И сега некоја жена на 45+ конечно и успева ИВФ после милион перипатеии и падни стани , клика на темава и чита дека побогу она е крива што кога се земала на 25 не можела да забремени одма, она е крива што имала икс спортани абортуси, она е крива што нејзиното тело не ја слушало и сега благоарение на медицината на возраст над 45+ конечно се остварил сонот, сонуван пресонуван треба да и биде кошмар зашто на детето ќе мислат дека му е баба, дека е престара дека е ова дека е она.. Темава ужас.
Не треба да се замараат Нена. Буквално за се зборат луѓето ничим изазвани. Една колешка има зачувано презиме, не и е сменето (и мене не ми е, ама не ми искоментирале до сега). На земање од градинка учителката и рекла 'еве го детето што го чувате, нели не е ваше, од партнерот е'. Стар млад, со пари, без пари, плав, црн, насмеан, намќор, женет, single... ќе се најде нешто за зборење. Треба да се одалечиме од тие муабети и да си тераме како што ние сакаме и со тоа што нас не прави среќни.
Болдот : Сериозно ова? Господе боже. Инаку ни јас не би менувала презиме. Кој ќе мењава документи имотни листови и мал милион ствари..
Знам дека има и такви и такви. Ама пак си стојам на ставот дека не е исто во поодминати години да си мајка. Еве јас родив млада на 23, мајка ми стана баба на 43 години, и едноставно ја гледам дека и е напорно постојано да трча по детето, нејзе и е мило и сето тоа, ама едноставно кога и да дојдеме на гости цел ден што трча по него, го зема во раце итн, на крај пред да си одиме жената е папсана буквално, паѓа за слободата. И не, не е залежана или закржлавена жена, фул е активна, ама дете си бара посебно внимание и грижа. А што доколку она сега има нејзино бебе и сака нејќе мора постојано да е со него, па цела ноќ не спиело, па скокови, тантруми, заби, се разболело и милион други работи. Едноставно не е иста енергијата и силата додека си помлад со енергијата на постари години.
Да бе најсериозно. Вика 'дур сфатам зошто ме прашува тоа, ни на крај памет дека е ради презимето' А пази колку претходно дискутирале на темава зошто не и е сменето презимето, што е работата. И си заклучиле сами дека сигурно не е нејзино детето
Најдоборнамерен совет мајка ти нека си се пргледа. На 43 раѓаат и кариера водат и чуваат деца.. А на 43 да папсува од тоа што чува дете.. Нека си види да не си има нешто што и ја зема силата. @KuklickaSk само еден збор: ГУСКИ!!!
Мојата комшика на 49 год остана бремена природно дозна кога случајно отишла на гинеколог и таму и потврделе дека е бремена 15недели. Ете незнаела. Сега детето има 7год. Трето дете и е.
Фала му на Господ мајка ми е добра. Има сопствен бизнис и си го води сама, од кога почина татко ми дома е и маж и жена, има 3 возила (комбе и две коли) што ги користи за работа и сама ги носи по мајстори и ги вози, на викендицата има бавча и таа си ја одгледува, копа све сама.
Па затоа е уморна.. И нема што дете да чува. Да си била пенизонерка ќе си уживаше со детето а вака каде попрво.. Чувај си ја мајка ти.
Ич не ми е гајле која кога ќе раѓа. Пак ќе речам, јас на 60 не би родила пошто не сакам коа ќе умрам од старост детето у дом да ми заврши. И немам намера апсолутно никому да му објаснувам зашо јас така за себе сум решила. Имав глуп сукоб на работа пред некој ден зашо сум сакала да посвојам дете од друга држава, тоа у мк никој не го праел може да замислите како изреагирав
Не реков дека ми го чува, јас детето сама си го чувам. Реков на гости кога доаѓаме го гледа, или не треба да го носам ни на гости?
Срам да ти е, ќе посвојуваш од друга држава.. Како си се дрзнала тоа да го помислиш во македонијава а камо ли да го изговориш.
Дозволено е да имаш мислење ама да не го кажуваш на форум, затоа што некој може да се пронајде. Прифатливо е да кажеш за себе. Синко го родив на 25, релативно млада. Не би родила после 30, а доколку се решам за второ, и ако не бива, тогаш до кај 32 би пробувала а потоа веќе не. Себично мислам дека е да родиш на 45+ затоа што во старт одредуваш помалку години заедно со детето. Плус нервози за болештини и умирање на млади години. Јас со сегашниве проблеми тешко се справувам а не пак дете од 10-15 години да мисли дека родителите имаат притисок шеќер теомбоза итн. Можеби па и ке е полесно затоа што нема да е свесно за сериозноста на болестите и сега ги има утре ги нема. Себично мислам дека е да одлучиш да не доиш затоа што така сакаш. Себично е да бркаш кариера и живот и да родиш во 45, а можело и обратно да направиш. На крај. ниту една нема мене да ме стави во обзир ни за доење ни за раѓање.
Ама тука улога има и психата. Кога жена сака нешто, психата ја води напред. Мајка ти те одгледала тебе, си поминала на редот со деца. Внуче е подруго, што се вели веќе видено е. А за свое дете, прво или второ, друга е енергијата, плус ако си го чекала со години, ќе му се радуваш. @MilaSs12 , "релативно млада на 25"? Аман на 25 релативно млада? Сериозно? Не се правите сосила стари живи све Ама сериозно од умот стареете, не од годините. И плус не е фер да кажуваш што е себично или не е. Ако ти си успеала да доиш, а друга не од разни причини, не осудувај дека е себична. Ептен некако затегнати ставови имаш. А тука длабиме да не се осудуваме дека секоја си има свои мотиви. Малце и од зад завесата погледни, не е сѐ така црно-бело и себично.