1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од Светото Писмо

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 2 октомври 2016.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    2.738
    Пол:
    Женски
    Sekako deka ponekogaš vo hristijanskiot način na vospituvanje na decata, naiduvame na momenti koga se prašuvame dali postapuvame ispravno,dali ja nametnuvame našata vera vo Boga,dali taa bi go odvoila našeto dete od svoite vrsnici i sovremeniot način na život...

    Ne e lesno da se bide roditel i sigurno e i deka ke se pogreši ponekogaš.

    No, ako deteto od najmala vozrast se uči da veruva vo Gospod,toa sekogaš ke bide svesno deka pokraj roditelite ima ušte edna,mnogu pogolema zaštita vo životot.

    Sekako vo sklad so godinite i popoleka se raskažuvaat prikaski i pouki,koi se od korist za negovata duša.

    Vo vrska so Dedo Mraz,može da se raskaže deka e toa izmislen lik,kako i mnogu drugi likovi od bajkite......no deka nekogaš navistina postoel čovek koj bil dobar i darežliv,mnogu gi sakal i pomagal decata,koj stanal svetec i se vozdignal na neboto,blizu Boga,a čie ime e sv.Nikola.

    Taka nekako.....decata sovršeno znaat da rasuduvaat i čuvstvuvaat što e vistina,a što laga. Treba da gi učime deka e najvažno da se ljubi sekoj čovek,da se prostuva i daruva,da se sočuvstvuva i zboruva vistina i se ona sto e temel na našata vera.

    Dodeka se mali,goltaat se sto im raskažuvame.....podocna koga sredinata i društvoto se najbitni,a ulogata na roditelot stanuva sporedna,znaeme deka go imaat Boga vo sebe koj se griži za niv....nekogaš ke se čini deka i zaboravile na negovoto postoenje,no nie znaeme deka milostiviot naš Tatko ne zaborava na svoite deca :)
     
    На A-j-a, melnicanecot и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Нема ништо лошо, ниту пак наметнато во Дедо Мраз. Не, не е истиот Saint Nicholas кој давал подароци на луѓето, тој е само една фигура, универзален симбол за овој период од годината.
    Ваш избор е дали децата ќе ги оставите да веруваат во него или не, ама дефинитивно нема потреба да им раскажувате приказни за Св. Никола и демек тој е proto-santa-claus. Како што кажав, тој е универзален симбол за божиќните празници. Како на пример, тиквата за Халоуин и еве, елката.
    Красењето елка е пагански обичај, а сепак сигурна сум дека сите имате елка дома и не им кажувате на децата: Еј, види, знам дека насекаде гледаш елки периодов, ама да знаеш дека елките сепак не се целосно наши, христијански...

    Тоа е дел од еуфоријата и таа е светска, насекаде китат елка, насекаде знаат за Дедо Мраз. Верувајте, не мора толку длабоко да одите. Децата освен радост, среќа и возбуда за Дедо Мраз ништо друго не чувствуваат. Од искуство зборувам.
    И јас многу се радував на Дедо Мраз, ама не го идолизирав како што викате. :D

    Оставете ги нека се радуваат, кога ќе дојде време самите нека одлучат дали сакаат да читаат Библија и да знаат сè за Исус, сепак се мали за да им се полнат главите со такви работи. Има време за сè.
     
    На Bender Rodriguez, КикиМаус, Florenсе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Поука од книгата на пророк Еремија - Залудна е надежта во Храмот, доколку не сме послушни на Господовиот збор

    Во Стариот завет Божјото присуство меѓу луѓето било симболизирано преку Храмот во Ерусалим. Иако Бог е сеприсутен, сепак Божјата слава пребивала во Светилиштето - Храмот. Таму евреите принесувале жртви за своите гревови, таму свештениците служеле и посредувале меѓу луѓето и Бог принесувајќи ги овие жртви. За сите поголеми празници евреите оделе во Ерусалим да се поклонат пред храмот и да ги принесат своите жртви.
    Во 6-ти век пред Христос евреите западнале во големо идолопоклонство и внесувале идоли во Божјиот храм. Тие верувале за себе дека се Божјиот избран народ, дека Бог е на нивна страна, дека Бог го исполни ветувањето што му го даде на Авраам, дека ги донесе во нивната ветена земја (Израел) и дека и покрај тоа што не му се послушни на Господ и вршат идолопоклонство, дека никој ништо не им може бидејќи вистинскиот Бог престојува во нивното светилиште.
    Ова било гнасно пред Божјите очи и затоа Бог им го пратил пророкот Еремија да им го каже следново:

    „Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Поправете ги своите патишта и своите дела, па Јас ќе престојувам со вас на ова место. Не надевајте се на лажните зборови: ‘Oва е храмот Господов! Oва е храмот Господов! Oва е храмот Господов!’ (Еремија 7:3-4, Библијата)

    Меѓу другото Бог ги укорува затоа што евреите ја славеле „Царицата Небесна“ и и принесувале колачи. Господ им рекол дека ако не ги остранат идолите, дека тој нема да престојува во нивниот Храм и ќе ги предаде во ропство на непријателите. Господ дури и му забранил на пророкот Еремија да се застапува за нив. И бидејќи евреите не се покајале од идолопоклонството, Бог им изнесува пресудат дека тие ќе бидат наскоро нападнати и поробени од Вавилонците и ќе робуваат во Вавилон 70 години.

    „Затоа вака зборува Господ над Воинствата: ‘Затоа што не ги послушавте Моите зборови, еве, Јас ќе ги испратам и ќе ги кренам сите народи од север - говори Господ - и Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе ги доведам против оваа земја и против нејзините жители, и против сите околни народи; ќе ги истребам наполно и ќе ги направам за ужас и потсмев, вечна запустеност. И ќе ги задушам меѓу нив: секој глас на радост и веселба, воскликнувањето на младоженецот и невестата, и тропотот на мелницата и светлината на светилката. Сета земја ќе се претвори во запустеност и пустина, и сите народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. (Еремија 25:8-11, Библијата)

    И потоа Вавилонците ги нападнале Израелците и им го уништиле Ерусалим и Храмот, а нив ги однеле во ропство во Вавилон во 586г. пред Христос. Тогаш Божјата слава го напуштила Храмот, но за тоа ќе ви пишувам во следниот пост.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    ''Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото. Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете. Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови. Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!” Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда. Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.'' ( Римјаните 8:12-17 )
     
    На Таа Сум, Orthophill, A-j-a и 3 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Поука од книгата на пророк Езекиел - Бог не се врзува ни за најсветиот Храм

    Според Библијата, храмот на евреите во Ерусалим бил најсветиот Храм, честопати нарекуван и „Господовиот дом“. Таму се славел вистинскиот библиски Бог и таму пребивала славата Божја. Евреите верувале дека ни под разно Бог не може да го напушти тој храм издигнат од Соломон и направен според упатствата кои Бог му ги дал на Мојсеј. Откако Бог ги предупредил преку пророкот Еремија дека ако не се одвратат од идолопоклонството ќе го напушти тој храм и ќе ги казни преку Вавилонците, Бог конечно и го направил тоа. Меѓу првата група евреи кои биле однесени како робови во Вавилон бил и пророкот Езекиел. Езекиел во една од своите визии ја видел Божјата слава како го напушта Храмот...

    „Тогаш Господовата Слава се крена од прагот на Домот и застана над херувите. Тогаш херувите ги раширија крилата и се поткренаа од земјата пред моите очи. А кога тие тргнаа и тркалата тргнаа по нив. И застанаа над источната врата на Господовиот Дом, а Славата на Израелевиот Бог беше над нив.“ (Езекиел 10:18-19, Библијата)

    Каде заминала Божјата слава од Храмот во Ерусалим?

    Кај евреите кои биле одведени да робуваат во Вавилон. Во горниот цитат не залудно се вели дека Божјата слава се упатила кон „источната врата на Господовиот Дом“. Вавилон се наоѓал источно од Израел како што се гледа на мапата.

    [​IMG]

    „Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ако и ги протерав меѓу далечните народи, ако и ги распрснав по земјите, наскоро Јас самиот ќе им бидам Светилиште во земјите во кои се наоѓаат.”‘ Господовата Слава се крена од градот и застана на гората, источно од градот. А Духот ме подигна мене и ме понесе со Божјиот Дух кон заробениците во Халдејската Земја.“ (Езекиел 11:16,23,24, Библијата)

    Ова е поука за нас, да не се крстиме во нашите црковни храмови, туку да му бидеме послушни на Господ и да внимаваме да не вршиме идолопоклонство славејќи било што и било кој друг освен Господ. Ако Бог можеше да го напушти својот Свет Храм во Ерусалим, колку повеќе може да ги напушти нашите црковни заедници.
     
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Токму така на вас протестантите храм не ви треба, бидејќи немате причест.А леб и и без тоа можете во кафана заеднички да си скршите и слатко вино да си се напиете и една добра музика од Жељко за СПОМЕН. :rofl:
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Се надмина себеси со коментаров. Ова само покажува колку е твоето познавање т.е. непознавање на протестанските христијани.
    Протестантите имаат причест. Не сум сретнал ниту една црква ни земјава, ни во светов каде што не се практикува причест. Али ете, колку да се контрало по секоја цена.
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Во евангелијата Исусовиот однос кон грешниците што се каат секогаш е милостив, полн со љубов и прошка, а кон фарисеите и книжниците е строг, укорувачки, па дури и со закани.

    Исусовиот однос кон грешниците

    „Исус се исправи и и рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?” Таа одговори: „Ниеден, Господи.” Исус рече: „Ни Јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе.”“ (Исус, ев. Јован 8:10-11, Библијата)

    „И кога го виде тоа фарисејот, кој Го повика, рече во себеси: „Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, која се допира до Него: дека е грешница...
    И кога се заврте кон жената му рече на Симона: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти не ми даде вода за нозе, а таа со солзи ми ги облеа нозете и со својата коса ги истри. Ти не ми даде целив, а таа откако влегов, не прекратува да Ми ги целива нозете. Ти не ми ја помаза главата со масло, а таа Ми ги помаза нозете со миро. Затоа, ти велам, простени и се многу гревови, зашто имаше многу љубов; кому малку се простува - малку љуби.” А нејзе и рече: „Простени ти се гревовите.” А тие, кои беа заедно покрај трпезата, почнаа да зборуваат во себе: „Кој е Овој, Кој и гревови проштава?” А на жената и рече: „Твојата вера те спаси! Оди си со мир!”” (ев. Лука 7:39-50, Библијата)


    Исусовиот однос кон фарисеите и книжниците

    „Слепи фарисеју! Очисти ја најнапред внатрешноста на чашата, за да и биде чиста и надворешноста!” ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти приличите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистота! Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.
    Змии, змиски породи! како ќе побегнете од судот на пеколот?“ (Исус, ев. Матеј 23:26-28,33 Библијата)

    „Некои од фарисеите, кои беа со Него, го чуја тоа и Му рекоа: „Да не сме и ние слепи?” Исус им рече: „Да бевте слепи, немаше да имате грев; но сега велите: ‘Гледаме;’ затоа гревот ви останува.” (Исус, ев. Јован 9:40-41, Библијата)


    Заклучок

    Според Исус, подобро е човек да е грешник кој е свесен за својот грев и има намера да се покае, отколку за себе да мисли дека е некаков духовно возгордеан светец кој е над „грешниците“ и кој/а за себе мисли дека е поблизок до Бога само затоа што прочитал некаква религиозна литература, се моли и прави некакви религиозни ритуали.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Светото писмо произлегува од единството и служи за одржување на единството.Како што и молитвеното правило,каноните,мантиите,типиците итн произлегуваат од Црквата и се во служба на единството на Црквата.Ако не си дел од единството џабе е се.Џабе се служиш од истата книга и џабе припазуваш на неа ако си надвор од единството.
     
    На Elenpelen, Таа Сум, melnicanecot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1493450820726.jpg
     
    На marchi-cool, Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  11. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Машки
  12. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Машки
    83934016_2375300682767587_3211750842864500736_n.jpg
     
    На quattro, Mumoftwo30, Mic18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Машки
  14. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.010
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20241001_133720.jpg Screenshot_20240930_181117.jpg
     
    На Mic18 и eliesaab им се допаѓа ова.