Не извртувајте зборови, затоа и го избришав коментарот, за болницата мислев секоја чест за Плодност што ете успеаа на свет +50 годишни жени да родат живи и здрави бебиња
Дечки сериозно еве сакам да прашам нешто, не знам дали е за темава или не е. Ама стварно често се прашувам за ова: Ако знаеме кои се ризиците по мајката и полодот после одредена возраст, ако имало проблем со зачнување и ако треба да се дадат навистина големи суми пари за да се помине процедурата голем број пат, ако знаеме колку е тоа психо-физички напорно и тешко за родителите, зошто луѓето им е толку битно и покрај сето ова да имаат дете кое е нивни биолошки потомок? Зарем не е во такви ситуации подобро да посвоиш дете? Еден куп несакани деца од најразлични возрасти се во дом без родителска љубов и грижа? Зошто мора да е твое дете? Нели може да се оствариш како родител и ако си посвоиш дете? Нели и на тоа дете ќе му даруваш живот на некој начин? И од финансиски аспект ете - парите ќе ги вложиш во неговото одгледување наместо во медицинските процедури. Навистина не разбирам...зошто мора да ги има твоите гени и крв?
Не би да го продолжам муабетов и да го однесам во сосема друга насока, мислам дека доволно бев јасна, а до препукувања стварно не ми е дојдено. Поздрав
Јас не те ни разбирам што зборуваш, кои препукувања? Само го искоментирав твојот коментар дека се е бизнис, не ни видов дека си го избришала ко пишав. Не може да вратиш на мој коментар, па јас да реплицирам, а ти во меѓувреме си избришала, и јас се препукувам излезе сама. Не продолжувам ништо, толку од мене.
Истите прашања можеме да си ги поставиме сите кои можеме да имаме биолошко дете зошто не е задолжително да имаш проблеми со зачнување за да посвоиш, ако е за љубов и грижа сите можеме да сме алтруисти, еве на пример ти зошто не посвоиш? Многу луѓе сакаат да поминат низ процес на бременост и нема ништо погрешно во тоа. Многу сакаат и свои гени и крв, ни во тоа нема ништо погрешно. Многу сакаат и фаза бебе да ја искусат, а најчесто децата без родители се пораснати. Јас да кажам за себе, не сум посвоила и не мислам дека ќе посвојам зошто сакам бременост и бебе. Со гени не се оптеретувам. Ако апсолутно не можев да имам мои родени деца, безразлика дали биолошки мои или со донирани ј.к, ќе посвоев доколку имав можност за бебе, новороденче. Пораснато дете не. Прашање Зошто не посвоите не се поставува на луѓе што се борат со неплодност. Особено не се поставува доколку тој што го поставува прашањето самиот нема посвоено, ама дури и да има, пак не треба да поставува такви навидум невини, но во суштина не баш културни прашања.
Многу чувствителна тема и секако дека и мислењата ќе се поделени. Не е исто да раѓаш на 40 и 50. Но еве има луѓе кои без разлика на се, сакаат да се остварат како родители. Многу пати сум рекла дека да не можев да раѓам, можеби едно ин витро и толку. Затоа што сметам дека долг и макотрпен процес е и секако дека има последици и на здравјето. Ама тоа сум јас. Друг сака да осети бременост, раѓање. Тоа е лична одлука. Така и овде, за мене е себично, за жената не е. Она мисли дека може да го одгледа. Браво за нејзе, за храброста и пожртвуваноста.
Значи темава врие од стереотипи, осуди и малограѓански да не речам сељачки мислења. На 40 години и поминало времето!! Ајде сите што не сме родиле до 30 да се стерилизираме зашто после не сме за ништо!!! Како бе не ви е срам, вие балогословени да родите на 25 да осудувате жени што раѓаат во 40 тите па и во 50 тите? Срамота. Фала богу знам дека е 2022 година оти на темава 1920 ќе да е...
Aко имаш можност пораговарај со семејство кое поднеле за посвојување дете и се ќе ти стане јасно. Ваљда им се подобро да ги чуват децата у дом одколку да ги дадат во семејства кај шо ќе бидат сакани. Пред еден месец бев сведок по 4ти пат како и дават лажна надеж на жена, шо со години и години бара дете. Нема зборови шо можам да ги опишам колку беше потресена, по 4ти пат ги преживува емоциите дека џабе се надевала. На крај си купија кученце од пуста желба да има на кого да се радува кога ќе си отиде дома.
Јас пак имам пријателка со супер искуство со посвојување. Првото дете го земаа 9 месеци откако дадоа документи. Немаа наведено пол и добија девојче кое во моментот имаше 3 месеци. За второто дете чекаа подолго време и добија детуле од година дена. Е сега посвојуваа пред жената да наврши 40 години. Тоа им беше голема предност.
@Lotus Girl затоа што треба дебело да се плати за да посвоиш дете кај нас. се зборува дека 20.000 евра е тарифата за бебе или дебели врски. Во Домот во Битола бебињата ги даваат на иселеници наши од странство кои дебело плаќаат. Тежок бизнис е тоа. Многу бе се правите како да не знаете каде живееме. И да по закон е 45 години да има макс родителот. После тоа не ти даваат дете. А и не секој сака да посвои дете. Затоа што не знаеш што ќе земеш и чии гени ќе носи. Не се расфрлајте многу со тоа А зашто не си посвоиш?
Не лажи и не измислувај, требало да се плати за дете, си имале такса, ги давале на иселеници, доказ имаш? Ако немаш доказ, ова е класично ширење на дезинформации и е казниво по закон.
Прашај бе еве почни постапка па ќе видиш како е. Ова е од блиски мои кои сакаа да посвојат. Камо среќа да не беше така.
На татко ми прв братучед, сакаа да посвојат, ги маткаа со години, едвај добија девојче, платена со солидна сума пари...
Ама еве се шири дезинформација.. Нели. Јас се распрашував пред неколку години да посвојам дете. Се имам од тоа што треба, по список. Кој и да прашав ми рекоа: ако немаш да платиш нема шанси да добиеш дете. Па самохрана.. Боже сачувај.
Јас кога бев 22 години, една колешка на работа ни кажуваше дека родилките кои раѓале прво дете на 26 години, на гинекологија ги сметале за староротки. Дали е ова е вистина, тоест било вистина пред 10 години, не знам. Може некој од членките знае. Инаку, и јас не сум родила дете досега. На крајот секој прави како мисли, не земајте се здраво за готово.
Е добро де. Тоа е медицинско звање, геријатриска бременост ја викаат nad 34.. Ама секаде во светот е поместена границата. Не значи дека не треба да раѓа некоја ако сака.
под 40 е полесно. Женава мислам дека прв пат аплицирале на 42 год, психолошки тест све тоа поминато. Причина за одбивање било дека детето ќе немало услови пошто станот им бил со мала квадратура. Живеат у стан 75м2 и не знам по колкава квадратура требало на човек ( не ме земајте за збор дали 40/50м2) без разлика на возраста на бебето/детето го сметаат како возрасен човек да живее и затоа требало квадратура на стан. Иако жената имаат спална и детска соба во станот кај шо живеат.
Вистина е и ден денеска е вака, само што сега мислам дека малце им е поместена границата и на 28 ги сметаат за староротки, а не на 26.