Леле нешто што најмногу мразам се поткожните влакна имам од колената надолу и ужасно ме нервират! Имам една другарка од депилацијата почнале да и излегуваат поткожни и она едно по едно земала да ги вади и нозите си ги направила лом. Сега има многу флеки, девојчето уште што не направило. И на дерматолог беше, има испробано многу кремови и масти ама резултат нема. Цело лето си е во фармерки, а има прекрасни нозе за на сукна. Кога ќе ја видам сред лето во фармерки, хеланки, панталони толку ми е жал, ама незнам како да и помогнам. Да не знае некој нешто за флеки? Јас ќе го пробам пилингот со кафе се надевам дека ќе помогне
Јас го имам користено, ми беше препорачан од дерматолог ама јас не забележав некои подобрувања од него и престанав да го користам. Сега бидејќи сум решена на секој можен начин да ставам крај на овие поткожни влакна што ужасно ме нервираат пак почнав да го користам со уште триста други работи па може ке ми се посреќи
Не не,само дадов пример дека имам читано дека избелува флеки на лицето,а сакам да пробам на нозете,да видам дали ќе се избелат флеките од поткожните....Со лицето не правам такви експерименти
И јас планирам да си го направам овој пилинг со кафе и шеќер па да видам што ќе биде... инаку со што ја масираш кожата со раце или некоја ракавица (јас имам една ракавица за чистење лице со тоник, ама не ја користам, од едната страна е погруба од другата помека, планирам со нема да пробам)
немам време да развртам низ темиве но случајно синоќа си мислев каде да побарам совет. јас во друга тема барав совет. еве вака имам поткожни влакна но станати ми се како брунки по цело тело. и се се депилирав до лани често т.е. месечно кога пораснуваат. и ми излезе чир на ногата луѓе малку фалеше до сечење на ногата - верувајте 5 дена лежев во болница и еве сега имам белег и многу ме боли коската и дури се плашам како велат старите понатаму стара болка да не ми биде ова. ама ајде. после една недела ми излезе долу до вагиналниот отвор веднаш чир голем страшно и тоа ме боли. и од страв не се депилирам, а кога се бричам а бе што да ви зборам крв насекаде ако треба да одам некаде се бричам 3 часа претходно или сл. за да не ми се знае. срам ми е да излезам, лето сега а јас осакатена во нозите од овие чирови. и на доктор ми рекоја на секоја 5та депилација морало брич дека влакното со депилација не излегувало а со бричот излегувало. дајте помогнете ми што да направам да си ја вратам старата кожа - мазна и сл. а бе срам ми е од дечко ми шо се вели...не сум била мазна...навистина ми е проблем.
оди на депилација каде што восокот го отвараат пред тебе пр. Афордита и немас гајле, малце е поскапо али се исплати
сум одела по многу козметички салони а јас да се кренам од тука за Скопје е сигурно.... не гледам смешно ништо. во мојот град нема такви брендирани козметички салони. се се кој чул за козметичар отишол на курс си заврил и така, нема врска не сакам да потценувам, ама јас проблем си имам со кожата.
После бањање избриши ги нозете со пешкир, потоа земи некој многу крут пешкир т.е не пеглан и триј ги нозете едно 5 минути. Одма излегуваат Таму каде што одиш кажи им да те депилираат со нов вокок ќе си платиш повеќе (ако си во таква можност) , неможе да е до кожата, како до тогаш не ти се десило такво нешто (после 5 депилации) туку после незнам ти колкуу
благодарам многу, читајќи тука видов и тоа со кафето да пробам, не ми е испробано. така ми рече докторката на секоја 5та депилација морало брич ... уште сега си варам кафе
Не се вари кафето, не треба талог од кафе туку кафе. Прво ако имаш чирови разранети, не ти го препорачувам овој пилинг дури не ти заздрави кожата, а за тоа ти треба дерматолог. Прво чиревите се прават од инфекција, тебе ти треба антибиотик, или локално или орално. Второ, дали си проверила маснотии во крвта, тие чиреви најчесто се прават ако имаш повишени маснотии. Пилингот со кафе има и една лажица сол, а сол на рана - НИКАКО!
Кафето ти е само пилинг на кожата. Веќе ако сакаш да пилинг раствори 2 лажички мед со 2 лажички сол. Мнооооооооооогу добар пилинг поготово за лице бидејќи медот не е растворувач за да ја стопи солта а солта пак е многу добра за кожата
Тие поткожни влакна се виткаат под кожата,и создаваат акна.Тоа може да го отстрани козметичар или лекар...Ама ако се како чиреви???
Кога се создава поткожно влакно се појавува црвенило кое исчезнува за максимум 1 недела. Потоа ти треба пилинг или третман со пешкир. Не се чиреви зашто чир боли ненормално и гнои како 10 бубулици заедно да ти растат значи ОГРОМНО е
Мене неколку пати ми се создадоа такви чирови и стварно беше голем, загноен, одвратен ама за недела и пол ми помина. Ќе ти препорачам само да не ги чепкаш зашто ќе останат рани, дупки па после ни пилинг ни свети пилинг не може да помогне
Пред некој ден бев на депилација на интимната зона со топол восок, и еве веќе денес забележав неколку поткожни влакна. Значи одвратни се, ги мразам! И со бричење е исто, дури и полошо, тоа ми е решение само за два-три дена и ништо повеќе. На местата каде што сум имала поткожни, откако ќе излезат ми останува белег. Има ли начин да се ослободам од нив и може ли да бидат опасни?
и мене истото ми се случува, имам и поткожни блакна и црвено е и бубулици... не знам што да правам.. помогна нешто кај тебе?
Јас го имам истиот проблем со поткожните влакна, ми се појавуваат флеки и сл. Користев крема од невен која доста ми помогна, пилинг со кафе и сол, исто така кога бев на депилација ми препорачаа да користам маст кутерид. Па се надевам ке помогне... нешто друго да не користите а помага? многу се нервирам кога си ги гледам вака нозеве
имам слушнато за паста од аспирин, неколку аспирини ги дробиш и ги раствораш во вода или чист алкохол колку да се направи паста.. ја нанесуваш на местото и чекаш околу 20 мин. после го миеш со млака вода... имам пробано два пати до сега , ама пак имам многу флеки :/
Моментално имам таков проблем,на интимната регија.Беа неколку,ги скубнав со пинцета и местото го премачкав со Гарамицин маст , многу помага против инфекција на фоликулот.
дали тоа е посебна маст за такви нешта? од каде можам да ја купам и колку пари е? оти јас не само поткожни туку после и лузни ми останува или црвенило