Јас и порано сум кажала, депилација со восок е причина за појава на поткожни влакна бидејќи влакната се кинат при вадење затоа што се вадат во спротивна насока од насоката на нивното растење. Јас порано го имав тој проблем додека се депилирав со восок, целата бев со поткожни, сега го сменив восокот со нешто друго и тој проблем се реши... Gone with the wind
Ова за кафето ок но тие се под кожата прашањет ми е дали и веке постоечките ке се извадат или тие ке треба со игла да ги вадам?А за со игла е многу страшно зошто јас имам гнојчиња и црвенило е ,неможе да се најде влакното оф незнам прв пат ми се случува вакво нешто баш на интимните делови ...
оние кои се депилираат, односно кои ги вадат влакната од корен без разлка дали е тоа со шекерна паста, восок, или депилатор, препорачливо е на секоја 4 депилација да се употрбува брич за да се избегнат поткожните влакна. А пред депилацијата да се врши обавезно пилинг, без разлика дали тоа ке биде купен пилинг крем или пак домашно направен. Јас препорачувам пилинг од талог од кафе и шекер.
Истото проблемче го имам и јас Пробав и со пилинг, демек ќе се отстранат ама нитшто од бизнисот ај ако некој успеал да го реши ова да пише
Имам и јас ваков проблем. Се депилирам редовно и на нозете и на препоните. На нозете немам, но на препоните редовно ми се појавуваат поткожни. Пробав и со брич, пак исто.
Моја депилаторка еднаш ми кажуваше како да се отстранат поткожните влакна. После туширање,значи излегуваш од бања е сега не можам да се сетам дали со сув пешкир или малку влажен ги проваѓаш нозете стпротивно од растот на влакното,и така ги снемувало.Но јас не сум пробала бидејки го немам тој проблем,не знам мојата братучетка дали го има правено тоа бидејки таа го има тој проблем. (и го спомнав тоа со бричот,ама таа ми кажа никако со брич затоа што влакната со деплиација се изретчуваат и точно е тоа еве на пример мене препоните ми се многу изретчени,а ако ги избричиме ние фактички пак ке ги активираме и затоа не е добро)
да така е поскле бањање пешкирот во рака и триење на нозете и излагаат. Јас така имам се помалку поткожни
спомнавте нешто со кафе и шеќер.како се прави тоа? ако може некоја да објасни..пошо и јас имам проблем и тоа само од колената на горе...а немам многу влакна..ептен малце ама онака грдо е..не можеш нозете да си ги покажеш ае чекам одговор...тенкју
Еве, и тука да одговорам, можеби другите сакат да знаат. Не целосно, но разликата е голема, значи денес пак ќе го направам, а штом и кожата ми е понежна, планирам пред секое депилирање тоа да го направам. Со среќа на сите што ќе пробаат.
Скоро на неколку дена си правам пилинг со кафе,само некогаш повеќе и погрубо се масирам,некогаш поблаго и има ефекти,се повлекуваат поткожните ама па ко флекички ми остануваат.Незнам што да им ставам,да ги избелам.Размислував за со лимон,некаде имав читано дека лимонот избелува флеки од лице.Па некој ден ќе почнам континуирано да се мачкам па ќе видиме дали ќе се избледат.
Ама ти тоа го употреби на лице? Така ми се чини. Не треба грубо, па кожата на лицето е поосетлива, нели :/