На темава братучед мој кој е од мене постар 5 години, а жена му 3 има три деца и последното сега полни 18 години. Си пишале со жена му дека ете остареле и деја тоа е факт ба животот. На 40+ сами стари се пишаа. И да ќе остарат побрзо од мене зашто така се чувствуваат. Се е до перцепција. @MilaSs12 мајка ми не родила на 24 и добила тромбоза по породување. Цел живот живеам со мајка со тромбоза. Нема за ништо во животот никаква гаранција. Е сега јас лично сум малку по 40 и лично јас мислам дека сега ми е касно за бебе. Заради детето не ради мене. У поминав сито и решето да дојдам до дете не дека не се борев за дете, ама решив до 40 ми е границата. Е сега сеуште теоретска шанса минимална за второ имам. Не сакам да се случи ама ако се случи ќе го родам и ќе го гледам.
Сите наведоа по еден пример за болести и долговечност. Сепак фактите велат поинаку, колку жени по пораѓај добиваат тромбоза? Една на 100000-500000? Колку луѓе живеат до 90? Една личност на 100000? Збориме за проценти и шанси. Јас никаде не се остарев себе, само кажувам што мислам. И мене како и тебе ми е доцна да родам на 40, а на 45+ ми е предоцна. Плус може да се подмладувате вие колку сакате, психички да имате 30 ама ако реално имате 50, телото може да го подмладите за колку 5 години?
Убава темава ама коментарите од типот да се прошеташ, да патуваш, ова она ,па деца . Не сите ги исполнува исто нешто. Некој го исполнува баш тоа. Дете, семејство,љубов ,брак.. Се е индивидуално. Јас родив на 27,второво здравје на 29год. Имам золва што се омажи на 23. Сестра на 22 . Едната жали што не излегувала,патувала, другата си е задоволна од животот. Сега децата и се големки и патуваат со маж, уживаат. Индивидуално е. Не верувам дека таа што раѓа на 50 раѓа зашто еве баш сега и текнало. Сигурно има друга позадина, дали долгогодишен стерилитет, дали нема партнер, дали кариера и ред други работи Не ги осудувам. Секој кога сака нека раѓа. Јас не би толку касно. Поради мене. Немам живци да гледам деца, сакам да работам, а дете на 9 месеци да оставам во градинка ете не можам..мојата фамилија се со историја на тумор на матка во млади години.. итн. Уствари кога ќе размислам цела тема е осудување на тие што касно раѓаат, па овие што касно родиле ги осудуваат младиве мајки.
Ама не го можам муабетов дека тие со 20+ што родиле ништо не виделе од животот, не проживеале, као родиле и готово толку животот за нив завршил. Ама вие со 40+ фул сте проживеале, па кариери, факултети, независност, паѓање во транс до максимум. Демек млада мајка не може сето тоа да го постигне? Ама затоа овие 20 годишниве, утре коа ќе имаат по 40+, децата веќе пораснати, оформени личности, ќе си фатат по свој пат, со друштва, или студенти, па родителите пак ќе имаат време за одмори и шетања сами и слободни, а вие ќе трчате по плажа со кофички и лопатчиња. Секоја доба си има свои предности и маани, да не се лажеме и да не се напаѓаме џабе едни со други.
Баш се согласувам со тебе @Snowflake97 . Има жени што ги исполнува и да се домаќинки ете и тие се осудувани. Ама зошто? Еве сестра ми веќе има големки деца и само и викам блазесити, не нишаш веќе, не мењаш пелени. Таа ми вели еее ти кога шеташе јас мењав пелени. Па си се тешам ајде уште 5 год вака ќе биде, после и моиве ќе пораснат.
Друга членка си тагнала, јас сум 97, ама нема врска. Истиов муабет го правев сега брзо со братучедка ми, вика јас тек сега до прва пелине ќе мењавам, а ти кога ќе бидеш на мојте години раат ќе бидеш со се. Ама тоа е, секој со своите приоритети.
Јас сметам дека најдобро време за да се стане мајка е од 25-35 години. Иако јас лично пред 30 години воопшто не ни размисливав ни за брак ни за деца. Мене ме исполнува шетање, дружење и забава и тоа што сум го поминала во 20тите години не би го менувала за ништо на светот. Не мислам дека ако родев на 20 години би го доживеала истото на 40 години кога децата би ми биле веќе пораснати. Не осудувам некоја која родила на 20 години без разлика дали планирано или непланирано, ниту пак некоја ако сака на 50 години да стане мајка напротив мене таа на 50 години ми е за восхит за жртвата и храброста. Ако јас не би имала деца на 50 години можеби и јас би го направила истото, не можам да знам како е и да гледам од нивни аспект. П.С. Имам две ќерки на кои исто така им посакувам да не стапат во брак и да родат пред 30 години.
Браво Ние на 45 ќе бидеме со пораснати деца и сами ќе се одеме на одмор и ќе уживаме за разлика од тие што на 25 шетале а на 45 ќе думкат деца. Не застанува животот ако родиш на 24, аман еве гледам умрени сме ние. Што ви мене вас која на колку раѓа, не бива вие им ги чувате децата
Ајде полека темава се претопи во идеалната возраст за родителство, која патем таква возраст не постои. Ваквите теми кои се поврзани со лични животни искуства се многу разнобојни, ама сепак се тера кон тоа да се потенцира што е подобро и правилно. Нема такво, разберете. Често, луѓето го фаворизираат она коешто ним им се случило, бидејќи научиле да се носат со тоа, се навикнале. Оние коишто родиле мали или другите што родиле повозрасни, ја прифатиле реалноста. Не постои едно п р а в и л о! Оние кои родиле мали, обично ќе речат дека не можат да замислат да родат на 40+, божем тоа е нешто вон сите мерила и правила; и обратно, оние коишто родиле поголеми, се научени да се носат со сите предизвици. Дали е личен избор или сплет на случки, сепак секој се носи со својот товар. Жените кои раѓаат подоцна со желба и радост, кои не можеле порано, а сепак не се откажале, се за восхит и поддршка. А не да солите памет леле колку сте потресени од тоа, па како бре човече ќе бришите каки на 40+, леле па како ќе трчкате по детето со кофичките, ау лудила, леле сигурно ќе ги пораснете до 38 и после сте слободни муахахахаха не сте! Какво филмско сценарио! Колку ќе беше убаво животов да течеше по една замислена лента, која ние ќе ја одмотуваме по наша желба. Ама не е. Братучетка на маж ми има родено 2 на 40. Многу младо и витално изгледа, и не, не се откажа од идејата за деца и покрај сите препреки и супер се носи, и преубава е. Од другата страна, знам случаи кога мајката почина на 45, а децата веќе големи, преку 20 години. Значи, ако на било која од нас, животот нѝ донесе ситуации да мора подоцна да се роди, тогаш така ќе биде. Зборот е да ги поддржиме мајките кои раѓаат малку подоцна, а не одма за пелените, цуцлите, доењето и сите други работи се фаќате колку биле напорни, ко за млади мајки некако нестварно. Уживајте во мајчинството, кога и да е, само убаво да е!
Сигурно дека не е идеална возраст на 45+ години за да се стани мајка, али не е секоја среќничка да и се наредат коцките и да роди пред 35тата. Немањето адекватен партнер, проблеми со стерилитет, немањето услови за дете, се' си носи свои последици. Јас сум за тоа секоја која има желба да се оствари како мајка, дури можи да се бори за тоа. Било да е тоа на 40 години или 50, животот е непредвидлив. Лично јас, би родила до 35 години најдоцна доколку немам никакви проблеми и се' си е океј. Ама, ако ужасно сакам свое биолошко дете а се соочувам со некакви здравствени проблеми, до последно ќе пробувам да забременам и да родам.
Сите оние кои водат долги борби за да се остварат како родители им посакувам што поскоро да држат бебчиња во раце, сеедно дали се 30, 40 или 50г. Сите оние кои би чекале да се поклопат сите коцки се надевам нема да чекаат предолго оти никогаш не знае човек колку долго треба за онаа последната, најважната.