1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потомство на возраст од 40/50 години

Дискусија во 'Дете' започната од VMP, 3 февруари 2017.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.660
    Допаѓања:
    18.295
    Пол:
    Женски
    Не е кажано во тој контекст. Релативно млада затоа што на 20 да родиш си многу млад, а на 30 си зрел. Да можев да бирам би родила на 28-30.
    Јас не кажав за друга жена дека е себична. Мене ми е себично на мое дете да му го скратам, потенцијално, времето со мене. Секоја мајка за своето.
    Има жени кои не сакаат да дојат затоа што не им е убаво, не пробале, пробале и не им било убаво. Има мајки кои не ги шетаат децата затоа што ги мрзи. И им даваат телефон за да не досаѓаат. Да пушиш и на детето да му даваш замрзнати батаци од Бразил. И така натаму со примери.
    Тогаш што не можам да знам затоа што не сум во таа ситуација и нема да бидам.
    Сепак, 35 не е премногу доцна, за мене не. 45+ е.
     
    На Snowflake97 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Секој може да си пише свое размислување па и црни и жолти сценарија, таква е и темата за потомство на +40 години.

    јас лично ниту би раѓала на 50години, ниту сакам да ме родат родители на 50години.
     
    На Snowflake97, Kate Rina 93 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. Angela__2

    Angela__2 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Moite se skoro 70 godini. Rodena sum koga bile vo 40-tite.
    Vtor brak im bil, imam polubrakja i polusestri postari. Da mi se zhivi i zdravi, me porasnaa so mnogu ljubov.

    Jas vekje gi gazam 20-tite i nemam deca, kje bidam roditel se nadevam vo 30-tite. Shto kje mislat za mene i dali kje sum starorotka ne mi e grizha. Da rodev dete pomlada ne bi sakala, duri sega se osekjam spremna, a sum se poblisku do 30-tata.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Нека ви е жив здрав вечно горди на него и да ви даде Господ уште ако сакате, секаде нека дава :l:
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.645
    Пол:
    Женски
    Мене па ме чуди како ви се раѓа на 20 години.. А бре до 35 не ни помислував на дете, после почнав ама еве дури сега сум спремна на 43 да родам. На 20-30 години ни на крај памет не ми беше. Шетав, излегував, учев, се вработив.. Какви деца правење какви чудесии.
    images (28).jpeg
     
    На Blue moon, mal.ecka, perlaa1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Од кога станав родител сфатив каква е таа љубов. Чиста, незаменлива.
    И без разлика на годините, доколку некој има желба, мило ми е да го доживее тоа.
     
    На DELFINA81, referentka, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.660
    Допаѓања:
    18.295
    Пол:
    Женски
    Така што останав бремена. :) Мислевме нема шанси да се фати ама ете го синко 3 години во јули. :D
    Шетав и уште шетам. Излегував и уште излегувам. Почнав да работам лани. Учев ама промашување беше тоа.
    Не бев спремна ама одлучив да го родам. Подобра одлука немам донесено. :l:
    Многу е погрешно да мислиш дека сите ги исполнуваат излегувања на 30 и кусур години. Некои ни на 20 не сакаат да излегуваат. Конкретно за себе ке кажам дека излегував и доволно видов да не ми е мака што сега не излегувам толку често. Зависи на какви излегувања и мислиш, ама дискотеки до 4 наутро никогаш не биле мој стил.
     
    На Snowflake97 и zuto им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.645
    Пол:
    Женски
    Под шетање мислев патувања.. Не журки и глупирања.
    А тоа дека на несакање било аман немојте во 21 век, има кондом ако не сакаш бебе. Нека ти е здраво и живо јас многу сакам деца, ама кога ќе слушнам на несакање беше ама не користевме контрацепција... Е мало морген.
     
    Последна измена: 2 април 2022
    На kukla21, Sofi.ja, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Имам колешка, три деца се во фамилија, таа најстара, и она го израснала најмалото братче.
    Вика, и ден, денес мислам дека го слушам како плаче и морам да го чувам, а ми се игра надвор со другарчиња.
    Уште не сака да слушне за дете, а има 35 години.
    Трауми и останале за цел живот. Кога се борев со стерилитет и плачев после некое неуспешно ин витро или спонтан, постојано ми збореше дека ми се чуди на паметот.
    Мене лично, па ова не ми е сватливо, навистина.
    Да го оставиш постарото дете, да ти го чува помалото.
    А кога станува збор за енергијата, гледам помладите колку енергија имаат. Пред зграда се собираме сите што сме со мали деца.
    Ги фатиле за капа, ( зборувам за деца од година ипол до две), со едната рака ги држат за капата од јакната со другата ја држат цигарата. И децата си стојат така, до нив, тие си прават муабет. Мојава да стои така нема шанси, ќе се сврти, ќе ми даде еден лакт лево, еден десно и да ја нема :D.
    Од сите мајки, верувајте ми, само јас трчам заедно со ќерка ми, хиперактивна е и ни минута не застанува.
    И уште не сум осетила дека ми снемува енергија, за разлика од младите мајки, кои постојано се жалат.
     
    Последна измена: 2 април 2022
    На kukla21 и nena2010 им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.660
    Допаѓања:
    18.295
    Пол:
    Женски
    Не не грешка разбра. Мислевме дека нема да се фати пред циклус и одевме до крај. :) Мислев нема шанси толку лесно и баш пред циклус. Ама можело.

    Зошто мислиш дека со бебе не може да се шета?
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.645
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти споредам нешто што не си осетила. Да имаш свои пари, да си раат, да си правиш што сакаш, да не му ја мислиш дали ќе станеш рано дали ќе спиеш до 12.. Мене тој период од животот ми беше најубав. Секој викенд некаде одев, платата си ја трошев како сакав, си створив и мое нешто, сега сум си и исполнета, и знам што сакам во животот, знам како сакам да растам дете, не зависам од никого. Утре ако и кога ќе се мажам, ако не е тоа тоа, мирно без потресувања за егзистенцијални прашања ќе излезам од брак, зашто знам дека можам да се потпрам сама на себе си. Ама јас така сум растена, и од баби и од мајка ми. Живеев сама си се осознав себе си пред да се претопам во мајка и сопруга.
     
    На Maca Macka, Feminka22 и eta им се допаѓа ова.
  12. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Се шета и со бебе, како не се шетало.
    Ги гледам комшивкиве. Остави го детето со температура на мајка или на свекрва и оди во дискотека на Џенан Лончаревич.
    Жена што родила на постари години, тоа никогаш нема да го направи.
     
    На manako1, elimkd, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.645
    Пол:
    Женски
    Е па тоа е разликата.
     
    На mal.ecka, Feminka22 и eta им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.881
    Пол:
    Женски
    Од кај си измисли вакви работи? Во Македонија ќе те распнат ако родиш после 25?
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.645
    Пол:
    Женски
    По пишувањава на темава така испаѓа :D:D:D:D
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.862
    Допаѓања:
    178.805
    Не во Македонија, на темава:D(facepalm).
     
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.660
    Допаѓања:
    18.295
    Пол:
    Женски
    Пари мене никогаш не ми биле проблем. Ни пак спиење до доцна. До 25 години го правев истото како тебе. Јас немам проблем што моите ме финансирале, а и маж ми некое време.
    Додека си ја трошела платата на што сакаш и си излегувала секој викенд си била зависна од родителите. Се лажеш ако мислиш дека не си. Освен ако не си имала бум плата од старт па сама си подмирувала кирија сметки и луксузи. Тогаш капа симнувам за самостојност и независност од никого. Вака може во празно да се удараш во гради дека си независна а си во собата која родителите ти ја обезбедиле, со сметки и јадење.
    Ако ти знаеш некоја која правела така, не ги прави сите млади мајки такви. Стереотипи.
    Јас пак знам жени кои на 40 прават така. Детето на мајка, таа на одмор две недели.
     
    На elimkd, Snowflake97 и Emy867 им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.881
    Пол:
    Женски
    Сеедно, пак никој не го напиша тоа.Ама како ви одговара си читате и додавате.:?:
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.862
    Допаѓања:
    178.805
    Оти на 26 било геријатриска бременост.
    Те читај малку назад...
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    38.328
    Пол:
    Женски
    Јас на 27 го родив првото, па ниеднаш не ми е оставено ноќе на чување, ни кај мајка ми ни кај свекрва ми. Не па со температура. Ок може во постарите ме рачунаш.

    Како си генерализирате според примери околу вас, чудо нешто. Не знам кога ќе разберете дека не е до годините, туку до карактерот.
    И мајка на млади години може да е посветена и смирена и трпелива со детето, и обратно. Има па и жени што немаат нерви на постари години, па потешко им е мајчинството. Еве гледам по мене 33 сум и бремена, па не можам да споредам колку ми беше полесна првата бременост од секој аспект до сега. Сега и повеќе помош ќе ми треба околу бебето, за првото пресно оперирана се сама правев.

    Кажете си мислење за вас и не судете на сите околу.
     
    На mal.ecka, Cherry333, Maca Macka и 2 други им се допаѓа ова.