Исто и јас мислев дека ми е од бричот, пробав со други работи, еве веќе долго време топол восок користам само и никако да се спасам. Тоа е. Инаку, после депилација мачкај си ги со бебешко масло или бебешка пудра, мене барем така за кратко ми се помазни нозете.
Имало и тема: https://forum.femina.mk/threads/Кокошја-кожа-keratosis-pilaris.9647/ Може ваму да се префрлат мислењата, па се надевам уште некој ќе се приклучи на тимот кокошки со искуства и резултати.
И, шеќерна, не заборавај шеќерна. Story of my life. Инаку имам и јас keratosis pilaris од мала, ама има очигледни разлики со поткожни. А дефинитивно има врска со типот на кожа, некои сме едноставно посклони... на се. Исто и сум благословена со имање поткожни од буквално било која депилација. Мене што убедливо најмногу ми помогна е депилација со прашокот од Лидера и добар пилинг скоро секој ден. Кога ги шверцам 20 пакувања во авион, само чекам да ме однесат во некоја задна соба заради кесињата со бело. Ама дефинитивно кога не ги вадам од корен, имам многу помалку. Исто, никако тап брич. А за пилингот, знам дека препорачуваат еднаш неделно, ама мене на кожата многу ми одговара вака. И не зборам за сапунот со пилинг на Dove или пилингчињата од Балеа што едвај масираат, туку погруб пилинг, на пример тие од Органик шоп. Многу прави разлика. И нормално кога ќе имам доволно , ласерска во салон. Само тоа е долготрајно решение, од искуство на жени во фамилија, сите исто благословени. Стварно сонувам за денот. Би се шетала и влакнеста, на толку малтетирање со години мислам како и да не би, ама па стварно ми е поубаво бе мазна, посебно кога се мачкам со млекца и масла.
Ако сакате, посветете време и изгледајте ги видеава што ќе ви ги пуштам, од дерматолози се; многу детално објаснуваат што е KP и зошто се јавува, како и како да се третира, иако веќе напоменав што помага. Спојлер (47) HOW TO GET RID OF CHICKEN SKIN (KERATOSIS PILARIS)| DR DRAY - YouTube (има уште 3-4 видеа за ова од неа, ако сакате нешто плус) (47) Keratosis Pilaris... The Products That Will Smooth Your Skin | Dr Sam Bunting - YouTube (47) How to Get Rid of CHICKEN SKIN! Keratosis Pilaris treatment! | Dr. Bartos Dermatology - YouTube (47) Keratosis pilaris (KP): How to treat the bumps on your arms - YouTube Во кратки црти, ова се вели: - да се прават кратки тушови (пр. 10-тина минути), НЕ со жешка вода (што поблиску до млака, тоа подобро) - да не се користат агресивни сапуни што прават пена бидејќи повеќе ја сушат кожата (ако не пени гелот, не значи дека не чисти) - доволно е сапун само во региони како пазуви, под гради, интима, односно само таму каде имате контакт кожа со кожа, нема потреба на екстремитети - освен ако сте посебно валкани таму се разбира (ова е точно без разлика дали имате КР или не; сум слушнала од повеќе дерматолози дека беспотребно се миеме со сапун насекаде, само ја сушиме повеќе кожата; колку „гнасно“ и да звучи, за обичен ден, освен на местата што ги споменав, доволно е да се измиеш само со вода) - тапкање со крпа, НЕ триење и ВЕДНАШ по тоа ставање на лосион/млеко за тело додека е сè уште влажна кожата за да се задржи водата на кожата наместо да испари - користење на производ со AHA, BHA, уреа или ретиноиди (овие се мислам најретки) За жал, освен ако не живеете во странство, голем дел од производите кои ги споменуваат ги нема кај нас, евентуално да ги порачате онлајн. Кај нас освен обични лосиони за хидратација (има и со уреа), не сум видела друго, евентуално ако има нешто повеќе во аптекарските брендови барем со lactic acid. Затоа и го споменав средството за миење од True Alchemy (кое може да се користи и за лице), бидејќи не сум видела ништо друго со AHA или BHA за тело. Инаку, овие керамиди (ceramides) што се споменуваат и што помагаат многу во обновување на кожната бариера (што кај нас е нарушена), сум ги видела мислам само во млеко за туширање и/или лосион за тело на ZIaja, но не сум ги пробала. Моментално користам обичен од Vaseline, но би пробала натаму со уреа, мислам дека има барем од Balea таков, а и овој од Eucerin со уреа е често предложуван. МОЖНО е да имаш некоја блага форма на егзема, бидејќи таа предизвикува чешање на телото, но пак останува да го третираш тоа исто како погоре. Исто така, во однос на пилинзите, ова се однесува на @dayla и @Slatkish255 (да не си речете дека ви наметнувам нешто, си ја знаете кожата и знаете што најдобо функционира за вас, онака само си коментирам, секако дека не морате да ме слушате мене): И на видеата е споменато, ама еве ќе ви кажам и јас: не се препорачуваат (особено груби) физички пилинзи за кожата со неуниформни (нееднакви) зрнца кои не се добро обработени (со рамна површина) и измелени, бидејќи ја оштетуваат кожната бариера (особено бидејќи се стремеме да стругаме што е можно повеќе) и може само уште повеќе да придонесат кон сувост на кожата или иритација (во конкретниот случај, повеќе црвенило). Јас тоа си го замислувам дека ако гледаш на микроскопско ниво, ќе изгледа како гребење на кожата. Има еден таков пилинг (за лице) во САД кој често е ставан на тапет заради употребата на зрна од лупша од орев. Видете како под микроскоп изгледаат зрната. Се разбира, ова не се однесува на сите физички пилинзи, но како што знаеме, само мал дел се навистина фино обработени. Затоа и се вели ако веќе се користи физички пилинг, тој по можност да е понежен и да не се трие грубо, туку нежно, да не испадне решаваш еден проблем, а си создаваш друг . За понежна, посигурна варијанта, препорачливи се хемиските пилинзи.
@pdb123 И јас читав дека не треба да се прават јаки пилинзи, но мене ми се прават и многу поткожни и нема начин како да излезат освен вака, а ни вака не искачаат сите. Се враќам од депилација и пак како да не сум ни отишла Пилинг каков да уптребувам? Јас не сум купувала до сега, сама дома си правев со кафеав шеќер, кокосово масло/маслиново или некое бебешко ако имам дома.
За физички пилинг навистина не знам, одамна беше кога пробав 2-3 пилинзи, ама скоро сите беа груби и не гледав искрено никаков ефект. Не ми се пробуваше секој можен пилинг за да најдам нешто ок, па се откажав. Еднаш го користев и овој гел за туширање и навистина има многу фини зрна. Инаку, како што кажав, или би пробала со тоа од True Alchemy и/или со производ од уреа, а еве и dayla што ми напиша во темата: Може да се побара низ аптеки нешто вакво, баш би било супер ако има, особено ако има повеќе избор. Инаку, некаде имав прочитано дека е добро пред депилација да се направи ексфолијација (не мислам буквално пред, еве нека е денот/вечерта пред тоа - ако користиш физички пилинг со масла непосредно пред депилација нема да може убаво да се фаќа восокот; мене ми се случи ова со гел за туширање), а и потоа е добро да се продолжи (не веднаш, кога ќе се смири кожата) со режим на ексфолијација. Друго вакво пристапно решение не знам . Едит: еве отворив на Bellina да видам подетално и ова ми фаќа око: 1 и 2. Во суштина било кој производ за лице (пр серум) со вакви киселини можеш да го користиш и на телото бидејќи е поотпорно (обратното не важи), но мислам дека финансиски повеќе се исплаќа да земеш поголема милитража, затоа и ги одбрав само овие 2. Првото се измива, а второто се става на сува кожа, но во секој случај после тоа би ставила лосион (обичен или со уреа). Од Eucerin го забележав ова и ова. Ќе ми помине времето за редактирање и нема да можам да допишам, ама сигурно се наоѓа и нешто од други брендови в аптека.
Lele feminki pomoss... na intimnata zona potocno vo g... imam golemaa bubilica pa bi mozela da se sporedit so golemina od grozje a tvrdoo e mnoguu , crveno i bolit mnoguu... tri dena stavam ihtiol mast ama nistoo to samo pogolemo i pogolemo se prajt a nikako da gledam nekge na povrsina gnoj da mozam da go stisnam... lele neka mi kazit nekoja za iskustvo... pa izgora na sve vo petok mi e zakazano histeroskopia kakoo ke odam vaka ((
Здраво, дали физички или хемиски пилинг е подобар за внатрешни влакна, и каков хемиски пилинг може да се користи? Некои производи за лице или има сосема други за таа намена?
Sto ke mi preporacate za nozete? Problem so vnatresni vlakna koe tesko izbiva, se stvara brunce crveno koe mu treba nekolku dena da pukne. Nekoj gel za tusiranje so salicilna? Koristam piling, depilacija.. No ne e toa toa @pdb123 Gledam deka dosta se razbiras, ako ne ti e tesko da me sovetuvas za kozava. So godini se fepilirav so depilator i bric, kozata partal ja napraviv. Potoa pocnav so laden vosok, nekolku meseci so laden vosok navistina imase efekt. No ne e toa toa. Povtorni gi ima. Dali stanuva i vo mojot slucaj za kokoskina koza? Bev na dermatolog pred 2godini i taa samata neznaese dali bric i depilacija e po okej. Taka se zeznav i so bric, katastrofa bev togas. Kakov losion bi mi preporacala, inaku momentalno se tusiram so intimen gel od tian de koj mnogu ja smiruva kozata.
Мислам дека не е до толку проблемот како се депилираш, туку едноставно некои луѓе се посклони кон создавање на поткожни влакна. Јас на одредени делови од телото се бричам, на одредени се депилирам и пак и на двете места ми се јавуваат поткожни влакна . Не сакам да те разочарам и можеби не е 100% точно, ама мислам дека постојано ќе се расправаме со такви влакна... Најдобро решение е ласерска депилација, само што е поскапо. Но, со оглед на тоа што и онака во животот трошиме пари на депилација, дали за бричеви или за восок, пак испаѓа дека порано или подоцна ќе потрошиш на тоа колку ласерската депилација, само растеретено во подолг период. Доколку имаш можност, мислам дека најдобро е постепено да заштедиш за ласерска депилација. Што се однесува до лосиони, ако нешто помага, тоа би биле лосиони што содржат AHA, BHA и можеби евентуално нешто со уреа. Со уреа можеш полесно да најдеш, ама не сум сигурна колку би помогнала конкретно за поткожни влакна (иако помага за кокошкина кожа), идеално би било ако можеш да најдеш нешто со AHA/BHA. За жал, кај нас во Македонија тешко се наоѓаат лосиони со активни состојки, сите се генерално обични. Ако има нешто, или ќе најдеш во азиската козметика (можеби на olpeo.mk) или во аптекарските брендови (Bioderma, La Roche-Posay, Eucerin, Neutrogena итн), иако ми се чини дека дури и таму ретко се наоѓаат такви производи. Ќе ја означам @Aztec, знам дека таа ептен ги знае производите на аптекарските брендови и можеби ќе може да ти (ни) предложи нешто. А онлајн сигурно ќе најдеш, само напиши на гугл AHA body lotions и ќе видиш предлози. Друга опција е да најдеш некој гел за туширање што ги содржи тие состојки, ама и тоа тешко се наоѓа. Единствено нешто такво што сум видела беше мислам од True Alchemy на bellina.mk, некој 150-милилитарски гел што содржи и AHA и BHA. Би можела да се намачкаш со тоа кога се тушираш, да почекаш некоја минутка да профункционира и потоа да се измиеш. Трета опција е да земеш некој серум со AHA/BHA и од него да ставаш на телото, пред лосионот. Нема врска што се користат за лице, може да се користат и на остатокот на телото, само не се исплаќа финансиски, затоа што се мали и брзо ќе ги трошиш за цело тело, па ако одлучиш да го правиш ова, најди поевтини серуми со тие состојки. Ама ако не можеш да најдеш нешто друго или не ти се порачува/скапо ти е од интернет, можеш да се снајдеш и вака. Патем, мене лично не ми изгледа како да имаш кокошкина кожа. Најчесто таквата кожа е погруба на допир, нерамна, како со полни бели топчиња (не се секогаш преистакнати како на интернет) и црвенила/црвени точки. Напиши keratosis pilaris на интернет, ќе видиш слики, иако некои од нив можеби се поекстремни, т.е. поизразени. Кај мене на пример, не е до толку видливо, не е до толку црвено и немам толкави бели топчиња, помалечки се и имаат боја како кожата.
@Bellaa1234 како што рече @pdb123 проблемот со поткожни влакна најлесно ќе го решиш со ласерска депилација. Ако имаш средства, можеш да купиш Philips lumea. Прочитај искуства на членки во темата. Мислам дека со киселините нема да имаш резултати за кратко време, а освен тоа може кожата да ти биде чувствителна на сонце од нив. Можеш да пробаш да се депилираш со шеќерна паста. 5-6 дена по депилацијта пробај да направиш ексфолијација на нозете со нежни кружни движења со мешавина од кафе и масло на влажна кожа. Понатаму практикувај два пати неделно да правиш ексфолијација. Наместо со кафе и масло, ексфолијација можеш да правиш со четка за тело со природни влакна- суво четкање (dry brushing). Има многу информации за ова. Истражи, можеби ќе ти се допадне. Интересно е бидејќи прави ексфолијација на кожата, ја забрзува циркулацијата и ја измазнува кожата ако имаш целулит. Може да се практикува 4-5 пати неделно.
Fala mnogu za sovetite. Inaku nz dali pravilno objasniv moite ne se tocno potkozni, tuku vrasnati. Se formira brunce pa zree pa ke pukne. Se prasuvam dali lasersko otstranuvanje e stetno, zasto i onaka mi e iritirana kozata.. Blagodaram mnogu za sovetite
Не а многу позитивни искуства има кај нив ма стори што им пишале муштерии. Ајде ако порачаш сподели, јас во меѓувреме од органик шоп зедов со мед и млеко не е лошо ама не е ни уау.
хелп.веќе години овој проблем но само на интимниот дел.исто е и со депилација и со бричење секако.огромни гнојни чибани. некој совет?
девојки дали после депилација со депилаторче ви има излезено нешто слично на ова пред некој ден седепилирав и ми излезе црвенилово со оток и плус болно е местото на допир…. мачкам со белогентама нема егект
Женски јас мака мачам со поткожни.. Моите се внатре, немаат ни врвче ни ништо.. Ќе ми помогне ли црната маст за нив или тешка работа?