1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потомство на возраст од 40/50 години

Дискусија во 'Дете' започната од VMP, 3 февруари 2017.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.145
    Абе луѓе, другарка ми родена 1989, мајка и ја роди на 38. Сите и викааа леле колку е стара мајка ти. Сега 38 е секоја втора трудница.

    Се менува времето и животот. 2022 сме. Не е чудно да родиш на 45, не е чудно да родиш дете сама од донатор, не е чудно да роди сурогат мајка за тебе. Не е чудо и да си здрав, прав, а да не сакаш да имаш дете.

    Луѓето ќе зборуваат секако и баш не треба на никој да му биде гајле.

    Никој што не поминал борба со стерилитет не знае како е, не треба да кажува како е, не треба да кажува дали некој треба да се откаже целосно или да посвои дете. Не знаеме лично како е, имаме среќе што сме останале лесно бремени.

    Имаме многу блиска пријателка на мајка ми 15+ години се бореа за дете. Што се не направи, не клиники во Мкд, надвор беа на испитувања, ништо. Телото и се уништи од толку ин витра и недоносени бремености, зошто она остануваше трудна и ги губеше бебињата. Замислете ги психичките последици.
    Пари никогаш не беа проблем. Мажот сакаше да посвојат, она не. Сакаше нивно.

    После толку години добија нивно дете преку сурогат мајка, на нејзини 46, негови 48. Дете од нив двајца со нивни гени. Знаете колку енергија има? 3 пати повеќе од мене дечки.
    Таа среќа со ништо, ама апсолутно ништо не се опишува.

    Затоа радувајте се искрено за другиот и како за се друго во животот не судете.
     
    На smooch, duffi, Beatris и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.392
    Пол:
    Женски
    Да, да тоа чии гени ќе носи е многу битно. Демек моите или на таткото се супериорни и 100% прочистени од наследни болести! Ајде ве молам! Да не забегуваме во темата еугеника.
    И познавам луѓе кои се родители на посвоено дете, ништо на црно не платиле.
     
    На Vanilla15 и violetblue им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.392
    Пол:
    Женски
    Не е поместена возрасната граница туку е напуштен терминот геријатриска и заменет со посоодветен- напредна или поодмината возраст (advanced maternal age ).
    А секако дека може да си раѓаат жените и подоцна, тоа си е нивни избор.
     
    На Anie93, elenaklasik и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.272
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу про- посвојување. Впрочем прво шо знам е другарка од детство и знам за факт дека не беа имотни особено тогаш кога бевме деца за да би ја "платиле скапо" и пошто едно цело лето бев во дом за доенчиња, знам и за какви причини родители идеа да остат дете ама и за коцкави причини не земаа ( тука мислам за избор на родител, потака за селекција на установа ќе кажам). Ама со шо ќе се согласам е, процес на посвојвање знај да е тежок. И одбиват за навидум ситници. Ама мора да се напрај евалуација на родителите и местото на живеење на детето и условите. Се е за добар и достоен живот на детето. И добар и достоен живот на детето мора да е приоритет.

    Нејсе, друга ми беше поентата. Колку и да сум про- посвојување и да сум одела како практикант дур студирав во домот за доенчиња, ја сфаќам потребата некои луѓе да имаат биолошки свое дете. Мене не ми значи ништо пример, јас сакам дете и не ми менва дали мои гени ќе носи. Некогаш си викам и поарно да нема мои гени. Ама на некој му менва и скроз го сфаќам то. То треба да ни е биолошки вродено како инстикт на преживување, да се продолжи родот, да се продолжи човештвото и слично. Пошто ко ќе отвориш хиерархија на потреби, имаш потреба за преживување и покрај јадење/ пиење/ не умирање тука спаѓа и продолжвање на род/ репродукција. Така да не можиме да прашаме "е зошто сакаш твое дете". Јбг, сака. Не е грев. И на еден начин "треба" да сака. Ако никој неќеше или ретко кој ако сакаше, немаше да сме толку луѓе на планетата и општо немаше да преживејме како посебен вид. :D
     
    Последна измена: 24 март 2022
    На sweet-cherry, dunika, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.392
    Пол:
    Женски
    Далеку дека е некаков грев или нешто за осуда да сака свое дете :shake:
    Јасно е дека тоа ни е во нашата природа и јасно е дека станува збор за основните инстинкти. Нема муабет околу тоа дали се корисни или не, јасно е зошто се потребни. Нешто што е вградено во најдлабоките делови на мозокот како инстинктите е силна одредница за однесувањето и желбата на човекот.
    Разбирам и дека и двете опции (борба за биолошки потомок и борбата за да посвојат дете) се многу тешки за остварување. Јасно ми е и за цената (во секоја смисла) што ја плаќаат за медицинските третмани, а јасно ми е и за потешкотиите во процесот на посвојување и сите пречки кои се исправаат пред луѓето.
    Само не разбирам стварно кога причината што не сакаат да посвојат е првично зошто не е моја крв и месо или не е плод на мене и мојот партнер. Исклучиво свое. Значи не од други причини или од реални опструкции во постапките.. Овде мислам дека се работи и за нешто повеќе од инстинкт за продолжување на своите гени. Затоа прашувам и се трудам да разберам..
     
    На theowndemon и violetblue им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.272
    Пол:
    Женски
    Па пишаа дел ако добро памтам. Некои "едноставно" сакаат да доживеат бременост. Некои можи сакат да пренесат некоја карактеристика. Некои "едноставно" сакаат. И сите причини се валидни. Сепак ова е прашање шо некоја стварно шо сака биолошко дете - да ти одговори ако сака. Сепак се сензитивни прашања особено ако некоја се бори да добие свое дете. И баш ради сензитивноста на прашањето, поќето забележаа дека "а оти не си посвојш" е уствари малку несензитивно и можда посоодветно во некоја друга тема.

    Јас пишав дека ич не ми менва мои гени дали ќе носи детето. Пак мое ќе е. Чинот на родителство и растење дете го прај родителот родител во мои очи, не гените. Зато и не можам да ти одговорам на то шо те мачи, пошто се ќе е базирано на претпоставка. Ама сакав да прокоментирам зошто се отвори тема за посвојување и зошто прашањето беше малку несензитивно овие последни мои две мислења. Ништо подалеку од ова не се последните две мислења шо пишав. :D
     
    Последна измена: 24 март 2022
    На elenaklasik, KuklickaSk и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.392
    Пол:
    Женски
    Однапред се извинувам на сите кои мислат дека се моиве прашања премногу или на они кои ова им е болна тема.
    Од чиста љубопитност прашувам и баш сакам да чујам од оние што сакаат да споделат за да разберам.
    Legit причина ми е и овие гореспоменативе а не ги земав во предвид.
     
    На M.B., Snowflake97, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Како што кажаа членки, не гледам проблем да се роди подоцна, секој со своето мислење и својата среќа.
    Ако некој се чувствува спремен и има услови за истото, зошто да не?

    Тетка ми братучед ми го родила на 23, после тоа им кажале дека нема да можат да имаат веќе деца, арно ама они не се пазеле нели, на 42 беше останата бремена пак, природно, со второ, верувајте со многу енергија ја одгледа, нит па братучедка ми се срами денеска од нив, оди на кафе со нив, без проблем изгледа барем од страна.

    Да, децата ќе ни бидат секогаш деца и секогаш ќе им требаме, исто ко и мене сега на 25години што ми требаат мама и тато иако сум веќе со свое семејство, ама не значи дека ако родиме на 20, ќе доживееме длабока старост за да бидеме тука за нив подолго време.
    Во животот се се случува, несреќи, болести, не дај боже нели, ама реалноста е таа...
    Не можеме да гледаме така на работите, барем јас не гледам.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    20.249
    Пол:
    Женски
    40, 50 нормално нема проблем, ајде. Ама имаше во едно од мислењата за некоја на 65 што родила. Малце ми е мене ту мач веќе тука, не знам.
     
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.028
    Пол:
    Женски
    Каде така, во Скопје? Аман бе 28 староротка. Ај дури сме уште со млечните заби ќе правиме деца, за да сме младоротки :rofl:
     
    На christinnn, LucyLu, naturally и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.095
    Пол:
    Женски
    Сегде е тоа така, општо и во медицината.

    И во тие документи што таму им се во болница ги заведуваат како трудници во поодминати години.
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    26?!
    Не.
    Значи дајте документ каде пишува дека на 26 е стсро-родилка.
    Ај 32-33 да е, да се поверува, ама 26 сигурно не е.
     
    На Feminka22, violetblue и elenaklasik им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.944
    Пол:
    Женски
    А јас што да кажам на 38,5? Според мислењава тука, геријатрија сум била? :D
    Кој ми е крив што не го фатив првиот дечко за рака и пред олтар :?: До сега и баба ќе бев, место со деца да се расправам во „поодминати„ години :rofl:

    Туку... темава ми е бесмислена и троа трачарска и малограѓанска. Ниту имаат поента муабетиве, ниту пак е во ред и е вкусно да се расправа за нечии туѓи одлуки кои вас ич не ве засегаат :nod:
     
    На ladystardust, dunika, eli25 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.645
    Пол:
    Женски
    А јас 43 и тек планирам да раѓам? Да се обесам на прва бадера што место факс да завршам, и да создадам свое нешто не родив...
     
    На eli25, eta, KuklickaSk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.039
    Пол:
    Женски
    До 35год не те сметаат за посебни контроли гинеколозите, не знам што си измислувате вака
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    12.312
    Пол:
    Женски
    Барем си го завршила факултетот, некој ни тоа, тргни застани, тргни застани, врвка.
     
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.095
    Пол:
    Женски
    Ок.
    Никој не спомна нигде контроли, туку за години прајме муабет тука.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.645
    Пол:
    Женски
    Е па знаев што сакам да постигнам а не ми беше целта во животот да видам невеста само, трудна на 18.. Ама ете експертиве викаат ние како мене да се стерлизираме.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што не се омажив млада и што некои приоритети ги ставив во преден план. 32 имам и немам намера да се мажам,ни да раѓам за сега. Можеби после 35та или 36тата зависи. И баш ми е гајле за глупите стереотипи како Господ решил така.
    Фала му на Бога што ме чувал ниту еднаш не сум забременила “несакајќи”.
    Мајка ми ме родила на 39 години, фала ѝ за животот што ми го подари. Често викаат дека се стремам кон стапките на мајка ми во однос на дете и брак но не е така.

    Со мислењево не сакам никого да навредам,си кажувам за себе.
     
    На FridaodaMk, Viktorijaaa5, eli25 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Не би раѓала над 35. Имам едно дете, сакам уште едно. Ако не го родам до 35, натака не би раѓала.

    Раѓање на 50+ години ми е бесмислено. Според мене, спрема детето не е фер.

    Ако си жена на овој свет мора во некој момент да ставиш приоритет на раѓањето пред кариера или некои лични цели. Тоа што медицината напреднала до тој степен да ти овозможи да раѓаш на 50 години (да бидеме реални, ниедна жена на таа возраст не останала трудна без медицинска помош), не значи дека е правилно.

    Не е моја работа на некого да кажам дали смее да раѓа или не, ама јас лично не мислам дека е во ред да раѓам над 35 години.
     
    На Amellie13, happygirl, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.