Кога ќе заѕвони минатото, остави ја телефонската секретарка да одговори, бидејќи не се јавува да ти соопшти ништо ново.
Како и во тетрисот така и во реалноста. Колку повеќе се обидувате да се уклопите во околината, вие исчезнувате.
После одреден период ќе разбереш дека на погрешни луѓе си го трошел твоето драгоцено време. Ќе разбереш дека требало да ги пратиш по ѓаволите и тоа во еден правец. Сега кога ќе ги сретнеш тие луѓе поминуваш покрај нив како никогаш да не постоеле.
Тие зборови ''Така требало да биде'' никој не ги мисли. Тие ги изговараме за да најдеме цврста утеха. После тие зборови, потсвесно стои ''не требаше да биде така'' ама тоа си го потиснуваме длабоко, длабоко во себе
Многу е лошо кога некој нема доблест да ти се извини поради тоа што ти згрешил . Уште полошо е кога нема да ја признае грешката и ќе се обиде да те убеди дека ти си виновникот.