Едни се плановите што ги правиме додека растиме а скроз друга е реалноста..и јас планирав да родам до 30 години ама ништо од тие планови ...со мажот ми се запознавме ко имав 31 год...се зедовме на 34... Па забременувањето со првото одеше потешко..го родив на 37 а сега еве на 39 бремена со второ...така да не можиш ми да планираш пошто не си само ти лично во прашање и плановите никогаш не излегуваат на прав пат...и да се пофалам повитална и поиздржливи сум од многу колешки кои се околу 20 и 30 години. .
Родив на 27 , планирав околку 22 максимум ха ха Во право е членката погоре тоа што ние аме си замислиле не секогаш излегува како што сакаме.. Сепак сметам дека бебе/ дете треба да ни биде колку толку пресметано кога сме спремни да имаме од повеќе аспекти. А и пример од мојата околина кој се измачи за да ги има децата прво чекаа да се средат факултети , дообразување кариери па потоа не можеа па имаа ин витра неколку и и се фати со второто да има 45 па сепак супер кул мама е но има и коментари пд типот баба ти... Жалосно е колку многу предрасуди имаме...
Јас не дискриминирам по никаква основа, најмалку возраст. Идните генерации ќе растат со другарчиња со разноликост, самохрани родители, истополови родители, никој нема да се фати за стара мајка. И се тоа е нормално, ако не е, ќе биде.. одиме кон тоа кој како сака да си прави. Да немав деца и јас може ќе родев тогаш затоа за мене не можам да кажам. Кој како сака нека си живее...
Извини да те прашам, а зошто да се грижи за тебе, наместо да ужива во младоста? Дете се раѓа, за да се грижи за нас?
Ти нели се грижиш за твоите родители? Сите се грижиме за родителите, дали сме или не сме до нив, ама се грижиме. Само кога веќе на 60 год ќе родиш дете нормално тоа уште додека е дете ќе почне со грижи веќе. Нема да биде возрасна личност која ќе може да се справи со болестите или загубата на родител.
Душо, постои геријатрија, постојат старачки домови, зошто детето да се грижи за мене. Секаде во светот е така, освен кај нас на Балканот. Ако е за тоа, можам тешко да се разболам уште на 30 години, па на 5 години да треба да се грижи за мене, пример ако сум го родила на 25. Моите родители се 78 и 75 години, па фала му на Бога, уште само си се грижат за себе, значи не сум престанала да уживам во младоста.
Не ја разбираш поентата, така ако гледаме има милион различни случаи каде што млади луѓе починале, има примери каде што и родилки на самиот пораѓај починале, без разлика дали млади или стари и децата уште од бебиња се сами. Ама сепак помали се шансите на помлади години, додека кај тие што стануваат родители во поодминати години се поголеми шансите да ги остават децата сами додека се уште мали или да им "останат како товар" додека се уште млади.
А која е конкретно возраста според која сметате дека родителите не се способни да се грижат за себе, па еве детето треба да се грижи? 60, 70, 80? Многу ме интересира. Оти тука прочитав еден куп небулози од типот: скратен бил животниот век, па ако родиш на 40, веќе кога ќе имаш 60 детето ќе треба да се грижи за тебе итн... Луѓе со 60 години се витални уште, што ви е?! Според моето искуство од 75+ веќе повеќето почнуваат да снеможуваат, ама повторно тоа е далеку од потребата да имаат постојана грижа. Свекор ми е 90 години, па се сам прави. И замислете исчека и внука од синот кој го доби на 40 + години, а истиот ќерката ја доби на 40+. Оти вие тука гледам црни сценарија направивте на луѓето Јас родив на 38,5. Лично се сметав некаде до 42 способна за уште едно дете, подоцна не. Ама, тоа сум јас со мојот живот, моето тело, моите одлуки. Која сум јас и кои сте вие да судите и расправате за туѓи животи и одлуки не ми е јасно?!
Само еден голем момент има тука. На 30 години е неочекувана криза болест. На 60 години е очекувана криза болест. И свесно ја прајш одлуката. Буквално има фази и 65+ се спрема чоек за последната фаза од животот, за можна болест, за загуба на партнер и крај на свој живот. На 30 години нема такво спремање и таква криза е неочекувана.
Да, да, ептен "голем момент е тоа ". Јас лично не познавам таква личност што веќе на 65+ се спрема за последната фаза од животот. Може да живее уште 30 години, и што сите тие години ќе ги помине во припреми за последната фаза од животот.
Душо, дали ти само ќе ги ставиш во дом и нема да се грижиш за нив? Нема да се грижиш дека се болни? Не зборев за физичката грижа, зборев за менталната состојба. Можеме секакви сценарија да измислуваме, но фактот е дека телото старее и тоа си носи свои последици далеку поголеми шанси за болести.
Грижите се составен дел од животот. Дали биле стари или млади родителите, детето секогаш ќе се грижи за нив. Освен, нели, ако не сакаш да расте во стаклено ѕвоно.
Точно. Ама, не е исто кога уште е дете, кога ќе го родиш на 60, и кога веќе е зрел човек, капацитетот не е ист, друго е кога може веќе има и свое семејство, а не да е уште дете. Тука не се разбираме.
Не знам зошто игнорираш нешто што е многу просто и очигледно. На 70 години си стар човек, без разлика дали си витален, дали копаш и ораш, тоа е последна фаза од животот. Ти можеш и на 90 години да склучиш брак, никој не ти брани, ама тоа е исклучок а не правило.
Стар не значи болен, млад не значи здрав. Стар не значи зрел, млад не значи блесав. Стар не значи без енергија, млад не значи витален. Многу добро знаеме дека во светот после 18 год возраст децата се оделуваат од дома и почнуваат свој живот како полнолетен и самостоен човек и родителите не се должни да ги гледат, ниту пак им даваат пари за кафе и остало. Само овде на +30 год уште не третираат како недораснати деца ( што и на некој начин може и сме ) затоа разговараме на ваков начин себично било родителот да биде постар родител, болести, виталност шо ли не. Зошто родителот да те гледа тебе додека не створиш семејство и да се секира дали ќе умре кога ти би бил во ,,години каде полесно би го поднел тоа,, ? За некои работи ни одговара ,,европски начин на живот,, а за некои пу пу не важи. Фино
Мислам, комотно можиш да го негираш и не прифаќаш, ама нема да преќини да постои. Ова се индивидуални развојни фази 101. Не го кажав јас ова, јас сум папагал и повторвам некој попаметен од мене шо утврдил. Оти последната фаза шо можи да трај и 40 години, почнува на 65+ и е бавна припрема за старост, да полека не можиш да обавуваш некои работи, припрема за можна болест, загуба на партнер па и себе, поголем и подлабок умор и генерално не можност да прајш работи како пред 10-20-30 години. Дури и горна граница пред пензија е на 65 за мажи. И едвај се преработват луѓе да стигнат до пензија пошто е мачно. Можи не си болен одма чим чукниш на 65 ама не си ко да имаш 35 или 45 дури и 55. И то е нормално. И зато е посебно утврдена фаза, а воедно и последна, шо почнува тогаш и завршва со смрт, кога и да било то. Накратко, нема смисла ова да се негира, предобро Енџи го сумира:
Имам 25 и уште воопшто не ми се раѓа. Можеби ќе сакам едно да родам, но уште не. А над 35 веќе не би раѓала. Можеби до 40 преку сила. Мајка ми ете ме родила пред да наполни 23 и можам да кажам дека ко дете имав релативно млада мајка. Сфаќам голема желба за дете, но раѓање над 50, 60 ми е малку себично. И тоа е мое мислење. Факт е дека воопшто не е ист животот, енергијата во тој период. И нормално дека поголеми се шансите детето помладо да остане без родители. Имаше статија пред некое време дека некои станале родители на 70 факинг години. Што воопшто не е нормално според мене. Нека си прави кој како сака крај краева, само лично јас желбата за дете не би ја ставила пред сѐ друго, како и пред квалитетот на животот на тоа потенцијално дете.
Колку и да го негираш овој факт, еве дури и попаметни одговори имаш добиено од мојов, факт е дека таа е веќе последна етапа од животот на човекот. Или народски кажано со една нога си веќе во гроб. И не ми е мене логично, на возраст кога треба да си веќе баба и да имаш внуче, ти тогаш да раѓаш бебе и гледаш новороденче. (не зборувам конкретно за тебе, туку општо).
На 50 години да родиш, на 65 детето ќе има 15 уште нашколо. А родителот многу веројатно со притисок, шеќер, природно помалку витален, детето ќе сака да прошетаат некаде, ќе му е мака, тоа една настинка да фати родителот детето се секира, а не па сериозни болести кои идаат во старачка доба. На 30 год да му се деси нешто многу веројатно е дека партнерот е тука да се грижи за него, на 70 години да му се деси нешто, во најголем процент од случаите на детето паѓа товарот пошто партнерот или е починат или и тој со здравствени проблеми. Постојат старачки домови да, ама муабетот е дека после 50 ако станеш родител, постои добра веројатност дека ќе ти треба старачки дом во исто време кога на детето ќе му треба родител пошто уште ќе е дете. Никогаш не сум му рекла на некого не раѓај тогаш и некој ако сака да раѓа би го поддржала зошто негова одлука е што мене не ме засега, ама темата е нели тоа, како размислуваме. Голема е желбата за дете, бебе, носи голема радост и свежина во животот, ама на 50 си можеби уште фит и ќе те понесе моментот дека можеш, ама годините се тие и скоро кај сите исто делуваат. После детето ќе има нормални барања и очекувања од родителот, ама родителот ако не може, што, ќе треба детето со чувства на вина да расте, од една страна му требаат родителите, од друга страна ќе му е криво да побара нешто пошто овие би биле снеможени? Дали вреди да превземеш ризик, не знам, можеби грешам, ама јас не би, за мене е себична одлука.