1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потрошувачки кредити до 40 000 евра

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од crnamacka01, 10 септември 2013.

  1. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ми треба совет од вас,,,доколку некоја е запознаена со ова...ни треба кредит од 40 000 евра..но не сакаме да земиме станбен бидејќи на продавачот на станот треба да му дадеме кеш во рака а не преку банка,,да не плаќа даноци,,итн.,.а и нас ни оди во прилог,,ќе ни го даде поевтино,,услуга за услуга..поради тоа ми треба некој друг вид на кредит,,,како можам да дојдам до тие 40000 евра...дали постои некаде ваков потрошувачки кредит во некоја банка?нека биде и на многу години,,пример 20.....ако некоја знае ве молам да ми кажите...значи,мораме со кредит,бидејќи немаме што да продадеме,,,итн...
     
  2. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    18
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    Ова што го предлага продавачот не е законски. За да се завери купопродажен договор од 40.000ЕУР кај нотар, потребно е парите да бидат префрлени преку банка, во спротивно договорот нема да биде заверен од страна на нотарот. Резултат, вие ќе му ги дадете парите, а од станот ништо. И, она што би требало да ве загрижи во случајов е изјавата на продавачот "да не плаќа даноци", а и што значи услуга за услуга? Од друга страна, на кого вие всушност му правите услуга? Станбените кредити се со многу поповолни услови, така што да не ве разочарувам ама ова ми мириса на измама...Дали ги проверивте сите документи?
     
    На okcenzi, joy1 и karenin им се допаѓа ова.
  3. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    вака сега...тој за нас ќе го продаде станот по пониска цена за квадрат,,тој е самиот градител на зградата...е сега ние пример ќе му дадеме 3-5 000 евра,,колку што сакаме ние и тој ќе го префрли на наше име..па го плаќаме остатокот..значи тој нас ни дава поевтино,,а ние да го ослободиме од даноци...не знам,,ама ова со стамбените кредити искрено ме плаши...еднаш каматата толку,,после вивната до небо,,а мора да направиме нешто,,,вака не се живее
     
  4. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    18
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    Ви ја разбирам ситуацијата, сепак прашајте прво нотар што се е потребно за нотарски акт па ќе ви биде појасно, па во банка да ви пресметаат колку добивате а колку губите сметано попуст на станот наспрема камата и услови за добивање станбен односно потрошувачки кредит и на крај... сметајте дека се впуштате во ризичен потфат од типот даночно затајување. Многу среќа...
     
  5. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    фала ти,,,како што размисливме,,нема ништо од ова...ќе видиме друга алтернатива...но мора нешто да се превземе,,,вака веќе не можиме,,многу е тешко кога се почнува од нула...само работата е што за станбен кредит мораш или парцела да имаш за да градиш....или пак директно да купуваш куќа но тоа да биде нова градба....значи има повеќе критериуми....тешко да се исполнат
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    crnamacka01 распрашајте се убаво. Санбените кредити се со многу помала камата од потрошувачките. Значи ако моментално земеш станбен кредит каматата е околу 5-6-7 %, а ако земеш потрошувачки околу 10% (различно е од банка до банка) затоа ако земете потрошувачки кредит му правите нему услуга, ама вас поскапо ќе ве фати.
    Инаку многу внимавај од вакви понуди, подобро е и нешто поскапо да платиш, но да не ризикуваш. И обавезно со адвокат да се консултираш. Немој да штедиш пари на адвокат, тоа не се фрлени пари, напротив со нив ја штитиш главнината.
    Јас колку што сум информирана за станбен кредит ти треба стан за да го ставиш под хипотека (односно станот што ќе го купувате банката ќе ви го стави по хипотека). Е сега треба да имаш пари за учество. А колкаво треба да биде учеството ќе си прашаш во банката.
    Среќно
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    Се согласувам со Ирена,и тоа што го кажува е точно станбените кредити имаат помала камата од потрошувачките така да незнам кој ви кажал дека е обратно и тоа што мислите да го направите со продавачот на станот да знајте дека еден ден ќе имате последици и дека од законска страна тоа не е можно да се изведи така да нека не ве залажуваат распрашајсе убваво по банките и на нотар првенствено и како што ти кажаа погоре овде вие му правите него услуга а не тој на вас извини ама се гледа дека сте доста не информирани и не упатени животно прашање ставате на коцка наместо да одите на најсигурна варијанта денес нема ни пријател ни доверба во никого така да не се залажувајте и правец во банка даваат поволни станбени кредити самиот стан кој го земате ќе ви биди ставен под хипотека од страна на банката и тоа така ќе биде се додека не го исплатите станот потоа тој си преминува во ваш личен имот оваа ви е најсигурна варијанта колку што знам јас...
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.510
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    За даночно затајување се оди затвор. И вие и тој.
    Каматите кај потрошувачки кредит се многу поголеми од стамбен.
    Човеков ве зафркава, ке останете и без пари и без стан, и уште ќе одговарате кривично.
     
    На joy1, mime87, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    потрошувачки кредити до 40 000 евра

    Токму така! Вие на хартија можете да ставите и дека по цена од 5.000 евра сте го платиле станота, ама УЈП кога ќе ви одредува цена за данок на промет со недвижност, ќе се посомнева во многу ниската цена која ја имате наведено во договорот, и може да направи проценка со реалната вреднсот и плус да одговарате кривично...!
    постојат закони во оваа држава кои сите треба да ги почитуваат, а од такви преварнати понастрана
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не си играјте играчки, баш имаше реприза од Код вчера како биле насамарувани луѓе за станови, со луѓе поврзани во синџири од нотари до судии, значи и со заверен документ не е сигурно дека нема некој да ве насамари а не па со затајување на данок. Ваши пари се во прашање. Отварајте 16.

    Какво време дојде, за четврт бурек другар ќе си утепа шо се вика, не па кога е толкава сума во прашање.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bigi

    Bigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Дечки мене само ме интересира дали банката смее да те одбие за потрошувачки кредит заради долг на некој член од фамилијата и да те услови да го пратиш долгот за да можеш да земеш кредит?
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Дa.
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.536
    Пол:
    Женски
    Зависи за каков долг мислиш?Долг на банката,жирант,минус на картица....??
     
  14. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.484
    Пол:
    Женски
    Potrosuvacki kredit mozes da zemes do 10.000 evra maksimum. Za da zemes stanben kredit treba 10% ucestvo od vrednosta na stanot, i hipoteka koja posle procenuvanje na imotot od strana na proceniteli od bankata ti odobruva kredit. E sega ako go stavas stanot kade sto kje zivees znaj deka hipotekata treba da pokriva 140% od kredot. Znaci ne moze da zemes kredit vo visina na cel iznos za stanot.
     
  16. Maleno

    Maleno Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2018
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali ima nekoj vo grulava da mi kaze kako ide postapkata za stanben kredit i vo koja banka e najdobro da se zeme
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.