Морам да признаам дека ретко и многу оддамна не ми се случило да имам поткожно влакно,арно ама,ако не ти се деси нешто со кое ќе ти се наплати се минато,не поминува.И така фино лепо...ми се деси циста,малку повнатре на препонот од десна страна.Јас не сум ја забележала зошто вака на прв поглед,не се гледа,мазна е кожата,ниту пак ми создавала болка,ама претпоставувам му требало време.Вчера туширајќи се ја забележав,па и се присетив дека претходната недела во жегаше нешто во тој дел од телото,ама не обрнав внимание...што да ви кажам...да не се објаснувам,одвратно е и е големо колку поголем лешник.Ако не помине за некој ден ќе одам на лекар да ме сецнат,нема друго чаре.А и пилиг си правам редовно,буквално на цело тело,ама тоа е,кога сака-сака,ќе се деси и ништо не помага. Се надевам дека ќе помине така,со оглед на тоа дека пијам антибиотик за друго нешто,па ќе го смири и ова,инаку...скалпел не бега.Стискајте палци,зошто се уцвикав ептен!
Мене пак над колената ми се појавува како кокошкина кожа со црни топчиња внатре (влакненциња) Што би ми помогнало?
И мене исто така .. и според мојот дечко сето тоа е само и единствено поради депилацијата!!! ( само ме пука од нервози ) !! А нему му излагале поткожни зошто таква му била кожата! ( да не поверуваш)!!
Според мене подкожните влакненца излегуваат од самиот корен на претходното влакно, ако си забележила после депилација се појавуваат како влака бели и куси, ако не се истријат добро си пилинг, остануваат, засушуваат и не му даваат на наредното влакно да порасне и останува под кожа ...
Не е циста и не е страшно. Сама ќе се повлече или ќе си направи терен да пукне, протече и за ден два нема ништо. Ми се има и мене случено 2 пати и приметив дека е од долна облека (мала чипка на рабови од гаќи која нормално се најде во ѓубре )
Јас доста проблеми си имав со со поткожните влакна но откако почнав да употребувам млеко за нега на кожа се поретко и поретко се појавуваат.
можиш да ми кажиш какво?епа подкожните се правта од депилатор машинче и од брич дефинитивно и се грди многу,со восокот помалце се појавуваат,ама зависи од кожата според мене,оти јас знам некои кои се бричат па пак немаат подкожни
А на раните можете и ЈОД од 10 % со памук да си ставите, јас веке 5 години имам рани по нозете, ставам јод и кога забравам на нозете ми поминуваат, но кога ќе ме фате мерак да ги чепкам пак се разранувам (особено зимата), а јодот ги засушува раните. За 10 дена одам на одмор и не смеам никако да помислам на стискање на влакната, касно ја пронајдов темата но ќе ги употребам сите совети што ги напишавте, и на крај пак со пудра на нозете ќе се мачкам како и сите тие лета, ама тоа е благодарам унапред девојќи мислев дека сум единствената со овој проблем
Девојки глупо прашање, ама стварно не ми е јасно. Прв пат ми се појавија пред некој месец поткожниве, ама сега се доста влошени. После депилација имам знаете како црни точкички, ваљда коренчињата што не се извадиле и со стискање одма излегуваат. А кога ми растат веќе растат баш слепени со кожата-поткожни. Ме интересира пилинг треба да направам пред депилација за да излезат тие залепените, или после за да излезат коренчињата што останале?? И дали е можно да се појави некоја иритација ако правам пилинг после депилација? Инаку се е ова поради проклетиот депилатор. Претходниот не ми правеше вака, ама ми се расипа, новиов е УЖАС
па пожелно е и пред и после депилација, после депилација стргај се со грапавата страна на сунгерот, за да излезат коренчињата, потоа намачкај се бебешко уљје
никогаш не сум имала поткожни влакна, ама ете и тоа реши да ме посети... не го имав забележано до преска коа влегов да се туширам, а тоа грдо, грдо, најгрдо толкаво големо станало местото бе, шо ми се иде да земам еден нож масакар да ја направам цела интима и така пробав малку да го расчепкам ама слабо, епа слабо...па ке си го мачкам со павловичева неколку дена, а ако не успеам ке идам нека го сецнат, ке издржам јас, еее. шо е то за мене
Поткожни влакненца Со цестото депилирање имам проблем со поткожни влакненца на нозете. Како да се справам со нив?? Кажете некој совет ако некој успеал да се справи со нив. Однапред благодарам!
imam rani i fleki od stiskanje potkozni flakna kazete mi kako mozam da gi izlecam [mod-kirilica:2qen9r46][/mod-kirilica:2qen9r46]
после депилација нормално дека ќе се направи некое поткожно и мене ми се прават ама не многу и си ги стискам
Оф леле дојде ред и јас да пишам во темава, обично со пинцера или со нокти само ги вадам подкожните веднаш штом почнат да растат, ама едно не сум забележала На препонот сега го заприметив, веќе си израснало добри сантим ипол под кожа и се познава коренот и линијата до каде што е израснато, кога ќе ја затегнам кожата на тоа место се гледа црна линија од внатре и пробав да го расчепкам со пинцета и да го извадам, несака само си се направи мала раничка и ништо, нити од кај коренот ни од кај врвот неможе да се дофати Има некој идеја како да се справам со влакништево
Феминки имам едно прашање на темава. Од депилација на интимната зона ина препоните ми се појавуваат многу поткожни влакна и почнав сама да си ги вадам. Проблемот е тоа што ми остануваат многу црвени точки после тоа, белези или незнам како да ги наречам, и никако не исчезнуваат. Незнам што да правам многу лошо изгледа. Имала ли некоја од вас сличен проблем?
феминки лекот му е пред туширање триење со готварска сол на местата каде што имате подкожни влакна испоробано,делува и препорацано од мојата козметичарка пробајте па пишете дали успеав да ви помогнам
ја користам секогаш пилинг,колку толку да ги спречам барем да не растат под кожа,ама некако не бива...шо знам пак ги има и има !! уф!