Имаме тема за преценети актери и оние кои добиват преголемо внимание и пофалби а не се толку добри според вас но немаме за потценети.Оние кои премногу ги критикуваат а според вас не глумат лошо, дури и добро.Сепак сите имаме различни мислења.Кои се за вас потценети актери ? Ќе ја наведам Сиена Милер.Читав многу лоши коментари за нејзината глума но не се согласувам воопшто со нив.Според мене има голем талент.Ја имам гледано во Factory Girl и во Casanova и според мене глуми одлично.Во Factory Girl има доста комплексна и емоционално нестабилна улога и ја доловува одлично.Да се прашувам јас,би и дала златен глобус.Не ми се јасни воопшто негативните критики за нејзината глума. И Роберт Патинсон.Во почетокот и јас мислев дека е неталентиран поради Twilight и мојата одбивност кон тој филм.Но всушност таму и нема што да покаже,го гледав вториот дел а него го немаше многу таму.Откако го изгледав Remember Me и Water For Elephants видов дека момчето има потенцијал,и тоа голем.Талент за глума несомнено има и тоа го покажа во овие две улоги кои се инаку многу тешки за играње.Не ми се допаѓа што го критикуваат многу баш поради улогата на вампир а не го гледале во други улоги каде што е одличен.Мене не ми е воопшто убав,ниту шармантен а ниту се трескам од земја поради него но ми е добар глумец.
Јас за потценети актери ги сметам некои поанонимци кои биле актуелни само на некоја серија, дел од епизода, некој нетолку познат и скап филм а потоа ги снемало. Или пак оние брилијантни кои играат само по сериите а ретко на филмовите. Јас ќе го кажам Gabriel Macht, незнам како порано не сум го приметила, мене во Suits ми е предобар. Од овие Холивудскиве добро познати и што за нив многу се зборува ретко кој ми е потценет. Ќе речам еве дека многу малку внимание се обрнува на Gary Oldman,(петтиот елемент) ретко кој го знае, и незнам што треба да направи човеков за да земе оскар. Колин Флирт да неречам до лани не беше нешто посебно актуелен а е прекрасен актер. Ќе ми текне на уште некој, сигурно.
Јас тука ќе си го спомнам Вентворт Милер,во Бегство од затворот,значи преубаво глуми,и гледав некои други филмови со него,мене многу убаво ми глуми,ама досега не добил некоја поголема улога,освен онаа во Бегство од затворот.
За Вентворт и мене ми е чудно како после Бегство од затворот не доби некоја побитна улога.Мислам настрана тоа што е згоден и убав ама навистина одлично глуми.Дури мислам дека за улогата на Мајкл беше номиниран и за златен глобус.
Се сложувам со вас девојки за Милер, ств дечково добро глуми, преубав е , а не го гледам веќе во филмови .. Исто мислам и за Кирстен Данст. Според мене мнг талентирана, весела , таква насмеана а ретко кога ќе ја видам во некоја подобра и сериозна улога..