1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од Светото Писмо

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 2 октомври 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Македонските народни приказни што уште како мали ги гледавме не учеа дека откако човекот ќе умре неговата/нејзината душа оди на небото и се појавува пред Св. Петар кој на вага ги става вашите добрини и гревови и на основа на тоа дали добрините ќе ги надвагаат гревовите ве праќа во рајот или пеколот.
    Наспроти ова верување на режисерот на приказните, Библијата учи дека сите луѓе се грешни и дека казната за гревот е смрт „Заслуженото за гревот е смрт“ (Римјаните 6:23, Библијата) Библијата учи дека не можеме ние да го заработиме нашето спасение правејќи добри дела, туку дека тоа ни е незаслужен подарок од Бог (Божја милост, благодат) и истото го добиваме преку вера во Исус Христос - Оној кој се жртвуваше за нас и заради нашите гревови на Голготскиот крст.

    „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.“ (Ефешаните 2:8-9, Библијата)
    • Благодат - тоа значи милост, незаслужен подарок, во случајов Божји дар. Дарот е нешто што не се заслужува.
    • Преку верата - тоа значи дека преку верата се спасуваме.
    • Не е од вас самите - значи не е од нашите дела и заслуги,
    • Не е од делата - значи не е од нашите пости, ниту од нашите запалени свеќи, ниту од тоа колку пати сме вртеле бројаница, нити од тоа колку пари сме дале на луѓе што просат или колку сме посетиле болни и слично. Колку и да се правиме добри и совршени и побожни, не сме ни одблиску (за сите луѓе зборам).
    • За да не се фали некој - На судниот ден никој нема да може да застане пред Божјиот престол и да се пофали дека заради неговата/нејзината добрина или побожност тој дошол во рајот. Никој. Сите што ќе бидат спасени ќе речат дека се спасени преку Божјата милост која се излеа преку Исус Христос и Неговата жртва на Голготскиот крст каде што тој плати за сите наши гревови.

    На секој од нас останува да одличи кому ќе верува, дали на режисерот на Македонските народни приказни или пак на Божјата објава во Библијата.
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Кога луѓето сакаат да ја отфрлат вистината тие наоѓаат маани во оној кој им ја кажува.

    "Оти дојде Јован Крстител, кој не јаде, ниту пие, а велат: 'Демон има.' Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: 'Еве човек ненаситен и пијаница, пријател на митниците и грешниците.' И така се оправда Премудроста со своите дела.” (ев. Лука 7, 33–34, Библијата)
     
    На rose60 и A-j-a им се допаѓа ова.
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Послание до Галатјаните

    Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи, зависти, пијанство, пирови и други слични работи.

    А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост.


    Послание до Ефесјаните

    - Никаков гнасен збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат.
    - Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба.
    - Бидете еден спрема друг добри и милосрдни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа.
    - А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,
    ниту, пак, срамни и будалести зборови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност.


    Послание до Римјаните

    - Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други, натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.
     
    На melnicanecot, Cinderella12, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.837
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1482323100433.jpg
     
    На Таа Сум, Rama, Orthophill и 5 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    „И дојде при Него еден лепрозен, молејќи Го и коленичејќи, Му зборуваше: „ Ако сакаш, можеш да ме очистиш.” И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!” И веднаш лепрата отиде од него и стана чист. И предупредувајќи го строго, веднаш го отпушти и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажеш!Туку оди, покажи му се на свештеникот, и принеси за своето очистување она, што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.” А тој, штом си отиде, почна да разгласува многу и да раскажува за настанот, така што Исус не можеше веќе јавно да влезе во град; туку беше надвор, по пусти места; а доаѓаа кај Него од сите страни.“ (ев. Марко 1:40-45, Библијата)

    Зошто исцелениот му бил непослушен на Исус? Поуката е многу јасна: Затоа што не можете да ја затворите устата на оној кој реално и вистински искусил натприродно исцеление. Здравите имаат стотици желби, но болниот само една: да оздрави! И кога ќе се случи, таа радост е огромна, тоа е нов живот, таа уста не може да се замолчи.
     
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    2.738
    Пол:
    Женски
    Mislis li deka e vo red,što isceleniot na ljubov odgovoril so neposlušnost,remetejki gi na toj način Božjite planovi?

    Silna bila negovata vera,koja go dovela do iscelenie,no kako da zaboravil da blagodari posle toa.
     
    Последна измена: 21 декември 2016
  7. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Дедо Мраз - татко на лагата Хо Хо Хо!

    Прикаската за најпознатиот старец на светот, кај нас познат како дедо Мраз, а низ светот е нарекуван со различни имиња, познат е како Santa Claus, Saint Nicholas, Saint Nick, Father Christmas, Kris Kringle, Santy или едноставно Santa. Интересно е како овој дедо ни се претставува на сите нас како свет, сладок и добродушен старец но дали е така? Кај окултистите зад името на Santa Claus се крие анаграм на сатан Лукас или светлина на сатаната. Во Библијата како што знаеме сатаната се нарекува кнезот на воздушните сили.
    - И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови, во кои живеевте некогаш според животот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието (Послание до ефесјаните)
    Е сега кога видовме дека сатаната е кнезот на воздушните сили, кој лета во воздухот со својата санка и деветте ирваси? Дедо Мраз. Како што знаеме дедо Мраз користи волшепство за да може во текот на една ноќ да стигне до сите домови, преку преобразбра на големина и форма спуштајќи се преку оџак, неплашејќи се од оган и екстремни температури. Интересно прашање е зошто овој старец задолжително доаѓа преку ноќ, зошто се искрадува тајно? Да видиме дали сето ова е од Бога?
    - "Вистина, вистина ви велам: кој не велегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од другата страна, крадец е и разбојник, а кој влегува низ вратата, пастир е на овците (Евангелие според Јован)
    - Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени, ни сенка од измена. ( Послание на апостол Јаков)

    Значи ако влегуваш од друга страна, каков си? Разбојник. Кој влегува низ оџак намсето низ врата? Дедо Мраз. Се што е од Бога не се одвива тајно туку е јавно и се одвива во светлина, а се што е во мрак и тајност не од Бога туку од сатаната. Мислам дека исто така не е случајно што дедо Мраз е облечен токму во црвено, додека во книгата Откровение сатаната е опишан и како црвен змев, кај злото нема ништо случајно, секој детал кажува нешто. има значење.
    И уште ова за крај имињата на ирвасите на дедо Мраз: Дашер, Дансер, Прансер, Виксен, Комет, Ќјупит, Донер, Блитцен и Рудолф, овие имиња од митологијата се демони, случајно?

    За жал сведоци сме дека повеќето мали деца не знаат ништо за Исус и што е Божиќ, додека за дедо Мраз знаат се, кој не дај Боже да ти е дедо. Дедо Мраз односно лагата е поактуелизирано отколку вистината, а кој е за ова крив? Мама, тато, баба, дедо. Возрасните Боже сачувај да си го научат сопственото дете и внуче на вистината, полесно е да го доиш, растеш и учиш на лаги, за потоа многу лесно да ги прима заведувањата и измамите сатански. Ајде повеќе да не отвараме врата на злото и да го пуштаме во нашите животи,до нашите најмили, за да после не се чудиме што децата ни се болни, а за тоа бесрамно да Му ја префрламе вината на Бог. Од оваа година нема повеќе дедо Мразовци во мојот дом.
    - Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос (Послание до Колосјаните)
    - Најдобриот начин за борба против лажните ученања е определбата да се држиме до изворнто учење пренесено од оние кои биле директни ученици на Христос и лично Го слушале Неговото учење. (Второ послание на апостол Петар)

    Многу убаво ни кажал апостол Петар, се што не е оправдано во Светото писмо и се коси со него, не треба да го оправдуваме и прифаќаме. Не можеме да седиме истовремено на две столици, или сме со Бог или сме против Него, трето нема.
     
    На Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    А Исус Му беше послушен на Отецот.
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    Ова е стварно претерано.
    Сакаш да кажеш дека Дедо Мраз постои и тоа е уствари сатаната што стварно се вовлекува ноќе низ оџак и бара дали му оставиле колачи? :^)

    Имам едно многу едноставно објаснување за авторот на статијата: Дедо Мраз не постои. Santa не е сатан. :D Деца се радуваат.
    Се согласувам дека децата треба да знаат повеќе за Божиќ, ама ваква параноја не е потребна. Нема ваљда да им ја скратуваме радоста и да ги занимаваме исклучиво со веронаука. Ај да не претеруваме.
     
    На Mishela, theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.837
    Пол:
    Женски
    Дедо Мраз всушност некои го поистоветуваат со Св.Никола. Можеби има поврзаност, но приказната за Дедо Мраз заминала предалеку. Лапонија, ирваси, санка...
     
    На sonuvana, Petra777, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Не викам дека дедо Мраз постои, туку поентата е што ги учиме децата на идолопоклонство, зар не е така? Дедо Мраз денес е популарен и од самиот Бог, со самото тоа што децата со цело свое срце веруваат во овој дедо, го молат за подароци, му оставаат колачи и млеко и итн...го идолизираат. Пред некое време во еден маркет видов како едно девојче ја молеше мајка си да оди да ја бакне и да ја гушне големата кукла од дедо Мразот. Не е во ред ова, кога веке знаеме дека Бог не ја дели славата со никој и знаеме колку се гневи за идолопоклонство, предупредени сме да не се залажуваме по вакви преданија и измислици создадени од луѓе. А да не го заборавиме и гревот на лажење кои го правиме ние возрасните. Самото тоа кога детето еден ден ќе дознае дека дедо Мраз не постои, во неговите очи стануваме лажговци, ова е доволен погазател дека не е во ред тоа што го правиме.

    Не викам да им пропеведаме Библија но можеме на интересен начин на пр. како кратка убава приказна да им кажеме што е навистина Божиќ, зошто го славиме, а за малку повозрасните деца имаме прекрасна детска Библија која е доволно разбирлива и интересна за децата. Наместо да чекаат подарок од дедо Мраз, ќе им кажеме дека на овој ден си подаруваме подароци исто како што и трите мудреци го дарувале Исус, зошто се радуваме поради Исусовото рождество. Верувам дека подеднакво ќе се радуваат децата за овој празник ако во старт им ја кажеме вистината, како што се радуваат и на лагата.

    За верувањето дека дедо Мраз е Св. Никола, па споредете ја приказната со Библијата и Бог ќе ви го даде одгворот дали е во ред да го прифатиме тоа или не.

    Ако сме веќе верници, да гледаме да се трудиме да бидеме свети како што е нашиот Бог свет, а не да рипаме во оган затоа што цел свет рипа таму.
     
    На Triniti93, sonuvana, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    Не е идолопоклонство и "одземање популарност" на Бог, затоа што родителите не го преставуваат Дедо Мраз ко Бог и децата не мислат дека е Бог. Различни работи се.

    Тој што ја напишал статијата изгледа мисли дека Дедо Мраз постои и го споредил со сатаната, затоа напишав дека според тоа испаѓа тој заклучок. Ќе го цитирам тој дел, види и сама и кажи искрено: нели е претерување?

    Се слагам дека треба да им објасниме зошто се слави Божиќ, низ кратка убава приказна. Ама да одиме до овие екстреми, не е во ред.

    Едно видео што прееска го имаше постирано @V.odolija во друга тема. Изгледај го, те молам, и кажи ми што мислиш. Нели гледаш прекрасна детска наивност и радост? Лагата на родителите... размисли за колку работи родителите кажуваат т.н. бели лаги. Кога ќе те праша дете од две години како се родило, ќе му ја објасниш постапката или ќе смислиш нешто не толку конкретно? Кога ќе дознае детето дека Дедо Мраз не постои, не престанува да ги почитува родителите зашто го лажеле. Напротив, ќе ти кажам од искуство: моментите кога тетин ми се облекуваше ко Дедо Мраз и ни носеше пакетчиња се спомени на радост. Наоѓање специјални подароци под елката, купени од моите родители а преставени како да се од Дедо Мраз, се едни од најскапоцените спомени што ги имам.

    Значи, не се исклучува тоа со детска Библија и приказни од Библијата. Ама кога дете се радува на нешто, зошто да му го скратиш? Тоа сатанско оправдување стварно е без врска. Еве пак го прочитав постот, отидено е во крајност. Дедо Мраз не е никакво учење, никакво идолопоклонство. Ако не сакаш да го лажеш твоето дете, во ред е. Да речеш дека родители од целиот свет ги носат децата во идолопоклонство само затоа што им дозволуваат да се радуваат ко сите други деца, не е фер. Затоа што едноставно не е точно.


    Водолија извини што те тагнав, ама ми падна на памет видеото во контекст на темава.
     
    Последна измена: 22 декември 2016
    На Orthophill и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    ^ Ти се извинувам не можам да го погледнам видеото, не знам зошто од мојот профил на фб не ми ги пушта повеќето видеа.
    Апсолутно те разбирам зошто го доживуваш дедо Мраз како нешто сосем во ред, и мене ми буди убави спомени од детство, еве и ден денес најмногу сакам да гледам божиќни филмови, но сепак тоа што сум била излажана си останува. Тоа не значи дека не сум ги почитувала родиелите и сум престанала да ги сакам. За мене нема такво нешто како бела, мала, ситна лага, лага си е лага. И јас ги оправдував до пред некое време ваквиот тип на лаги, како нешто најнормално што секој од нас како добро утро ги кажува, мислејќи дека е невозможна мисија да се живее одвреме навреме без нив. За среќа речиси ја научив и таа лекција дека и тек како е можно да се живее без никакви лаги. Здрвје ако Бог ми даде деца ќе дадам се од себе да не го растам со лаги, па колку мало и да биде, што и да ме праша секогаш ќе се обидувам да ја кажам вистината, патиме од незнаење, а не од знаењето на вистината, колку и да е болно сурова вистината, секогаш е правиот избор.

    Не треба секоја навидум добра и наивна лага добредојдено да си ја прифаќаме зашто знаеме како ќе заврши светов токму од ваквите лаги, измами и замки. Благодарение на некој сличен ваков лик ко дедо Мраз и неговите "предобри намери" небаре светец, милиони луѓе ќе заведе и ќе ги одведе во пропаст. Затоа да не спиеме повеќе одејќи надолу само зашто светот иде натаму.
     
    На Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  14. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    На Chica.Loca, Rama, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    Се’ е тоа во ред, со кажувањето на вистината, искрено ти честитам за одлуката да живееш без лаги.

    Но гледање задни намери во се’ и сешто, и отпишување луѓе ко пропаднати само затоа што дозволуваат радост надвор од пропишаното е премногу. Штета што не можеш да го изгледаш видеото, поубаво ќе сфатеше што мислам. Таа искрена радост, мислам дека на Бог му е мила. :)

    Тоа дека ќе заведел и ќе одведел милиони луѓе во пропаст... пак го поистоветуваш Дедо Мраз со сатаната или се лажам? Навистина ли мислиш дека Бог ќе дозволи сите невини деца на светот да бидат заведени и одведени во пропаст? Како поточно ќе се случи тоа, ако можеш објасни ми? Ај да не претеруваме. Да се фокусираме на вистината и личната потрага по неа. Судењето, тоа не ни е дадено нам.
     
    Последна измена: 22 декември 2016
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Не, не викам дека дедо Мраз е самиот сатана, но факт е дека е измислена приказна која го завладеа цел свет, а самата приказна е контра на Бога, од тоа што Он не учи, ниту пак верувам дека Бог ќе казни мали невини деца кога самиот не повикува да бидеме чисти како нив. Во право си воопшто не е наша работа да судиме, но можеме и треба ја разобличуваме лагата, а тоа не е осудување. Таман работа да ги осудувам и отфрлувам луѓето зошто им се допаѓа и им причинува радост таа празнична еуфорија со дедо Мраз, само кажувам како јас ја согледувам и рабирам Библијата на таа тема. Ти се извинувам ако моето гледиште ти предизвика негативни емоции и ти дошло како осудување, немав таква намера. И јас ја сакам празничната "магија" на божиќните празници и со душа го чекам овој период од годината, најомилен ми е, само што од сега ќе си го украсувам домот за радост и во чест и слава на Бог, без величање и славење на дедо Мраз.

    И кога сме веќе кај темава, на сите ви посакувам прекрасни и благословени празничи денови со многу споделана меѓусебна љубов и цел тон и вагон среќни моменти и спомени. Нека Божјиот мир го исполни вашиот живот, тело и душа и да ви даде се што ви е потребно па и повеќе.:)
     
    На Rama, sonuvana, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски

    Уште ова, за лагите. Божиќни филмови - лаги. Приказни за добра ноќ - лаги. Лектирите во училиште - лаги. Облекување во различни стилови - огромна лажна претстава на себеси. Муфаса му вели на Симба дека ѕвездите се нашите предци - лага, нема цртани. Се’ околу нас е огромна лага. Кога би сакале да останеме чисти од лагата, треба да живееме ко Амиши, друг начин нема.
    Во ова општество, ако учиш дете дека се’ околу него е лага и го ограничиш на детска Библија, ќе треба да му забраниш скоро се’ во што уживаат другарчињата. Според мене, ми изгледа дека би одело во две насоки: или фанатизам што води до зло во име на верата, или доаѓање до степен да го мрази тоа што го ограничува.

    Детето е чисто, нема да се извалка и да тргне по погрешен пат ако се израдува со Дедо Мраз, тоа ми е цел муабет. Колку и да се трудиме да го изолираме од светот, тоа ќе живее во ова општество и треба да се вклопи во него. Со вакви ставови забегуваме во фанатизам, кој не е поволен за духовен раст.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    83.707
    Пол:
    Женски
    Ovaj film mi e gledan mnogu odamna i e za voshit seto ova ovie monasi sto go pravat , kako gi gledaat ,vospituvaat ,hranat ovie deca pred se gi ucat sto navistina e vazno i bitno vo zivotot vredi sekoj eden da go pogledne ova video .
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Таман работа да би го ограничувала детото, секако дека ќе му пуштам цртани од типот на Симба, дури би била и среќна ако има љубов кон читање на книги или биде колекционер на филмови ко мене, немам ништо против и заедно до миле воље да гледаме божиќни филмови. Точно како што кажа не може да се изолираме од светот. Вројатно грубо звучев во предходните мислења, но не би му го наметнувала Бог и моето верување на моето дете, само би му објаснила Кој е и што е Бог, во што јас верувам, толку. Никако не би сакала да го наметнувам тоа, ниту би било фер и во ред спрема неговата слободна воља, нека си избере во што сака да верува или воопшто да не верува во ништо. Но она во што би се трудела секогаш, е да го израсам со добри морални вредности, за да може и покрај разните влијанија од околината да израсне во разумен човек. Ова сум должна и одговорна да го направам како родител. И тоа што Бог не учи не е секогаш фанатична тема, сигурно не би си седела со скрстени раце ако недај Боже почнало да забегува по дроги, пијанчење, апашко однесување итн...или да си го чипирам детото и себеси зашто ете светот го прави тоа па треба да се вкопиме и ние. Апсолутно те подржувам дека се што оди до крјаност и фанатичност не е во ред, но тоа не треба да значи се да прифаќаме и целосно да се опуштиме и препуштиме секогаш на каде дува светот.

    Родителот е пример за детето затоа треба многу да внимаваме. Разликата од филмовите, цртаните и другите приказни е тоа што децата во оваа приказна веруваат, не веруваат во Симба и во Пепелашка и сл. но во дедо Мраз веруваат. Да многу слатко и невино изгледа додека трае но еден ден сепак ќе се обелодени дека е лага. И за мене не е воопшто во ред што ние луѓето сме дозволиле една измизлица од пред два три века ако не се лажам, да завладее цел свет и узурпира нешто што навистина се случило. Тоа зборува лошо за нас, одиме по не баш добар правец кога ја одбираме лагата пред вистината само зашто ни делува многу слатко. Не е во ред ова токму од нас кои сме сме Го одбрале и веруваме во Бога и сакаме да сме Негови деца, а го правиме и подржубаме тоа, зашто вистината за светот не е атрактивна. Не се криви за тоа децата, па затоа нема зашто Бог да ги праќа децата во пекол, но верувам дека од нас возрасните ќе бара да одговараме зошто од изброт кои сме го имале сме одлучиле да ги лажеме. Не сакам и не можам да ги убедувам другите но кога се работи за мојот живот го избирам Бог колку можам и умеам, свсна дека не сум светица, баш напротив сум само обичен човек кој правел, прави и ќе прави грешки. Да бидеме ние самите промената која сакаме да ја видиме во светот, а не само уште едно човече кое оди во толпата за било која работа, каде и да оди. Не е фанатично да се трудиш да имаш добар карактер и кога истиот понекогаш прксоси на светот и не го следи во тоа што тој прави.
     
    На Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Морам да ви се надоврзам на муабетот.
    Ја разбирам @A-j-a што сака да каже, можеби првичниот нејзин пост звучи прилично радикален, со цитати и се, и мене ми треба време едноставно да ја "преварам" таквата поврзаност, ама не ја ниту отфрлувам, ама главната поента е дека светот се радува на Дедо Мраз, купуваат новогодишни фигури со Дедо Мраз, праќаат честитки со Дедо Мраз, без разлика возрасни или деца, за повеќето Дедо Мраз им е симбол за овој период од годината.

    Мислам дека Дедо Мраз е комунистичката замена за Бог, посебно па во нашите краеви сите одраснавме со Дедо Мраз и Нова Година и пакетчињата од Дедо Мраз.
    Потоа следеше Божиќ кој беше само уште еден христијански празник, и каде никаде не се спомнува Исус. Ќе пуштат некој таков филм на ТВ за Исус и толку. Колку пати сум ги гледала тие филмови околу Божиќ, ниту знаев кој е тој, ниту некој ми објасни. А што да ми објасни кога никој и не знаеше што да ми каже. Луѓето немаа/т знаење за Исус.

    Од друга страна пак, симболиката на Дедо Мраз доаѓа токму од Saint Nicolas, како ( вистинската) случка за човекот кој дарувал подароци во свое време. Не ја знам точно како оди приказната, ама потоа се извртел муабет и луѓето го идеализирале (или идолизирале како вели Аја и во таа смисла бидејќи претставува лажната слика, копијата на Бог, можам да разберам што се мислеше погоре со "сатанската измама")

    Јас, например, на моите деца не им зборувам за Дедо Мраз.
    Не му бранам на син ми да присуствува на приредби во градинки, напротив еве и годинава сакав иако не одеше во градинка последните месец дена, да го носам токму за приредба и за тоа пакетче што Дедо Мраз ќе им даде на сите дечиња, ради дружењето посебно
    Ама, едно големо ама, сметам дека не е во ред да ги лажам и уценувам во смисла: ако бидете добри бла бла , Дедо Мраз ќе ви донесе тоа што сакате.

    Имаше една неодамна случка во градинка каде учителка му кажала: ајде да запишеме што сакате сите и УТРЕ Дедо Мраз ќе ви го донесе тоа.
    Тој наравно сака една играчка која нема шанси да ја добие таму, а па посебно не утре како што кажала учителка.
    И тој радосен доаѓа дома и ми кажува тоа, демек мора утре да одам ќе ја добијам таа играчка.
    И наравно ќе се разочара кога нема да ја добие, ни утре ниту било кој друг ден.

    Јас не ги поддржувам таквите приказни, ниту бели лаги, секогаш им зборувсм на ниво на кој тие можат да разберат, а и ако не разберат ќе дојде ден кога ќе разберат, не сметам дека нешто пропуштат во животот, ниту му зборувам за Дедо Мраз, ниту против него, освен дека е тој само чичко облечен во костум ]:) :Dама не ги поттикнувам таквите традиции дома.
    Наместо тоа, секоја вечер пред легнување благодари и се моли за тоа што сака.
    Знае дека за на Исусовиот роденден даваме/ добиваме подароци.
     
    На Philippa, Rama, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.