Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потомство на возраст од 40/50 години

Дискусија во 'Дете' започната од VMP, 3 февруари 2017.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.058
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 живеев кај моите и токму тоа ти кажувам. Да немаш грижи да плаќаш сметки, да си раат, да си штедиш, да уживаш.. А тоа да ме финансира маж ми.. Е тоа мене ми било најголем кошмар. Јас иако физички живеев со моите, паралелно си заработував за џепарац сама, најмизерно ми беше на факс да барам пари за кафе од моите. Ама пак ќе кажам тоа сум јас. Најголем кошмар ми беше да останам бремена на незавршено школување. Мислам дека ќе се изневеррв и себе си и се што вложиле моите за да ми овозможат тоа. За што? Зашто дечко ми не сака да стави заштита а јас да му "учинам" .. не фала. Ама пак ќе кажам. Јас сум така воспитувана. Премногу трезвено. @Feminka22 има многу слични принципи и затоа ја разбирам. Мене мајка ми на 24 ме родила, од што имала "убав" живот од кирии по кирии, па станови на кредити, па грижа околу мене , и ред други стресови зашто немало баба сервис (во друг град беа), на мои години имаше дијагнози и истрошена беше. Е фала ама не фала.
     
    Последна измена: 2 април 2022
    На Cecko85, JoyJoy и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш од комшивката дека имало температура детето?
    Дома беше, му мереше?
    Нели беше против предрасуди?
    Ако една жена стане мајка не значи дека не смее да го остави детето и една вечер да излезе со другарки.
    Никогаш не сум застанала да ги гледам комшивките мајки кога излегуваат, кога се прибираат. Не е моја работа.
    Другарка ми за постарото дете со температура ме викна зошто бебе роди и постпородилна депресија имаше за која не знаеше во моментот, не можеше топломерот да го најде, одам јас топломерот на маса пред нејзе, не го гледа, го зедов јас детето зошто преморена беше, па не му се деси ништо на детето, а комшивките може кафе си пиеја на муабетот.
     
    На Anaroz1, duffi, Cherry333 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Се дружиме сите од зградава, нема потреба да ги пратам, сами си кажуваат што прават
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.058
    Пол:
    Женски
    Што ги раѓале бе? За украс? За аксесориес.. И јас имам слушано, малото ми е со опструкција ама ја чува свекрва ми, кај пропуштам јас искачање.. Ние цели во ??? Дете со опструкција да оставиш и да се акаш со другарки сингл и без обврски.. Е па не може. Дете е обврска не е играчка.
     
    На mal.ecka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ех сега јбг. Не можеш по Смиљка комшиката сите млади мајки во ист кош да ги ставаш.
    Еве јас знам мајка, 50 години има мало дете, чудото нејзино. Мислев ќе го чува ко капка вода.
    Ама истата место ад млеко од прв ден дома на бебето ми даваше кравјо, "не сум глупа да давам 800 денари, кога млеко има во секој маркет", ама за цигари пари си има секогаш.
    Бебето на 4-5м јадеше грав, кифли, не била глупа да се замара со јаболки и каши.
    Ја оставаше малата здрава-болна кај сестра и за да шета со тетка ми (тетка ми е постара малку од неа, но има син возрасен и е слободна).
    И сеа што, да генерализирам?
     
    На barby, Cherry333, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.058
    Пол:
    Женски
    Господ да чува... Јас не генерализирам. Секакви има. Ама јас не осудувам ако некоја жена родила над 40 како што е темава.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Независна си била. Имаш грешка дефиниција за независност. Се удираш во гради дека си правела одредени работи на одреден начин и тоа е единствено правилно. Мене не ми беше проблем да барам пари од моите, никогаш и не ми префрлиле.
    И делуваш како да си под преголем притисок. Вака да не направам, онака да не направам.
    Од каде воопшто знаеш дека дечко ми не сакал да стави заштита? И дека јас сум му учинила. Мислам дека имаш комплекс на потчинување, не знам од каде ти доаѓа.

    Интересно е што јас го баталив факултетот. Сега со пола работно време земам просечна плата овдешна. Убаво ми бодреше маж ми, те бива, ке видиш дека добра плата ке вадиш. Со факултетот тешко. Ме бодрат да го завршам и можеби ке го завршам ама да работам за таа плата нема.
    Можеби па моја среќа што родителите ме поддржувале, вклучително и финансиски, маж ми заработува доволно да јас немав потреба да работам, свекрва ми ми прави ручек и немам мака со тоа.
     
    На barby, mal.ecka и christinnn им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.597
    Допаѓања:
    39.662
    Пол:
    Женски
    Ама ги осудуваш тие што родиле на 20
     
    На Anaroz1, barby, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Не осудуваш ама осудуваш што некоја таму не работела и не е независна како тебе.
    Осудуваш што некоја родила во 20ти со незавршен факултет.
    Проблем е што јад не би родила на 45+.
     
    На theowndemon, Snowflake97, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ама генерализирате за млади мајки.
    И осудувате. Ги сметате неизживеани, чиниш умреле, а не станале мајки. Значи не си подобра од тие што осудуваат што родиле над 40.
     
    На Anaroz1, Snowflake97, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.058
    Пол:
    Женски
    Полека малку со осудувања може? Нема овде да се расфрлам со мојата финансиска состојба, зашто е вулгарно.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.058
    Пол:
    Женски
    Само возвраќам на осуда. Јас не ја отворив темата ниту сум отворила тема жени пто рашаат на 20 години и да плукам по нив. Темава од старт е полна осуди. Од сам старт. Кој е бре тој што може да каже дека на 25 или 35 е ок да родиш а ако родиш на 45 детето ќе те гледа во геријатрија. Дали сте нормални со компарацииве? Млада да го родиш, една аневризма и инвалид ќе останеш, ако преживееш. Канцер на дојка колку е чест? Бира години? Идеш на улица трас кола те собира, детето сирак, ама си го родила на 25. Морбидно ви е? Е и на нас што не сме родиле на млади години ни е морбидно да читаме за тоа дека стари ќе сме биле за детето. Дека вака ќе било онака ќе било. Толку од мене на темава.
     
    На eta и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Ти побара некој извод од банка? Не?
    Ме се расфрлај со независност и самостојност кога си имала поддршка од родителите, иако според тебе кај други тоа е зависност.
    Да си била толку независна и толку храбра ке си излезела од дома по прва плата. Очигледно побитно ти било да шеташ.
    Ми се закачи мене, иако наведов дека тоа е мое лично мислење. Ако не ти е проблем што ке родиш на стари години, зошто се потресуваш на муабетите? Станува очигледно дека ти е ама не сакаш да си признаеш.
     
    На Anaroz1, Snowflake97, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Бреј тапа муабет цц
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Очекував некој конкретен муабет од тебе, а не тапа реченица...
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Глеј ја ја сфаќам пошо и ја иам 20 и неќам сега дете.И сакам да се изнажуркам изнашетам на раат.Не дека со дете дома ќе седам и ќе се замонашам.Ама да идам и на кафе без него ќе го мислам, цело кафе на него ќе мислам, не па на журка или нешто.Првите година дена воља за ништо нема да имам ако ми се изремети спиењето.И шетањето исто.Едно е да идам со дечко/маж на одмор без дете, идеш и се одмараш.Вака плаче, стани, пази ова, пази она, не дај Боже да се разболи
    Не за џабе викаат кога ќе станеш родител, сѐ се менува
     
    На Cecko85, elimkd и nena2010 им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Нема логика, не си дете па да се инаетиш. Они први почнаа наставничке.
     
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Стои тоа, еве јас сум таква. Излегувам и сама и со маж ми, има кој да го чува синко ама телефон у рака и прашувам како е што прави итн. Со позитивен тест се се менува. Не спорам.
    Кажав дека сакав да родам на 28-30, ама родив на 25 и немам мака со тоа. Кажав дека не би родила на 45+ и наведов причини. Е сега тие причини некому се болка. Плус кажав дека на 20 е прерано. На 25 не е.
    Мене не ми е болка што родив млада а можев уште да се журкам. А таму други се журкаат до 40 пример.
     
    На Snowflake97 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Angela__2

    Angela__2 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Bash naprotiv, dojde vreme ako pred 25 rodish site se chudat deneska. Jas nemam niedna bliska shto rodi pred 27 godini, site brkaa kariera, magistraturi upishuvaa. Sega povekjeto pocnaa da imaat bebinja, a pola drugarki ushte ne sme mazheni.
    Pominaa vreminjata na ragjanje deca tolku rano. Osven tie neplanirano shto ragjaat, pa posle osuduvaat zheni shto rodile pokasno ko babi na selska chesma.
     
    На Cecko85, eta, FridaodaMk и 4 други им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Темава е "Потомство на возраст од 40/50 години", а имам чувство како да сум во "Идеална возраст да се стане мајка". Акцентот е ставен само на мајката како родител, што ја прави темава иста како другата. Скоро и да не се споменуваат татковците и како тие реагираат на одредена возраст во процесот на чување и воспитување на децата.

    Се согласувам и со едната и со другата страна, односно не се согласувам со сите оние што имаат предрасуди кон тие што не се како нив и не размислуваат како нив. Не се согласувам со луѓе кои живеат по нормите и стандардите наметнати од општеството, туку со оние кои си го следат својот инстинкт и желба, па макар тоа било и да немаат деца воопшто. А многу од коментарите се далеку од дискусија и искажување на мислење, туку надмудрување кој е во право, со користење лични навреди.

    Годините се релативна работа, не секој се чувствува исто на одредена возраст. Искуството исто така :!:
     
    На M.B., Chantal, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.