Најнапред да се извинам, доколку темава е дупла, екстремно глупа или слично. Овде, на ова место, почива... Не бе, скраја да е. Овде, на ова место, би требало да напишеме, некоја поука на денот. Како што вика и самиот наслов, нели. Интересни, смешни поуки. Не да копираме некои философии... Еве на пример, мојата денешна поука е: - Немојте да изедете четири сладоледи, а особено не лански... оти ќе ве боле меот. Нешто што сте згрешиле... од типот на: - Не отворајте ја категоријата Гурманско катче, во доцните часови. - Или да читате мистериозни теории, исто така во ниедно време. На кратко... за што сте се за*бале денес? Да аманетизираме некоја поука, да не згреши некој, како нас.
Немојте да учите во пет без пет... Бидејќи се ќе ви се измеша. И не си играјте со ринглата ќе се изгорите!(ко мене)
Интересна тема. -Немојте да седите во пижами во неделите,зошто во секое време може да дојдат ненајавени гости
Филмовите и мажите се иста за***нција ...ако не ве заинтерсира на почетокот тешко дека ке можете да го гледате до крај...а ако сте толку упорни на крај ќе сватите деке за џабе сте губеле време, ... Да не се лажеме ова го знаевте уште на почетокот на филмот... наравоучение -ништо ново не научивте
Кога имаш лош ден, само опушти се, вдиши длабоко, се’ ќе помине... Лажам бре, пу пу. - Немојте да се снимате додека играте, а истовремено грми.
Никој не заслужува да се нервираш ради него , кад - тад се ќе дојде на место А Господ гледааааааа!!!!!
Немојте да гледате хорор филм доцна навечер бидејќи може да се случи утредента да останете сами дома и да ви се отвори вратата од промајата,и тоа 2 пати!
Не ставајте кафе,вода и воопшто течни продукти до мобилниот телефон,бидејќи голема е веројатноста да ги истурите врз него