Погоре е спомената Бужаровска во смисла на преголема помпа. Во целиот регион има неколку актуелни писатели, нека се 5 или 10 од екс ју и само тие одат по фестивали, интервјуа, резиденции, само нив ги преведуваат итн. Тоа е тој круг и кога гледам како си ласкаат по социјални мрежи, се фалат меѓусебно, се обраќаат нагалено, абе коса на глава ми се крева. Гледав едно интервју со една млада писателка, дали е Србинка или Хрватка не знам, живеела во повеќе екс ју земји и интервјуто траеше доста долго, ама ништо паметно не кажа, па дури и пцуеше. Измеша и национализам, покажа суета, расправаше задкулисни муабети од луѓе кои и дале шанса да успее, тотално неблагодарна. Апсолутно преценување е тоа на одредени поединци.
Токму така. Денес, нивото на некои од актуелните ни писатели од регионот е на ниво на панаѓур. Кавги за награди, грантови, препукувања по социјалните мрежи... Многу тажно.
Потценети книги, повеќето на Нора Робертс. Посебно, ако би издвојувала "Birthright" и "Nightshield". Жената ме изненади. Има предобар стил на пишување, лесно се чита. Книга од 500 страници ја имам прочитано за два дена. За преценети книги, во моментот не ми текнува ни една. Но, многу луѓе што читаат, за Колин Хувер ми кажале дека е преценета. Следна книга ќе земам од нејзе, баш ме интересира каков стил на пишување има. Никогаш од нејзе немам прочитано ни една книга.
Не се лоши. Имам читано неколку од Колин Хувер, ама слабо ми е памтењето. Во тинејџерските денови ја читав "Можеби некогаш".