Имам дете родено на 33, геријатриска бременост значи сум била. Ок, не знаев дека на 33 си за на геријатрија, ај да се пензионираме на 33 тогаш. Сега имам 40 и никогаш не сум се чувствувала толку убаво, енергично, полетно, фит, вежбам ко луда, тук таму само некоја брчка, е сега како сум таму внатре не знам, однадвор зрачам, луѓе велат сум се разубавела. А, и се смеам како кога бев тинејџерка буквално. Ама по некои од коментариве толку ми било, во поодминати години сум...
I mene mi rekoa na klinika stara prvorotka na 26 godini Gi prasav na 30 koga ke ragjam vtoro baborotka li ke me pisat
@buba4e89 не верувам дека некој несакајки забременил. Тоа само ако не дај боже била силувана некоја, другото е само да се оправдаат "а бе ние пазевме ама ете..". А бе ајде приказни за проста раја. 43 години имам па не сум забррменила " несакајки"..
Јас за себе си кажав, додуша не сакам во брак да влезам бремена. Тоа ми е план за сега,ама не се знае може и да се смени.
А бе не е грев да се влезе во брак бремена, ама да ми каже некој дека несакајки останала бремена.. И сега да ми се мава во гради што родила до 25 две деца, а ние што не сме родиле да завршиме со планирање..
Работата е што луѓето имањето дете го сметаат за успех, а немањето за неуспех. Ниту едното, ниту другото е точно
Како се одложува имањето деца, така се поместуваат и годините. Порано на 24 се сметале за староротки, сега е 35, според сзо. Над 45 опаѓа веќе можноста за природно забременување. Јас лично никогаш не би имала дете на постари години. На 60 веќе ми е незамисливо и некако неетички. Факт е дека телото старее дека физички веќе не сме толку способни, а не се подмладуваме. Јас на дете не би му направила нешто такво, па да треба да се грижи тоа за мене, наместо да ужива во младоста.
Не би родила ни после 35. Ме плаши самата помисла дека можеби и нема да имам толку време т. Е. Нема да живеам толку многу за да го израснам тоа дете, да се осамостои итн. Знам дека се случуваат непланирани работи, може и јас ќе умрам на 30 и ќе го оставам син ми сираче (никој не ми гарантира дека ќе живеам барем до 45, додека да се школува, додека да најде работа, додека да стекне нешто свое), али се надевам дека шансите за тоа се помали.
На 40 години не би сакала да родам бебе бидејќи еве мајка ми на толку ме е родила и кога бев мала постојано децата ми се смееја дека сум имала стара мајка и ме прашуваа дали ми е баба и кога им кажував дека ми е мајка се чудеа, ми беше многу срам. Тоа беше друго време тогаш, бев дете сега не се срамам, ама ете би сакала мајка ми сега да е помлада. Има еден куп болести, сама некои работи не може да ги заврши. Сега не знам дали тогаш е планирала да остане бремена или не можела долго време не знам, не сме зборувале на таа тема.
Нена во ред, се сложувам за доста работи, ама немој за гените. И онаа биолошки што ќе го родеш, не знаеш што наследило, може кај тебе не се активирал тој ген, но кај него може. Од аспект на гени ми е небулозно да дискутирам, едноставно е, не сака посвоено дете и тоа е. Староротка е над 35 години. Моментално сум трудна и ова ми го спомна гинекологот. Си има посебни испитувања за бремени над 35 год. И нема зошто ова да ве повредува ако сте решиле да раѓате подоцна. Јас исто родив релативно млада, 25 години. Сега второ на 33/4 и иако кажано на шала, со маж немаше шанси да имаме второ дете подоцна. Наши приоритети и можности. Од аспект на околности, за кои чекав, сега е најнепогодно, ама времето не газеше. Барем вака јас се осеќав. Кога правам споредба, би избрала да сум трудна на 25 години пак. Границите се подместени, медицината напредната, ама не и природата и биолошкиот часовник. Тој, за жал не може да го негираме. Секако сите сте во право, бременоста е лична одлука. Ние овде може само да си дебатираме и даваме свои мислења, кои секако нема да бидат исти.
@JuLleE мене најмалку ми е битно, ама ете на некој му е, да биди македонче, да не биде ромче, да не биде ова, да не биде она. Па да не има некоја болест.. Што се се немам изнаслушано од проста маса... Затоа викам на некој му е битно. Зошто? Е тоа нив прашај ги.
Ретки се тие што по свој избор раѓаат на постари години, посебно па порано, кога релативно се мажеле млади. Мајка ми млада се омажила и одма ја родила сестра ми, па после 3 години и мене. Јас се омажив на 25 и нормално си мислев одма ќе родам, си бевме таман со мм за чување дете, но ете 6 години поминаа и не знам ни уште колку ќе поминат ние уште водиме борба. Без разлика на годоните, јас не планирам да се откажам, па колку и да бидеме стари родители. А кај нас секако ќе те судат и млада ако родиш и стара исто.
Јас на мајка ми и викав, зошто помлада не си не родила, а на 28 ме родила . Тоа што моите другарки имаа мајки што ги родиле на 18, па мене мојата стара ми се гледаше. Е ама јас родив на 38 не оти сакав така или дека бркав кариера, туку дека така сакаше Господ . Сега ќе бидам "стара" мајка тоа е
И јас исто и викав на мајка ми Кога бев четврто одделение, на пола клас мајките имаа 28год. Инаку за темава кој кога сака нека си раѓа. Јас побрво би родила покасно 30+, отколку на 18,20год мајка. Јас па не можам да сфатам на тие најубави години, дома да седев со бебе. Не е секогаш до тоа дека кој како сака ќе роди и ќе оформи семејство.