Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потценети и преценети книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Dream-Girl, 3 ноември 2021.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    10.559
    Пол:
    Женски
    Јас пак не читам рецензии за книги на кој како и колку му се допаднала за да земам да ја читам.

    Секогаш ја читам содржината на корицата и според она ако ми се допадне ја земам. Многу често кога ќе прочитам некоја книга која не ми се допаднала, е тогаш читам рецензии за она што другите напишале, и сепак сфаќам дека се е до вкусот на самиот читател.

    Јас дури и од ,, најлошата" книга пронајдам нешто поучно, која не е залудно прочитана.
    Мене до сега најдосадна книга ми е Јапонскиот љубовник, за која срам ми е да кажам колку време ја читав, ја читав во паралела со други книги, за да не ја оставам, ама сепак ја прочитав. А за оваа книга има толку фалби, што сепак и до мојот вкус е. Колку луге толку вкусови, и за тоа не можам да речам некој кога ќе пофали книга, што нашол баш во таа книга.
    На сите читатели книгите ни задржуваат внимание на различен начин и поради посебни испишани страници.
    Еве јас ретко читам трилери, не дека ич, ама многу малку, затоа што додека ги читам некои се толку крипи, што на мене во стомак ми се превртува и ме дрма паника додека се соземам дека тоа е сепак само книга.
    Некои пак уживаат во ваквите приказни..секој има различна перцепција што ќе му го задржи вниманието. И освен тоа јас овде имам многу малце избор на книги да купам, во споредба она што во Ск го има. Дури и на страните на интернет изборот е ограничен. Поради тоа и она што го читам гледам да ми е по мој избор, без префалени страници..
     
    На MeowMeow и Cka им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Oд младите македонски автори, ако ве има велешани, а сигурно ве има на форумот, Игор Крајчев е надежен автор. Поезија мелем за душа. Издржано од прв до последен стих.

    Инаку, сега се сетив на една анегдота. Да ви илустрирам колку народот знае, чита и е информиран. Ми се јавува една писателка и ми кажува дека му дала своја книга на Гане Тодоровски, па го барала по месец дена да го праша за впечатоци, му се јавила, и тој молчел, бил љубоморен според неа, не сакал да ја пофали. Гане е умрен одамна. Не и кажав ништо да не и го скршам филмот. Сигурна сум дека голем дел од населението по завршување на образованието, книга не читале. Мене лично многу ми помага оти и така работам интелектуална работа каде изразувањето е важно, па мислата тече кога имаше поголем фонд на зборови. А и уживам да читам, посебно сега во овие студени денови со корона.
     
    На elimkd и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. maia.

    maia. Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Се сетив и на потценета книга - „Храпешко“ на Ермис Лафазановски.

    @Аргентина * , никаде не реков дека треба да пишуваш осврти (за Петре). Посочив дека критизираш, а никаде не даваш пример. Ова е исто како да кажам - „Не сакам руска литература. Русите ептен ја тупат со детали, напорни ми се до бесвест.“ Реалноста е дека сум ги прочитала само трите задолжителни лектири во средно и плус уште некоја новела. Цело творештво на писатели од различни периоди го ставам на куп со етикета „замаранти“. Помеѓу Тургењев и Газданов постои баеги (временска) разлика.
    Национални мотиви во „Вејка на ветрот“, „Хај-фај“ и „Друга страна“? Како репрезентативни примероци ги земаш „Црнила“, „Диво месо“ и ... извини, за Дуковски стварно не можам да погодам накај целиш. „Балканот не е мртов“? Нема ни тука. Секако, како противаргумент стојат пар цитати - пр.: Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Воздивнувате по Германија, а таткото што ги изгубил нозете да направи куќа е помија кој не знае два и два. - кои истите шовинисти одново и одново ги верглаат кога им треба поткрепа да подгреваат национализам ама веројатно не треба да кажам дека се извадени од контекст.
    Квалитетот на едно дело, меѓу другото, се гледа кога дејството и содржината ќе се отцепат од просторот и историското време. Дали се работи за Младичот и убиството на Ѓорче Петров или за други двајца на некоја спротивна точка од картата на светот е неважно. Ликот на Луков, како поединец, функционира и во Македонија и во Узбекистан и во Франција, и сега и пред еден век. Да беше надмината основната тема, веројатно немаше да ја има ни „Црнила remixed". Сепак, тргнува од оригиналниот текст, не?
    Книжевноста има функција и да памети, да се сеќава, не (само) да ја активира фантазијата. Историографската метафикција на Колбе и темата за егзодусот на Егејците е ужасно важна во општествена смисла. Лична преференца е дали и како ќе ја читаш. Раселеноста е предмет и на имаголгијата ама што можам јас ако некој(а) чита еднонасочно и спори строго за политичкиот момент? Дали тоа ја намалува уметничката вредност на делото?
    Ако наоѓаш феминизам кај Станковиќ, по таа линија, барај и кај Попов. Колку што има кај Софка, толку има и кај Доста.
    :)
    Некој период го бојкотирав Бодлер, никако не можев да сфатам како „Албатрос“, па и целиот постулат на симболистите е релевантен. Подоцна, повторно си дадов шанса, овој пат ослободена од притисок. Ги исчитав и Маларме, Верлен и Рембо (каков генијален лудак). Ја сфатив важноста ама поезијата не ми залепи, џабе. Продолжив со надреалистите, за на крај да заклучам дека мене едноставно не ми лежи францускиот модернизам. Се трудам да сум непристрасна ( :D ), но навистина не мислам дека е до препевот. Бошковски и Гилевски се задолжени за останатите двајца, а мене впечатокот не ми се промени.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626

    Не, во никој случај не е до препевот. Реално тој што преведувал од француски на македонски исфрлал еден и ставал друг збор, со цел да се римува во македонскиот јазик. Ама па така тој создал прекроено дело, а звучно име е преведувалчот, и жив е се уште. Е сега, дали биле фаворизирани некои преведувачи со цел да земат хонорари од Министерството за култура, а не биле доволно стручни, не знам. Но, делото го искасапил. Го читав и на француски, и ништо специјално не е. Жак Превер ми е подобар од Бодлер. И Фернандо Песоа е одличен поет. Хусто Хорхе Падрон исто многу добар ( почина неодамна, и е македонски зет инаку, тоест беше). Според мене, личен вкус е ова, но мене поетите од шпанско говорно подрачје ми се омилени, најдобри ми се. Абе такво романтично пишување, такви метафори, компарации врв. Милина. Младите кај над задолжително да го читаат и Ацо Караманов, да не дозволат да биде потценет. Германците го убиле на 17 години во Смојмирово, ама каква зрела поезија оставил, треба да се памти.
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.378
    Пол:
    Женски
    Преценети ми се сите до една од Колин Хувер.
     
    На eliesaab, MeowMeow и ane.bella им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    @maia. Сфаќам дека вокација ти е македонскиот јазик (македонската книжевност), твој избор, не наметнувај како јас не сум во право, ти си.

    Феминизам не најдов кај Софка (разгалена девојка од пропаднато семејство, кое живее во лажниот сјај на старата слава), туку кај Станковиќ. Штом се задржа на тоа дело, Нечиста крв е книга за паметење, како и пресвртот кој ја руши идилата и надежта за среќен крај, додека Крпен живот е најдосадната книга на Стале Попов од сите негови што ги имам прочитано, прашање е еден месец дали помина откако ја прочитав и ја заборавив, воопшто не се сеќавам на тие ликови. Требаше да ја вбројам поназад меѓу ретките досадни лектири.

    Вејка на ветрот? Сиромашна млада Македонка омажена за стар дијаспорец, печалбар, тоа беше капислата. Житолуб и Црнила се крајно политизирани драми, јас не го менувам контекстот, туку е тој, целта е читателот да се запознае со врховистичкото зло. Диво месо ли ја извлекувам од контекст, каде припадници на други народи се прикажани како изопачени/зли, а Македонците само како поводливи и со лоша среќа?

    Јас не велам дека тие книги се чкарт, јас чкарт книги не задржувам во раце, туку дека се под рангот на светските класици. Покрај етноцентричноста, не ми се комплетни, нешто отповеќе им недостасува и не сакам да го губам времето со нив. Со еден збор - преценети. Мене свовремено ми се допаднале и Црнила, и Црно семе, и Пустина и Диво месо, ама подоцна сфатив дека најокеј од тие задолжителни македонски четива, веројатно беше Парадоксот на Диоген.

    Руските класици го имаат освоено целиот свет и и покрај сознанието колку била и е Русија "омилена" на запад, рускиот литературен придонес останува длабоко почитуван и ценет. Е па во тоа е вредноста на уметноста.

    А и што се објаснувам на форумот. Нека се прочуе низ цел свет автор од Македонија и нека остави меѓународен печат, тогаш можеби ќе почнам да читам македонски дела повторно.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Има автор кој е прочуен во цел свет. Никола Маџиров од Струмица. Преведен на 40-тина јазици. Жив е се уште, роден 73-та. За споредба, Пауло Коелјо е преведен на некаде околу 45 јазици. Значи со препев на уште 5 јазици, Маџиров го стига Коелјо, кој е светски познат. Тоа не е мала работа. Јас пишав со една Мексиканка, и и објаснувам каде е Македонија, дека е на Балканот, и таа ми вели „Тања, знам, јас го запознав Маџиров и многу го ценам“. Пишувам со Турчинка од Истанбул, да и ја пофалам поезијата, и вели „јас го знам Маџиров, и уживам да го читам“. Веројатно 90% од народот поим нема кој е Маџиров. Ако ги согледаме сите факти, и тој е потценет од морален аспект. Финансиски доби државна пензија, и тоа е ок, сосема заслужено. Но, еднаш не им текна да го викнат на интервју во некоја национална ТВ, и еднаш не им текна да го стават на чело на СВР, оти има контакти, и ако не друго, ќе покани квалитетни луѓе. Не да учестува на СВП, туку да го раководи фестивалот. Инаку, еден политичар неодамна спомна дека „Преместен камен“ е најдобрата книга поезија која некогаш била објавена во Македонија, што искрено ме изненади дека и меѓу политичарите има начитани луѓе.
     
    На Nadja_85, crimson, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626



    Ова го слушам сега. Паметни работи кажа Венко. Кога Македонците го кренале Илинденското востание, истиот ден браќа во Америка го прават првиот лет со авион. Ги спомена и руските класици, кажа каде сме ние во однос на нив. Многу сакам вака да изгледам некое интервју со некој ПИСАТЕЛ, а од квази писатели не прифаќам мислења како веродостојни.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    24.912
    Преценети ми се "To The Lighthouse" на Virginia Woolf, "Of Mice and Men" на John Steinbeck и "Carrie" на Stephen King. На тие ми текнува во моментов. Екстра досадни книги со ништо посебна порака.
    Не ми текнува на потценета книга во моментов, но гледам напочеток се зборувало за "Frankenstein" на Mary Shelley и сакам да кажам дека е една од подобрите книги што ги имам прочитано. Пред да ја прочитам мислев дека знам за што е, но испадна дека не сум знаела. Многу ми се допадна, ептен уникатна приказна, одлични прашања што ги мачат и докторот и чудовиштето, добар осврт кон човештвото. И башка супер опис на пејсажи, убаво раскажува Шели.
     
  10. Cucueta

    Cucueta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Преценети ми се сите книги од: ,,Сакам книги”, ,,Книгохоличари” и сите комерцијални лимонади кои се вртат во книжевните групи на фб.
    а, потценети сите класици. Ретко кој чита квалитетна литература сега. И не, не се работи за вкусови, овој е аргумент измислен од тие што не знаат да си го одбранат ставот. Луѓето едноставно не ја познаваат книжевноста, не сакаат да размислуваат и да научат нешто ново затоа им е полесно да си читаат романчиња од кои добиваат исто колку што добиваат од турски серии и тубро фолк.
     
    На macka91, azelea, renata77 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.592
    Допаѓања:
    39.613
    Пол:
    Женски
    Па многу луѓе читаат ради разонода и психички одмор, а не да научат нешто ново и да размислуваат.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    12.406
    Пол:
    Женски
    За мене преценета книга е Мемоарите на една гејша, што е тоа побогу, па им бркале со прсти во вагина за да проверат дали имале секс, па морале да најдат човек кој што ќе им ја земе невиноста и за тоа ќе даде многу пари, па после морале да најдат човек на кого ќе му биде гејшата љубовница и ќе и плаќа се, а они секоја вечер одат и забавуваат мажи по биртии, т.е забавуваат пијаници..Мене цела книга ми беше булшит и не ја препорачувам, да знаев дека гејшите се елитни проститутки немаше ни да ја земам да ја читам..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Михајло Свидерски не знам зошто не се чита (или ретко се чита). Човекот е предобар, посебно воодушевена од Последните денови на Ханс.

    Венко мислам дека е преценет. Освен Вештица друго не му признавам.
     
  14. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    2.435
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зашто во последно време читам толку негативни коментари за книгите на Коста Петров. Кога јас ги знам напамет. :?:

    А книги кои се преценети се доста психолошките книги кои ти солат памет како треба да го живееш животот според нивни правила за да бидеш успешен.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Јас ја пофалив и препорачав таа книга и видов дека има само 3 зајмувања во библиотека, од кои едниот зајмувач сум јас. Значи јас и уште двајца сме ја зајмиле. Ако јас наменски го барав Михајло, другите можеби и случајно го пронашле во библиотека, и автоматски е потценет. Да напишеш таква книга не е мала работа.

    Од Венко неколку земав, ама само Азбука на непослушните ја дочитав до крај, а не ја разбрав. Тежок стил има Венко.

    Коста Петров, Бјелица, Бунтеска, и ред други лоши автори се далеку почитани, за жал. Немаме вкус генерално.
     
    На elimkd и Cucueta им се допаѓа ова.
  16. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Зборот гејша всушноат значи уметност. И не сите гејши биле проститутки, книгата означува едно мрачно време кога многу девојки биле приморани да бидат проститутки. Апсолутен мастерпис е книгата, топло препорачувам, а има и филм на основа на книгата.

    Потценети ми се класиците и поезијата.
    Преценети се книги од типот Првиот бакнеж, Послениот допир, 50 нијанси на сиво итн...
     
    На elimkd и Cucueta им се допаѓа ова.
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Убаво си напиша, тоа се чита. Инаку, на Михајло жената исто има свои објавени книги. Се спремам и од нејзе да прочитам, верувам дека е исто толку добра колку и Михајло.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Знам за неа. Славица Гаџова Свидерски. Барав во мојата библиотека од неа немаше книги, а сакам да ја читам. Не ги знам лично, ама не можам да не пофалам ако нешто е добро. Инаку, ако прочитам некоја книга и ми се допадне, има повеќе автори на кои сум им пишала во инбокс, да знаат дека во оваа жабокречина има некој што знае да им го вреднува трудот. Тоа што не вредело, а сум го прочитала, не го фалам, немам потреба да правам лице.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Што се однесува до поезијата на Братислав Ташковски, најдов податок дека е преведен на 3 јазици, српски, бугарски, англиски. За таков бард на македонската поезија и проза, тоа е премалку. Штета, заслужува многу повеќе внимание. Тоа е човек кој твори 4 децении.
     
  20. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.073
    Пол:
    Женски
    Браво за генералнава рецензија!
    Прецизна како хируршки нож!

    За Бужаровска поготово.
    Ок ми е, ама ништо спектакуларно.
    На -Мојот маж мислам.
    Премногу помпа која не оди со дело како книга, што е доказ дека на многу жени им требаше афирмација за нивните идентични приказни од Мојот маж да станат легитимни.. Поинаку не ја разбирам помпата кон тоа дело.

    Големите писатели повеќе инвентираат него што хроницираат...
     
    На azelea и Tanjamm им се допаѓа ова.