Здраво девојки не најдов соодветна тема за следново прашање па затоа ќе го пишам тука.Редовно одам на депилација више неколку години,но во последно време се почесто му се појавуваат поткожни влакна,претпоставувам од што имам крута кожа.Ми имаат препорачано пилинг да праам со скраб,но немам никакво искуство со тоа.Дали некоја од вас може да ми даде совет?Ако има по соодветна тема за ова ве молам пренасочете ме,благодарам од напред и пријатен ден
Како третирате темни флекички на подколеници од поранешни поткожни влакна? Пилинг механички правам, редновно хидрирам ама не знам која киселина/серум да користам?
Дали некоја користела 7% Glycolic Acid од Ordinary за поткожни влакна во интимната регија и дали помага? Или некоја препорака за чистење на истите. Од депилацијата имам премногу. Најчесто како брунчиња со гној. Почнаа многу да ми сметаат.
Смени депилација или депилаторка. Јас можам да препорачам да се префрлиш на шеќерна што за ваков проблем ми се покажа како најпогодена. После депилација само алое гел, а меѓу депилации пилинг.
Здраво женски, Ми излезе некое како мозолче ама како топче мало,не такво обично како на лице,и како вцрвенето ми е (одма под задникот некаде му доаѓа) и баш оти тоа место најмногу се трие почна да ме боли на допир не можам да го чепкам. Не знам дали да мачкам нешто да омекни местото,некоја со слично искуство?си мислам да не е некое поткожно влакно ама таму ниту влакна имам ниту се депилирам на тоа место. Некоја со слично искуство да не има?