1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од Светото Писмо

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 2 октомври 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Неисполнетата Исусова молитва

    [​IMG]

    Три дена размислувам и истражувам, но не најдов друга молитва која што Бог не му ја исполнил на Исус. А исто така и за ниту една друга, не е напишано дека Исус три пати усрдно го молел Таткото. Исус ја молел оваа молитва во силна агонија и дури и барал поддршка од своите најблиски ученици Петар, Јаков и Јован. Тој барал од нив да бидат будни покрај Него, веројатно затоа што се осеќал многу осамено и напуштено. Но не ја добил, затоа што им се спиело.
    Исус знаел што ќе следи. Знаел дека веќе е предаден и дека непријателите наближуваат да го однесат на мачење според Римскиот терк и јавна срамна смрт со распнување.
    Во Гетсеманската градина, во моменти на силна агонија, со смртно нажалена душа, со лицето на земјата и пот која како капки крв му паѓала на земјата, Исус три пати го молел Таткото:

    "Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша. Но не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти!" (Исус, ев. Матеј 26:39, Библијата)

    Исус не барал ескивирање од мисијата за спасување на човештвото. Сè што барал е поинаков алтернативен начин, не толку болен и срамен, АКО Е МОЖНО!
    Валидно прашање е: Дали Таткото ќе дозволел Исус да помине низ тоа физичко, душевно и емоционално страдање доколку постоел барем еден алтернативен начин за спасување на човештвото? Се разбира дека не. Сепак Исусовата молитва не била баш неисполнета, бидејќи сепак Тој ја завршувал молитвата со зборовите „но не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти“ и со тоа ја покорувал молитвата под вољата на Таткото Небесен.

    Сите вие што барате и сакате некој друг пат до Бог, некои други начини да преку добри дела, религија или филозофија преминете преку гревовите и дојдете до Бог, бидете сигурни дека и Исус го барал и молел тоа за вас. Да, Исус бил на ваша страна и молел ако е можно да не помине преку тоа страдање и да не биде Тој жртвата за гревовите на луѓето и ако е можно Бог да најде некое друго решение за човечките гревови. Но не било можно. Немало, нема и ќе нема друго решение за човековиот грев зашто платата за гревот е смрт и никој не можел и нема да може да ја плати таа казна. Единствено Исус бил зачнат директно од Бог, немал Свои гревови и по Божјата воља бил определен за тоа.
     
    На Cinderella12, Ogi13, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Светото писмо поучува ама кој како ќе се поучиме ние грешните и острастените.Од што сме огревовени и мудроста избегала од нас.Па прашање е дали и ќе сфатиме што читаме.Колку им се восхитувам на оние кои се ослободиле од страстите и ја придобиле мудроста на нивна страна.Тие барем кога читаат од светото писмо и го разбираат.Е од такви луѓе не сакам поуки да отфрлам.
     
    На Ogi13, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Светото Писмо е Божја порака до грешниот и острастен човек. Бог го упати Светото Писмо на грешните луѓе, а не на ангелите. Сите старозаветни пророци ги упатувале своите пораки до нормални грешни и острастени луѓе. Евангелијата се писма напишани до публика која не го познавала Христос со цел да го запознае и да поверува во Него.
    Книгите од Новиот завет (евангелијата, посланијата) оригинално се напишани на коине грчки јазик. Зборот „коине“ значи „општонароден“, значи општонароден грчки (наспроти литературниот грчки јазик што малцинството го разбирале). Тоа бил општонароден јазик нашироко распостранет низ Римската империја. Апостолите и евангелистите биле евреи и тие можеле да ги напишат евангелијата на еврејски јазик, но намерно ги напишале на коине грчки затоа што нивната порака била упатена до пошироките народни маси, до грешните и острастените луѓе ширум Римската империја.
    Првиот латински превод на Библијата (Вулгатата) бил превод на тогаш народен јазик. Зборот „вулгата“ баш тоа значи „народна“ т.е. „на народен јазик“.

    Исус примарно не проповедал на филозофи и учени луѓе, туку на обични селани, рибари, земјоделци. Затоа и Неговите параболи (илустрации) се најчесто поврзани со вода, пченица, лозје, овци, сеење, жнеење, вода, леб, вино, светлина, темнина - работи кои сите ги разбирале и секојдневно практикувале.

    И знаејќи го сето ова, после неколку векови се појавуваат верници што сакаат да не убедат дека Божјото Слово не може да го разбере обичниот грешен човек, туку е потребен посредник т.е. „свет отец“ кој замисли умее појасно да се изрази од Бог за да му го толкува Божјото Слово на обичниот верник. Абе ајде :)
     
    На Херкул, SunshineGirl000, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто се замарате и решавате и исправате криви дрини искрено, излезете уживајте во животот, моментите, што се оптеретувате со Исус што рекол итн.
    На моменти се чудам ко ќе ве читам низ темите, одма ве замислувам во главите што ви е во мисла и како упорно се трудите да се докажите итн, како опседнати сте.
     
    На Читател и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    @EvAngelos ние правите Христијани,Православните,од почит спрема Бог.. на иконите,името на Господ го пишуваме дури скратено: ИС ХС.
    Вие Еретичките секти.. не Името,туку очигледно немате ни грам срам да ставите слика каде Господ е преставен како зомби..
    Тоа ли е вашата "љубов" кон Него? Тоа ли е вашата "почит" што ја имате кон Него? Исус за вас е зомби? Јаде луѓе..?
    Ете заради ова,Православната Црква ве нарекува секташи,еретици и сатанисти.. и секогаш ќе биде така..
    Барем не се криете..
     
    На melnicanecot, Ogi13, Lotus-14 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во продолжение на темата дали се потребни „свети толкувачи“ на Светото Писмо еве еден илустративен модел:
    [​IMG]

    1. Првиот случај е она што го читаме во Библијата како што објаснив во претходниот пост на темава. Бог му се објавува на човештвото на доволно јасен начин. Бог користи луѓе како медиуми за Неговата порака, ги користи јазикот и културата на луѓето на кои им се објавува. Не врши прељуба значи не врши прељуба. Не се поклонувај на луѓе и слики значи не се поклонувај на луѓе и слики. Не убивај значи не убивај. На Бог не му треба „свет отец“ што ќе го толкува Бог дека „не се поклонувај на луѓе и слики“ ВСУШНОСТ значи да се поклонуваш 3 пати и да ги целиваш и кандило да им палиш. Божјиот Збор се толкува самиот Себе и треба редовно и целосно да се проучува. Се разбира дека треба цитатите да се читаат во текстуален, културолошки и историски контекст. Тоа важи при толкување на секакви текстови, книги, песни, приказни, па дури и секојдневни разговори.

    2. Вториот случај е случајот во католицизмот и православието. Во овој случај Бог е немоќен да се изрази на доволно јасен начин за човекот да го разбере, па затоа се потребни „свети отци“ кои умеат да се изразат појасно од Бог и непогрешливо да го толкуваат. Нивните „свети толкувања“ се јасни, а Светото Писмо не е. Во овој случај верниците всушност ги читаат светите отци, а не директно Светото Писмо за кое им се вели дека тие не можат правилно да го разберат, небаре е шифрирано и кодирано. Верата всушност им се темели на светите отци и нивните пишувања, а не на Светото Писмо. Затоа и по сите православни сајтови ќе забележите дека доминираат цитати и текстови од свети отци и плус тук таму по некое стихче од Библијата најчесто извадено од контекст.

    Зошто потребата од „светоотечко толкување“? Причината е многу едноставна. Кога имате верувања кои директно се косат со Светото Писмо, на вам ќе ви требаат одредени махери кои со милозвучни зборови ќе ве убедат дека иако во Библијата апостол Петар и ангелот забрануваат да им се поклонуваат дека сепак тоа не е треба да го разбереме како што пишува, туку на друг начин. Иако во Библијата нема ниту една икона и ниту една молитва упатена до светец, иако единствената икона е иконата на антихристот, иако Исус поучувал да му се молиме на Отецот итн, сепак тоа не треба да го разбереме како што пишува, туку на друг начин. Итн. Интересно е што еден од ткн. „свети отци“ - Јован Златоуст, пишувајќи за одредени еретици кои слично толкувале „не како што пишува“, го вели следново:

    „Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ и не дозволува читателот да погреши. Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.“
    (Св. Јован Златоуст, 13 Хомилија на Битие).
     
    Последна измена: 3 октомври 2016
    На Ogi13, SunshineGirl000, Херкул и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos кога го читаш Светото Писмо дали ги приметуваш многуте реченици и цели теми како апостолите се борат со еретиците?Па им треба да пишуваат подетално во своите посланија за да ги одвратат од лажното учење,па објаснуваат,па дообјаснуваат па потврдуваат од реченици од другите Свети Писма,па ги молат да останат во чистата вера и во учењето кое тие проповедаат и дури и пророштва даваат за идните такви лажни учења.Имаш пример и во самото евангелие додека бил Христос на земјата како го прашуваат за значењата на параболите и одговорот на тоа.Нели евангелските поуки се лесни за разбирање?Зошто толку вложен труд на апостолите?И зошто се и посланијата за да го оцртуваат патот на разбирање ако евангелијата се лесни за разбирање?
     
    На Rama, HUNK и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Самиот цртеж е лажен.Првиот пример Божјиот Збор и човекот?Молим ти се објасни како тоа божјиот збор директно го слушале од Бога?Само немој да се препотуваш.Море недоквакан нели се тоа апостолите што поучувале а кои всушност биле владици.
     
    На Petra777, Rama, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Во право си @Bulgarian само те молам изнесувај го својот став без навреди. И ти и било кој друг. Многу подобро е кога смирено се објаснува, особено во тема за религија. :)
     
    На Cinderella12, Petra777, Ogi13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    И ова го излажа? Светите отци ни го кажуваат она што го живееле.. :) Апостолите како го прашувале Исус кој го викале раби/учител?Така и они не учат правилно да го разбереме Божјото Слово.Затоа црежот ти е најобична лага,како и се овде..
    П.С што не ми одговориш на прашањата погоре?
     
    На Petra777, Bulgarian и Rama им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ги приметувам, а ти ако ги приметуваш зошто не аргументираш со пример? Јас секогаш кога спомнувам дека нешто Исус или апостолите рекле, веднаш потоа го ставам цитатот во наводници и со црвено пишувам каде точно во Библијата е тоа.
    Еве ајде посочи пример каде што некои еретици го толкувале Исус погрешно, а овие рекле дека тоа е погрешно толкување и дека вистинското толкување е вака :)
    Јудејците биле тие што велеле дека христијаните треба да се обрезуваат и да го држат Мојсеевиот закон, но тоа нивно учење не било производ на различно толкување на Исусовите зборови, туку неразбирање на Исусовото дело на крстот и укинувањето на стариот завет и воспостувањето на новиот завет. Не било лесно да си цел живот горд евреин од избраниот Божји народ и горд на своето обрезание и одеднаш сега некој да ти каже дека сега сите народи се избрани и твоето обрезание е ништо посебно.

    Никој не рече дека 4те евангелија се доволни за Новиот завет. Без останатите 24 книги, Новозаветниот Божји збор не е комплетен. А кога Божјиот Збор не е комплетен, се разбира дека е нејасен. Исус рекол: „А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина“ (ев. Јован 16:13, Библијата). Откако апостолите биле упатени во сета вистина, го напишале остатокот од Новиот завет, кој заедно со нивните посланија е доволно јасен.

    Ти ја болдирав реченицата „па дообјаснуваат па потврдуваат од реченици од другите Свети Писма“.

    Мило ми е што овде забележуваш дека апостолите објаснувале и потврдувале со реченици од другите Свети Писма од Библијата. Тоа е тоа што протестантските христијани го прават: Божјиот Збор најдобро се толкува со Божјиот Збор, а не со излегување од канонот на Светото Писмо и повикување на некакви си човечки трдиции кои не се и не можат да се рамнат со Божјиот збор независно од тоа колку свет бил тој што ги напишал. Слично и Јован Златоуст рекол во цитатот кој го изигнориравте, но еве ќе го постирам повторно:

    „Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ и не дозволува читателот да погреши. Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.“
    (Св. Јован Златоуст, 13 Хомилија на Битие).

    Хах, добар обид :) Исус намерно ги кажува параболите на начин за да ги открие тајните на Царството Небесно на неговите избрани ученици, а да ги сокрие од оние со затворено срце за Бог. Ова Исус и директно го кажал:

    „И учениците Му се приближија и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?” А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има. Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат.“ (ев. Матеј 13:10-13, Библијата)

    Ова било дури и проречено преку пророкот Исаија:

    „Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’ „Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, заслепи му ги очите, да не гледа со очите, да не слуша со ушите и да не разбира со срцето, и да не се обрати и да не се излекува.” (Исаија 6:9-10, Библијата)

    Но ние немаме изговор за неразбирање на повеќето од параболите бидејќи апостолите и евангелистите ни ги објасниле во евангелијата (привилегија што ја немале некои од првите слушатели).

    Ниту еден нема да помине на Судниот ден со изговорот дека Новиот завет не бил доволно јасен. Ниту еден нема да помине со изговорот: „ама Боже јас не те сфатив баш добро во Новиот завет каде што велиш да се поклонувам само на Бог, ја мислев дека тоа „само“ уствари значи „отприлика“ и дека тоа „Бог“ ги вклучува и апостолите и блажената Марија и другите христијани, па затоа и на нив се молев, затоа и нив ги славев и им се поклонував :(

    Исус вели: „Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.“ (ев. Јован 15:22, Библијата)

    Ако Исус бил нејасен, секако дека ќе имавме изговор затоа што не сме го сфатиле.
     
    На Ogi13 и Херкул им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Јас никаде не реков дека луѓето го слушале Божјиот збор од Бог. Целава дискусија е дали обичниот човек треба и може да има директен пристап до доволно разбирливиот Божји Збор или пак читањето мора да оди преку ткн. „свети отци“ како совршено јасни посредници помеѓу „неразбирливото“ Божјото Слово и обичниот човек.
    [​IMG]
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    1100 години од упокојувањето на светиот Климент..
    Од Русија специјално дојде и духовниот Отец на Путин ;)
    Браво Православци вака треба да се поддржуваме,си ја знаеме ние вистинската вера,кој сака нека вади од ракав глупости и невистини ;)
     
    На HUNK и Bulgarian им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    „Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа (Исус): „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е далеку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“ И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.“
    (ев. Марко 7:5-9, Библијата)

    Живееме меѓу народ што има еден куп преданија од старите. Некои од тие преданија (традици, обичаи) често се косат со Божјите заповеди напишани во Светото Писмо. Исус вели дека напразно го почитуваме Господ со устата наша, ако срцето наше е далеку од Него. Нашето срце е онаму каде што сме послушни. Ако сме послушни на преданието што се коси со некоја Божја заповед, нашето срце е кај преданието. Ако сме послушни на Божјата заповед дури и по цена да го отфрлиме тоа предание, тогаш на дело (а не само со уста) покажуваме дека го љубиме Господ.
    Ако се нарекуваме христијани, ајде да го љубиме Господ на дело, а не само со нашите зборови. Да му покажеме љубов, послушност и лојалност со тоа што ќе ги ставиме Божјите заповеди пред преданијата на старите. Но како ќе знаеме кои се Божјите заповеди, ако не го читаме Светото Писмо?
     
    На Ogi13 и SunshineGirl000 им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ние христијаните често во молитвите бараме мудрост за важни животни одлуки. Се советуваме со пастори, други христијани, читаме разни книги, чукаме, бараме и се е тоа супер.
    Но постои еден човек за кого Библијата изричито кажува дека Бог му дал мудро и разумно срце какво што немал никој пред него ниту ќе го има некој по него (1 Цареви 3:12, Библијата) За него пишува дека неговата мудрост биле поголема од мудроста на сите Израелеви синови и од сета мудрост на Египет и дека доаѓале од сите народи и цареви за да ја чујат неговата мудрост (1 Цареви 4:30-34, Библијата). Тоа е царот Соломон.
    Денес ние ја имаме таа привилегија да не патуваме цела недела за да ја чуеме неговата мудрост, туку ја имаме на дланка во библиските книги Поговорки (Соломонови) и Проповедник.
    Жално е да се бара дополнителна мудрост од Бог, а да не се простудираат убаво Соломоновите книги на мудроста.
     
    На Ogi13 и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    ”А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови. И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите.“ (Исус Христос, ев. Матеј 6:7-8, Библијата)

    Во времето не Исус постоеле луѓе што рецитирале напамет научени молитви мислејќи дека колку повеќе пати ги кажат, толку повеќе ќе бидат услишани. Исус вели да не го правиме тоа. Исус ја претставува молитвата како една блиска комуникација со Таткото Небесен. Како би било ако утре вашето дете ви чукне на вратата со цел да ве замоли нешто и почне вака да ви говори: Тато/мамо, те молам дај ми леб, те молам дај ми леб, те молам дај ми леб, те молам дај ми леб,те молам дај ми леб,те молам дај ми леб,те молам дај ми леб,те молам дај ми леб,те молам дај ми леб,те молам дај ми леб,те молам дај ми леб... и така 1000 пати? :) Сигурно ќе се загрижите дека психички нешто не е во ред со вашето дете.
    Психолошки гледано, кога одредена фраза ја кажувате десетици или стотици пати, вашиот мозок ја губи концентрацијата од таа фраза и мисли на нешто друго, а повторувањето на фразата преоѓа во репетитивните центри (како на пример што е чекорењето на кое ние не сме фокусирани кога го правиме). И затоа ваквиот начин на молење Исус го нарекува „напразно повторување“.

    Така низ историјата, а и денес има луѓе кои и по неколку илјадници пати ја повторуваат следнава фраза „Господе Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме мене грешниот.“. Се верува дека некои исихасти ја повторувале и по 12.000 пати на ден оваа фраза. Доколку ја кажувате оваа фраза за 3 секунди, без никакви паузи, ќе ви треба 10 цели часа за да ја кажете 12.000 пати. Ова практично значи целодневно мантрање со таа фраза. Исус нè поучува да не го правиме ова.
     
    Последна измена: 6 октомври 2016
    На Ogi13 и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Глумиш Христос па се дрзнуваш да кажуваш кој колку треба да се моли? Да заборавив...
    ,,зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци'' Матеј 24:24
    И одеднаш кога ќе отвориш Библија,таа вели...
    “Постојано молете се.” (1. Солун 5:17)
    Што значи не 12.000 пати,туку 12.000 x 12.000 ако е можно треба да се молиме.Се надевам дека освен @Херкул нема други кои ги наседнале на твоите лаги :)
     
    Последна измена: 6 октомври 2016
    На Orthophill, Bulgarian, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Прочитај ме внимателно пред да ме коментираш. Јас не зборев за тоа колку да се молиме, туку за репететивното повторување т.е. мантрање или како што Исус го нарекува „напразно повторување“ молитви. Мантрањето е карактеристично за источните религии, но спротивно на Исусовото учење.

    Едно е да се молиш постојано, а друго е да повторуваш илјада пати една иста фраза. Тоа е мантрање. Тоа е тоа што Исус го нарекува „напразно повторување“ и вели да НЕ го правиме тоа (Исус Христос, ев. Матеј 6:7-8, Библијата).
     
    На rose60 и Ogi13 им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    „Не измамувајте се; „Лошите друштва ги расипуваат добрите навики!” (1 Коринтјаните 15:33, Библијата)

    Павле е писател скоро на половина Нов Завет и дал многу совети, но само на ова и на уште едно место напишал „Не измамувајте се“ пред советот. Очигледно дека со причина напишал така. Причината е тоа што ние често пати знаеме да се залажуваме дека лошото друштво нема да влијае лошо на нас, дека ние сме отпорни на нивните лоши зборови, озборување, однесување, нивните небогоугодни совети, влијание. Ама не сме, туку само се измамуваме себе си. И ако на ова се додаде и фактот дека на нашата грешна телесност повеќе и одговара тоа влијание, борбата станува уште потешка да останеме отпорни и да се сообразиме со нив.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ајде малку и видео. Дали библиската максима „Око за око, заб за заб“ поттикнува одмазда или пак има друга намена? Филип Иванов е мој близок пријател и одличен познавач и љубител на Светото Писмо со духовен дар за поучување. Погледнете.