Глупости ако сето ова *добро е погрешно! Само глупавите и недоволно развиените личности можат да мислат дека тоа е грев и незнам уште таму што. Секој нормален човек би ве подржал кога и да сакате да имате дете тоа е ваше право, за тоа кога ќе го имате и како. И нема што да ве навредуваат, од каде тие знаат, можда ти си се борела заедно со сопругот 20 години па ете сега испаднало таква шансата. Само што си живееме во заостанат свет, нема врска, не си го скратувајте задоволството, а луѓето и вака и така зборат
Не е нормален тој што ова ти го кажал. Народот наш стана ужас. Се почесто се случува некој што не те ни знае да ти се меша во живот. Еве мене на работа инкасатор, кој патем е човек од друга вера и нација и оженет со 3 деца ме прашуваше дали имам дечко и кога ќе се мажам. Мизерија. Биди си горда што си родила на 40+, што детето сака да учи, што ти сакаш да работиш. Тоа не го може секој. Без грижа, само ладно на такви коментари и еден остар поглед.
Темава ме врати во едни времиња... Мајка ми ме родила мене на 41 година. Кога имавме на училиште родителски состаноци и кога мајките се собираа заедно на едно место, мене би беше срам што мојата мајка не е млада како нив и повеќе доликува баба да ми биде. Да, непријатно ми беше и секое дете со постара мајка би ја почувствувало таа непријатност во некој период од животот, макар и на кратко. Но, љубовта е поголема од тој срам и тој се заборава. Детето некои работи не ги разбира, не навлегува во суштината, затоа може да се појави чувство на срам. Еден ден, сепак, ќе сфати која е всушност причината за тоа раѓање во подоцнежна возраст и ќе почне да си ја сака својата мајка таква каква што е. Јас повеќе сум за раѓање деца пред таа возраст, но можеби животот на некој му дал ете такви прилики заради кои се одложила бременоста или можеби жената сакала уште едно дете и после 40тата година и тоа е во ред. Во секој случај, јас не би кажала лош збор за постарите родители. Баш напротив, да се одлучи човек да стане родител е прекрасно, без разлика на возраста. Секој човек си има причини за своите одлуки и постапки во животот и ниско е да судиме кога не ги знаеме тие причини. Но ете во такво општество живееме каде луѓето навлегуваат во туѓите животи. Наше е да не му даваме големо значење на тоа и да си живееме како што нам ни одговара.
Што се` нема да прочитам... Искрено ми падна жал кога прочитав што ти кажал човекот со оглед на тоа дека мајка ми го роди брат ми на 40... Што требаше да направи, да абортира? Па, не можам да замислам како ќе беше ако го направеше тоа, сега не можам да го замислам животот без него. Вакви зборови можат да се чујат само од заостанати луѓе, срамота!
Edna si od retkite sto Bog te blagoslovil da rodis dete po 40 god. So toa ti ja dal silata da se borish da si go izvedes deteto na pat. A drugite sto ke zborat zar e vazno? Zakonot VAZI ISTO za site. Toj sto ti kazuval neubavi zborovi ne e vreden za diskusija i e negov problem.Ti si srekna zena zatoa sto si majka.
Ако за едно не бива тоа е за солење памет и кажување како треба да се живее на сите други. Се освен за себе гледање. По светот на 50 раѓаат и никому ништо. Тоа си е личен избор и лично право. Гвен Стефани роди дете на 44, Хали Бери на 41, Селма Хајек на 40, Ким Бесинџер на 41, Селин Дион близнаци на 42, Мерил Стрип на 42, Никол Кидман на 40, Мараја Кери на 42, Бри од Очајни домаќинки на 44 и уште илјадници.... Ама тие ПОЗНАТИ се и ботокси имат и пластични операции и кај нив е океј, ама кај нормални жени од градот нееееее никако. Не дозволувај да те повредат пакосните усти на простите ни сограѓани. Што и да си, што и да правиш некој за нешто ќе ти најде мана. Браво за тебе и со среќа!
Од прееска се мислам да пишам не ми беше згодно на ваква тема да одговорам но неможам појако е од мене. Нека дојде нека каже цел форум дали ова е грев,и кој е тој човек да одреди што е грев а што не,ГОСПОД ќе одреди што е а што не. Госпоѓо ги имате скоро годините на мајка ми еве еден совет како од син искрен никогаш немој да подлегнувате на такви провокации. Зошто? Од нервоза и ред други работи за тоа што рекле кажале се добиваат секакви болести а душманите тоа го сакаат,имав многу блиска особа која после многу долги години доби дете на околу 40тина години жената од вакви не човечни муабети по неколку години се разболе пиеше секакви лекарства и на крајот знаете што се случи почина за жал,живеј те си го животот како што ви одговара на вас,оставете другите што кажуваат тие луѓе намаат свој живот го живеат животот на другите,ви го кажувам ова од добра намера за последиците што може да се случат недај боже,кога некој ќе рече лошо вие во лице дадете му слатка насмевка верувајте тоа нејвеќе ги боли таквите нелуѓе.Сами ако не се грижи ме за себе и фамилијата кој друг само да ви кажам дека еден ден ќе платат имајте го тоа во предвид секој ќе си го добие заслуженото.Ви посакувам среќа во животот без такви неиживеани луѓе пријатно
Битно е да дадете со од себе во родителската улога и да биде родители на место , а останатото е нешто на кое не треба да обраќате внимание
Единствено лошо нешто во станување родител по четириесеттите е неможноста да се помине подолго време со децата. Да дочекаш да го жениш, внучиња, правнучиња. Како што дојде време да животниот век е пократок тоа стана реткост. Друга енергија имаме кога сме помлади и полесно поминуваме низ некои периоди во родителството, но подобро покасно родител отколку никогаш.
Драга, познавам мајки кои родиле по 40-тата, која инвитро, која имала среќа па природно родила и верувај делуваат поенергично од многу помлади мајки. Човеков немал попаментна работа, би револтиран што не можел да си оствари некое право, па демек ти си му крива. Не дозволувај тој да ти го уништи денот, такви има многу. Нему у Месечината на небото му е крива за неговите проблеми. Главата горе, гордеј се со себе и детето и не се давај!
https://www.crnobelo.com/novosti/do...na-ne-se-otkazha-od-namerata-da-ima-svoe-dete Поттикната од оваа статија ја отворив темава, ако е слична на некоја веќе постоечка тема или не е отворена во соодветна категорија, нека биде избришана/преместена. Не е само овој случај за којшто сум читала. Пред некое време во соседна Србија жена на 60 и маж на 68 години добиваат дете. Жена на 65 години во Москва родила четворка. Под самите статии кога читав наидов на мешани мислења во врска со темава од разни причини. Некои честитаа за храброста и истрајноста на мајката да помине низ вештачко оплодување и да роди дете, други сметаа дека тоа е ризик поради нејзините години, дека ќе нема кој да се грижи за детето понатаму и дека воопшто не е исто да си родител на 30 и 50 години (немање трпение, физичка спремност итн.) Кое е вашето мислење на оваа тема? Дали сметате дека нема ништо лошо ни зачудувачко во тоа да се добијат деца на постара возраст? Дали тоа би имало негативни последици врз детето, поточно кажано, дали ќе има кој да се грижи за него додека расте, бидејќи родителите се веќе во поодминати години, а ова носи ризици по нивното здравје? Дали детето би морало да ја преземе улогата на родител/негувател кога ќе потпорасне или ова не е никако поврзано со годините на родителот? Модератор: Споена дупла тема
Уфф.. тешка тема Поделени ми са мислењата. Од една страна е убоо на секој да му се оствари желбата да стане родител од друга... ризикот што следи. За чудно нема што да е чудно, секој има право на свој избор. Негативни последици би имало во зависност од средината во која ќе расте. Може кога детето ќе тргне на училиште да биде исмевано заради тоа шо има постари родители и со тоа да дојде до срам од родителите. Лошо би било доколку родителот не може да му обезбеди иднина на детето, доколку се случи најлошото (неможност да се грижи за детето или да почине). Ама доколку родителот е спремен за иднината на детето, има можност да му обезбеди уште пред да се роди... тогаш не гледам причина зошто да не се роди на 50+. Дали детето би морало да ја преземе улогата на родител/негувател кога ќе потпорасне или ова не е никако поврзано со годините на родителот? Не! И не треба! Без разлика на годините, не треба да се раѓаат деца само за да има кој да не гледа кој ќе остареме! Тоа е себично според мене.
Навистина тешка тема. На некои жени навистина им е животна желба да се остварат како родител, и разбирам зошто би се обидувале дури и на постара возраст. Меѓутоа мислам дека можеби повеќе треба да се отворат и кон можностите како посвојување. Од една страна верувам дека на секоја жена која сакала дете и е преголема радост да го роди па и на постара возраст, ама тоа дете бара нега, грижа, посветеност. Читам за жената на 65 години што родила деца кој ќе и ги чува? Искрено претпоставувам не би можела енергетски да се вложи исто како и бар 10 години помлада жена. Што ако не дај боже таа жена умре додека децата се уште мали? И децата на некој начин трауми ќе доживуваат, што ако и таткото е постар, и да ги изгубат двајцата родители во краток временски рок... Башка како што пишува Лоли погоре детето може да се срами од другите деца поради тоа што има постари родители, па да ги отфрла неговите. Но, на крајот од денот е сепак индивидуално. Дали е за осудување? Лично, би рекла не. Сепак секој си ги знае можностите и дали се спремни да исчуваат дете на постара возраст.
Јас мислам дека ова се изолирани случаи и добро, убаво за нив, ама тоа е тоа, не би требало да стане пракса поради фактот што е некомпатибилно со нашиот биолошки часовник. Најпрво поради тоа што ризикот од генетски мутации и аномалии се зголемува како што старееме па идното потомство се изложува на ризик, самото забременување е потешко и тука веќе процесот станува чисто мачење, после ако веќе се роди дете мајката ја нема истата енергија, сила да се грижи за тоа дете како жена на 20-30 год, настапуваат тегоби и болести кои го отежнуваат функционирањето...како што кажав, убаво за тие неколку случаи, ја разбирам желбата за дете, ама толку, не можам да дадам поголема поддршка.
Мајка ми родила 2 деца со свои 25 год, ние сме без родители од наши 20/21. Мајка ми почина на 40, татко ми на 45. Двајцата од рак. Другарка загина во сообраќајка на 33, остави 6 месечно бебе. Така што немаат никаква врска годините кога сме добиле дете со тоа колку време ќе бидеме со децата.
Не би родила дете на тие години. Тоа се веќе луѓе кои влегуваат во трета доба. Да се 40, 41, 42, ок, да речеме тој човек ќе живее уште 20 години хипотетички, па ќе може да го израсне. Нема да го исправи на нозе на 20, ама барем ќе знае дете детето пораснало. На детето му требаш и на 30, и на 35. Децата растат, влегуваат во лоши бракови, па се разведуваат, и му требаш. Некои жени имаат преголема желба и сум чула муабет „ееехх, имам желба едно дете да родам, па ако треба утре нека умрам“. Морничав и според мене себичен муабет. Над 40 години е доцна, но ајде да речеме пак ми е до некаде ок, ако имаат желба, ама веќе штом се близу 50 години, тоа е премногу.
Некои родители ги раѓаат децата,а никогаш не им посветуваат време.Затоа се испаднуваат лигави(се извинувам за лошото изразување,без навреди) Возраста за раѓање дете воопшто не е важна,иако не е во ред да се роди дете на 60-65 години.Кога ќе имаат тие сила да издржат да го одгледуваат тоа дете,па потоа да го воспитаат? А не дај боже да почине родителот
Па, ризик е, ама нивна желба е. Мислам дека не е за осудување.Тогаш животот им дал можност. За последиците врз детето зависи од физичката и финансиската спремност на родителите.
Вистина е дека не знајме кога ќе умриме или кога ќе изгубиме финансии за да планираме дете, туку земаме во која состојба сме моментално и гледаме во моментот ко ќе донесиме одлука да имаме дете работите да се поволни за дете. Се друго е „на неќење“, пример губење финансии или смрт. Непланирано. Дете во касни години ми е како свесно да носиме дете свесни дека условите не се најповолни. Од таму, лично јас, не би имала дете многу покасно во животот. Пошто неќам во период кога сакам да се спремам за друга фаза во животот, да се навраќам на некоја претходна. Ама то сум јас. Неќам дете ни прерано во животот, ни прекасно. Крај краева, секој можи да си роди кога сака. Во последно дискутираме за како дете гледано во општество ( проширено семејство, пријатели, со другите деца) наспроти дете растено од само родител или два - какви разлики има врз иднината на детето. И мислам дека и да е некој постар и реши да има дете и ако се плашиме дали нели, ќе е доволно долго жив за то дете - секогаш тука е аспектот на проширено семејство да преземи „обврската“. Проширено семејство не е замена за родители ама од друга страна, кои сме ние да речиме на некој не смеј да има дете ако има можност? Само лично јас, би размислила шо понатаму, покрај мојата желба. И се согласувам со еден коментар од погоре, едно е да е вака нешто како исклучок, а скроз друго би било ова да е редовна пракса.
За херој ја прогласив госпоѓата која е позната како стилист (да не спомнувам имиња) и по пат на вештачко оплодување стана мајка во 50тата година. Секој сака да се реализира како родител и медицината сега е отидена напред, па и за тие што родиле над 45 години не сум чула дека децата им имаат генетски пореметувања. А тоа - кој колку време ќе помине со децата, мислам дека ми е морбидно размислување бидејќи никој не знаеме уште колку ќе живееме. Зарем нема 30 годишни мајки кои ,,ги напуштаат,, децата прерано ? Раѓајте, одете на редовни прегледи препорачани од гинеколог и уживајте си во мајчинството, поинакво е на ,,стари,, години. И јас сум стара мајка.Можеби почетокот ми беше шок да држам бебе во рака и да ми се створат 100 обврски кои не се поврзани со мои потреби, но верувајте дека сте си обезбедиле другарче за до крај на живот.