Потпунки на рамениците и подуени ракави

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SexyLady, 20 август 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Потпунките во сакоата и капутите порано биле хит и во машката и во женската облека. Со текот на времето тие се отфрлиле од употреба (барем во женската облека) за сакоата и капутите изгледаат поженствено.
    Денес тој тренд е вратен, но ретко кој го следи. Можеби не е ист како во порано, но присутен е со мали варијации во вид на подуени ракави кај рамениците.
    Што мислите вие за ова? Дали ви се допаѓа или не?

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]

    не најдов ваква тема, искрено се извинувам доколку е дупла :)
     
    На LetsTalkFashion му/ѝ се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    492
    Некако многу „офицерски“ ми делуваат потпункиве, никогаш не сум ги сакала. А сите џемперчиња, капутчиња, јакнички и такви работи што останале од мајка ми кога била млада имаат потпунки. И на сите им ги исеков кога земав да ги носам. Подуените ракави на некои парчиња облека ми изгледаат слатко и би ги носела, ама потпунки - не.
     
    На lolyta777 и SexyLady им се допаѓа ова.
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Мене симпатично ми делуваат, имам едно сако со потпунки, ама најверојтно се некои полу-потпунки па не се дотолку приметливи. Ми се допаѓаат и делуваат доста штосно и интересно, нормално ако девојката знае да ги носи и убаво ссе искомбинирани.

    Но и потпункиве според мене не се за секоја девојка, особено не за девојки кои се природно широки раменици, затоа што со потпуниките се истакнуваат дополнително и не изгледа убаво.
    Како и се кое друго парче гардероба не стои и прилега секому, така е и со потпункиве и подуениве ракави.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    15.947
    Пол:
    Женски
    Потпунките баш и не ги сакам. Ми ги шират рамењата и ми го скратуваат вратот што баш и не ми одговара. Онака изгледаат убаво, додаваат елегантност ама сепак, не фала.
    А подуени ракави сакам. Имам неколку блузички и џемперчиња со такви ракави и баш убаво изгледаат.
     
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    4.090
    Пол:
    Женски
    Потпунки Не!! Не ги сакам
    Ми делуваат строго, неубаво
    Како женско да се билда и затоа е толку развиена во раменици

    А за подуени ракави...па да. Зависи што е и како ми стои :)
     
  6. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.089
    сакам ама не би носела затоа што имам широки рамена и уште овие ми фалат ... иначе баш ми се типски :)
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.767
    Допаѓања:
    13.127
    А-у. Погодена тема.
    Потпунки не, ама подуени ракави ДА!

    Многу ми се свиѓаат, и многу убаво ми изгледаат подуените ракави, сакам да носам такви блузички. Имам неколку, и мислам дека прекрасно стојат, си ги обожавам.

    Моментално носам една маичка со подуени ракави, и станав до огледало да видам како стои, по којзнае кој пат. :lol:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    625
    Не сакам и не носам ни пупунки ни пак подуени раменици убави ми се да ги гледам онака на некого но јас да ги ставам се чуствувам како бетмен спремен да полета :lol: не можам да ги носам ме нервираат :swear:
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.297
    Потпунки- леле колку ме потсеќа зборот на огромните стари сакоа на мајка ми. Цело да те проголта, плус да ти додаде билдерски раменици :D
    Ама кога ќе размислам подобро, тука најверојатно се работи за “трауми“ од детството.
    Слатко ми изгледаат подуените ракави. Од едноставна секојдневна блуза- добивате слатка и посвечена.
    Плус ако на моделот додадеме некој штосен брош- имаме полн погодок.

    А сакоата со потпунки- морам да кажам дека особено многу ми се допаѓаат моделите на Балмаин. Навистина се шизички :inlove:
    Би ги носела, зошто да не. Само уште да се инвестира во едно квалитетно и трендовско парче ;)
    [​IMG]
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.817
    Пол:
    Женски
    Не е лош меѓутоа секому не би му седеле потпунки на рамениците и подуени ракави :lol: :lol:
     
  11. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    не ми се допаѓа мене и не би носела
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Ми се допаѓаат, и би ги носела да немам широки раменици, но јас имам така да додатно не би ги проширувала. Иначе супер се и супер стојат на некои девојки :)
     
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Порано ич не ги сакав, кога ги гледав по кошулите на мајка ми.
    Сега ми се ептен интересни, женствени, елегантни.
    Само не знам како би ми стоеле, имам и јас широки раменици.
    Се заљубив во фустанчето :inlove: .
    Сериозно размислувам да го шијам за матура.
     

    Прикачени фајлови:

    На simoncelicius, FBI и LaChiquita им се допаѓа ова.
  14. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Мене лично многу ми се допагаат и ги носам, имам сако со потпунки на рамениците исто имам фустан, блуза со подуени ракави и мислам дека стојат прекрасно :D :D
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Подуените ракави женствени ми се баш ама ова со потпункиве жените повеќе на капетани и команти ми личат отколку на жени
     
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.933
    Мене лично ми се прекрасни и би ги носела. Особено некоја модерна јакничка со потпунки. Мх, мераци.
     
  17. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    706
    Потпунки на рамениците не се толку лоши но јас не би ги носела, а подуени ракави може. :) :)
     
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    2.921
    Подуени ракавчиња - може.
    Потпунки - не.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.711
    Ми се допаѓаат подуените ракави, изгледаат многу женствено и елегантно.
    А потпунки никако не би носела...
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    12.691
    Пол:
    Женски
    Па не, затоа што многу ми ги прават дебели рацете. :$ Имам една маичка, со така подкренати раменици, ама пократки. И ја носам, ама по ретко.