Не на денот, туку на деценијата. На никој, ама апсолутно на никој, во никој случај на никој НЕ ТРЕБА ДА МУ СЕ ВЕРУВА. Еден ден ќе те тестираат колку корист имаат од тебе, кога ќе видат дека "нема хлеба" од тебе повеќе не си интересен/на.
За ништо не избрзувај во животот, ако треба нешто да се случи, ќе се случи кога ќе дојде времето за тоа.
Ако не го гледаме сонцето поради облаците во моментот, не значи дека тоа не постои. Така е и за голем дел од работите кои очекуваме да ни се случат во животот. Тие постојат но ние не ги гледаме, затоа што други работи ни го сокриваат погледот или ни го тргаат погледот од нив.