Можеби,зависи од моделот,ама не.Мајка ми на сите стари кошули и јакни и на се има потпунки,и ми изгледаат глупаво,и баш ја прашав што ќе и се кога она има убави,широки рамења,и она ми вика па така беше модерно.Ама јас не би носела
Дури сега ја гледам темава а погодена е за мене Имам премалецки раменици и тој недостаток го надополнувам токму со вакви блузи кои ги имам во голем број. А оние потпунки од времето на 80десетите нормално дека не сум луда да ги носам, но имам 2 капути на кои имам потпунки но каде каде се помали потпунките и поскладно ми делува капутот со нив, но на моето тело, на некој со развиени раменици нормално не им треба, ќе изиграва ли офицер. А во блузи и фустанчиња со поткренати раменици сум вљубена, ем убаво ми стојат ем како модел ми се допаѓаат.
Ок ми е, само и овој тренд некако наеднаш се врати, ко цветичите. Подуени ракавчиња скоро секогаш сум носела, имам многу мали раменици, ама сега ги одбегнувам оние блузиња со подуени ракави и некоја пуфка од страна, што буквално сите ги носат без разлика дали излегле по леб и млеко или да ѕенѕаат во диско. Јас кога пред некоја година носев капут скроен по руски терк, со изразено надуени ракави ме гледаа коцкасто низ град. Се кладам дека ако го облечам оваа сезона ќе бидам хит.
Колку само не ги сакам За потпунки не сакам ниту да пишувам, одвратни ми се, а не сакам ниту подуени ракави. Имам една единствена маичка со подуени ракави и тоа ептен малку се забележува и кога ја носам цело време се допирам на подуеното и го туркам надолу, ми се чини којзнае колкава сум
Јас имам доволно свои раменици па ако ставам потпонки личам на А слатки ми се оние блузички и кошулки со подуени ракавчиња само на оние девојки на кои тоа им треба, ако им се складни со телото. Значи не по секоја цена да се носат вакви ракави само затоа што е во мода. Нешто вакво на пример Не ги сакам овие а Ла гага пуфкала или оние ко рогови на рамената сакоа Убаво е само ако надоплнува и е слатко и ненападно Eдит: речиси сите зимски палта имаат потпонки, често пати сум ги вадела, ама ова последново што го купив е така нешно пополнето колку да стои исправено, па немам таков проблем со вадење сунгери
Ич не ги сакам потпунките и подуените ракави, воопшто не ми се допаѓаат некако не се убави, неженствени.
Имам неколку сакоа со потпунки на рамениците но не се некој изразени, да личам на рамбо. Исто така имам една блуза со подуени ракави не ми стои лошо. Летово во Турција видов преубаво сако тегет, но имаше потпунки на рамениците оние од времето на 80, маж ми ми рече дека сум личела на теткичка кога го пробав
Никако не ми се допаѓаат потпунките на ракавите...Мајка ми има неколку вакви ама веќе не ги носи. А подуените ракави ми се слатки.Мислам дека имам една блуза која има подуени ракави и баш е слатка
Мене ова ми е супер навистина , и имам доста парчиња облека во овој стил. Мислам дека е доста шик. Само досадно ми се оние фустанчија што ги фураат сите во исти фазон , па барем да бидат пооргинални малку и таа монотонија да ја разбијат барем со супер модни додатоци.
Премногу ми се свигаат подуените ракави и имама многу такви блузи. а за потунки на јакни, и такви ствари, па штознам...ако се не многу забележитлни ми одговараат и ги сакам.ако ме прават како роб сепак не
Потпунките на рамениците баш и не ги сакам некако не ми изгледаат убаво а подуени ракави сум за ми се допаѓаат
Потпунки имав на едно сако, ама ги извадив. Личев на офицер Јас имам тесни рамења и некако не ми стои таков стил. Ама подуени ракави сакам, имам неколку такви блузи и баш ми делуваат симпатично.
Потпунки не ми се допаѓаат ме потсетуваат на времето кога мајка ми била девојка Подуени ракави да, може симпатично ми исзледаат баш сега скоро пред нова година си купив бела туника со такви ракавчиња.
Подуени ракави носам,па и потпунки знаат многу убаво да стојат,ама не ко тие од времето на мајка ми...нешто модифицирано и не премногу нападно.