Не се сеќавам многу затоа што ја читав како дете и едноставно ми беше премногу досадна, очигледно дека не ја сфатив поентата, додека пак братучед ми многу ја сакаше и ја читаше по втор пат. Затоа сакам да ја прочитам повторно.
Калуѓерот што го продаде своето ферари од Шарма е преценета. Многу луѓе ми ја препорачаа и имав големи очекувања, но ништо посебно. Исто беше и со The Secret, додуша не ја ни дочитав неа. Не ми се допаѓаат вакви мотивациони книги и не сфаќам зошто се крева толкава фама за нив. Но, секој со својот вкус претпоставувам. И оваа спаѓа тука да, исто мислиме Не знаев дека вака е преведена кај нас
Ај да пишам мое мислење на темава, ама при тоа не можам да се воздржам да не прокоментирам за делово на Џејн Остин и неговата потценетост. Не е нималку потценето. Ама за помладиве генерации стилот и начинот на изразување, лирските изрази може да се мачни за дочитување. Денес се сакаме набрзинка, одма и сега. Класиците е жално да не се прочитани оние задолжителните по програмата за 4год. средношколкска општо гимназиска насока, а и многу други класици кои не не се ставени во програмата, а треба да се прочитани низ животот. Ете би рекла во денешно време многу се потценети класиците и мотивациските книги, оние за само-помош. Иако за вториве разбирам зошто има одбивност кон нив, повеќето се како од ист калап вадени, иако има фини и не многу обемни Кој ми го здипли сирењето, Подарокот, Една минута за себе од Спенсер се ок. Не се кој знае што со огормен вау ефект ама ок ми се. Ама за преценети морам да напоменам се од Наде Стојилковиќ, луѓе па тоа е даважа и гњаважа, а женава била новинарка со долг стаж. Значи приказнине како од времето на бабите кога си збореле ама онака заостанати размислувања со песимистички меланхолии да ти дојде вени да исечеш, секоја страна една мозочна ќелија изумира. Нема лоши замисли авторкава до толку ама реализацијата, оскуден речник, повторување на тоа па тоа, а содржината блага депресија да те здрма и нормално мора да е се одлично на крај. На странана за критикување на книги реално има една пишано 5ки и даваат само пријателките или оние на кои подарила од нејзиниве книги, шпански теленовели не и се рамни. Книгава Тајната на Алексови ај што е провидна од првиот дел јасно ти е се како ќе заврши туку телефонски именик не и е рамен, до степен да ги згрешила и имињата на некои од толку повторување. На секоја старана име на ликови кои и не се појавуваат само да заземаат простор и да има повеќе редови Дарган Т.-кукле и Марија Ј.-Лајла, Дилајла не знам што да кажам, смешки во црно-бело издание Пишман што сум ги платила, се раздадов по луѓе на кои може се уште им се идоли
Сите книги на Џон Грин се преценети. Ова не се класици, ова се клише тинејџерски книги премногу драматични за малолетници, беа популарни меѓу 2014-16. Имаше и возрасни што ги читаа, не ги осудувам. Been there done that, never a again.
Ве замолувам да ја препрочитате, јас дури сега ја прочитав конечно, навистина ми стана една, можеби и најомилена книга од детскиот жанр. Спојлер -- се изненадив колку всушност Питер е непријатен и негативен лик кој бара мајчинска фигура. Капетан Кука ми беше дефинитивнофаворит. Јас би ви го препорачала македонското издание со зелени корици, целата книга е, ни кратена ни ништо.
Гледам дека Верити од Колин Хувер ја фалат доста, меѓутоа мене не ми остави некој посебен впечаток, не би ја издвоила од повеќето трилери кои ги имам прочитано. Од друга страна мислам дека малку повеќе внимание заслужува "Жената на тигарот" од Теа Обрехт, жанрот е магичен реализам и баш успева да се долови тоа чувство во книгата.
Преценети... Ете од Ден Браун третата, четвртата книга итн... Првите две беа супер, нов стил на пишување, вистински факти измешани со историја, градби, крими приказна...ама откако виде дека тоа му упали кај публиката почна да штанца книги со ист терк, само различни места и имиња. Лусинда Рајли. Прочитав две книги од неа. Супер, ми се допаднаа. Откако прочитав и други од нејзе, сфатив дека и кај она ја користела истата фора. Буквално ист терк на настани, само различни приказни и ликови. Барем има добар стил на изразување и читањето ми е уживање и одмарање на мозок. Класиците се врвни дела од книжевноста и за нив не треба ни да се дискутира дали се преценети или потценети. Ако некој не ја прочитал Гордост и предрасуди, Џејн Ејр, Клетници, Орхански височини и мн. други. - а притоа ми се декларира како читател со тоа што го прочитал Фицек, Баркли, Нора Робертс ич не го ни рецкам да му слушам лични коментари.
За преценети би ги спомнала They both die at the end, The Silent Patient, Shadow and Bone, Red Queen, 12 rules for life, Sherlock Holmes и некои други. Франкенштајн исто ми беше разочарување ама ајде класик е нели, тие се секогаш 50/50. Дополнително кај нас премногу гледам одредени автори, како Колин Хувер и Фицек, и иако ги немам прочитано, уште толку помалку сум заинтересирана. Сегде ги гледам, ми се смачи. Добри книги кои ретко гледам да ги зборат: Orbiting Jupiter, The house on mango street, Salt to the sea, Heidi(знам, позната е ама ретко ја слушам), The wind up bird chronicle( обично други од Мураками се спомнуваат, оваа многу поретко)...
Колиба , како преценета.....Quo vadis Domine? , потценета... Секако вторава е класик и читана од милиони , така да потценета е во моментов само....ретко се случува добра книга да не ја пронајде својата публика...
Задолжителни книги за средно од антика, средновековие, ренесанса, романтизам - мое мислење - преценети од страна на професори и критичари. Сите ги читав од а до ш ама не им ја наоѓав големата поента, дејството ми беше како киша око Крагујевца, со многу непотребни додатоци и досадни, да.Значи сигурна сум дека постојат дела од овие периоди за кои немаме слушнато воопшто зашто ич не се hyped иако можеби се подобри. Е сега да не речете зошто оваа напаѓа класици, само ќе додадам дека од друга страна книги од периодот на реализмот и современа литература ми беа многу многу поквалитетни, едноставно да седнеш да ги читаш и да ти остават простор за размислување, плус имаа покреативно дејство. Од бестселериве да бидам искрена немам размислувано кои се преценети и потценети.Обично кога ќе има книги кои ги купуваат сите, не трчам да ги купам и јас само зашто се препопуларни - од едноставна причина што најпростите книги масовно се купуваат, како што спомнавте што беше пред некоја година со Лајла Грејс, фифти шејдс, афтер итн... Ама сепак почесно место на листата на преценти книги од денешницата морам да дадам на селф хелп книгите чие дејство се врти околу тоа како субјектот што чита е центар на универзумот.Не сфаќам кој со нормален IQ ќе ги чита и ќе се воодушевува, но како што гледам и тие се популарни, особено меѓу мои врсници и генерации во 20ти-30ти. И како потценети би додала македонска литература.Некако ич не си ја цениме.
За наши писатели и нивни книги не знам да кажам оти не ми се достапни и не ги читам. Од странските ги има доста, на пример од Sarah J. Mass серијалот A court of thorn and roses e повеќе и од преценет, исто и Crescent city - House of Earth and Blood, втората книга во овој серијал House of Sky and Breath уште не е ни излезена во продажба а на Goodreads веќе има рејтинг од 4.71, мислам стварно нема смисла. Други преценети книги што ми идат на ум во моментов се: The Invisible Life of Addie LaRue oд V.E. Schwab, The Song of Achilles од Madeline Miller, Mexican gothic од Silvia Moreno Garcia. И книгите на нај читаните кај нас Л.Рајли и К.Хувер.
Преценета: Горски Венец - П.П. Његош Потценета: Луча микрокозма (Светлината на микрокосмосот) - исто од Петар Петровиќ Његош За вселената и настанокот на човекот. За предегзистенцијата и падот на божествената душа во материјата. Spoiler Адам бил создаден како бемсртен дух и еден од раководителите на ангелските легии, далеку пред настанокот на планетата Земја која пак никогаш не била рајска градина туку место за издржување на казна на отпаднатите ангели кои станале луѓе. Његош го возвишува обожавањето на сонцето и светлината како највисока форма на претхристијанска религија, а потоа зборува за доаѓањето и воскресението на Христос. Земајќи в предвид дека Његош бил православен монах ова се многу невообичаени и различни видувања во однос на православната теологија.
@La Stilla, дали ја имаш прочитано Петар Пан во Градината Кенсингтон? Многу тажна, посветена на дечињата кои никогаш не пораснале. Што се однесува до темата, преценета во рамки на Македонија ми е македонската литература, особено делата кои се обработуваат во средно. Во повеќето истиот мотив се повторува, патриотизам, народот "наш" прост и намачен, соседите и останатите од регионот зли, западот изопачен. И да содржи делото некоја друга порака, таа поминува незабележано оти авторот се фокусирал на сеење родољубив сентимент и претставување на црната македонска судбина, божем смислата на нашите животи е Македонија. Четива исполитизирани од алфа до омега, тешко оди поврзувањето со ликовите.
Toa e така, оти ние реално книжевност немаме со векови, туку од вчера што би се рекло. Додека во Европа, Французите креирале правци во уметноста, книжевноста, имале врвни имиња, кај нас народот бил под турско ропство. Јас имам тетка која е жива и завршила само 3 одделение по своја волја. Не сакала повеќе да се школува, не и одело, а тоа било пред 50 години. Ние сме многу уназадени во секоја сфера. Тие се тие автори, се инспирале од турско ропство, и за тоа пишувале. Еве мене Славко Јаневски не ме воодушеви. Ние сме мал народ, немаме ние илјадници познати автори, па да имаш да бираш лектири и да ги внесеш во програма. И мислам дека и во регионот е така. Се што се обработува во школо како да е претешко, да се разбере, сафти, анализира. Мене Ана Каренина ми беше досадна. Преобемна. Додека ја читав запишував што сум прочитала, фаќав белешки, оти не прашуваа во детали. Пеколот на Данте исто. Досадни книги се обработуваат во настава.