1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потценети и преценети книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Dream-Girl, 3 ноември 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    Често многу книги кои се бестселери и за кои се крева многу фама, се големо разочарување откако ќе ги прочитаме и се прашуваме зошто толку се популарни кога всушност и не се толку добри и се преценети.
    Спротивно од тоа пак, книги кои не добиле премногу пофалби и не се толку познати кога ќе ги прочитаме не воодушевуваат и за нив се прашуваме зошто се толку потценети.
    Темава ја отворам со цел да споделиме лични мислења за книги кои сте ги прочитале и сметате дека се преценети или потценети.

    Книга која за мене лично до сега е најпреценета од сите што сум ја прочитала е Алхемичарот од Пауло Коелјо. За книгава слушав премногу пофалби и од блиски, па решив да ја прочитам. Едно големо разочарување за мене лично и се чувствував ко залудно да го фрлив времето читајќи ја книгата.

    А, како потценета би ја издвоила Гордост и предрасуда од Џејн Остин. Дека е позната да, но често сум слушала дека едвај ја дочитале или не ја дочитале, не била толку интересна и слично. Додека мене ми е една од поубавите книги и сметам лично дека заслужува повеќе подобри рецензии. :lol:
     
    Последна измена: 3 ноември 2021
    На Dashing:), MrenaRiba, Snowflake97 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Гордост и предрасуда потценета?
    Не знам како врз основа на неколку твои пријателки кои не ја дочитале книгата заклучуваш дека е потценета кога е книга за која не знам дали некој нема слушнато или ја нема дома, плус еден куп филмови за неа, плус одлични рецензии за неа насекаде.
     
    На Dashing:), Srckata28, buba4e89 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    И тука често има коментари како ја читале долго време и не им задржала внимание.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Тоа не значи дека е потценета.
     
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    Твое лично мислење, јас сметам дека е потценета во споредба со квалитетот на книги кои имаат за мој вкус подосадна содржина, а се со многу подобри рецензии и популарност. :)
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Не е мое лично мислење, факт е.
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.973
    Пол:
    Женски
    Преценето ми е скоро сè што излегува од Сакам Книги во последно време. Буквално турски серии во форма на книга продаваат и нема кој ги нема прочитано. А сите се исти - рандом предвидлив трилер или романса со стопати видена приказна. И кориците им се исти дури, а упорно штампаат нови и ги продаваат ко алва.
     
    На BubbleBum94, Cucueta, 54321 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.884
    Допаѓања:
    81.151
    Пол:
    Женски
    Преценети ми се сите понови романси што излегуваат и во светот, па и кај нас.
    Пример конкретен не знам ни кој попрво да го издвојам, зашто сите до една се исти и одат по иста формула. На пример на врвот на преценети книги ми се оние на Али Мартинез. Не ми е јасно што толку видоа луѓево во нејзините книги. Мене не ми се допадна ништо од неа. Ми нема поента да сакаш да го фаќаш читателот на шок со пресврт на секои 50 страници, а ликовите тотално без врска, без никаков развој, без напредок.

    Кога прочитав потценети, ми текна не на книга, туку на издавачка куќа Бегемот. Толку убави книги имаат, ама ете не се комерцијална фикција па можеби затоа впечатокот е таков каков што е.
     
    На Cucueta, ph.orhideja, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам и јас.
    Преценети за мене се книгите на Лајла Грејс (барем беа пред неколку години, сеа е тивко, заборавена е веќе), Коста Петров. Исто и книгите на Бакман.

    Потценети книги се книгите издадени од Или-или, Бегемот, Артконект.
     
    На BubbleBum94, poppie, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  10. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Кај ти текна на оваа Лајла. :D
    Ме потсети на една бламажа, кога книгата на Лајла Грејс ја купив на другарка за роденден зошто многу сакаше да ја прочита дека ептен тогаш беше позната. На крај и двете ја прочитавме и останавме без зборови, не ни беше јасно зошто е толку позната, а толку глупава книга излезе дека е. Зелени деца од 14 години бевме, се срамам кога ќе се сетам што книга сум подарила. (facepalm)
    Исто и книгите на Драган Таневски би ги сместила во овие преценети книги, дури една имам и јас добиено на подарок.
     
    На Snowflake97, Anie93, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам дека Гордост и предрасуда не е воопшто потценета, види го само рејтингот на гудридс, има 4,27 од 3,500,000 оцени. Далеку, далеку од потценета е.

    Ќе се согласам и за Сакам Книги, порано гледаа да имаат квалитет книгите, поретко издаваа, а сега само ги штанцаат. Мелодраматични приказни кои виделе дека палат кај публиката, ништо повеќе. Ништо веќе не сум прочитала од таму, нити планирам.
     
    На dunika, злоба, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Книгите на Лајла и Драган не се преценети, сите знаат дека се срање, освен исклучоци кои не прочитале салам книга во животот.
    Потценето - нешто добро што не ја добило заслужената популарност, пофалба, признание.
    Преценето - нешто што добива признанија и слава а не е заслужено.
    Толку едноставно. Кој го знае и шерува и препорачува Драган освен домачици на фб за да биде преценет?
     
    На piglet1, poppie, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    Ќе допишам и во првото мислење, поентата е да дискутираме конкретно книги со наслови, кои ни се веќе прочитани и да споделиме наше лично мислење откако сме ја прочитале книгата, а не генерална дискусија за книги од некој автор што сме слушнале дека се преценети итн.
    Исто не е лошо конкретно со наслов да посочите за која книга од кој автор станува збор, но во ред доколку мислите дека и сите книги од тој автор се такви... :D

    @Bridget кај нас реално кај младите овие книги беа премногу купувани и читани. Грото од младината повеќе знае за нивните книги отколку за некои други. Ко алва се продаваа на времето, на промоции растур правеа.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Потценети не знам многу... но знам доволно обскурни на кои им треба општо да бидат откриени од читателската публика од денешницата. Како на пр. Вилки Колинс, најдобриот пријател на Чарлс Дикенс. Дикенсовите дела се секогаш заслужено популарни, но оние на Колинс, освен неговите четири најголеми дела, се паднати во заборав. Но оние најквалитетните се доста ценети, а некои и изучувани, како Жената во бело.
    Би сакала повеќе да се чита и Емил Зола, Џорџ Елиот, Шеридан ле Фану, туку речи сите мои омилени мртви писатели од класиците.

    Преценето... многу, многу од денешниве... па и некои од класиците. Од никогаш не ми се допаѓала Господар на прстените, Франкештајн или Госпоѓа Бовари. Трилериве денешни со наслови како наслови од мејд фор тиви мувис, посебно оние што започнуваат со “Совршениот/та...“ ми се баш како филмовите што ги споменав, тотален медиокритет. Такво е моето мислење за повеќето жанрови од денешницата, посебно за трилерите, јанг адалт и историски драми.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    12.529
    Добра тема. Кај нас се што е од Таневски, Коста Петров, Лајла, Ана Бунтеска, Лешоски е преценето. Дури да не биле никогаш објавени, не би имало никаква штета за книжевната сцена.

    Потценети се книгите на Блаже Минески ( веројатно голем дел од вас не ги читале“, и на Братислав Ташковски. Реално заслужуваат многу повеќе од она што ги добиле.

    Преценета е Исидора Бјелица. Таа почина на 53 години мислам, а објавила над 40 книги. Нереално. Маркетинг без вредност.

    Скоро ми дадоа две книги од еден Бугарин, Господинов. Двете преведени на 40 јазици, што не е малку. Тотално небитни книги. Во едната од нив, само раскажува за клозети, одење по нужда, како и каде се олеснувал. И тоа е преведено на 40 јазици.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    16.189
    Пол:
    Женски
    Ова за нашите автори конкретно да, преценети се, особено на Коста Петров. Дури имам две книги од него :tmi:, сега малку ми е срам, ама тоа е.

    За мене преценета е Петар Пан, како мала ја читав и ништо не разбрав од нејзе, дали паметот не ми беше во книгата не знам, а важи за доста позната и сакана книга. Ќе треба на старост да ја препрочитам.
     
    На poppie, S.W.A.G и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    12.529
    Од Пауло Коелјо, скоро сите сум ги прочитала, но мене ми се допадна „Алхемичарот“, и „Вероника реши“ да умре. Проблемот на писателите е кога почнуваат да штанцаат книги и да се прекопираат, повторуваат. Ќе направат една, две книги добри, и мислат полетале. И ако некој секоја година издава книга, тоа е знак дека не е тоа квалитетно. Не може Исидора Бјелица да има книги колку што имала години, и тоа да е квалитетно.
     
    На buba4e89 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    На некој преценетите книги не му се допаѓаат, а на некој потценетите книги му се допаѓаат.
    Зависи до вкус.
    Јас ќе речам за една книга дека е преценета.
    Друг ќе каже за истата дека стварно е добра не е преценета.
    Трет ќе каже не треба да ја потценуваат, секој треба да ја прочита.
    Вкусови.
     
    На venus♡, Biljarkata, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.108
    Пол:
    Женски
    Има многу преценети книги, според мене ќе ја пишам 50 нијанси на сиво, невиден бум се направи, а за кратко време и се екранизира па си реков да и дадам шанса, можеби и дека сум љубител на класици па и затоа имам такво мислење.

    е сега потценета не знам дали е вистинскиот збор, би рекла Мојата борба, можеби затоа што автор е Хитлер еден од најомразените ликови во историјата, иако е преведена на многу јазици колку и Библијата, сепак според мене е одлична книга каде има добри замисли како би требало да биде уредувано едно опшество.

    за Гордост и предрасуди се согласувам со повеќето членки кои пишаа пофални зборови
     
    На Tanjamm и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  20. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Петар пан ја прочитав на мои 27 така нешто и се заљубив во книгата :D мислам дека како мала не сум ја разбрала баш симболиката и невиноста во книгава.
    пс-се сеќаваш на крокодилот во островот? дали знаеш дека крокодилот што ги брка децава и капетанов уствари ја преставува смрта, затоа и има голтнато часовник што отчукува цело време (ти истекува времето :D) ...затоа на крај капетанот ќе умре, крокодилов ќе го лапне :D

    ппс- јас незз зашто малиот принц никогаш не кликна со мене, во мои очи е преценувана и омг книгата кој ми го дрпна сирењето :D зошто беше хит едно време ствр незз
     
    На poppie, x-MajaEsposito-x, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.