1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потомство на возраст од 40/50 години

Дискусија во 'Дете' започната од VMP, 3 февруари 2017.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.314
    Пол:
    Женски
    Thats too much..нема да имам нерви, ни енергија.Јас лично после 45 не би.Мислам ептен ептен ако не можам нешто, до 45 ќе пробувам.Ако не, видечемо.
    Нема да имам ни нерви ни сила, а не сакам да му се дерам на детето на 7 години кога ќе ме мава климакс, да немам енергија да го играм итн.
    Ама кој како сака нека прави, секого би го поддржала шо да праам..не можам за туѓа матка да одлучувам, можам да сугерирам само
     
    На elimkd, mode-kristina, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.147
    Допаѓања:
    168.689
    Пол:
    Женски
    Родив на 44, а мм за прв пат стана татко на 62 год :angel::inlove:
    Доцна не доцна, тоа е.
    Не можам да размислувам дали ќе бидеме стари и болни кога тој ќе биде во пубертет и дали ќе треба да одиме во старечки домови.
    Дедо му на моето бебе има 90 год. Ниту е во дом, ниту па е залегнат во постела. Напротив, сеуште копа и ни сади патлиџани и ни цепи дрва цела зима.
    Сакам да верувам дека и ние ќе бидеме како него.
    Убаво е секој што сака да може да се оствари како родител уште на 20 и 30 години.
    Но некогаш тоа не зависи само од нас.
    Нека дава Господ секаде каде што чекаат.
    Јас лично уживам во мајчинството. А исто и мм.
    Не подмлади бебево за сите пари.

    Бар уште по 20год да поживееме и преблагодарна ќе сум:inlove::inlove::l::l:
     
    На smooch, Ouravanture, Viktorijaaa5 и 28 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.944
    Пол:
    Женски
    А зошто одите во крајности? 60 години! Тука повеќето за 40 години рекоа дека е геријатрија. Оти до 60 живееле луѓето, па после само ќе останело детето. Иако, подобро помладо дете без обврски како фамилија, да се грижи за родителите, отколку фамилијарен човек со сопствени обврски.

    Ама... пак ќе кажам, темава ми е бесмислена и без поента тотално. Освен, ако треба да судиме за изборот на другите? Тогаш има "поента" И да разглабаме до бескрај кој зошто, како и што направил. А истото никако не не засега нас!
     
    На kukla21, KuklickaSk и eta им се допаѓа ова.
  4. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Ептен далеку отишла дискусијата :).
    Јас лично, на 65 години, не би се подготвувала за последната етапа од мојот живот ( или фаза, не знам како беше спомнато погоре).
    Посебно не сега, кога медицината отиде толку далеку. Кој сака да се подготвува, нека си се подготвува колку сака .
    Па, дури и да се подготвувам не знам што со тие мои подготовки, би имало моето дете, кое тогаш ќе има 23/24 години.
    На тие години си е самостојна личност, со изграден карактер со све.

    Јас имам школска другарка, што нејзините родители ја добиле на повозрасни години. Кога бевме матуранти нејзините беа пред пензија, едниот од нив мислам дека веќе и беше пензионер.
    Значи девојчето беше така воспитано, паметно, културно, све нај, нај. Нејзините ептен работеа на тоа, да ја изградат како личност. На сите државни натпревари по клавир и математика освојуваше прво место.
    Сега е успешна деловна жена, работи во IT фирма, омажена, среќна, исполнета на сите полиња.
    Со сите нас остана во комуникација.
    Отсекогаш само сме се радувале на нејзините успеси, и се уште се радуваме се разбира.
    Тоа што нејзините беа пензионери кога таа беше на факултет, воопшто не и попречи да си ужива во младоста и да си го избере вистинскиот правец во животот.
    Ниту пак некој и се смееше и ја задеваше дека родителите и се стари.
    Гледајќи ја неа, многу често си мислам, камо и јас да имав повозрасни родители.

    @Mantub , не знам зошто на 15 години детето би сакало се уште да прошета со родителите.
    Ќе си шета со другарчиња.
    Зборувам за оние кои го родиле на 50 и кога детето ќе има 15 год. тие веќе ќе се 65.
    Па и јас на таа возраст не сум шетала со моите родители, што дека биле млади, и што дека тоа било време многу поинакво од денешното.
     
    Последна измена: 30 март 2022
    На referentka и drugarka им се допаѓа ова.
  5. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    И на 40+ некои уште раѓаат, а некои се баби и одгледуваат внучиња.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.028
    Пол:
    Женски
    Како и да ја вртиме ситуацијава, сѐ се сведува на релативност и субјективност.
    Гледиштата се различни кај секого. Најважно е меѓу двајцата партнери да се слични погледите, кај сите оние кои водат заеднички живот.
    Колку и да се зборува, нема да се дојде до универзално "правило", бидејќи животните сплетки нѝ се различни а и приоритетите. Макар што животот изненадува.
    Познавам млади кои добиле деца на 25 години, па цело време децата терет им беа. Таа не беше изнашетана, финансиите им беа мали, цело време таа се жалеше, нешто ѝ фалеше, па и оттука коментарите за имање деца ѝ беа колку е тешко, ќе видиш кога ќе имаш.
    За разлика од нив, родители на постара возраст се помудри, посталожени и посамоуверени. Секако и ова е релативно.
    Темава е лична и одредување едно заедничко правило дали треба да се има деца на постара возраст не постои.
    Како и за сѐ друго, така и за оваа тема, си го додаваме личното чувство или за потенцијални случки а сѐ уште неслучени или пак за туѓите ситуации и избори.
    За туѓите случки не се вмешувам, а за моите животни случки не сум видовита. Доколку нешто сакам да биде на еден начин, ќе се потрудам самата, а за останатато Божја волја.
     
    На Viktorijaaa5, Chantal, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Нели имаш повозрасни родители?

    Еве да го земеме Брус Вилис за пример, 67 години се соочува со тешка болест, има повозрасни деца и мали деца. Сега, девојчињата на 10 и 7 години треба да се грижат за нивниот татко, уште се мали деца, а треба толкав товар да носат. Не, нема они физички да се грижат за него, ама ќе го гледаат како опаѓа.
    А друго се веќе неговите 30 и кусур годишни деца и можат многу подобро да се справат со ова, а и подолго во животот ја имале поддршката од татко си.
    Едноставно тоа се факти на животот, стареењето, периодот кога сме највитални и најспособни...
     
    На Spidy, riba79, Chantal и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.147
    Допаѓања:
    168.689
    Пол:
    Женски
    На @eta родителите се "таман". Колку што знам она има 40+ год. Тоа значи дека мајка и ја родила на 30 и нешто ситно.
    Другарка и имала многу повозрасни родители, бар јас така разбрав:)

    Јас не велам дека е најдобро и најубаво да станеш родител на мои години или па на годините на мм:angel:.
    Ама верувајте Не ни страшно, ни неприродно, нити тешко:)
    На темава пишав само да им дадам храброст на парови кои се "думат" дал е доцна или не :)

    Јас на 40 год се соочив со тешка болест.
    Баба ми има 93г, сеуште настинка нема закачено.
    Е сеа,
    "Неприродно" е малку што мм кога ќе го носи синко во прво одд ќе биде веќе озбилен пензионер, ама па шо има везе тоа:D
    Ако не детето му се даде љубов и многу љубов и многу внимание :inlove::inlove: мислам дека нема да му пречи што тато и мама се бабичка и деде:D
    Кога младите родители ќе бркаат кариери и ќе мора по 10 часа да бидат одвоени од децата, ние ќе бидеме по цели денови достапни за него.
    - морам со нешто да се тешам:talk::emo::)
     
    На gjoker4e, Madrugada, dunika и 12 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Темава се сведе на "што ќе речат децата-дали ти се баба и дедо" или " децата ќе морало да ги тинтраат старите родители".

    Кој што има желба и прилика, да си стане родител!!
    Немало енергија, немало трпение|(

    Многу овде на 28- немаат трпение за себе а не па за децата.

    ..плус, од каде знаете каво е трпението на 50 години?!
    Сте имале 50 и бебе па знаете или веродостојни ви се муабетите од вашата мајка која неможела да трпи деца:D
    Таа може и на 25 немала живци;)

    Место да се бодрат жените кои се борат за потомство,па макар и на 50, вие ширите песимизам (...ќе умреле родителите па детето само ќе останело и слични работи,Божем на 30 не умираат и не остануваат сами деца).

    Дај Боже сите кои посакуваат да се остварат како родители.
    ..па макар и на 50 години.

    И не одете во крајност, 60 години се веќе длабок климактериум кога жената веќе биолошки неможе да стане мајка.
    Тоа што го гледате по портали не верувајте.
    И Хилари Болдвин роди две деца кои имаат 18 и 15 месеци па вели дека таа ги родила.
    Се ли е за верба(facepalm)

    @Bubce38 нема што да се тешиш, тоа што ви се случи е ДАР.
    Што ќе збори некое си дете, тоа е одраз на неговото домашно воспитување .
    Па кога ќе видиш реално, возрасни жени кој миабет го прават, што можеш да очекуваш од нивни деца.
     
    На gjoker4e, kalinaka, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.147
    Допаѓања:
    168.689
    Пол:
    Женски
    Онака реков - се тешам:)
    У суштина нема што да си барам утеха, на нас бебево не ни падна од небо:D т.е не беше непланирано.
    Знаеме дека богами бааѓи си го испотивме гзот за да го држиме денес во раце:sweat:.
    Инаку
    И на 60 и на 70 год можеш да родиш свое биолошко дете. Само треба да имаш зачувано свои јк или ембриони и нормално да имаш матка. Климаксот не ти е пречка.
     
    На Chantal, DELFINA81, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.665
    Пол:
    Женски
    Не баш.
    Има ограничување законско на 49 или 50 години,за ивф.
    А во Шведска е до 40 год.
     
    На Nina 2014, elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    И оваа тема стана да не смееш мислење да си кажеш.
     
    На Viktorijaaa5, Dust, Tea678 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.147
    Допаѓања:
    168.689
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема. Зборам за ивф трансфер со замрзнат биолошки материјал.
    Има неколку случаи ( еден јас лично познавам) каде жена роди на 60 год со биолошки материјал од нејзината ќерка и зетот. Ќерката е родена без матка, па мајка и' и е сурогат.
    Во Шведска не знам како е, но кај нас можеш и да си купиш биолошки материјал и да си родиш кога ќе сакаш ( нели ако матката ти дозволува да износиш бебе)
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.665
    Пол:
    Женски
    Е за со смрзнат не знам.
    49-50 год е инаку границата во сите држави во Европа освен кај швеѓаниве,Чешка до 48,Грција 50.
    Оквирно до толку се нафаќаат.
    А кај нас сурогат мајката која роди за ќерката во Битола,51 година имаше,немаме родилка на 60 год во државава.
    Во Србија имаше.
     
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.147
    Допаѓања:
    168.689
    Пол:
    Женски
    А ти мислиш оти лажам дека имаме?
    60 год без еден месец беше ко се породи.
    Не е фер да изнесувам појќе информации, ама нема ни потреба да те убедувам.
     
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    40 мислам дека е во ред. 50 според мене е касно.
     
  17. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми, на 31 год. ме родила. За школска другарка имам пишано дека беа повозрасни. Може вам и 31 година, ви се многу, но имам 7 години постар брат, така да била релативно млада, кога прв пат станала мајка.
    Јас родив на 40+.
    Нема што повеќе да дискутирам на оваа тема, тоа што сум го пишала е мое мислење и не го менувам.
    Имам само да додадам, ако има овде на форумов жени кои што само заради годините, не би раѓале, НЕ ЗНААТ ШТО ПРОПУШТАТ.
    Животот ни се смени за 360 степени ( на подобро, се разбира).
    Ќерка ни, потполно не исполни, како нов живот да живееме.

    Ние 6 години се боревме со стерилитет, успеавме со 4 ивф, во Солун.
    Тоа беше нашиот последен обид, повеќе беше желба на мажот ми, јас бев ептен скршена од толку спонтани абортуси и неуспешни ивф.
    Пред тоа имавме поднесено документи за присвојување, и влезени бевме во регистарот на можни посвоители.
    На секој можен начин бевме решени да станеме родители, но ете господ сакал да имаме наше биолошко дете.
    И не завршивме на ивф, само заради годините.
    Јас на 23 год. имав ептен сложена гинеколошка операција, така да и на 25 год. ќе ја водев истата борба.
     
    Последна измена: 1 април 2022
    На gjoker4e, Zuza28, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би родила нинна 40 а не па 50-60 години. Или касни 20-ти ко што родив или рани 30ти.
    Све после тоа ми е превише скржаво и лично мислам дека ни јас не би била психо-физички толку јака ко што сум денес.
    Мајка ми го роди брат ми најмалиот на "постари години" 40тина. Ден денес знае да каже ти да не ми беше не знам како ќе го исчував, што немање више сила ко што имала со мене и постариот брат,што болести. Дур е бебе е друго, кога ќе почне да лази да трча да фаќа де живо и друго доаѓаме до еден левел у кој што за жал немаат постарите лица ни сила ни нерви. А не е тоа поентата нели јас ќе го родам па тој што има нерви (у случајов јас ) нека трча по него. Не ме сваќајте погрешно ни секунда не би мењала уште сто пати да се роди. Ама ниту јас бев фете кога требаше ниту дете од дете е израснато онака како би го раснела сега со овие години.
    Превише се годините за мене лично
     
    На Nina 2014, elimkd и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.147
    Допаѓања:
    168.689
    Пол:
    Женски
    Скржаво спрема кого?!:wasntme:
     
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Спрема детето. :)