1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потценување на одредени училишни предмети

Дискусија во 'Образование' започната од Zavisnaodblago, 2 март 2019.

  1. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Сведок сум дека одредени училишни предмети се потценуваат наспрема некои останати.Отсекогаш имало воодушевување кон учениците на кои им одат математика и природни науки,демек тешки за учење и совладување,а јазиците,општествените науки,а посебно ликовно и музичко биле гледани како нешто лесно,да не речам банално и беспотребно.Па тие мислења математичарите полудуваат од учење,останативе не се замараат.Јас мислам дека секој предмет е значаен.Бидејќи историјата има многу важни податоци кои треба да се знаат(иако учебниците ги полнат со лажни информации за жал)Јазиците се барани секаде.Уметноста дефинитивно треба да се развива во Македонија.Секој ученик е талентиран за одредена област,сигурно ако ми одат општествени науки ќе се концентрирам на нив наместо на математика.Не треба да ги делиме учениците според она што сакаат да го учат.​
     
    На dahlia_desire, RoseRain, daylight и 7 други им се допаѓа ова.
  2. dahlia_desire

    dahlia_desire Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2018
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    се согласувам за тоа дека потценување на предмети постои. меѓутоа, учениците се оптоварувани со работи кои лично нив не ги интересира, но бидејќи се гимназија се принудени да ги учат. проблемот е тоа што професорот очекува детето совршено да го познава неговиот предмет. еве музичко како пример, треба да се научат попознати композиции и некои факти за композиторите, меѓутоа да се учат скали и која скала како се добива- не е потребно. тоа во музичка школа-да. за ликовна уметност исто така- поважни факти, светски чуда, какви градби во кој правец има-да, ама од што и како биле поставени темелите ваму, од што онаму и зошто и како бил посветен секој храм во секоја земја, па и не ги интересира учениците.
    ептен избегав од темата, ама мислам дека и тоа е главната причина за сметање на небитен предмет- пред се ученикот треба мозокот да го одмори на тие часови.
     
    На WarriorMind, RainbowButterfly, mazikeen и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Со што и да одлучи да се занимава еден ученик понатака, има некои работи кои треба да ги знае и од други области. Тоа е она што се учи во училиште. Треба да се има макар основни познавања од историја, географија, биологија, па и од музичко, ликовно и физичко. На музичко не се учат само биографии на композитори, се стекнуваат многу познавања, пример музички состави, оркестри, какви сѐ видови на инструменти има, како се делат пејачките гласови итн. Ликовно не е само цртај, се учат техники на цртање. А на физичко, меѓу другото, ги учиме правилата во спортот. Ова се општи познавања кои секој, па што и да е, инженер, ветеринар, стоматолог, треба да ги знае. Така да, никој предмет не би требало да се потценува. Сѐ од кое црпиме знаење, вредно е.
    А дека се потценуваат предмети, и тоа како. Секогаш најважно е да се научи правописот, граматиката (во раната возраст), собирањето, одземањето и другите математички операции, дропки итн. Наспрема нив, погоре споменатите (ликовно, музичко, физичко) секогаш биле во сенка.
    Познати ми се случаи каде средношколци не сакале да учат предмети кои немале никаква врска со нивната идна професија за која се одлучиле. Тоа им е голем минус. За самите нив не е добро да бидат пејачи, актери, сметководители итн а да немаат општи познавања од други науки.
    Јас учев средно стручно, па и покрај стручните предмети, имав и предмети кои не беа поврзани со таа струка. Тоа значи дека на тоа ниво на образование, има и некои други работи кои треба да се научат покрај она од струката.
    Колку што се сеќавам, сите предмети исто значење ми имаа, се разликуваа само по тоа што некои ми беа поинтересни од други.
    За жал, потценети предмети секогаш имало и ќе има.
     
    На Someonespecial, crimson, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Ете тоа сакав да го кажам,некои предмети(математика на пример) се величаат над други.А всушност во секој предмет има работи кои треба да се знаат општо во животот.Најмногу мразам кога некој ќе каже дека одреден предмет е поважен од друг.Јассум за да се учи најважното од секој предмет,а понатаму кога ќе се одлучиме што сакаме,да учиме плус информации за предметите важни за нас.Не математика да не трупаат со работи кои навистина не ни се потребни(нели важен предмет демек),како граници на функции,имагинарни броеви...,а ликовно да не знаеме акварел што е(карикирам)
    Или пак како мали 1-5 не вежбаме на физичко туку вежбаме задачи математика(иако сме имале час) или пак повторуваме македонски.Е затоа после со криви грбови ќе бидат половина од децата.Бидејќи физичката активност ја прават помалку вредна од умствената.
     
    Последна измена: 4 март 2019
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Професор по англиски сум, пред тоа завршив средно медицинско. Математика, физика, хемија, ниту ми требале ниту ќе ми требаат.
    И јас се сложувам со тоа дека ако веќе некој има идеја што би работел во животот треба да се насочи на тие клучни предмети.
    Можеби сум пристрасна но без англиски јазик и компјутери во денешно време не си конкурентен на пазарот. За другиве предмети зависи до струката.
     
    На Mr. Right, Nigredo Odor, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @LollySky. Англискиот е претежно важен, еве мене лично математиката ми се покажа најважна и информатичките предмети. Македонскиот треба да ни е на сите приоритет, може го тупат некогаш со литература ама граматиката срамота е да не се знае.
    За другиве предмети, стварно не знам што да кажам. Физика и хемија се утепував од учење и што е најсмешно до 5ки поминував, а сега ништо не знам. Онака основни работи само. Историја тоа што знаев претходно си го знам и сега, премногу досадни работи се учат и стварно не остануваат во глава повеќето. Биологија и географија, поготово географија најмногу ми останаа свежи. Нема врска тоа со предавањата едноставно податоците мислам дека беа поубаво распоредени.
    Ликовно учевме глупости, музичко истотака. Убаво е да се знаат кои се композиторите ама не мора да не испрашуваат сите за се и сешто.
    Се на се, грешката според мене е во програмите и во учебниците. Премногу ирелевантни а тешки работи се учат, па ако некој не се интересира за тој предмет уште повеќе ќе створи одбивност.
     
    На cresa-jagoda, mazikeen и LollySky им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.494
    Пол:
    Женски
    Иако секој се одлучува за една област,сепак во денешно време корисно е да се има широки познавања од повеќе области.Англискиот е најпотребен,а исто и комјутерските вештини.
    Ни еден предмет не треба да се потценува.Учењето не треба да се форсира,туку треба да се претстави како нешто значајно за да се успее.
     
    На Zavisnaodblago му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Секој предмет е битен, затоа што ем добиваш различни знаења, ем секој е за развивање на различни аспекти од личноста.
    Некои стимулираат логика, некои меморија, некои креативност итн...

    Е сега, не сите деца/луѓе имаат исти интереси и таленти.
    Тоа натпреварувањето да бидат сите, во се' добри, е апсурдно.
    Не сме сите логичари, ниту сите сме уметници....
    Притисок затоа се ствара врз децата, а не оти предметите се 'непотребни'.
     
    На cresa-jagoda и dahlia_desire им се допаѓа ова.
  9. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    @Zavisnaodblago а кој тоа ги потценува? Ликовно и музичко освен оној теоретски дел,кој секој може да го научи другото цртањето и пеењето тешко дека секој го може, тоа е посебна дарба, така да претпоставувам и самите наставници се свесни за тоа, па им прогледуваат низ прсти на учениците и се добива впечаток за не толку битни предмети или како што викаш ги гледаат со потценување.Но, се битни во образованието, бидејќи од најрана возраст би можеле да се откријат тие таленти кај детето,за да ги надоградува понатака.Но,има и друга страна,да погленеме и вака: некој врвен сликар, музичар, спортиста колку е само фаворизиран и колку само време му се отстапува по медиумите,а на децата ете пример,токму за математика,што освоиле врвни мести на светски олимпијади не се ни спомнуваат или онака во 1 минутка ќе се спомне и толку,а за одењето на тие олимпијади државата постојано нема пари,а за евровизија пример и тоа како има,така да работите се гледаат од сите аспекти.А што се однесува до дарбите, секој си има своја дарба во некоја област и кога ќе се одлучи за некоја професија, најбитно е да се труди да ја извршува најдобро.
     
    На candy.cane и LollySky им се допаѓа ова.
  10. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Точно така дарба е и не секој е талентиран за уметност.Но во училиштата повеќе се почитувани математичарите и оние на кои им одат природни науки.Ликовно и музичко не реков дека треба да се учи којзнае што.Само се нервирам од фактот што уметниците,јазичарите и сл. се сметани за ученици кои помалку се трудат и не учат толку.А ако ти оди математика и природни науки те сметаат за генијалец
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Според мене ова повеќе треба да се однесува на основно, тогаш да се третираат сите предмети еднакво и да им се пренесат солидни знаења на децата. А во средно, поточно веќе во трета и четврта година - треба да има општи смерови за оние што уште немаат јасна идеја каде да продолжат образование, а оние кои ја имаат да бидат малце ослободени од непотребни предмети, барем да не им се бараат секакви детали по сѐ.
    Точно е дека постои потценување на одредени предмети, но и преоптоварување со некои, посебно со податоци за учење напамет (на пример купот точни датуми по историја).
    А за музичко, ликовно и физичко - важни и потребни предмети се, треба да се застапени со убаво разработен материјал - но тука во пракса сепак се работи првенствено за талент, па не сум против полабав пристап во оценувањето (секако, притоа сум за тоа оние талентираните да се валидираат и мотивираат за повеќе).
     
    На Animali, Mr. Right, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Во пракса и не се покажало баш така, барем во училиштето каде што работам. Баш тие, талентираните наградувани музичари и спортисти се истакнуваат како пример дека секој треба да си се пронајде во одредена област и да се насочи максимално да ги развие познавањата или талентот од таа област, дека не постои некој што не го бива за ништо туку едноставно се уште не го пронашол својот талент.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Според мене барем во основно СИТЕ предмети без исклучок се важни и ниеден не треба да се потцени..
    А бидејќи се почесто се потценети некои од нив, денес имаме деца што не знаат ни бремена како се останува иако ние тоа по биологија во основно го учевме. Други не знаат Илинден кога е... Трети не знаат разлика меѓу тектонско и вештачко езеро... Некои не знаат две дрвца да залепат заедно или разлика меѓу клинец и шраф..

    Исто така сметам дека програмите за средно не се убаво скроени.. треба дефинитивно списоците со предмети да се ревидираат..
     
    Последна измена: 6 март 2019
    На cresa-jagoda, dahlia_desire, Animali и 2 други им се допаѓа ова.