Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потценети и преценети книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Dream-Girl, 3 ноември 2021.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm

    Убаво пиша македонската литература е таква каква што е и е резултат на таквото опшество, мачниот живот, поробувањето, за разлика од останатите земји кои ја доживеаа преродбата, хуманизам, ренесанса, романтизам, барок… тоа се одрази не само во архитектурата туку и во уметноста, е сега за класиците има и причина зошто се нарекуваат така, зошто се безвременски, книги напишани од пред неколку века, содржината се однесуваат за опшеството, за политиката, за лакомоста, парите, за копнежот, идеалите, а истата состојба ја живееме и ден денес и нималку е поразлично (Сликата на Доријан Греј, Коцкар од Достоевски, Злосторство и казна, Ревизор од Гогољ, Данте кој има прекрасен опис на пеколот, рајот и чистилиштето…)

    според мене грешката е во професорите по македонски јазик и до нивниот пристап, треба да ги натераат учениците да ја сфатат суштината на класиците, а не само пасивно да испрашуваат за секоја страна подробно. Ние имавме прекрасен професор каде присуството на час беше задоволство и уживање
     
    На warrior, supergirlmb, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    3.559
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е за Петар Пан како може да ви е преценета, единствената книга која како мала па и ден денес ја имам прочитано повеќе од 2 пати. Али океј не сме сите исти :D

    Можеби ќе бидам офф топик но не е ствар на вкус читањето (зборам за возрасни луѓе). Ако си прочитал врвни класици нема сигурно да паѓаш во несвест на книги како што пиша некој пред мене "турски серии". Овие книги се обожувани од младите зошто тренд е на инстаграм да се сликаш со таква книга .. и евентуално да ја прочиташ. Што пак боље ишта него ништа.

    Он топик:
    Се согласувам дека се преценети сакам книги. Потценети има премногу.
     
    На Idedemja и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Изговори, изговори.... Не прашав зошто е тоа така (ни дали морало баш да биде така, патем), напишав мислење што јас доживувам како преценето. На писател не знам што му е работа, ако не да ја активира фантазијата и да покаже нови видици кон животот. Уште и афирмирани автори....

    Ниту дека се лектирите генерално досадни не се согласувам, ниту дека беа тешки.

    Инаку, има ретко и македонски книги кои не се лоши, ама само толку. Ништо фасцинантно кое ќе ме плени па години подоцна ќе се навраќам, ништо groundbreaking, иако некои луѓе сосема спротивното го мислат за македонската литература целокупно, а нема објективна основа нивниот став.
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Не се изговори, туку ти кажувам дека додека другите нации добивале магистри, имале буржоазија, нас овде Турците не набивале на колци, и тоа си се одразува во книжевноста. Писателот може да вклучи фантазија, ама ќе направи бајка, а не реален роман. Нормално дека нашите писатели пишувале за тешката судбина на народот, а не за Кралицата Елизабета. Блаже Миневски има роман „Нишан“ за војната во 2001 година. Тоа не го напишал за да ни билда патриотизам, туку темелно истражувал, собирал факти, работел со години на еден роман и пишува за љубов помеѓу Македонец и Албанка. Животот ги пишува романите. Тој има еден нов роман во кој пишува за владеењето на СДСМ и ВМРО, ама ги нарекува сусамџии и семкари, и се така, без именување. Не пишува за Макрон, туку за нашево општество.

    Јас сум читател со долг стаж, и можам да кажам дека лектирите кои се досадни се бирани така оти кај нив имаш метафори, хиперболи, и ред други стилски фигури, а ако не беше така, ќе ни ставеа мотивациски книги за лектири, тие се боза, ги читаш без умствено ангажирање.

    Севкупно да се собере, ние имаме 20 или максимум 30 квалитетни автори сите овие години. Тука се Петре М.Андреевски, Анте Поповски, Рацин, Караманов, Маџиров, Венко Андоновски, Миневски, Ташковски, Радован Павловски, Клетников...
     
    На BubbleBum94, elimkd, x-MajaEsposito-x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Eте ти ми ја сфати поентата оти имаш познавање. Нас јазикот доцна ни е кодифициран и до ден денес оспорен, а каква книжевност треба да има народ од 2 милиони? Петре М.Андреевски пишува баш за црнила, ама така живеел народот. Ќе се роди дете ќе умре, ќе се роди второ ќе умре, па ќе и умре стоката на жената, па нема од што да живее. Па мажот и загинал во војна, пак стресови. Тоа била судбината на народот и не е погрешно да се пишува за тоа. Печат на времето. Многу автори пишуваат историски книги, ама не е тоа така лесно, туку истражуваат со години. Секоја импровизација се гледа. Во историските книги простор за фантазирање скоро и да нема, оти ќе испадне несмасно и смешно.

    Мене и Меша Селимовиќ ми е преценет. Читав една книга од него, не се ни сеќавам како се викаше, нешто за Комунистичка партија, абе едвај ја дочитав.

    Дениција на Петре М.Андреевски ми е книга на која можам да и се вратам 100 пати и да не ми е здодевна.

    Инаку, во право си за професорите. Повеќето се површни. Мојата професорка во Гимназија беше супер, ама другите тотално не си ја знаеја работата.
     
    На elimkd, x-MajaEsposito-x и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Колку е ова точно. Пред некој ден ја видов мојата професорка по македонски јазик од гимназија. Жена во пензија сега, ама таква љубов ми створи кон тие дела кои ги работевме,со каква страст ни предаваше за македонската литература, исто за руските класици. Само што проблемот е што јас бев во нашиот клас единствената која ја читав таа литература и која дискутирав со професорката. Во мкд литература има толку прекрасни зборови, толку метафори (мојата омилена стилска фигура ). На пример јас уживам да го читам Кочо Рацин и така натаму иако ја опишуваат војната и тешкиот живот на многу убав начин се пишувани. И да мислам дека премногу се потценети некои такви "длабоки " книги,додека секако преценети се овие со иста приказна на различен начин ама имаат добар маркетинг и се продаваат. Само најважно е некако да се всади чистачката култура...
     
    На S.W.A.G, Tanjamm, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Во средно имавме професорка по македонски јазик која за книгите не прашуваше како да испрашува за лекција, плус и биографиите на писателите ги учевме на памет. Наместо тоа можеше да се потруди да ни ги доближи и да не прашува што највеќе ни оставило впечаток од прочитаното, за наше лично мислење.
    И мене ми беа одбивни книги кои прикажуваа пред се мрачна страна на нашата историја, колку и да е реална, бидејќи ја споредував со лектирата за Гоце Делчев што ја прочитав како помала каде што за мене како дете беше претставен како суперхерој и ми беше интересна :D Дома, пак, ја имав "Огнено семејство", книга за неговата фамилија и покрај тоа што имаше тешки сцени (буквално беа опишани мачења), главен акцент беше на борбеноста, на пркосот, ми даваше чувство како да гледам документарец.
     
    На Tanjamm и elimkd им се допаѓа ова.
  8. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
    Еве и мое мислење на темава. Прочитав се што сте пишале и би рекла дека со некои мислења се сложувам со некои не, но тука е веќе прашање на вкус.

    Во основно и средно ги читав сите лектири и мислам дека има или барем имаше (сега не знам каква е програмата) добар избор на литература и македонска и странска. Па ден денес се навракам на Чичко Горио и Клетници. Единствена книга која едвај ја прочитав и не ја разбрав во тоа време беше Процес мислам дека беше од Кафка. Но сметам дека премногу не оптоваруваа со непотребни работи како на пример да ја знаеме цела биографија за писателот, а не се обрнуваше доволно вниемание на самата содржина на книгата.

    Руските класици не се за џабе класици. Кога ги читам како да сум таму на лице место, толку убаво опишано во детаљи. Греота е во еден период од животот да не се прочитаат. Но сепак сметам дека не секоја книга може да се разбере како што треба на „млади години“. Лектира која е задолжителна не секогаш е интересна за читање баш заради тоа што е задолжителна. Конкретно Ана Карењина како лектира ја доживеав многу поразлично одколку кога и се навратив да ја читам повторно кога веќе бев повозрасна и оформена личност.
    Лично мене ЗАСЕКОГАШ ОМИЛЕНА книга ќе ми биде Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков.

    Некоја членка спомна дека и бил преценет Меша Селимович. Јас лично многу го сакам како писател, но книгите му ги читам на српски. Конкретно за Дервишот и смртта книгата на македонски и книгата на српски како сосема различна книга да прочитав. За жал нашиот јазик не е толку богат со зборови и некогаш преводот е многу лош и не може да се долови смислата на пишаното.

    Од новиве да речам популарни писатели многу фама се крена околу Донато Каризи. Една книга сум прочитала се измачив додека ја прочитав и искрено не би читала повторно од тој автор. Истиот впечаток го имам и за Јелена Бачиќ Алимпиќ.

    Лусинда Рајли ми е лесна за читање. Не е ништо особено сите книги се на ист принцип, единствено што ми се допадна од серијалот за Седумте сестри што барем сите беа од различна страна на светот па нешто ново можеше да се сретне во книгите, иако приказните беа да речам по ист терк пишувани. И не само тие книги туку и останатите нејзини книги кои не се од овој серијал се пишувани на истиот начин сегашно-минато и некако однапред може да се претпостават некои работи, нема доволно мистерија и лесно се забораваат. Сега да ме праша некој како беше приказната за таа и таа сестра на би знаела точно да кажам иако сум ги прочитала. Но за олбавување на мозокот се ок.

    За разлика од нив Зафон ми остави многу убав впечаток. Доволно мистерија има во неговите книги за мој вкус, убав речник, интересно испреплетени приказни и ликови.

    Од македонската литература како автори би ги издвоила Венко Андоновски, Божин Павловски, Петре М Андреевски, Рацин.
    Винка Саздова на пример не ми остави некаков впечаток, многу рамнодушна останав. Недовршени приказни, недоречени некако.

    извинете на долгиот пост :D
     
    На Dancewere и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Членката има познавање, туку мојот сомнеж е дали ти имаш прочитано повеќе од три светски класици настрана од наставната програма во средно, со оглед на тоа што времето ти поминува со сите можни македонски автори. Ако мислиш дека низ светот течел мед и млеко додека Македонија била под ропство, за 50 или 100 години подоцна, се уште главен мотив на авторите со кој читачката јавност ќе се занимава да им бидат ропствата, тоа доволно те издава.
    Чарлс Дикенс (на кого му недостасувало формално образование), немал некое лесно детство, живеел во сиромаштија пред да се прослави, што го натерало да стане борец за правата на обесправените и во таа насока да ја подигне и видоизмени општествената свест, ширејќи хумани вредности преку своето творештво. Никој тука не ти ја споредува В. Британија или Франција со Македонија (освен ти самата во повеќе теми), ама почни да размислуваш надвор од кутијата пред да реплицираш.
    А си чула за нешто кое се нарекува индоктринација?

    И напишав дека мене лектирите ретко кога ми беа досадни (со исклучок на Странствувањата на Чајлд Харолд што не ја прави преценета книга, туку со мене не кликна!), ниту тешки за разбирање, таа ме цитира да ме демантира колку биле лектирите досадни и и било напорно да ги обработува. Твој проблем, Боже Господе.
    Како Дракула од Брам Стокер или Кармила од Ле Фану, потполно реални доживувања. :D

    Народните приказни собирани од Цепенков се покреативни од тие "жална македонштина" романи кои го убиваат духот (бог да чува), а ги воспеваш и "ми забрануваш" да ги сметам за преценети. Мое право е.
     
    На Shia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Тука богами наведов што сум читала, и Господинов, Селимовиќ, а и другите не се Македонци. „Бадем“ од Неџма се важи? „Пустински цвет“, „Принцезата Султана“, „Младата невеста“ од Барико. Тие не се Македонци, девојче. Сум читала и странски автори, аман што толку мислиш дека некој се кара со тебе. Сум читала и српски, и бугарски, и полски, и турски, италијански, латиноамерикански, израелски автори. Македонските автори кога пишувале за турско ропство, немале намера тебе да ти сеат патриотизам, или на некој друг. Ако бараташ со кобис ќе видиш дека мотивациските книги се 10 пати почитани од историските. Јас ако сега пишувам книга нема да знам како таа ќе помине по 50- години и не гледам намера да нешто се „сее“. Орхан Памук пишува за судир меѓу радикален и умерен ислам. Тоа е неговата Турција. Омилениот мој Пабло Неруда си пишува за цело општествени политичко уредување во Чиле. Кој од каде е, за тоа пишува.

    Народни приказни и современи романи не се споредуваат. Едното е од народот, само собрано и ставено на хартија, а другото е авторски труд, со конкретен автор.
    Не си информирана, денес не пишуваат за турско сопство современите автори. Тие што пишувале за тоа или се починати, или се во длабока старост. Кој денес пишува за тоа?

    Читам македонски автори, сакам да знам дали имаме или не квалитет. Си разменуваме мислење со една критичарка. На секои 5-6 македонски, земам по 1 странска да речеме. И Македонија нема милиони автори, па да не можам да стигнам да читнам и нешто странско.

    Ти не ми го сфати муабетот. Членката погоре сфати. Кога Европјаните уживале во опери, балет, сликарство, ние сме немале кодифициран јазик, сме живееле поробени, и нормално дека 5 автори кои пишувале за турско ропство ќе бидат бум, друго и немало.

    Слободно сметај ги за преценети, кој ти брани. Дел од нив се навистина добри, тука би ги спомнала „Ако даде Бог“, и „Кафез од гревови“.
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Ако размислиш малку, можеби ќе ти текне дека тие собрани народни приказни датираат од турското ропство кое твоите омилени автори надолго и нашироко го разглабаат, одново и одново.

    Да, само што Македонците се како од демон опседнати од Македонија :yawn: и тоа го гледаме насекаде околу нас, не се потребни најфорсираните и најценетите македонски книжевни дела за да се сфати. Човек би помислил дека истакнати интелектуалци би требало да следат поинаков патерн во главите, но....токму спротивното, тие сносат соодветен дел од вината зошто се состојбите онакви какви што се.

    Околу индоктринацијата, мислам дека не ти е најјасна како поим ниту во пракса. Не дискутирам што ли си мислел авторот кога пишувал, ова е сепак тема за преценета/потценета литература. ;)

    Ох, ти се молам. Зеде реферат да пишуваш за нешто кое не бара додатно објаснување, оти сите го знаат.

    Едит Те молам не ми споредувај нобеловци како Орхан Памук и Пабло Неруда со македонските книжевници. Повеќе од доволен беше "Франција" муабетот.
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
  12. maia.

    maia. Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Он топик: Се забавувам кога ја читам Румена Бужаровска, ептен ми прија кога понекогаш треба да ги проветрам мозочните фиоки. Осуда на паланката, остроумни забелешки за положбата на жената среде патријархатот - ред иронија, ред цинизам. Ми се доаѓа и стилот, концизен, без многу испливувања од намерата (иако сум забележала дека таквиот стил стана тренд во современата книжевност, сè повеќе автори имаат непосреден израз). Тука застанува(м) - not great, not terrible. Дали вреди за неколку исцрпени тиражи на македонското издание; превод на регионалните јазици, на италијански, германски и англиски јазик и неколку актуелни театарски претстави? Не. Да испишам во тефтер наслушнати приказни за познанички и да соберам кажувања на блиски жени, нема да добијам ништо поразлично од „Мојот маж“.

    Оф топик: Јас доаѓам откако помина жижата, но дискусијата ми се чини премногу интересна за да ја одминам туку-така. :)
    Развитокот на нашата литература може споредбено да се гледа само со книжевностите од регионот. Направете споредба помеѓу Левстик, Ковачиќ, Станковиќ, Вазов и Стале Попов. Секако, постојат нијанси помеѓу, но темите кои се обработуваат можат да се сведат на една универзална (тука морам да ја искористам формулацијата на Аргентина) - народот "наш" прост и намачен. Но, во никој случај, не смее да се поткопува значењето на истите. Дали мене ми се допаѓаат „црнилата“ или не, нема апсолутно никакво значење по важноста и квалитетот на делата. Не може да настане модерна ако претходно не постоела тенденција кон реализам, секоја национална литература мора да го помине истиот развиток. Маката, тука, е во временската разлика помеѓу. Вазов ја афирмира бугарската литература во 1894, а „Крпен живот“ е објавена во 1953. Вистина е дека во поглед на литературата од блиското сосетство, нашата е најмлада. Хрватска и Словенија веќе ја истрчале патеката додека Македонците се уште во позиција на низок старт и ова е резултат исклучиво на историско - општествената слика, мислам на јазикот и црковните училишта. Историјата на македонскиот јазик е долга, да, ама периодот на одделување на нискиот од високиот стил доаѓа (по)доцна. Затоа нашата книжевна преродба се случува во време кога Србите се длабоко навлезени во реализмот.

    @Аргентина * , никој не ти го одзема правото на мислење ама велиш дека
    а самата не понуди ништо освен субјективен впечаток. Не прочитав со пример да го поткрепеш тврдењето, лупам, „Според мене, Петре М. Андреевски е преценет (затоа што...)“. И мене донекаде ми пречи вечната тема на доброто наспрема злото (читај меѓу редови: македонецот наспрема сите) ама за почеток, низ целото творештво кај Урошевиќ, на пример, нема ни м од македонштина. Претпоставувам дека твојот впечаток главно се должи на битовиот реализам и поезијата на првите генерации (Конески, Шопов, Јанески, Тодоровски, Матевски), а можеби и грешам. Ама неколку писатели не се парадигма за целокупната книжевност.
    Македонската литература има одлични дела (тука никако не ги изземам и горенаведените автори) - расказите на Дурацовски, Чачански, Прокопиев, Ќорвезироска, Мартиновски, Гроздановски; од поезијата на Поповски, Павловски, Ренџов, Ѓузел, Христова-Јоциќ, Дирјан до најновата на Маџиров, Хорват, Кујунџиски, Здравески и Дамјановски; романите на Венко Андоновски, Димковска, Смилевски, Пармаковска, Стојановски, Петар Андоновски; драмите на Чашуле, Стефановски, Мирчевска и Дуковски. Сè од наведеното е дел од (пост)модерната и современата, тековна продукција, а ако гледаме од зачетокот, лично сметам дека имаме и врвен романтизам за кој се заслужни Миладинов и Прличев. Само...полесно е да зборуваме општо.
     
    На Mentalna85 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    71.733
    Пол:
    Женски
    Се што се врти низ книжевниве групи од Лусинда, Дороти и остала компанија е преценто според мене. Се согласувам со @Dream-Girl дека многу класици се потцените барем во македонските книжевни групи, а членувам скоро во сите.

    Македонски автори имаме добри ама ние не знаеме да си го цениме нашето: Петре, Венко, од поновста генерација Петар, Румена, Дијана Петрова…

    Издавачка куќа што секогаш имаат добри книги за мој вкус Или- или
     
    На 54321, Kanya, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Делам мислење за Румена Бужаровска. Не ја спомнав тука оти ја спомнав во друга тема за книжевност. Имав исто чувство кога ја читав „Мојот маж“, и живо се сеќавам на секој расказ. Тоа се приказни од нашето секојдневние. Ја читав и новата „Не одам никаде“; но таму ми пречеше затоа што намерно има жаргони, за што авторката на крај пишува дека намерно користела нестандардни зборови. Новиот „Аб'т“ на Ќорвезировска е одличен. Може филм да се сними по него. Таа има и добри раскази. И не сметам дека е маана, ако јас читам македонски автори. Што е тука лошо. Сум го читала и Назим Хикмет, и Дагларџа, и Вислава Шамброска, и Октавио Паз, Кавабата, ама сум читала и Мартиновски, Ѓузел, Лилјана Дирјан, Смилевски, и не знам која е поентата на муабетот „излези од кутијата“, од погоре, освен лична навреда. Споредив со Британија, Франција, оти тоа се земји со традиција, не како нашата држава која е релативно млада и стагнира на секое поле.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Инаку, не се само Македонците тие што пишуваат за македонштина. Љубомир Левчев си пишува за Бугарија, награден на СВП, Гркот Одисеас Елитис, еден од најпознатите грчки поети, во секоја трета песна Грци, Грција, Олимп, а Албанецот Исламил Кадаре кој не успеа за малку да земе Нобелова, цела книга има за Албанците, кечињата, Албанија. Дали е тоа национализам? Јас не го доживеав така. Стреланиот Вапцаров си ја споменува Македонија, и дел од неговите песни навистина многу ми се допаѓаат. „Се викам Малала“, Нобеловката си пишува за тоа како живееле во долината Сват во Пакистан, и како жените јаделе ќотек како магарици, и тука нема црнила, или не знам што, тоа е реалноста. Курдите пишуваат книги какви притисоци имаат во Турција, не смеат да кажат кои се и што се, и ако не читав книги од автори Курди, можеби на овој податок немаше да верувам.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Како ли ти се измолкнаа националните мотиви кај Чашуле и Стефановски, Дуковски? :?:

    Јас не кријам дека не читам македонски писатели одамна. Ништо кое фатив во рака од матура не ме привлече со оригиналност и читам книги на странски јазици оти и онака доволно време губам со македонскиот во секојдневието. Нема тука да пишувам осврти за Петре, кога ќе најдам тема за него, таму ќе пишувам. Еве, последно го читав Венко Андоновски и не сум воодушевена, ОК е онака. Тука јас завршив со македонска литература. А за таа погоре која напиша дека сум неинформирана и дека "пусто турско" темите се напуштени со смртта на Стале Попов или така некако, ова не е роман од 2010 год.?
    И како да се помами човек (јас во случајов) по македонска книга повторно?

    Патем, од Борисав Станковиќ сум задоволна, не би го споредила со она кое ни се сервира од македонските автори, но тоа сум само јас.
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Човекот не е млад македонски писател, туку е пред пензија. Денес младите како Петар, Фросина, и слични не пишуваат за турско ропство. Да не го спомнев, веројатно немаше да знаеш од која година е, а може и да е реиздание. Оти ако има интерес, се препечатува. ( ете гледаш ти се информираше во меѓувреме)

    Тaшковски не е само писател, туку и поет. Ако не сакаш трагедии, „Цртани жени“, е добра. Поезија, љубовна, со еротски елементи, ама многу фино и културно срочено.
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Е фала на препораката, ама како заклучи дека не сум по трагичните приказни, белки не така што го пофалив Станковиќ? :D(феминизам многу пред феминизмот да биде кул на Балканот бтв)

    Види, тоа дело Кафез од гревови може да е навистина квалитетно, ама темата човече... :rofl: И се знае што ќе се памти од таа книга, што друго и да има внатре.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Немој да се лутиш. Абе јас те убедив да гласаш, еве кај и да е ќе те убедам и книги за пусто турско да читаш. Шала на страна, јас од еден автор ако најдам зајмувам не само една, туку повеќе книги, оти ако едната е почетничка, сигурно е слаба, ама другите се подобри. Јас во три реченици ти раскажав што се случува, но има внатре и многу убави описи, средби меѓу заљубените, жена што јава коњ и глуми Турчинка, а е потурчена. Инаку, Ташковски сигурно патувал и во Турција за да ја напише книгата, мене така ми делуваше.

    На линкот подолу може да се пребарува во базата на македонските библиотеки, што и каде има. Многу корисно. Јас ова го користам за да бидам сигурна дали ја има некоја книга.

    https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/search?q=Кафез од гревови&db=cobib&mat=allmaterials

    Инаку, што мислите за Шарл Бодлер? Јас за него би рекла дека е малку преценет. Сум го читала во оригинал на француски и на македонски. Ако читате „Цвеќиња на злото“, ќе видите дека на македонски дури има и рима. Споредив на француски, преводот е изместен од место. Професорката рече „тој што преведувал, си правел адаптација“. Која адаптација тотално искривил се. Звучно има преведувач, ај да не го ругам го спомневате погоре.
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
  20. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    71.733
    Пол:
    Женски
    Може си пишала некаде ама чисто од љубопитност би сакала да знам кои книги се според тебе добри, автори?