Не ја можам оваа тема значи. Ама не може да се очекува да те разбере жена што нарачано си родила во доцни 20ти, дека со години си се борела со милион работи и си среќна што воопшто си донела на свет здраво и право дете, без да можеш да бираш колку години ќе имаш. Значи никоја жена нема да роди во тие години, да можела тоа да го направи порано. Како и во реалниот живот и тука на форумот, врие од жени што никогаш нема да го разберат зборот стерилитет и каква борба е тоа. Јас сум далеко од возрасна жена, ама се восхитувам на жени што не се откажале и по цена на сопственото здравје, решиле да го направат својот најсакан и себе, побогати и посреќни за еден нов живот. И тие математики толку ќе биде детето години, толку мајката, па овој ќе се грижи за оној, мислам стварно се во мала рака смешни. Имам млади родители, татко ми со дијагноза и тоа лоша, секој ден мислам и се грижам, а ете на време и млади ме имале и мене и сестра ми. А уште поважно е колку е сакано едно дете, а не колку години имаат родителите.
Зборев за себе, ја читав нејзината приказна и браво исе восхитувам колку била истрајна и јака. Јас не си нарачав дете, детето беше не планирано а сепак најубавото нешто. Јас зборев за себе од примерот што го посочив. Секој има право да раѓа кога сака и колку сака.
Сето ова е во ред. Си кажуваш дека ти претпоставуваш дека не би родила дете на 40 год. И ок е тоа. Не разбрав како 40 годишната мајка е скржава спрема детето кое го родила на тие години. Само ова ми е нејасно.
Па објаснив со личен пример што пак ќе повторам немора да е случај кај секого, во мојов случај беше стварно така и колку и да викаме дека од еден пример не се оформува став секогаш у позадина во главата ми е тој пример.
Значи ти имаш напишано дека или доцни 20ти или рани 30ти или нема да родиш, без да размислиш дека е можно да немаш таков избор во животот. Убаво е да роди секоја жена непланирано, го посакувам тоа на секоја.
Тоа што ти си го "чувала" брат ти, за тој пример мислиш?! И сега, мајка ти била скржава спрема брат ти оти го родила 'стара' и немала нерви да трча по него, или била скржава спрема тебе која те родила млада и на некој начин ти "наметнала обврска која ниту е твоја ниту е за твои години" ?!
Значи Не е до годините кога ќе родиш. Мајка ти тебе те родила на млади години, а сепак се појавила "скржавоста"
Големо не. Мене на овие години би ме убила анксиозност што ако утре ме снема и го оставам детето без мајка, не па на 40+. А и ќе сакам во староста да уживам, не да се борам со тинејџер.
Ок не мислев дека ќе се најдеш испрозвана,не ми ни беше намера, пак ќе повторам кога ти ја читав приказната се расплакав, се работи за личен став од личен пример ништо повеќе.
Не бреее Воопшто не се најдов прозвана Муабет си правиме. Ме интерсеира како размислувате вие помладите Не пишувам јас на темава за да ме тапшаат по рамо и да ми кажуваат дека не е грешно што волку стари станавме родители. Ние ако требаше и следни 10 год ќе се боревме и све ќе дадевме од себе само и само да гушниме едно вакво прекрасно створение. Фала богу па конечно успеавме и сега обврска ни е само и само да го сакаме, мазиме и пазиме
Пак не сте ја разбрале темата. Не е ,,идеална возраст за да се роди дете,, има друга таква тема. Темата е дали некој кој станал родител подоцна во животот треба и смее ли воопшто да биде општествено осуден заради тоа. Што во принцип е безвезе тема, пошто секој станал родител тогаш кога што станал родител, заради вакви и онакви околности, и тоа прилично самостојно и свесно го донесол како одлука, нели. Сигурно никој не родил случајно, на која и да е возраст. А сите предрасуди, на толку години, толку енергија имаш за дете, толку здравје, толку ти останало од животот, се ништо друго освен предрасуди. Секој со својата среќа, и децата, и родителите.
Да имаше опција ќе ти го шернев мислењево . И лично во животот се борам да немаме предрасуди, да не осудуваме и да не не осудуваат, ама тешко оди.
Колку нервозни мајки има на 20+... и уште толку фрустрации што место да шетаат или учат, родиле дете. Немаат врска годините, туку зрелоста како личност, желбите, семејната состојба, па и финансиите.
Има секакви и на 20 и на 50. Тоа не е фрка Фрка е да имаш став па мора да се објаснуваш ЗОШТО имаш став и како тоа не е како на другите јер тие се центар свемира. Е затоа не треба да има ваква тема.
Во комшилук една роди на 17. По претпоставка, "на беља" беше родено. Ај тоа, ама мајка му цело рано детство го нема салам видено. Тоа е пораснато со баба му, исто како таа да си го родила. Повремено ќе дојде, ќе го подружи и пак му ја спраштува некаде. Ѝ се шета, ѝ се излегува нормално, сега има 24-5 и си брка свои бизниси, а мислам и живее на друго место. Да го прашаме детето како му е без стално присуство од родителите...
Imam primer vo moeto semejstvo , koga se rodil tatko mi dedo mi Imal 44 godini , I docekal da se ozeni tatko mi I dve vnukji .Licno za mene granica za ragjanje bi bila 45 godini .
А кога ќе ми речат "роди млада за нерви да имаш" Па, тоа брее, никогаш не ми текнало дека годините со нервозата и одгледувањето деца имале врска. Затоа една што роди на 25 пукаше од среќа, од смирение. Сега таа истата ми има солено памет што порано, тоа подобро. Сѐ ѝ беше премногу, сѐ ѝ беше тешко, и едно одење на плажа со дете не поднесуваше, дека млада и витална.
Биолошкиот часовник кај жените, намалената енергија со текот на времето, животните етапи според возраста, тоа се факти. Но исто така, не значи ниту дека би имале и негативна улога во поединечни случаи. Темава е премногу субјективна оти сите тргнуваме првенствено од своето искуство или размислување. Првото го родив на 30, а второто е на пат и ќе биде брзо после 33. Од оваа моја перспектива ја веќе не би раѓала ниту после 35, оти имам планови да се посветам на својот живот и кариера. Но, како што пишав погоре, тоа е мојата перспектива, оти така мене ми се погодило. Меѓутоа желбата за дете е голема и разбирам дека и во мој случај да беше поинаку и постапувањето ќе ми беше поинакво. Дали има правилно и погрешно? Веројатно не. Небитно е кога ќе добиеш дете, битно е да го дадеш максимумот за потребите на тоа дете. А животов е толку непредвидлив за секој од нас, што буквално најбитно е само да сме здрави и живи. Едно е да се изнесе мислење, ама апсолутно малициозни се обидите за аргументирање насочени кон нечии други животи и животни одлуки, особено кога тебе истото во животот ти се наредило по замислениот терк.