Точно е дека секој нема храброст секој.Кога раѓав јас, со мене имаше прворотки на 38-39 години. Сега и животните навики (читај еманципација) на жените се сменети, прво се вложуваат во учење и надградба во образование, магистрираат, докторираат, шетаат низ светот, живеат со партнер (невенчани).... Се е помесетено за скоро една деценија. Не велам дека е нај правилно да се чека и да се раѓа на 45+ , но сум на став дека жените не треба да се обесхрабруваат ако решиле тогаш да родат.
Да се разбереме... 40 години и 50 години не е исто. А да додадам, исто има разлика дали родилката е првородка или не. Ако е второ, трето итн, шансите за компликации како што знам се помали, така ми кажале доктори (секаде има исклучоци, нормално). На времето жените раѓале дури да ги фати климакс, по 10 ама не било прво, телото навикнато, матката спремна. Е сега за прворотка може да е поризично, ама среќа и со медицината денес се средуваат многу работи. Едно што јас не би можела толку касно да гледам мали деца, нема да имам енергија и нерви толку.
После 40 почнуваш да старееш, а на 50 си веќе во една доба каде што може да се каже дека си млад старец..
Верувај не е тоа дека се постари, туку до карактер или начин на кои тие се воспитани да кажам. Моја блиска особа иако е млада мајка нема ниту 1% процент трпение со детево. Вакво викање за најбанална работа немам видено. Или имаш трпение во животот или немаш. Другава колешка исто млада мајка во своите рани 40ти со големи керќи опседната е со тоа дека не смеат да пробат алкохол девојчињата, не смеат дечко, не смеат разголено , не смеат да искачат по кафичи итн. И јас имам постари родители но со мајка ми сме најдобри другарки, исто татко ми со размислување е мн ,,помодерен,, од повеќето родители.
Мислењето за темава ми е многу поделено, но ве читав и сакав да додадам дека децата секогаш ќе се исмејуваат едно со друго. Конкретно, моите имале проблем со имање деца и ме добиле после подолг период борба за потомство. Мене повеќе пати во школо ми се случило да ми речат дека сум создадена вештачки, што никако не беше добро да се слушне во тој момент. Сега, доколку некој би ми рекол така би кажала дека сум горда на моите што биле борбени и истрајни, но тогаш ми влијаеше многу лошо. Инаку, пресреќна сум кога ќе прочитам дека некој успеал во борбата за потомство, но не можам да преминам преку фактот дека според мене е веќе и малку себично, бидејќи родителите се веќе во многу зрели години за потполно да имаат енергија да се посветат на детето, а и по биолошкиот часовник, многу е веројатно детето во многу млади години да остане сирак. Затоа, би сакала кај нас повеќе да се практикува посвојување. Така да, мислењето ми е многу поделено и контрадикторно
Да не се изразуваме сега волку благо, млад старец и сл. Едноставно на 50 год, си веќе стар, поготово за создавање потомство баш во таа доба од животот. Една мала банална споредба, 50 години се пола век.
И самата сум дете на постари родители така што прво би рекла нека им е со среќа кој се оствари и постар како родител. Е сега од друга страна тоа "постар"...не знам, пак Е океј да кажеш дека има некоја граница до кога е разумно. Оти не секој се чува за да биде витален и здрав на 60, 70 и понатаму, кога детето ќе е тинејџер, студент, ова за тие што раѓаат на 50+. Познавам луѓе кои да, на 60 имаат енергија како 20, ама не сите се исчувале до толку. Језда тоа дека кога и да родиш има недајбоже ситуации, ама овде иако си жив, старост е во прашање. Лично, дури и да се мачам со години за дете, после одредена возраст ќе се откажам. Сепак ако веќе имам дете, сакам да сум до него што подолго.
Лично јас не би раѓала толку касно. А за другите не ги осудувам. Господ нека дава секаде каде што има желба за дете
Не знам зошто се осудува нечива најголема желба или достиг во животот кога не ја загорзува околината односно нас како човечки суштества. Во минатото раѓале и по +10 деца по мислите сигурно последното дете не било родено на 30 години. Без разлика ако на некого шо се борел цел живот да си ја оствари најголемата желба и Господ на било кои години му го дозволи тоа ок е . Жена шо со години се бори за дете, по 3 пат не и дозволуват да посвои и тоа со цела документација, со голема љубов кон деца, финансиски престабилна. Но тоа е друга тема. Животниот век никој не си го знае. Поготово у денешно време кога мн млади умираат. Тоа не е репер за себичност. Подобро и на стари години да чуваш дете сакано, од колку да раѓаш и да ги оставаш на улица или максимално да ги злоупотребуваш.
Не знам зошто сте упорни со тоа „себичност“ кога и млади родители умираат. Колку пати само на вести кажале почина млада родилка и остави дете/две деца. Не знаеме колку ќе живееме. И за енергичноста не е секогаш точно.Познавам постари родители кои се поенергични од млади родители.
Желба да се оствариш како родител е преголема,без разлика на години,проблеми,икс причини,па тоа се случува доста подоцна кај некои личности. Точно е дека за деца треба нерви,трпение,смиреност и тоа зависи до самиот човек без разлика на годините. Ние учиме цел живот,се градиме како личности,преку одредени ситуации созреваме.. Има родители кои никогаш ајде да кажам не созреваат и не се грижат доволно за своите деца и на 40/+ год,како и мајки на 20 год. Јас сметам дека за дете треба да си спремен психички и физички и финансиски во денешно време,без разлика дали имаш 20 или 50 год. Тоа дете треба да расте,да се храни,облекува,да оди во градинка,школо,екскурзии,одмор,подоцна и факс,тука е излегување со друштво и сл.и ние како родители би требале да им овозможиме удобен живот,како и да го научиме и изградиме во добра личност,да расте во среќна и хармонична средина.
40тите години ми се океј, ако се осеќаш фит. Над 50 за мене веќе ми е себично, само јас да поуживам со бебето, а за бебето, прво дали ќе сум жива доволно долго дури стане возрасна личност, второ не би можела да му пружам таква грижа ко што заслужува ако овде-онде ме боли, ми е тешко да се качам до 3 спрат, на 80 години наместо да мисли на факултет, на шетање, на друштво, тоа да мисли на мене пошто многу е можно да не можам да се грижам веќе за себе си. Над 50 веќе не би раѓала.
Многу тешка тема. Јас мислам за мене лично дека не би на тие години, чисто од страв дека многу малку ми останало и дека детето ќе ми остане само. Од друга страна, не сум во таква позиција па да гарантирам дека не би, желбата некогаш е посилна од стравот. Но, јас и сега, на мои 28 се мислам дали утре ќе бидам жива, за секунда може да се изгуби живот. Многу деца останале без млади родители, а многу мажи и жени дочекале 80-90 години. Не го гледам тоа како себичност воопшто.
Многу убаво и искрено си напиша. И за позитивните и за негативните работи. Многу ми потврди тоа што е и мое лично искуство и муабет од други родители-дека како старееме веќе немаме толку нерви. Јас би рекла ни физичка сила може да немаш, не само трпение и нерви. Телото, со се во него, и нервениот систем, е поистрошено кај постари и тоа е факт. Од муабетите за искуствата на луѓето што работат со деца со различни психички проблеми имам разбрано дека почесто се случуваат развојни проблеми на децата кај парови во кои барем еден од родителите е доста постар, особено за аутизмот. Не знам дали има истражување кај нас на темава ова ми е само од опсервација што ми ја имаат пренесено дефектолози и психолози. Како и да е поризично е раѓање прво дете над 35та година и за жената и за бебето. По предметот генетика учат студентите (и од психологија) за колку проценти се зголемува ризикот од одредени генетски пореметувања и хромозомски абнормалности кај детето, ако мајката е за првпат родилка и има над 35, колку е за над 40, или над 50 и сл. Сите знаат дека расте процентот со годините. Не значи дека ќе има проблем, ама шансите се зголемуваат зашто и репродуктивните органи стареат. Не за џабе жените кои планираат подоцнежна бременост и не можат помлади да раѓаат од разни причини, некогаш земаат уште во 20-ти и 30-ти години јајце клетки и ги замрзнуваат за подоцна да ги употребат.
@Cosmic Girl јас па знам дека со годините родителите стануваат потрпеливи и имаат повеќе време да се посветат на детето. Не бркаат пари и кариера па се попосветени како родители. И не им е толку до излегување, проводи и слично (што на неклој на 20 години може да му биде). Посветеноста и смиреноста не се врзуваат со години. Се врзуваат со тоа колку е некој подготвен за гледање дете или не. Шансите некој да е подготвен за дете и искрено да го посакува се зголемува со годините. Е сега со годините се зголемуваат ризиците и по мајката и по бебето, ама нема конкретна врска. На пример ризик за Даунов синдром е повисок после 35 година, ама највисок е ако мајката има 27/28 години. Зошто е така не се знае. Ама со модерна медицина многу работи се откриваат интраутерино па е полесно да се води бременоста.
И тоа држи вода, за немањето физичка сила, како мала и ме дигале во раце и сѐ, ама пример сега ако им речам ај карти да играме, ,,еј уморен сум сега” ,,ај мајка другпат не ми се игра” .Ги мрзи луѓето, дојдени се во тие години кога им се лежи и им се одмара.Или ќе им кажам ,,ај ваму да одиме” и следи ,,абе шо нѐ замараш нас, најди си другарка шо сака, оди си, не сме ние млади веќе на сонце да се акаме со тебе” а јас сакам со нив па. Ама друга работа шо е предност, е што некогаш биле строги со мене, и тогаш на 17-18 не ги сфаќав, само сега сум им крајно благодарна, пошто ќе бев на кузнае кое дереџе сега.А и имаат стекнато достс знаење и искуство низ животот, па може да ми го пренесат. Еднаш кога паднав со некој у муабет околу моиве, постар беше соговорникот и ми рече ,,аа ти си од стара мајка, не може да не си паметно дете” а вака никогаш не ми искоментирал некој.Еднаш у продавница, сеа за Нова Година кога баравме фустан со мама, и таа продавачката ѝ вика, аа со внукичката на пазарење, И ѝ викам, мајка ми е.И тука извини леле блаблс.На мајка ми глупо ѝ падна.А нема зашо.Ја се гордеам со нив колку години и да имаат.Ми е гајле буквално, колку и да сме се карале, за мене се најдобрите родители, ме ранеле ме облекувале, т.е уште го прават тоа, ме воспитуваат, нме шетале, вложиле нерви во мене, тоа ако ми е проблем треба срам да ми е. Сѐ дур некој успешно се реализира како родител, и добро му иде, нема везе дали има 20 или 30,40
По 35- та година шансите за спонтан абортус се за 50% поголеми, така читав на интернет ако е тоа веродостојно. Си играат улога годините. Ќе има исклучоци, ама пак се ретки. Пред две - три години прво дете роди жена која е колку мајка ми, а мајка ми нема шанси сега да чува дете на пример, не може да трпи. Мајка ми ме родила на 19 години, така што откако наврши 50 години, таа си кажува дека не жали, големи сме, се грижиме одамна самите за себеси, и жената кога ќе чуе дека некој починал, вели „па што и да умрам сега, да не ќе се жалам, децата ми се големи, ги пораснав“. Смета дека најважните животни прашања ги решила, нема што толку да му ја мисли. А замислете да има сега дете од 2-3 години.