Главна причина за појава на поткожни влакна е кинење на влакна при депилација. Поради тоа што влакната се вадат во спротивна насока од насоката на растењето, влакната се кинат и потоа кога растата неможат да се пробијат под кожата. Јас го имав истиот проблем порано, сега веќе една година се депилирам во Александрија со канадска шеќерна паста и од тогаш немам никаков проблем. Влакната се вадат во нивен природен правец на растење и не се кинат. Една другарка проба дома да ја прави пастата со рецепт најден на интернет, амо не е финтата во правењето иако и она никако да ја погодеше правата смеса, туку во техниката на вадење. Јас идев една година специјално за депилација во Куманово бидејќи тука во скопје немаше таков салон, амо сега отворија и во Скопје и сега тука си идам. И плус имаат специјални средства пред и после депилација, не е ниту приближно болно како со восок, повеќе трае, нема поткожни влакна, е малку е поскапо од обична, амо кога ќе видиш дека подолго трае, уствари и не е поскапо. Јас после една година депилирање сега пример интимна зона депилирам на 5 недели, раце на 6 недели, нозе околу 5 недели. Искрено на сите им препорачувам да пробаат...
И јас ги одгледувам посебно на нозете.. Знам дека ми се од депилација со машинче ама ете овој начин најмногу ми одговара за нозе и си го терам. Со редовен пилинг е малце подобро но сепак се овде, па ги докрајчувам со игла..друго чаре незнам јас
Препорака за пилинг за тело освен тој домашниот што се приготвува , некој за осетлива кожа ? Во Тинекс ниеден немаше ,или јас не пребарав убаво ... Аnyone !?
Јас поткожни влакна на препоните имам.. Еднаш бев и на лекар ми го сечеа тоа, па секој ден идев да ми сменат завој и дрен да ми стават и кујзнае што ми правеа ама многу страшно ми се виде Е сега имам некој лосион природен мајка ми ми го зема и кога имам така поткожно влакно се мачкам и ми се смирува колку толку...
Епа од поткожното влакно ми се насобра гној и доста беше големо па на доктор ми го сецнаа тоа и ставија дрен за да истече гној и после само си зарасна и си се затвори тоа ма да имам белег мал... Иначе лосионот го нема да се купи по продавници, од некоја жена е дома го прави околу 30 и нешто евра беше, и од србија го земав јас...
Мене не ми излегуваат многу поткожни но сепак има...со пилинг не помага ништо,еве сега прочитав дека тој планет па го препорачувате па може и ќе го земам инаку јас се мачев со чупалица ги вадев и ич не ми е болно бидејќи влакненцата се одма под површината ама многу време одзема
Мене ми препорачаа да користам црна маст... Веќе 1 недела се мачкам и поткожните почнаа сами да си излегуваат... Пробајте!!!
Zdravo na site, da vi se priklucam i jas , "zarazena" so istiot problem. Me interesira za crnata mast, kakde moze da se nabavi i za salonot vo skopje kade depiliraat so seker? [mod-kirilica:1zjyndq6][/mod-kirilica:1zjyndq6]
2 лажици кафе 2 лажици шеќер 1 лажица сол И масло за тело за да се направи густа смеса Дали некој го има пробано ова? Јас сакам да се обидам со ова, а ако нема ефект тогаш ќе пробам со црната маст.. Поткожниве влакна ме нервираат, многу ми излегуваат на препоните, мора да се најде некој лек и за нив.
Ајде да споделам нешто што мене ми помогна, а навистина мака мачев со нив особено кај препоните затоа што таму ми се појавуваа најмногу, па во летно време кога човек најмногу се поти, се запарува кожата - да не ви објаснувам. Но еве си ги смирив Фаза 1. Лечење на појавените поткожни влакна. На мене ми помага хидроциклин, (наредниот ден веднаш ми избива на површина влакното), или секако многу пилинг. Пилингот во суштина кај мене се покажа како најефикасен. Фаза 2. Спречување на нови поткожни влакна. Ја подготвувам кожата со пилинг, каде и да треба да се депилирам. Ништо повеќе. Наједноставниот рецепт е малку маслинест зејтин со крупна морска сол, се трие на одреденото место, се остава малку да делува, па се мие. Фаза 3. Депилирање. Треба да се внимава на правецот на депилирање - да се депилирате во правец на растот на влакната што кај мене со машинче е малку потешко, но и тоа може да се научи. Во секој случај треба да се дезинфицира депилираното место потоа со чист алкохол (јас после секое тегнење го поминував машинчето со памукче на кое сум истурила алкохол). А дури отпосле да се стави голема количина на бебешка пудра на депилираното место за да се смири. Во случај на интимна депилација, по дома шетање без гаќички, со некој најобичен чаршав преврзете се. Ко за во сауна. Битно да ја оставите кожата да дише и да одмори повеќе часа додека не се смири. Ете тоа, се надевам дека ви помогнав. Мене ова многу ми делуваше, плус што се заинаетив дека ќе ги средам, и пу пу ги средив. Епа ајде со среќа нова кожа без поткожни влакна
Неџма јас го напишав рецептот, го користам од летото наваму. На почеток го правев на 2 дена, а сега еднаш неделно само. Предходно бев буквално катастрофа на нозете, и немаше пилинг што го немав пробано, плус имав и флеки од тоа што ги чепкав подкожните. Имав сериозен проблем, одев и по кожни лекари и сите беа со истиот совет: да направам трајна депилација. За малце и тоа ќе го направев, веќе имав почнато да се распрашувам за постапката. Овој рецепт го најдов случајно на интернет, и реков не ме кошта да го пробам. После една недела 80% од подкожните ГИ НЕМАВ! Пробај еднаш, одма ќе ја осетиш промената на кожата. Искрено ви го препорачувам, мене навистина многу ми помогна. Флеки имав многу, постепено ми избледија. Ништо не ве кошта, пробајте сите што имате ваков проблем, по една недела ќе видите резултати.
Ова се вика секој со маките... И како гледам може да казжам дека не сум сама со проблемот( само што како гледам на нити една од вас не ис е јавуваат овие проблеми и при бричење) Знаши таков „шит“ од кожа имам невидено !!!мене поткожни ми излегуваат и од бричење...топла или ладна депил... машинка... дури и депл креми Инаку да кажам дека давав пари и за поскапи креми само за да немам мака но не ми помагааат!! Се надевам дека рецептов со кафето ке помогне иако веке користам постојано пилин за тело од онаа колекцијата за анти целулит на Авон(но може е до кафето) Сакам некоја од вас што го пробала она со кафето на ново да се пофали и да инфо како поминала поззз
Од се ми се појавуваја бре, брич, депилатор, ваква, онаква секаква депилација. После некој ми кажа демек, еднаш депилација, па после 2 пати брич да користам, сите можни пилинзи од авон, орифлејм, СИТЕ!!! А кожата да не правам муабет колку ми беше катастрофа, крема за депилирање не смеам ни да помислам, ставам од тоа, и после 2 секунди крварам од секоја можна пора. Ако сакаш чекај инфо од друг, мој совет пробај си одма. Ниту кафе продавам, ни шеќер па да рекламирам тука, сериозно ова ми беше единствен спас.
Обавезно ќе го пробам.. ништо не губам. На препоните и јас имам флеки и ептен грдо изгледа особено на плажа.. А сега откако почнав да се депилирам со депилатор поткожни почнаа да ми излегуваат и по нозете.