а што правите со подкожните на интимните делови,мене мии се појавуваат и од обично бричење, стварно не знам што да правам и иритација ми создаваат
Како што кажав и јас имав проблеми со поткожните влакна, имам многу чуствителна кожа и после депилација ми се правеа како црвени бубулички кои не исчезнуваа,а и некогаш ми се правеа како гнојни. Мене пилингот со сол не ми помогна нешто многу многу пак после некое време ми се појавуваа внатрешни влакна. Сега после секоја депилација одма го чистам местото со алкохол во кој внатре има издробено андоли, а потоа ставам пудра во прав од бекутан. Препорачливо е пред депилација 24 часа да се направи пилинг, а после депилацијата 2-3 дена. Исто така после туширање триенје со крпа по нозете да се уништат мртвите клетки ( ова се прави после 2 дена од депилацијата). Мене искрено ми помогна многу околу 70% може да кажам дека ми е подобрена состојбата се надевам дека така и ќе остане
и јас си имам вакви муки од време на време. еве на пример сеа што ми се дешава..... пред некое време ми излезе бубуличка и никако да заздраве и се глеаше ко влакно да има внатре, па ај расчепкав со игла и го извадив, арно ама пак не ми поминуваше и еве денес го расчепкав пак и извадив уште 3 влакненца луда ствар
Значи да прашам веќе 5 години се депилирам и воопшто никогаш не сум мавнала брич.. е сега ме интересира кога треба да ми растат влакната многу ме чешаат нозете, претпоставувам заради поткожните, ама толку многу ме чешаат што рани си правам .. па ако имате некој совет би била благодарна
Па јас тој пилингот си го правам со кафе, шеќер и сол и потоа по пилингот кога ќе ги измиеш нозете убаво ќе си ги истриеш со крпа и сега можеби првиот пат нема нешто да се воодушевиш од резултатите ама прави го ова и ќе види подобро ќе биде, мислам мене целата нога од едната страна ми беше поткожни влакна и тоа и кога си депилиран ко да не си депилиран, ама сега многу е подобро...
девојки и јас го имам тој проблем со поткозни влакан и ми остануваат црвени тоцки кои никако да ми поминат ...ставам хидратантно млеко али нисто не помага ..некој дане користи масло од бекутан сакам да пробам со тоа али дане останува мн мрсно ...посто нозете ми се суви
јас си имам многу голем проблем со поткожните влакна поготово на препоните,одев на депилација со топол восок,па со електрична масинка се факав ама попусто излегуваат ненормално,а исто проблем ми е и тоа што на препоните кожата ми е потемна речиси црна ве молам за помош ако некој знае нека ми каже.однапред ви благодарам.
Само пилинг... Земи си од космо или од други продавници имаш ракавица за бањање. Може е груба ама знам и сестра ми имаше поткожни влакна на препоните и тоа и помогна.
И мене ми се суви нозете ама можам да ти кажам дека за разлика од маслото бекутан позадоволна сум од детската витаминска маст исто на бекутан со невен. Не е скапа околу 130 ден е со портокалово капаче. Обично ставам навечер дека е мрсна како павловичева крема.
Хахахах и јас исто и најголемата радост кога ќе излезе влакништето локна јас партали се правам на нозете
Дали навистина помага депилацијата на препони со шекерна паста за да не се појавуваат поткожни влакненца???
пред некој ден кога си бев на козметичар за депл. таа ми кажа дека најубоо нешто и секако наједноставно за да се справи со подкожни било да се занимаваме со пилинг со СОЛ!!! Викам МОРСКА(крупна) не!? ОБИЧНА СоЛ за јадење ...па ке пробаме па ке кажеме
Јас си купив од кај депилаторката стикче на депилеве за поткожни влакна па ќе видиме дали ќе има некој ефект,инаку чинеше 250 денари....Инаку ја користев таа црната маст,но немаше никаков ефект,се надевам ова ќе има.