Не, не, и не.. Поради ставови што веќе многу пати ги имам искажано на форумот, после 45 години дете, категорично НЕ!
Секој кој сака да се оствари како родител, нека го направи тоа, без разлика на околностите. Повеќе ми има логика тоа, него ли некои кај кои се фатило ,,несакајќи,, па после децата живеат во дисфункционални семејства или покрај родители кои прво не знаат што со себе, камоли со децата.
Многу ми е поделено мислењето во врска со темава. Од една страна баш убаво што успеала да се оствари како мајка и секоја чест на храброста во поодминати години да го стори тоа. Ама сепак реалноста е многу поинаква, тоа бебе нема да е постојано бебе, ќе стане и дете кое не се запира и има 'фул' енергија, што на тие години ти ја немаш таа, реално, и не можеш баш да му го следиш темпото, поточно треба многу повеќе труд и напор да вложиш. После следува ете таа "етапа" што може да доведе детето да се срами од родителите и да биде исмевано од врсниците дека неговите родители се постари. И не само од врсниците, дури и некој возрасни се дешава да направат некогаш утка, и женава да има ситуација каде што ќе ја наречат баба на сопственото дете. (имав ваков пример во школо, едно дете имаше постари родители, и кога дојде таткото да си го земе детето од школо, наставничката рече, ајде дојде дедо ти по тебе. И не е крива ниту наставничката, ниту родителот, ниту детето, ама ситуацијата е незгодна). И не ми е нормално ова, ајде до кај 40-45 па така и така прифатливо е некако, ова 50+ ми е премногу за имање дете тек тогаш на тие години. Башка што животниот век е скратен, да дека никој не знае кога ќе почине, ама поголеми се шансите да детето остане без родители на помала возраст од обично. Како и да е, секој за себе сам си одлучува што и како. Дај боже да се добро и бебето и мајката.
Јас сум родена на 42+.Не можеле изгледа моиве да имаат дете порано. Знам дека колку е покасно, толку поголеми шанси компликации, шо нели не мора да значи. Еве јас здрава права сум.Тоа што сум одлепена не е од таа причина е сеа, негативното, ја остарев пред време жената.Она повеќе се секира за мене.До ден денес не спие дур не дојдам дома, а не е толку млада пример да седи до 4-5 сабајле и да ме чека будна, а се буди по автоматизам до 9 најкасно.Нема толку нерви за некои работи, поготово што јас у тинејџерските години уште толку и` ги попуштив.И најголемиот con, е разликата во мислења поради разликата во години..значи сите наши проблеми од ова извираат. За секакви работи, од облека, до шминкање, до учење, до совети.Не се старомодни моите ич, не се ни конзервативни, т.е татко ми не е ич дека има видено се`, а мајка ми знае за некои работи да искоментира.Немој црвен кармин нападно е, немој со шорцеви по кафичи ќе фатиш инфекција, купи нешто подолго (ова пошо сум слаба па да не ми се гледала дупката меѓу нозе ), шо ќе праиш до 2-3 сабајле ? само наркомани и криминалци има навечер, какви се тие забави после 12.Или ќе се вратев порано фатена или начукана: ау ти си женско, па не ти личи ова, ти барабар со машките ли ќе пиеш?Кој сака такво женско. Мада навикната сум веќе, поготово од кога начукав 18, за некои работи не и` ни текнува да ми ги каже, за други сум подвлекла линија, за некои уште коментира.Не можам да се сетам сега што знае така да ме извади од такт.Ама највеќе околу облека се караме.Пример ако е во мода и има само кратки работи, и сеа ја треба да се објаснувам дека модата е таква, и дека парчето ми се свиѓа, а не дека сакам да се рекламирам полугола..ама тоа е а татко ми, не му чуе, трубеше порано.Сеа е свесен дека знам повеќе од шо треба за своите години и дека сум отракана и дека можам да се снајдам, повеќе за учењето и за факултетот ме ,,замара" Какви се такви се, едни ми се, највише си ги сакам, и највеќе ме сакаат. Се` е надминливо, некогаш ми иде од дома да се иселам, некогаш не. Али факт е дека 40 години разлика ич не е лесно.Поготово со родители родени у 20ти век, пошо тоа шо денес е нормално, вообичаено, кул, убаво, тогаш не било.И не можеме да ги смениме нашите, може само да им објасниме зашто е тоа така. Пример мене за трева и алкохол највеќе ме замараат, знам дека се грижат и се тоа..ама некои работи не ги сфаќаат, и не можам да се објаснувам.Не ни сакам
Е поглупо нешто не сум слушнала дека причина да не се раѓа на повозрасни години е дека ќе го исмејувале детето во школо Абе луѓе секој што сака нека си прави, што е лошо секој да си се оствари како родител било која возраст, фала богу што го измислија вештачкото оплодување па усреќи многу луѓе... Како единствена маана а и не мора да значи е што на пр на 60 години некои станат родители, е да не им се случи нешто па децата да не останат мали и сами.... Други негативни причини не постојат
И јас истото го помислив. Децата ако не е за старите родители, ќе ги исмеваат другарчињата за старите патики, старите панталони, итн. Кога ќе прочитам приказни за жени кои родиле на 50 години, во себе си мислам „дај боже да живее 80 години, да и даде Господ век, да го израсте“.
Нас ни се има случено " ај Рефче пди как баба и дедо" Па после следи извинување И што е тука страшно?! За моето дете јас и татко и сме најубавите и најдобрите мајка и татко. Имаме трпение за се поврзано со неа.Растена со возрасни околу неа и однесувањето и е како на возрасна. Воопшто не се каеме за Рефче, напротив , можеби требаше да ја искориатиме последната прилика после нејзиното раѓање, па да си имаше друшка сега. Децата во школо исмејуваат за се нешто, ич немојте да обрнувате внимание на такви детски глупости.Исмејуваат и дека носи некој наочари, и дека нема модерни патики, и дека мајката е разведена и нема татко... Најважно е ако се има желба да се стане родител- да се биде упорен. Останатите небулози околу "стара мајка" баталете ги, во 21 век живееме, стереотипи околу возраста на родителите одамна се надминати.
Секоја чест за тимот, ова за Плодност е огромен успех и маркетинг. Мајка ми иако млада ме родила, молам бога да минува времето, а часовникот да ги стопира нејзините години…. Според мене до 41, 42години, ќе се надоврзам на погорните постови, тоа дете бара снага, енергија, сила, некој кој ќе трча постојано пред него зад него, па непреспиени ноќи... а некој кој е веќе во 5тата па и 6тата деценија ја нема ниту таа снага, ниту годините на претек пред себе. Зашто толку залудно потрошено време и енергија а годините си минуваат, а од друга страна толку многу дечиња има кои чекаат дом
Секоја чест за жените што имаат желба да се остварат како мајки после 50тата год од животот. До 45 би можела, после 45 би немала храброст. Факт е дека и на 35 можам да загинам, ама и сами знаеме дека дури и животното осигурување е повисока цена ако имаш повеќе години нели? Темава почнала со пример за 60 год жена и мене тоа ми е пресебично. Као да само е битно -се остварив како мајка. А тоа што шансите тоа дете да стане сирак уште пред 10 год да наполни се огромни-небитно. Не знам, мене ми е себично.
Не ми е баш дефинирам ставот по ова прашање. Од една страна браво за храброста да се има дете после 50 (над 40 ми е ОК). Од друг страна колку време ќе може да му се пружи поддршка на детето зашто статистички гледано животниот век е тој што е и шансите се дека постарите родители помалку години од животот на детето ќе бидат со детето. @Feminka22 мајка ми ме родила на нејзини 24 години. Цел живот добивам критики за облекување и ми висеа над глава (и уште ми висат). Грото мајки на форумов се родени во 20 век, реално тие од 21 век се твој возраст ретко кој е мајка. Генерациските разлики ќе постојат секогаш и секаде. Едноставно тоа е. Мајката и од грижа се да биде како што треба некогаш е построга кон детето отколку што за себе бил. Еднаш облекол блуза што мајка ми ја носела на мои години и додека биле заедно со татко ми, па татко ми реагираше дека сум “гола”. За неговата девојка била ОК блуза тоа, за неговата ќерка не. Твоите родители многу те сакаат, почитувај им го мислењето ти мислат најдобро ( и не ниту една дрога не е ОК колку и да се кул. Сите до една предизвикуваат зависност и несакани ефекти — ова како психолог не како мајка го кажувам).
Добивањето на дете е благослов од Бога. Ако размислувам практично ќе речам дека тоа не период од животниот циклус кога можеш да дадеш максимум од себе за растење на дете. Но, кога ќе ја видам радоста во очите на тие што станале родители за прв пат на тие години, си велам само Бог да дава, таму каде што се толку посакувани. Сепак љубовта е посилна од се, кога нешто сакаш, имаш сила за се.
Не е прва родилка над 50 што се породила во Плодност. Сигурно не се сложиле за медиумски да се експонираат другите, ама овој месец и 50 годишна се породи со близнаци, и 52 годишна исто. Претходно имаа уште две 52 годишни родилки, и неколку 50 годишни.
Ехее, што сторија теткиве бре. Јас мислев дека е премногу редок случај па поради тоа се пишува за ова.
Може е бизнис за болницата, ама за родителите не е. Родилката со близнаци е пријателка на мајка ми, над 15 години се борат за деца. Не знам колку инвитра постапки имаат, не се откажаа од желбата и конечно се оствари. Верувам дека ќе се многу посветени и трпеливи родители без разлика на годините.
Нели во клиниката Чаир имаше скоро жена роди на 53 години? Тоа го истакнаа како најстара родилка во таа клиника. Ајде до 40, 41, ајде ок, се борела со стерилитет, имала спонтани, инвитро, или се омажила доцна, или чекала од други причини, па биднало на 40 години. Знам жена која сега има 39 години, во брак веќе 4 години официјално, и не се осудува за инвитро, оти стравува дека векот и помина, младоста и поминала, и се помири дека по природен пат нема да има деца и толку. Значи не се ни обидува оти се мачи со прашања „кога ќе го чувам, дали ќе имам живци, дали ќе можам веќе да трчам по него, дали ќе можам да работам и да му обезбедам се“. А реално таа има шанса да стане мајка, не е се загубено. Секој нема храброст.