Штом се со години посети дерматолог. Можеби несоодветни креми користиш па се запушуваат порите. Не ги стискај да не си направиш поголем проблем. Обично кај мрсна кожа се појавуваат ама и не мора да значи, или можеби се хормонски. Хормоните исто играат голема улога.
Штом стојат со години, веројатно станува збор за комедони (затворени пори). Никако не ги стискај зошто само ќе направиш инфекција. Најубаво е да посетиш дерматолог. Веројатно користиш шминка/производи за нега кои ги предизвикуваат. Зависно колку години имаш, обично помага редовно миење на лице со соодветен cleanser. За терапија најчесто даваат ретиноиди, адапален,(кај нас достапен СОНА ГЕЛ), бензоил пероксид, салицилна киселина…Ама со ова МНОГУ внимателно, најубаво да те прегледа доктор и во завиност од возраст, тип на кожа, да ти даде оптимално решениe.