Не се ова поткожни влакна. Кокошкина кожа е, натрупан кератин околу фоликулот на влакната И нема чаре за ова. Цел живот го имам на нозе. Самата состојба може да ствара поткожни влакна ама и да ги извадиш, пак ќе имаш вакви точки по кожа
Јас имав ваква состојба, strawberry skin се вика. Мене само Филипс лумеа ми помогна. Инаку можеш да пробаш со почести пилинзи, лосиони со аха, бха киселини, ама не знам колкав е ефектот.
Почнав да мачкам бензил пероксид и адапален на флеките од поткожни. Многу се познаваат, нема спас. Мислите ќе има ефект од кремава (Сона дуо)?
девојки почна летото ама не и за мене не можам да се облечам ниту фустан ниту шорцеви од поткожните влакна ве молам дајте ми совети шо да направам
Пилинг и хидратантни креми за да излезат од кожа после смени начин на депилирање. Јас можам да ти препорачам шеќерна како најефикасна по која не се појавуваат поткожни или ласерска депилација (во домашни услови со Лумеа).
Здраво девојки, дали некој има искуство со salicylic acid од revox или било кој друг бренд? Дали може да се користи на нозе?
А што правите кога имате поткожното влакно под пазува? Како да го третирам? Од бричењето под пазува секогаш имам една точка, буквално точка е пред циклус ми се воспалува, знам дека е влакно затоа што кога притиснам имам мала болка во една точка и знам дека се работи за поткожно влакно. Немам оток, немам црвенило. Кога ми се намалува циклусот и исчезне, и иритацијата се повлекува. Како да го отстранам пред циклус да ме ми се воспалува? Сигурно е од неправилно бричење на влакната, и пречестото мое стругање ама не можам да функционирам ако преку еден ден не се поминам, претходно и секој ден се поминував Како може да се отстрани?
Како ги третирате подкожните на интимна регија? Прво ми беше загноено сега веќе нема гној само крв излегува,ако имате некој совет да излези влакното,зедов медицинска игла дали да пробам некако со неа оти нема отвор од каде да излези?
Со години ги депилирам нозете со топол восок и имам мнооогу поткожни влакна и црвени точки кои не ми се губат по депилацијата туку буквално ми стојат постојано. Кога ми растат влакната премногу ме чешаат нозете, понекогаш ми иде да ја откорнам кожата од чешање. Козметичарката ми вика дека ми е дебела и сува кожата и затоа не може да ми пробијат влакната, па ми препорачува по неколку депилации да ги бричам влакната па пак да ги депилирам, ама тоа не ми го решава проблемот. Дали депилација со шеќерна паста ни ми помогнала или таква е кожата и тоа е тоа, нема лек?
Пилинг правиш? Пробај почесто да им правиш пилинг на нозете за да пробијат заглавените влакненца. Инаку, мене исто од топол восок ми се правеа многу поткожни влакна и кожата премногу ми се иритираше па едно време се депилирав со шеќерна паста, па сега се фаќам со депилатор. Многу помалку боли депилација со шеќерна паста, тоа сигурно. А во врска со поткожните, не би можела да те советувам нешто повеќе затоа што мене многу ретко ми се прават. Но, би ти рекла да пробаш да се префрлиш на шеќерна па да видиш како ќе биде ситуацијата, чисто за да споредиш.
Да, пилинг правам еднаш неделно- дури мислам дека е тоа пречесто. Ќе пробам сега со шеќерна паста па ќе видам.
Истиот проблем го имав - мачкав креми и правеве пилинг ама џабе. Моја препорака да се префрлиш на шеќерна за почеток - ем ми ги омекна ем ми ги намали ако не и исчисти поткожните. Сега спасот ми е во Лумеата.