години од тортурата сфатив дека морам да превземам нешто, на долготраен план, ако мислев да имам живот и самодоверба. Се помирив со идејата дека лекувањето ќе биде долг процес, но и така век поминав мачејќи се, па си реков ако треба ќе дадам уште толку, само да се спасам.

    Немав пари за Филипс Лумеа нити скапи третмани. Најпрво купував што не, креми од полжав, ихтиол, фрлив и тие малку пари што ги имав, без резултати. Мислам уште крема од мајмун не купив |(

    Потоа, еден ден со мајка ми седнавме, почнавме да читаме по Интернет, искуства и слично, а еден збор цело време се вртеше, за спас мора- ексфолијација.
    Првпат го сретнав тој термин, не ни знаев што е, ама знаев дека морам да почнам.

    Третманот започна вака:
    Фаза 1: Бидејќи ситуацијата на нозете ми беше лоша, започнавме со домашни купки од топла водa, морска сол и јод. Секој ден по 2-3 пати, паралелно користејќи ракавица за пилинг, за време на купката. Ова ми помогна да се отстранат мртвите клетки и да се исчистат одредени потенцијални поткожни влакна што со чепкањето можеа гној да предизвикаат.

    Фаза 2: По завршувањето на купката, одма на миење и обавезно миење со откриеното чудото, Dove Gentle Exfoliating сапунот. Мислам за овој производ ќе се поклонам милион пати. :bow::bow::bow::bow::bow:
    После само 2 миења покажува ефикасност, односно започнува да ги активира поткожните влакна и ги тера сами да испливаат на површината. Сапунот непрекинато го користам и ден денес. Ги избелува и флеките од настанатите хорори :D
    [​IMG]

    Фаза 3: Веројатно се прашувате што е со регуларното отстранување на влакната, бидејќи логично не ги оставив така да си растат засекогаш од страв од поткожни. По сапунот, чудото и откритието беше шеќерната паста. Шеќерната паста ја прави мајка ми дома и еве ви го рецептот:

    Шеќерна паста:
    (100 грамски филџан), 2 полни филџани со шеќер, 1/4 од филџанот со цеден лимон и 1/4 од филџан вода.
    За поголема доза: 8 филџани шеќер, 1 филџан лимон и 1 филџан вода.
    Подготовка: Ставате се да се вари, на умерена темепература и со умерено бркање, 10 минути, додека се растопи шеќерот и кога ќе проврие, го тргнувате и го ставате во тегла и кога ќе се излади доволна за користење врз кожа, слободно почнете ја депилацијата.
    Совет: Откако ќе ја нанесете смесата и ја поставите лентата, влакната ги кубете во правец на нивното растење. Исто така, кожата мора да биде чиста, без никакви продукти, како пр. деодорант под пазувите и сл., за успешна да биде мисијата :)

    Совет плус: Мора да имате големо трпение. Не се чепкајте, оставете ги иглите настрана. Облекувајте нешто долго да избегнете искушение за чепкање и пр. почнете во слободното време да вежбате, а истовремено разговарајте со некој за проблемот. Второ, кога ќе сте на почетокот од третманот оставете ги на некој период влакната на мир, нека пораснат сите. Прво да одмори кожата, па после некое време ќе оцените самите кога сте спремни за прва депилација.
    Во однос на препоните, би ве советувала, првите неколку отстранувања наместо со шеќерната паста, да бидат со Veet крема за сензитивна кожа.
    [​IMG]
    Се надевам дека ова ќе ви помогне девојки, точно знам како е :f:
     
    На marty 0102, Mell11, Seli20 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. funkD

    funkD Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Bravo za postot Animali <3 i fala ti
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.989
    Пол:
    Женски
    Јас немам вака поткожни влакна, но имам едно, баш на градата... Многу ме загрижува, не визуелно бидејки не е приметливо ама здравствено, да не предизвика некој тумор. Никако не знам како да го отстранам. Некој совет?
     
  10. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Јас до сега сум имала многу на градите, затоа што постојано ги чепкам со пинцета вадам влакненца, и кога веќе си почнал има повеќе и повеќе. Знам дека не е добро и дека не е здраво, ама не можам да си помогнам. И да, сум ги вадела со игла. Црна маст помага многу, без да ги чепкаш да излезат сами, само прашај во аптека дали смее црна маст да се употреби на гради.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.989
    Пол:
    Женски
    Аха, значи без да чепкам, кога ќе премачкам со таа маст може да помогне да излезат самите.
    Епа фала ти, ќе прашам во аптека :)
     
    На KeBideLi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikica99

    kikica99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    Здраво на сите,

    Еве и од мене мала помош за проблемот со подкожни влакна.
    При секое туширање:
    Пилинг од Балеа - морска сол од ДМ
    Купка (небитно која) - со сунѓер од пооштрата страна убаво да се тријат нозете
    Млеко за тело - јас го користам Балеа кокос од ДМ ..
    После некое време константно користење влакната излегуваат полесно на површина, флеките избелуваат а кожата е знатно помека и почиста.

    И да, можеби најважната промена е преминот од депилација со восок на депилација со шеќерна паста.


    Позз :)
     
    На NPN и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  13. Ellier

    Ellier Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Опасни ли се влакнава? Едно ми искочи долу блиску до ваг. отвор, го приметив пред некој месец ама не обрнав внимание и после некое време го снема ваљда пукнало самото. Прошлиот месец пак се појави и уште си стои бело топче со влакното се познава. Јас на други места ги стискам и чистам со хидроген ама ова ми е страв, а да отидам на гин специјално за ова мислам ќе ми се смее др. Што да му правам?
     
    На Jessnow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Извини што те цитирам, но бидејќи го имам истиот проблем веќе подолго време и искрено веќе страв ме фаќа не знам што да правам.. ќе можеш ли да ми кажеш дали го реши проблемот и како?
     
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Имав еднаш на стомакот, веројатно од депилација, не го чепкав, само од себе излезе заедно со секретот што се имаше собрано околу него.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Дали некој познава крема било што, што може да помогне за флеки настанати од тие досадни поткожни влакна
     
  17. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    На рацете имам премногу црвени брунки кои се најверојатно поткожни влакна.. Сум се депилирала и со крема, со восок, со машинка, со брич и секако ми се појавуваат. Сега почнав да правам пилинг со сапунот од Dove што има како гранули ама повторно излегуваат. Исто така ми се прават акни во пределот каде се витка лактот. Што да правам за да се смират?
     
  18. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    557
    Поткожни влакна може да се појават од секакво остранување, но од машинка и топол восок најмногу....

    За да не се појавуваат треба - да се хидрира реводно местото и да се прави пилинг (сапун со гранули за мене е многу light, јас се правам со ракавица за триење па и нежно поминувам со камена за пети).

    Мене за флеките од поткожните како и намалување на истите ми помогна алое гел...
     
    На NPN, sofija014 и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  19. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Може подетално да ми кажеш кој алое гел го користеше и од каде го зема?
     
  20. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    557
    Имам одговарано на ова прашање...

    Алое гел од Зегин - околу 300 МКД 250 мл мислам дека беше... Не можеш да згрешиш...
     
    На Star_dust му/ѝ се допаѓа ова.