Пак ми е страв. Кај сум со лузни цела добро не баш цела али страв ми е сигурно сигурно нема ништо? јајхаха извини вака ама
hahah lizni i jas sum cela od ko bev mala so pagav ama od ova ne se plasi malce ke go podbocnis mozolceto i ke go pricnis aj so sreka
Мачкајте Гарамицин маст 1% на местото на мозолчето ,одма поминува и повеќе нема да ви се прават на истото место.
Јас бев пред некој ден на дерматолог за поткожните мозолчиња кои ги имам веќе подолго време и никако не ми се губат и дерматологот ми препорача крем Triacneal..се надевам дека ова ќе ми помогне.
Обавезно пред да добијам ми се појавуваат по неколку, многу болат и дури повеќе ги мразам од обичните. По една недела ми стојат, не поминуваат. А кога ќе поминат, следниот месец пак на истите места се појавуваат.
благодарам за одговорот а дали знаете дали таа крема може да се користи за нормална кон сува кожа која нема големи проблеми со акни,освен повремени поткожни мозолчиња,или е исклучиво за мрсна кожа,ако некој ја има користено или ја користи plzz за коментар околу тоа.
Па во упатството пишува дека е за третман на кожа со акни кај адолесценти и возрасни, а не пишува исклучиво за каков тип на кожа е и мислам дека е за секаков тип без разлика дали е мрсна кожата или сува...Јас го зедов од аптека и чинеше 900 ден.
Па ја користам три недели и уште не ми се изгубени а и дерматологот ми рече дека потребно е најмногу 2месеца па ќе видиме
па сигурно нема така право треба прво иглата да ја дезинфиџираш со чист алкохол и мозолчето па потоа....јас еднаш пробав на обично мозолче ама многу ме заболе и никогаш не сум пробала
Јас си најдов спас за тие подкожни лелеее како болат. Young derm - течна пудра алкалоид 70-80ден. намачкајте ја само на мозолето, после саат два пак, така неколку пати во денот, уште после второто мачкање ќе приметите како се суши мозолчето. Дури и ќе почне да се лупи на слоеви.
Еве и јас да ви кажам како се справувам со моите поткожни мозолчиња што ми излегуваат на лице. Пробав со игли-оуф, никогаш повеќе, реков ај на козметичар, па и дупчиња ми останаа... После некое време, пак, си реков ќе одам некаде каде што е постручна козметичарката, па отидов кај друга (демек ја фалеа) и пак истиот проблем, дупчиња (после тоа право на дерматоллог, козметичар реков никогаш во животот) Еден период дупчињата ги третирав со овошни киселини, ми се изгубија, ми се израмни кожата, но тоа не спречи да ми излегуваат поткожни. Е стигнав до истите... не е на одмет да пробате со црна маст (таа за чирчиња што е) во аптека е до 50 денари, малку смрди, ама верувајте влече се што имате внатре, и немора ни да се стискате, туку по неколку пати мачкање на мозолчето, само си излегува врвче, и на пареа јака пука (јас и така и така правам пареа кога ќе се бањам во купатило, премногу жешка вода и така сами ми пукаат) после тоа не ми се појауваваат. Се надевам ќе ме послушате, нема ништо штетно во ова, а ако не ви успее, никому ништо. Не пробувајте со игли да ризикувате, па дури и на козметичар, не знаете каква ви е кожата. Сега ги немам тие проблеми како порано (плус со користење на апчиња за контрацепција веќе една година воопшто не ми се појавуваат, имав и дисбаланс на одредени хормони - тоа е и причина плус за таквите мозолчиња -обично тие се јавуваат во долниот дел на образот, брадата, и под брадата.), но за да ми поминат ми помогна баш таа црна маст.
само што ја ставив маста на лице и ке чекам резултати, ама многу гадно ми мириса бе, како онаа маста што ја стават на автобуси како се викаше коломаст, дури и се прашувам да не сум ја утнала. Како изгледаше кутивчето? Бело округло со црвена етикета од фитофарм?